(Видео)ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА ГИ ПОКАЖА СВОИТЕ СПОСОБНОСТИ ЗА ИГРАЊЕ “РОКЕНРОЛ„

Кандидатката за претседател од ВМРО ДПМНЕ, Гордана Силјановска, играше рокенрол во емисијата „Еден на еден“, која треба да се емитува оваа недела во 18.30 часот на Канал 5.

Кандидатката за претседател од ВМРО ДПМНЕ, Гордана Силјановска ќе ги покаже своите способности за играње „РОКЕНРОЛ„ во емисијата „Еден на еден“ со Жарко Димитриовски.

Покрај Силјановска ќе гостува и кандидатот на СДСМ и ДУИ, Стево Пендаровски.

-Ќе ја гурам државата напред, човек што има „југо“ навикнат е да гура – вели Пендаровски доколку стане претседател.

Силјановска не крие дека кога била дете нејзина најголема страст биле ролшулите, па била и првенка во нивно возење во Скопје.

Со години Гордана е вегетаријанка, а како што можеме да забележиме практикува и јога во секојдневниот живот.

Во емисијата со Жаре таа ќе изјави дека -Благодарение на „Јога со Гога“ секој ќе има добра нога.

Не крие дека е голем љубител на музика, посебно рокенрол, која во недела во 18:30 часот на Канал 5, ќе можеме да ги видиме нејзините способности за играње. Во слободно време сака да слуша музика.

Со нејзиниот сопруг Благоја е во брак повеќе од 30 години. Тој е правник, но сега во пензија. Имаат две деца, ќерка Марија и син Павле, кои исто така се правници.

Гордана Силјановска е жена, мајка, професор, боpец за владеење на правото.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.