дома блог страница 3384

Мицкоски: Вистината е дека на 21-ви април и на 5-ти мај победуваме- Готово е, готови се!

Вечерва Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски се обрати пред граѓаните на општина Кисела Вода.

Мицкоски кажа дека сака да им соопшти на граѓаните на Кисела Вода една вистина, а тоа е дека ВМРО ДПМНЕ победува на чело со кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова на претседателските избори.

-Првата добра вест со која што ги почнувам митинзите ќе ја пренесам и овде во Кисела Вода која што секогаш била огромна моја инспирација. Некако митингот ми се погоди пред Пеленица, па еве ја користам оваа прилика да ве поканам во Сабота. А потоа од Пеленица на големиот сенароден митинг на идниот претседател на Републиката професорката Гордана Силјановска Давкова. Веста која што секаде низ цела Македонија се говори некаде гласно некаде тивко но вистината е дека на 21 април и на 5 – ти мај победуваме готово е . Готови се – појасни Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека народот е тој кој што треба да ги креира политиките, а не обратно односно да се креираат политики за народот без негова консултација како што е тоа сега случај со Владата на Зоран Заев.

-И додека Господинот Зоран Заев заедно со неговиот избраник Пендаровски си потпевнуваат по некоја песничка и додека на луѓето им се закануваат дека ако не победел пред очи да не им излегле , ние сме заедно со народот и заедно со овој народ ќе ви покажеме што значи вистинска сенародна победа на најголемата коалиција во историјата на независна Република Македонија на 21 Април а потоа и на 5 -ти Мај. Народот е тој што ги креира и тезите и политиките ние сме тие кои што треба да бидат поразлични а не како што беше до сега неколкумина позади фино оптегнати во кожни фотелји и креираат политики а овие другите се само гласноговорници и тие политики му ги соопштуваат на народот без да се консултираат без да го прашаат народот што мисли за тие политики. Е овој пат браќа и сестри ќе дојде поинаква реалност во Македонија каде што политичарите ќе се одликуваат со сопствената честитост , каде што зборот на политичарот ќе држи и каде што политиките политичарот ќе ги гради заедно со граѓаните и помеѓу граѓаните изјави Мискоски.

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски потенцираше дека ИТ компаниите ги селат своите фирми а младите си заминуваат од државата . Мицкоски кажа дека поразителните политики на Владата предизвикале да ни се случат празни градови поради зголемената иселеност .

-Денеска гледаме како ИТ компаниите го селат својот бизнис а нашите програмери нашите инженери остануваат без работа и ја напуштаа Македонија односно државата. Тоа што порано беше празни села е стара вест сега се празни градовите кажа Мицкоски.

Христијан Мискоски кажа дека кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова не е случаен избор на ВМРО ДПМНЕ. Мицкоски потенцираше дека професорката Гордана ги има сите човечки и професионални капацитети да ја извршува функцијата претседател на државата.

-Гордана Силјановска Давкова е жена, професор , сестра, колешка, мајка, сопруга, сосетка која што е почитувана од сите сограѓани, пријатели колеги онаму каде што функционира. Затоа што Гордана Силјановска Давкова е најинспиративниот професор на правниот факултет затоа што Гордана Силјановска Давкова не се срами да го пренесе своето знаење на помладите колеги, затоа што Гордана Силјановска Давкова кога требаше беше во првите редови и застана во одбрана на државниот и националниот интерес прво во 2004 година и сега во 2018 година – додаде Мицкоски.

(Видео) ЧЛЕН НА СДСМ НАПРАВИ XAOC НА ТРИБИНА ЗА СТЕВО: Побара СДСМ да го смени името и да се обединат трите дела на Македонија!

Нов ,,спектакл” на трибините на Стево Пендаровски дел од неговата претседателска кампања. Имено член на СДСМ побара од Пендаровски партијата да го промени своето име и да ја додаде историската кратенка ВМРО, со што ќе докажат дека ги делат вредностите на историските личности на ВМРО. Кратко потоа тој го запраша Пендаровски дали замислува за обединување на трите дела на Македонија, Вардар, Егеј, Пирин по што направи xaoc во салата!

Извор: “Инфомакс”

ФОТО: Начинот на кој го држите воланот кажува многу за вас

Повеќето возачи, особено искусните, речиси секогаш возат несвесно и повеќе не следат што прават со нивните раце додека возат. И ова, патем, може да ни каже многу за нивната природа.

1.Минималист – Се обидувате да живеете што е можно поедноставно. Преферирате да имате неколку блиски пријатели отолку повеќе не толку блиски. Ова не значи дека сте досадни. Луѓето ве ценат за вашиот стил и недраматичниот живот.

2. Логичар – Вие стее многу паметна и рационална личност. Вашата фамилија ве цени поради вашата стабилност и способност да донесувате правилни одлуки. Имате чести промени на расположение, но дури се обидувате да го контролирате и тоа.

3. Миротворец – Не можете да поднесете конфликти. Секогаш кога сте го повишиле вашито тон, тоа било во многу ретка ситуација. Не можете да поднесете непријателски однос помеѓу луѓето и секогаш наоѓате начин да ги решите недоразбирањата.

4. Перфекционист – ги местите вашите раце како што ве научил вашиот инструктор. Затоа што се треба да биде направено правилно. А тоа е и вашето мото. Луѓето сакаат да бидат како вас.

5. Паничар – често се борите со анксиозноста. Ја проверувате работата 2 до 3 пати за да бидете сигурни дека се е во ред. Вашите најблиски често ви кажуваат да се смирите и дека се ќе биде во ред бидејќи знаат дека сте прекрасна личност.

6. Авантурист – летање со подобран, банџи џампинг или пливање со ајкули е интересна работа за вас. Можеби вашите најблиски не го делат со вас вашиот животен стил, но го почитуваат.

7. Газда – вие сте роден лидер кој лесно презема одговорност. Луѓето ве гледаат како ментор и ви веруваат. Често ве пофалуваат за вашите лидерски способности.

8. Одговорна личност – Луѓето ве сакаат поради вашата љубезност и грижливост. Среќни сте кога вашите најблиски ќе остварат успех и сте подготвени да ги подржите во нивните неуспеси. Не сакате да бидете главниот во друштво. Додека другите се борат и се обидуваат да го променат животот, вие го прифаќате таков и уживате.

9. Интересна личност – вие останувате смирени во секоја ситуација. Живеете како секој ден да е празник и не сакате ништо да смените. Вашите најблиски доаѓаат кај вас секогаш кога сакаат да се релаксираат.

10. Моќна личност – вие сте многу зафатена личност и немате време за луѓе кои ви го трошат времето. Вашите најблиски ја ценат вашата одлучност и амбициозна природа. И знаат дека секогаш може да се потпрат на вас за сериозни проблеми.

Викенд временска прогноза: Ќе се спасиме ли од дождот?

Невремето нема да престане ни за викендот. Ова е тридневна временска прогноза според Accuweather.

Во петок дожд, сабота сонце, па во недела повторно невреме.

“60% повисоките сметки за вода ги потопија џебовите на прилепчани? Буџетот домашен се помал?”

Прилепчани веќе ги добиваат новите сметки за вода, а на истите веќе е содржана ставката за пречистување на урбани отпадни води која изнесува 17, 35 денари за секој метар кубен потрошена вода.

Oва зголемување на сметките се должи на одлуката на Советот на Општина Прилеп, која беше донесена на 20-тата седница одржана на 13.11.2018 година.

Со овие нови цени, за потрошени 15 метри кубни вода во месецот, сметката за вода изнесува 800 денари, за потрошени 25 метри кубни, прилепчани плаќаат 1345 денари, а за 30 кубни метри 1607 денари месечно.

Ова е спротивно на предизборното ветување на градоначалникот Јованоски за намалување на сметките за вода за 20%.

Гледано во бројки ова претстваува поскапување на сметките за околу 60%, што ќе биде огромен товар за прилепчани, особено за оние семејства со средни примања во месецот, но и за пензионерите кои се околу 12.000 на број во општина Прилеп.

Ова е второ зголемување на сметките за вода, откако претходно во месец февруари минатата година, советниците од владеачкото мнозинство, го зголемија и надоместокот за одведување на урбани отпадни води од 3 денари на 5,28 денари за метар кубен.

Тоа доведе до зголемување на оваа услуга за дополнителни 2,28 денари за секој потрошен метар кубен вода.

Гунарсон за Стоилов: Тој нивен пивот од 140 килограми не можеш да го запреш

Подвиг каков што никој не очекуваше приредија македонските ракометари во Исланд.

Победивме селекција која ретко губи на домашен терен и тоа со пресврт кој го отсликува карактерот на младиот тим воден од млад селектор-дебитант како Данило Брестовац.

По триумфот со голот на Манасков во последната секунда, Арнор Гунарсон рече:

„Почнавме добро во првите десетина минути, но неприфатливо е да примите 34 гола на домашен терен. Нивниот кружен напаѓач има околу 140 килограми и кога ќе ја прими топката на линијата многу тешко е да се игра против него. Нашата лоша одбрана нè уби вечерва. Ова беше луд натпревар. Одиме во Скопје по бодови, знаеме дека ќе биде тешко, но одиме таму да победиме“.

Многу генерации македонски ракометари не победиле на теренот на Исланд во повеќе од две децении наназад.

Ристески: “Живееме во време на нajнecпocoбната влacт, како на централно така и на локално ниво од осамостојувањето на Република Македонија”

Живееме во време на најнеспособната власт, како на централно така и на локално ниво од осамостојувањето на Република Македонија. Живееме во време кога распродавањето на националните интереси стана примарна цел, додека народот оставен на маргините едвај врзува крај со крај, ова вчера на прес-конференција го истакна Петар Ристески, претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

-Она што оваа ненародна, криминална власт, досега им го понуди на граѓаните е срамна продажба на нашето вековно име, срамна продажба на историјата за која гинеа нашите предци, срамно бришење на идентитетот преку склучување на катастрофални, губитнички договори како со Грција така и со Бугарија. За жал после работата на комисиите и смена на учебниците по историја, нашите деца од наредната учебна година ќе мора да учат за некаква нова творевина за чие создавање постои виновник со име и презиме, а тоа е Зоран Заев, и владата предводена од него. Народот добро се сеќава како истиот тој Зоран Заев, од центарот на нашиот град ја најави двојазичноста низ цела држава, која на шверцерски начин ја истурка во Собрание само за да остани на власт, истиот Заев кој ја погази народната волја изразена преку бојкот на референдумот и го промени името на нашата држава Република Македонија. А пред неколку дена, говореше и за некаков увоз на странска работна сила, што го отвора прашањето дали со таквиот говор го најави доаѓањето на мигрантите? СДС за само 2 години успеа да ја униште економијата која и официјално доби оцена 0 од странските инвеститори. И наместо да го лажат народот дека 2018-та била рекордна година по број на странски инвестиции со некоја неиздржана бројка од 625 милиони евра, нека излезат и нека кажат барем една фабрика отворена во Прилеп во нивно време? Таква нема, која е уште еден доказ за сета нива неспосбоност. И наместо да го продолжат трендот на носење странски инвестиции кој го почнавме во наше време, за што сведочат отворените фабрики, тие се занимаваат со непотизам од невидени размери, се занимаваат со вработување на нивни внуки, ќерки, роднини и пријатели на високи функции во државните институции. Ги избркаа младите! Иако Јованоски во предизборната кампања ветуваше дека ќе креира економски услови за нивно враќање, засега ништо од ветеното. Младите како никогаш претходно си заминуваат и ја бараат својата егзистенција во другите држави. Ја немаат сите привилегијата да бидат роднини со градоначалникот Јованоски, или да бидат негови блиски пријатели, додава Ристески.

Тој вели дека Јованоски ветуваше и за 20% пониски сметки за вода. Уште една лага и лажно ветување! И наместо за 20% пониски сметки за вода, прилепчани плаќаат повиски за речиси 60%.

-Јованоски ветуваше и затворен базен во сала „Македонија“, реставрација на старата прилепска чаршија, нов театар, заживување на спортот во Прилеп, европска Победа и многу други проекти кои најверојатно ќе останат само празни ветувања, ако се земе предвид летаргичноста на локалната власт која успешно го преспива мандатот. Доказ за сето тоа се и мизерните 20% реализација на капитални проекти. Ги извисија и пензионерите на кои им ветуваа повисока пензија за накрај да им ја намалат и онаа која ја земаа, ги извисија наставниците и професорите кои земаат и до 7000 денари пониска плата од просечната, ги извисија вработените во Еурокомпозит кои 2 години константно ги лажат за заслужената плата и придонеси. Почитувани, во ЕУ и НАТО не се оди само со антидржавно однесување и продажба на национални интереси, во ЕУ и НАТО се оди со инвестиции, со квалитетно здравство и образование, со силна економија, со реформи во правосудството, се оди со работа, а не со цутење на непотизам, криминал и корупција. Затоа граѓаните на 21 април, ќе ја казнат оваа неспособна власт! Ќе ги казнат сите погазени ветувања! Ќе ги казнат сите погубни политики и својот глас ќе го дадат за број 2 и професорката Гордана Сиљаноска Давкова! Воедно, ги повикувам сите граѓани на најмасовниот митинг организиран од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, што ќе се одржи на 12-ти април во петок, со почеток во 20:30 часот на градскиот плоштад во Прилеп. Заедно сплотени, да го победиме ова зло, кое освен црнила, чемер и јад, не донесе ништо корисно за Македонија! Ќе има правда! Македонија ќе продолжи да чекори напред!, потенцираше Ристески.

Фејсбук има скриена опција: Кога ќе ја најдете, ќе ја користите секој ден

Доколку сакате фотографиите на социјалната мрежа Фејсбук да ви изгледаат подобро, треба да направите неколку чекори.

Фејсбук автоматски ја менува големината на фотографиите што ги поставувате на својот профил, а вие може да им ја наместите големината во поставките.

На Фејсбук апликацијата на андроид, одете на news feed и притиснето го копчето „more”, кое изгледа како две хоризонтални црти.

Изберете „help“ и во поставките одберте ја опцијата „Settings“. Изберете вчитување на ХД фотографии.

Ако користите Фејсбук апликација за ајФон притиснете го копчето на врвот од екранот кое изгледа како три линии. Во поставките изберете „Settings account“, a потоа Видеа и фотографии.

Под поставките за фотографии изберете го копчето за вклучување на ХД.

Инаку, Фејсбук на својата страница „Помош“ советува фотографиите да ги поставите на 720, 960 или 2048 пиксели.

(Видео) Заев и Пендаровски прозборуваа албански на митинг синоќа?

Освен својата “музикалност” премиерот на синоќешниот митинг го сподели и неговото знаење на албанскиот јазик.

Меѓутоа, љубопитни граѓани кои не го разбираат албанскиот многу добро, со искористија “Google” речникот и дознаа “баш за што” се борат Зоран Заев и консензуалниот кандидат Пендаровски:

Сторија на “Инфо компас”: Прилепчанец 7 години живее без струја, вода и никакви примања, од станот се шири неподнослива миризба во целата зграда

Седум години живее без струја и вода. Во неговиот стан буквално не се седи од неподносливата смрдеа. Заборавил кога последен пат се искапил. Незема никакви приходи, живее само од малата помош која му ја дава црквата „Свето Благовештение“ и хумани граѓани. Секој ден јаде само леб и маргарин. Ова се нечовечките и услови во кои живее 52 годишниот прилепчанец Тони Наумоски кој има и нарушено психичко здравје – објави порталот “Инфо компас”.

„Во зима немам огрев, се покриивам со алишта и кебиња ама џабе воздухот е ладен. Вода земам од комшииите во шишиња. Се мијам надвор во ходникот на зградата или во просторија кај подрумите“, вели Тони Наумоски.

Вистинско чудо е како воопшто е жив. Не добива ниту социјална помош бидејќи на негово име кога починал татко му останале над 7 декари земја во селото Суводол, Македонски Брод, за кои не знае ниту каде се наоѓаат. Го чува и гледа, ако може така да се каже, негов роднина кој ретко доаѓа во станот.

Видео прилогот погледнете го ТУКА

ФОТО: printscreen/infokompas.com.mk