дома блог страница 337

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ГОРД ПОДДРЖУВАЧ НА ВИЕНСКИОТ БАЛ ВО МАКЕДОНИЈА

Видеолотарија Касинос Австрија и годинава е поддржувач на Виенскиот бал во Македонија, настан кој ја слави елеганцијата, културната традиција и уметноста.

Поддршката на културните настани е важен дел од заложбите на Видеолотарија Касинос Австрија за развојот и промоција на културата, младите таленти и интернационалната соработка.

Виенскиот бал е симбол на елеганција, достоинство, отменост, поврзување и хуманост, а Видеолотарија Касинос Австрија го препозна и го поддржа неговото значење за македонската културна сцена. За нас, Виенскиот бал не е само настан, туку е платформа каде се спојуваат елеганцијата, младоста, уметноста и традицијата во совршен спој. Со поддршката на овој значаен културен настан, ја реафирмираме нашата посветеност кон вредностите кои ги негува културата.

Настанот кој традиционално се одржува под покровителство на Амбасадата на Република Австрија во земјава, Градот Виена, Министерството за култура и туризам, а во организација на Здружението за културна соработка Јохан Штраус, годинава се одржа по 24-ти пат во хотелот „Александар Палас“. И ова издание на балот имаше хуманитарен карактер, годинашните донации беа наменети за настраданите од пожарот во ноќниот клуб во Кочани.

Видеолотарија Касинос Австрија и во иднина, ќе продолжи да ги негува и да вложува во вредностите кои го збогатуваат општеството и културниот развој на Македонија.

“Бегајте змии и гуштери, иде Еремија”: За многу години! Денeска се слави Светиот пророк Еремиј

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 1 мај. Денеска е Св. пророк Еремиј.

Еремија се празнува како еден од поголемите пролетни празници, а обичаите и верувањата поврзани со него се во функција на магиска заштита од змии, гуштери и други.

Роден 600 години пред Христа, во селото Анатот, недалеку од Јерусалим. Почна да пророкува во својата петнаесетта година, во времето на царот Јосиј. Им пророкуваше за поkајание на царот и на неговите големци, на лажните пророци и на свештениците и во времето на овој цар, Јосиј, одвај си ја спаси гла вата од уби ствените раце на огорчените големци.

На царот Јоаким му прорече дека неговиот погpеб ќе биде како погpеб на магаре, т. е. мpтов ќе биде исфрлен надвор од Јерусалим и телото долго ќе му се влечка по земјата непогpебано. Заради ова Јеремија беше фpлен во 3атвор. Бидејќи во 3атворот не можеше да пишува, го повика Варух, којшто застана покрај неговото 3атворско прозорче, а Јеремија почна да му диктира. Кога му го прочитаа ова проpоштво на царот, тој гн евен ја фрли хартијата во оган. Промислата Божја го спаcи Јеремија од затворот, а врз Јоаким се исполни зборот на пpорокот. На царот Јехониј, пак, му прорече дека со целото семејство ќе биде одведен во Вавилон и дека ќе ум ре таму, што наскоро и се случи.

Под царот Седекија, Јеремија си стави јарем на вратот и така одеше по градот Јерусалим, пророкувајќи го со тоа падот на Јерусалим и ропството под јаремот на Вавилонците. На еврејските pобови во Вавилон им пишуваше да не се надеваат да се вратат во Јерусалим, зашто ќе останат во Вавилон седумдесет години – така и беше. Во долината Тотеф, под Јерусалим, каде што Евреите им принесуваа на идолите деца како жртви, Јеремија зеде здрав лонец во рацете, го скрши пред народот, пророкувајќи ја брзата пропаст на Јудејското царство.

Наскоро Вавилонците го зазедоа Јерусалим, го уби ја царот Седекија, го разоpија и го огpабија градот, а огромен број Евреи беа заkлани во долината Тотеф, на местото каде што Пpорокот го искpши оној лонец. Јеремија со левитите го зеде кивотот од храмот и го однесе на ридот Нават – каде што умpе Мојсеј – и овде го скpи во една пештера. Огнот од храмот пак, го скри во еден длабок бунар.

Некои Евреи го при нудија да оди со нив во Египет, каде поживеа четири години, а потоа беше од своите сонародници убиен со камења. На Мисирците им прорече дека идолите ќе им бидат разбиени и дека Дева со Младенецот ќе дојде во Мисир. Постои предание дека самиот цар Александар Македонски го посетил гр обот на Пророкот Јеремија. На наредба од Александар, телото на Јеремија е пренесено и со почести пог ребано во Александрија. Мисирците речиси го обожаваа Пророкот Јеремија. Затоа и го пог ребаа како крал. Го сметаа за чудотворец и после смpтта. Правот од неговиот гpоб го земаа како лек против каcнувања од змија. И ден денес мнозина христијани во молитва го повикуваат Пророкот Јеремија против 3мии.

Има во Прилеп каде убаво да си поминеш, само треба навреме да резервираш!

Над 20 години искуство во угостителство е навистина долг период, кој со себе влече добро познавање на пулсот на чаршијата и на она што им треба на прилепчани. Ресторан “ПОРТА” од Прилеп и после две децении продолжува да им го нуди на прилепчани и на сите посители во Прилеп, НАЈДОБРОТО!

Ни претстои викенд со одлична музичка програма за вистинско гурманско уживање.

Овој петок (16.05) настапува дуото од Прилеп Никола и Зоран. Oдличниот вокал на Никола Димески е добро познат меѓу прилепчани, кои секогаш уживаат во неговите изведби.

Во сабота (17.05) доаѓа добро познатиот состав од Кавадарци – “Aкустико лајт бенд”. Kвартетот од Кавадарци како и секогаш ќе понуди музика за уживање за сите вистински гурмани и вљубеници во староградските звуци.

Резервирајте навреме на 078 368 111. Тимот на Ресторан “ПОРТА” ве очекува! Да градиме спомени полни со љубов и уживање, затоа што еднаш се живее!

(ФОТО) РК Прилеп потона во мрак – никакви услови за игра во имровизираната сала

Ќе ги дочека ли РК Прилеп остатокот од првенствените натпревари за опстанок во Супер лигата во полумрачна сала?

Kај немаме ниту една голема спортска сала во функција, па не ги одржуваме ниту училишните… Фоторграфиите се од училишната спортска сала во СОУ “Ристе Ристески-Ричко”, објект каде РК Прилеп ги игра домашните натпревари во ракометната Супер лига, но и објект каде учениците од ова училиште одржуваат настава по физичко образование.

Тука гостуваат и ѕвездените екипи на Вардар и Еурофарм Пелистер, тука Прилеп и оваа година се бори да обезбеди опстанок во елитното ракометно друштво.

Спортистите и учениците велат во спортската сала не работат најголем дел од рефлекторите, а видливоста во салата е на минимум. Условите за тренинг во вакви услови се лоши, па апелираат до службите на улилиштето проблемот да се реши во најбрз рок.

Маркукуле и во минатото реагираше за ваков проблем, тогаш во спортската сала на средното економско училиште, каде по нашите апели, службите во училиштето проблемот го решија во најбрз рок.

Исчезнат е возрасен човек, ве молиме за помош

 

Лицето го напуштило својот дом во населбата “Точила” во Прилеп околу 10:30 часот и се упатило на кај црквата Света Петка.

Од тој момент не е забележан. Семејството ги замолува сите граѓани, кои имаат информации  за професорот Ѓоре, да се јават на бројот:  078 672 878

Слава на Бога и Св. Василиј Острошки: По молитвите во Острог малиот Леон од Скопје прозборува и го победи аутизмот!

Православите христијани на 12 мај го празнуваа Светиот Василиј Острошки, голем чудотворец и заштитник на верните, кој со векови нè восхитува со својата милост и духовна сила. Илјадници луѓе од целиот свет доаѓаат во Острог, барајќи исцеление, утеха и надеж. Многумина сведочат за чуда: болни што оздравеле, безнадежни што нашле пат, изгубени што ја пронашле верата. Светецот живее преку своите чуда, носејќи светлина таму каде што има темнина и мир таму каде што има болка.

За едно такво чудо пишува и на ФБ страната “Православни Духовни поуки од Светите Старци”, а станува збор за малиот Леон Апостолоски од Скопје, кој имал тежок аутизам, воопшто не зборувал, не знаел кои му се ниту мајка, ниту татко, но со Божја сила и помош од Св. Василиј Острошки, по молитвите во Острог го победи аутизмот.

-Мајката на Леон, Амела: „Бог помогна! Фотографијата што ја објавивте е од мојот син, тој имаше тежок аутизам, не зборуваше, не знаеше ништо за себе, ниту пак знаеше кои му се мајка му и татко му. Кога сопругот и јас отидовме во Острог, пешачевме до кивотот на Свети Василиј. Тој ден, отец Василиј беше крај кивотот на Свети Василиј и го замолив со чисто срце да ја прочита молитвата. Ја носевме само неговата маица и таму купивме бројаница. Отец Василиј ја положи маицата и бројаницата врз моштите на Свети Василиј и праша за нашите имиња и името на нашиот син. Кога се вративме дома, тој спиеше и кога се разбуди, дојде кај мене и ги кажа своите први зборови: „Мамо, може ли да излезам надвор?“. Потоа рече уште една реченица и така до денес. Тој стана дете што го победи аутизмот! Слава на Свети Василиј од Острог, Чудотворецот.“

На 18. мај Прилеп ќе биде центар на велосипедизмот во Македонија! За прв пат ќе се одржи велосипедската трка “Трофеј Прилеп”

Во организација на Велосипедскиот клуб “ХЕРОЈ” од Прилеп и Велосипедската федерација на Македонија, на 18.05.2025г (недела), со почеток од 12 часот, во градот под Марковите Кули ќе се одржи првата велосипедска трка насловена како “Трофеј Прилеп”.

Трката ќе започне од пред камената бина во центарот на градот, a настанот е поддржан од општина Прилеп и голем број општествено одговорни компании.

Рутата е следна:

Трката е кружна, а стартот е на булевар “Гоце Делчев” од пред споменикот Александар III Македонски во правец на кружен тек кај Основниот суд, каде што се врти лево по ул. “Димо Димоски – Наредникот”. Се продолжува до “Кеј 9-ти Септември”, каде се врти лево се до раскрсницата со ул. “Кузман Јосифоски”, каде повторно се врти лево. На кружниот тек пред домот на културата “Марко Цепенков” се врти десно по булевар “Гоце Делчев” се до кружен тек “Карпалак”, каде се врти 180 степени и се стигнува до целта, која е каде што е стартот. Должина на еден круг е 2.4 километри.

Kругови по категории:

У-13 – 5 круга или 12 километри
У-15 – 6 круга или 14.4 километри
Кадети – 8 круга – 19.2 километри
Јуниори – 15 круга – 36 километри
Жени – 15 круга – 36 километри
Мастерс – 15 круга – 36 километри
Сениори – 20 круга – 48 километри

Прилеп пишува историја во развојот на естетската гимнастика во Македонија: Се одржа првиот национален семинар за судии и тренери (ФОТО/ВИДЕО)

Под покровителство на Меѓународната федерација за естетска групна гимнастика и клубот за естетска гимнастика “АВАНТГАРД” oд Прилеп, од 9-11 мај во Прилеп, се одржа Првиот национален семинар за судии и тренери во овој спорт.

Настанот ќе биде запишан како клучен чекор за развојот на овој прекрасен спорт во нашата земја, а огромна заслуга околу организацијата на истиот имаше Александра Стојаноска, тренер од прилепскиот клуб “АВАНТГАРД”.

Во Прилеп присутни беа учесници речиси од целата држава, кои споделија меѓусебни искуства, но и научија многу нови работи, кои со сигурност ќе бидат од огромна помош за големи успеси во иднина.

Предавач на семинарот беше Елена Дукова – потпретседателка на Меѓународната федерација по Естетска Групна гимнастика, која во Прилеп дојде од Бугарија.

-Во атмосфера полна со ентузијазам, знаење и страст, собравме тренери, судии и љубители на естетиката, кои заедно го поставија темелот за иднината на овај спорт. Особена чест ни беше да ги доделиме првите национални судиски сертификати – официјално создадовме прва генерација на национални судии, подготвени да го водат и поддржат развојот на спортот на домашна сцена. Вечерта ја заокруживме со свечена коктел-промоција, каде што во пријатна атмосфера го прославивме овој важен момент – не само како завршница на семинарот, туку и како почеток на едно ново поглавје. Благодарност до сите учесници, поддржувачи и нашиот ценет предавач Елена Дукова – за инспирацијата, несебичната поддршка и споделеното знаење. Ова не беше само семинар – ова беше почеток на историја. А ние продолжуваме понатаму, со уште поголема верба и љубов кон овој исклучителен спорт – стои во соопштението од клубот за естетска гимнастика “АВАНТГАРД” од Прилеп.

Нам ни останува да им честитаме на сите за одличната организација, да им посакаме огромни успеси во иднина, и се надеваме дека ваквите напори ќе вложат со плод и што поголем број деца и млади ќе го засакаат овој спорт, а ние сите заедно ќе се радуваме на нивните спортски достигнувања.

Слика полна со љубов! 11 новороденчиња во прилепската болница

Се повеќе мајки се одлучуваат своите принови на свет да ги донесат во прилепската болница “Борка Талески”, а причина за тоа е стручноста и посветеноста на тимот во одделението за гинекологија и акушерство заедно со одделението за неонатологија. Од болницата денеска на социјалните мрежи објавија фотографии од 11 новороденчиња.

-Одделението за гинекологија и акушерство при ЈЗУ Општа болница – Прилеп денес е исполнето со радост и живот! Грижата за 11 новороденчиња е доказ дека нашето одделение работи со полна енергија и посветеност. Им посакуваме здравје, љубов и безгрижно детство – на нив и на нивните семејства, напишаа од прилепската болница на социјалните мрежи.

Maкедонија – Италија во септември во Битола: Претседателот на ФФМ во проверка на стадионот (ФОТО)

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија Масар Омерагиќ, заедно со претставници од ФФМ, денес ја посетија Битола и извршија увид во состојбата на стадионот „Петар Милошевски“, со цел да се исполнат условите на УЕФА, за одигрување на меѓународен натпревар за селекциите до 21 година, помеѓу Македонија и Италија.

За одигрување на ваков натпревар од меѓународен ранг, потребно е да се извршат подготовки и да се исполнат критериуми за добивање на лиценца од комисија на УЕФА. Градоначалникот Тони Коњановски и претседателот Масар Омерагиќ, разговараа околу подготовките и преземањето на обврските од страна на општината и од ФФМ, со цел Битола да биде претставена во најдобро светло. На 9 септември, Битола треба да биде домаќин на натпреварот Македонија – Италија, за фудбалери до 21 година.

По увидот на терен, претседателот на ФФМ, ја посети општина Битола, каде што со градоначалникот разговараа за успесите во спортот на битолските екипи, успесите во училишниот спорт и условите за развој на училишниот спорт, во кои општината постојано инвестира.

Градоначалникот посочи дека на последниот јавен повик од страна на Владата, општината аплицираше за изградба на 3 спортски училишни сали и 9 спортски игралишта во училиштата.

Во знак на добрата соработка, Омерагиќ му подари на градоначалникот Коњановски репрезентативен фудбалски дрес со негово име, кое го носи
бројот 9.