дома блог страница 3379

Џудо клубот “Бушидо” со пет медали од Државното првенство

Џудо клубот “Бушидо” денес учествуваше на Државното првенство за кадети и ветерани во спортската сала при С.О.У.”Ристе Ристески Ричко” во Прилеп.

За “Бушидо” настапија шест натпреварувачи, а освоени беа пет медали:

-Ема Димитриоска- 2 место кадетки; Филип Попоски- 3 место кадети; Сара Атанасоска- 3 место кадетки; Теодора Ристеска- 3 место кадетки; Рубин Пеески- 2 место ветерани.

ЗНАМЕТО ОД КУТЛЕШ, ЗАБPAHЕТО НА РАКОМЕТНИТЕ ТРИБИНИ!:На ракометниот натпревар Македонија – Исланд oбeзбедyвaњeтo не дoзвoлyвало внесување на знамето од Кутлеш!

Според информациите кои се шират по социјалните мрежи знамето со Сонцето од Кутлеш кое е македонски вековен симбол и национално знаме на Македонците низ целиот свет било забpaнето да се користи на ракометниот натпревар помеѓу Македонија и Исланд во Скопје.

Твитерџиите коментираат дека oбeзбедyвaњeтo не им дозволувало на навивачите кои го носеле знамето да влезат во салата. Според други извори oбeзбедyвaњeтo се обидело истото и да го одземе од оние кои успеале да го внесат, но за да не дојде до тепачka се отkaжале.

-Сите кои на одат на ракомет на Македонија – Исланд, а носат знаме со сонцето од Кутлеш, не им е дозволен влез во сала од страна на НИКОБ oбeзбедyвaњe.

(Видео) Грми македонската химна во “Борис Трајковски” – Пендароски и Мојсоски не се во салата?

Македонските репрезентативци вечерва го играат четвртиот натпревар од квалификациите за Европското првенство кое ќе се одржи во 2020 година.

Имаме можност да следиме искклучително тврд натпревар и резултатот на полувреме е 10-11 во корист за Исланд.

Атмосферата на трибините е одлична и очекуваме победа!

Оние кои ја промовираа “Северна” не се забележани на трибините?

Во Прилеп се одржа Државно првенство во џудо за кадети и ветерани: ЏК “Сеишин” со 20 освоени медали (Фото)

На 14.04.2019 Недела во спортската сала на СОУ “Ристе Ристески – Ричко” Прилеп, во организација на Џудо Федерацијата на Македонија и техничка организација на прилепските Џудо Клубови Сеишин и Санкаку, се одржа Државно Првенство за кадети-ки и ветерани. На ова Државно Првенство учество зедоа околу 100 натпреварувачи од 12 клубови од нашата држава.

Џудо Клубот СЕИШИН-Прилеп на овие државни првенства како домаќани, најстапи со најголем број натпреварувачи и тоа 20 во кадетска и 4 во ветеранска конкуренција, или вкупно 24, односно 1/4 од вкупниот број на државните првенства.

На овие државни првенства клубот СЕИШИН-Прилеп целосно ДОМИНИРАШЕ, при што освоени се вкупно 20 медали (5 златни, 8 сребрени и 7 бронзени), од кои 16 медали се освоени во кадетска конкуренција и 4 медали во ветеранска конкуренција – информираат од клубот.

Во прилог поединечни резултати:

“Курир”: Пендаровски повторно ја излажа јавноста: Нема користење на службени возила во неговата изборна кампања падна во вода (ВИДЕО)

Пендаровски иако во дебатата на телевизија Телма тврдеше дека не се користат службени автомобили за неговата изборна кампања, сепак времето покажа дека се работи за лага – oбјави “Курир”.

Кандидатот за претседател од редовите на СДСМ Стево Пендаровски имено во дебатата на Телма бараше од Силјановска да му даде пример каде се возеле службени автомобили.

-До овој момент се нема случено и нема да се случи. Јас гарантирам зборувам за премиерот и министрите кои ме поддржуваат, не смее ниту еден, најмалиот државен ресурс да биде ставен во функција на мојата кампања и утрешна евентуална моја победа, тука е јасната разлика меѓу партијата и државата, рече Пендаровски.

Тој ја запраша и Силјановска да му даде пример каде службена кола која е користена во изборната кампања на Пендаровски.

Сепак доказ дека се користат службени возила за митинзите на Пендаровски е митингот во Радовиш каде се гледа возило во сопственост на Агенцијата за вработување од подрачната единица во Радовиш кое е злоупотребено за партиски цели.

Со реакција денеска излезе и ВМРО-ДПМНЕ која најостро ја осудува злоупотребата на државни ресурси во политички цели од страна на високи функционери на СДСМ.

-Кога министерот за правда може да си дозволи со службено возило во маички од кампања да оди на партиски митинг можеме само да претпоставиме што прават пониските ешалони на СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ бара министерот за правда Рената Треневска Дескоска веднаш да си поднесе оставка заради морална одговорност, а државната комисија за спречување на корупција, јавното обвинителство и другите надлежни институции да покренат прекршочни и кривично постапки. По оваа злоупотреба од страна на Дескоска сосема е јасно зошто СДСМ се противи на реформи кои ќе значат независно и професионално јавно обвинителство и судство, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: “Курир”

Мојсоски и Пендаровски ќе појдат ли вечер на ракомет да навиваат за Македонија? Ете срце ќе оставеле на терен…?

Прв говорник на денешниот централен митинг за поддршка на кандидатот за претседател на СДСМ, Стево Пендаровски беше ракометарот Наумче Мојсовски.

-Играв и не се штедев, играв со срце за екипата за оваа нација, не можам да кажам дека беше лесно и не секогаш чесно, но игравме до крај за победа, за горда и среќна нација. Убеден сум дека донесовме вистински одлуки, дека компормисите беа немионовни, дека припаѓаме таму каде што чекориме, кон НАТО и ЕУ. Сум одиграл многу тешки натпревари, против тешки противници, оваа земја има тешки натпревари пред себе со високи цели и со големи успеси и затоа јас, како Наумче Мојоски, знам дека Стево е вистинскиот играч. Знам дека Стево ќе го остави срцето на терен за оваа земја, знам дека Стево ќе биде играч за сите, истакна Мојсовски.

Силјановска: Новата претседателска дебата денеска од 16.30 часот на TВ Сител

Новата претседателската дебата во која ќе учестуваат сите претседателски кандидати, Гордана Силјановска Давкова, Стево Пендаровски и Блерим Река, ќе се емитува денеска на ТВ Сител од 16.30 часот.

Кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Силјановска Давкова преку својот Фејсбук профил ги повика граѓаните да ја проследат дебатата.

“Нешто ќе те питам бабо” загрми на стадион во Турција: Песната која стана вистински хит, одекна на стадионот од Коњаспор (Видео)

Oткако го раситнаа првиот милион прегледи на “Јутјуб”, “Нешто ќе те питам бабо” на музичкото дуо “Некст тајм”, одекна и на стадион во Турција.

Во пресрет на натпреварот од турската Супер лига помеѓу Коњаспор на нашиот Адис Јаховиќ и Сиваспор, одекна “Нешто ќе те питам бабо”.

“Вака се сака својата Македонија ??!!! Нешто ќе те питам бабо дури и на стадионите во Турција. Адис Јахович капа доле кралу !!!”, напишаа “Некст Тајм” на Фејсбук.

Видео: “Членовите го напуштаат Митингот додека зборува Заев??”

Tвитерџиите ги “распнаа” Пендаровски и Заев. На социјалната мрежа се шират видеа од денешниот централен митинг на СДСМ во Скопје, а според она што може да се види, владеачката партија го има најслабиот предизборен собир во главниот град.

Според Твитер заедницата поддржувачите на СДСМ предвреме го напуштаат митингот кој се одржува пред зградата на ЕУ.

Претходно на Твитер осамна и видео од птичја перспектива за време на митингот, на кое може да се види дека СДСМ успеа да собери многу малку народ на нивниот централен предизборен настан.

Видео: “Еве колку малку народ го слушаше Стево денес во Скопје? Дали е ова заради навредата со терминот “стока”?”

Ексклузивно видео од птичја перспектива на денешниот централен митинг на СДСМ во Скопје: