дома блог страница 3380

“Пендаровски ја згрешил колата по денешниот дуел на “Сител” и влегол во таа на Силјановска??”

Денеска со почеток од 16.30 часот на ТВ Сител ќе се оддржи третата од четирите најавени ТВ дуели помеѓу претседателските кандидати Стево Пендаровски, Гордана Силјановска Давкова и Блерим Река.

Tвитерџиите објавуваат дека по завршувањето на снимањето на ТВ дуелот, претседателскиот кандидат на СДСМ, го погрешил автомобилот, па наместо во неговиот, влегол во тој на Силјановска Давкова?!

Игор Дурловски МАКЕДОНЧИШТЕ! Ваква изведба на државната химна досега не е видена! (Видео)

Игор Дурловски, оперскиот пејач со светско реноме синоќа на митингот на ВМРО-ДПМНЕ со брдо емоции ја испеа македнската химна.

Ваква изведба на државната химна досега не е видена!

Со оваа моќна изведба, Дурловски покажа дека не го скршија. Вака се пее за Македонија, вака се сака Македонија!

Од утре нови цени на горивата во Македонија

На редоцна седница Регулаторната комисија утре треба да ги соопшти новите цени на бензините.

Со последната промена пред две недели цените на горивата се зголемија. Малопродажна цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголеми за 2,5 денари и изнесува 68,5 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапе за три денари и ќе чини 70,5 денари за литар.

Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемија за половина денар и изнесуваат 61, односно 49,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,677 денари за килограм се зголеми и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и изнесува 33,375 денари.

Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 3,53 отсто повисоката просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 0,03 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.

(Фото галерија) “Споредба на митинзите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп: Народот им сврте грб на непотистите и кумовите на името?”

После големиот митинг на ВМРО-ДПМНЕ кој во петокот се одржа на плоштадот “Методија Андонов – Ченто” во Прилеп, врие на социјалните мрежи од споредби за тоа колку биле посетени митинзите на двете најголеми партии.

Владеачката СДСМ во Прилеп беше на првиот ден од кампањата, а според фотографиите тоа беше најслабиот митинг или “трибина” кој оваа партија го имала во градот под Марковите Кули.

Прилепчани, но и медиумите коментираат дека на собирот од СДСМ се покажало дека власта ја губи довербата кај граѓаните, а причина за тоа било зголемувањето на сметките за вода за 60%, намалените пензии на пензионерите, непотизмот од невидени размери, како и неисполнетите ветувања за низа капитални проекти како од централната, така и од локалната власт.

Затоа во петокот, Прилеп беше сведок на исполнет плоштад и громогласна атмосфера. Кандидатката за претседател на државата, Силјановска Давкова и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, беа пречекани со овации од прилепчани.

Најдобар показатал на реалната состојба на двете партии ќе биде првиот круг од претседателските избори, кои се закажани за 21 април.

Ваква беше атмосферата на митингот од ВМРО-ДПМНЕ:

А, вака изгледаше “трибината” на СДСМ:

ЦИА открива: Огромни количества на ураниум и берилиум во Пелагонија и злато во јужна Македонија

Рудни богатства за кои никој не зборува

– Огромни количества на ураниум кај Битола, берилиум во Прилеп, злато во јужна Македонија!

Американската Централна разузнавачка служба – ЦИА објави илјадници тајни документи поврзани со Македонија и Југославија. Во еден се открива тајната за наоѓалиштата за берилиум во Струмица и карпестите предели во близина на Прилеп.

Уште во 1950 година ЦИА укажува дека Прилеп го поседува еден од најретките метали на планетата, кој поради своите специфични својства може да се користи во нуклеарната, аерокосмичката индустрија, како и во индустријата за телекомуникации.

Од берилиумот се изработуваат делови за вселенски летала, проектили и сателити, поради тоа металот е многу лесен. Освен берилиум во Прилеп, во близина на Битола се наоѓа огромно наоѓалиште на ураниум, кое според ЦИА било најголемо во Југославија.

-Најбогатите наоѓалишта на ураниумска руда во Југославија се смета дека се во близина на југословенско-грчката граница, во планините јужно од Битола и Прилеп.

Рудата се наоѓа во глина која југословените ја нарекуваат диатомејска земја. Југословените планираат да изградат шесткилометарска жичница до Прилеп, каде би се отворила постројка за дробење на рудата.

Изградбата на жичницата се проценува на милион динари – пишува во информацијата која е достапна за јавноста, но откако значителен дел од документот претходно бил избришан.

Овој кус податок е најинтересното сознание од записите за рудните богатства на Македонија кои ЦИА ги отвори за јавноста. Од другите македонски ресурси, ЦИА го нотирала постоењето на рудникот за злато Дудица кај Демир Капија, за кој забележува дека германските окупациски сили сакале да го експлоатираат во текот на Втората светска војна, а во времето на Југославија биле извршени пробни копови и се утврдило дека златната жила продолжува до границата со Грција.

За рудникот за хром Цер во близината на Кичево записите во архивите на ЦИА се толку детални што е забележан не само капацитетот на рудникот и механизацијата со која рудникот располага, туку и имињата на тогашните управители Ристо Влахов и Иван Георгиевски, како и тоа дека германски воен заробеник по име Хојнц работи на одржување на механизацијата во рудникот.

Документот, изработен во 1953 година, не содржи информација дали ЦИА имала некои планови во врска со овој рудник. ЦИА под ознаката доверливо, ги бележела имињата на управителите и на хидроцентралата Маврово, како и другите помали енергетски инсталации кои функционирале во педесетитте години во Македонија, како и имињата на раководството на градежната компанија Бетон.

Берилиум е хемиски елемент. Тој е многу лесен метал. Има челично-сива боја. Атомскиот број му е 4, додека атомска маса изнесува 9,012182. Се топи на над 1200 степени. Служи основно за правење на легури.

Извор: “Неделник ЗЕНИТ”

Maкедонскиот лав Даниел Стефановски ги прегазува противниците во прва рунда: Синоќа се закити со нова светска титула (Видео)

Македонскиот воин Даниел Стефановски доцна синоќа се закити со нова светска титула на ИСКА, една од најголемите кик бокс организации. Стефановски за противник го имаше Софијан Алилуше од Франција.

Македонскиот шампион Даниел Стефановски, кој е Европски и Швајцарски првак во тајландски бокс, на синоќешниот натпревар во Цирих се закити со нова светска титула на ИСКА, една од најголемите кик боксерски организации.

Стефановски на синоќешниот натпревар доминираше против Францускиот противник Софијан Алилуше и му зададе катастрофален пораз уште во првата рунда. Французинот Алилуше после силнио К.О падна на колена пред Македонскиот воиин, а Даниел ја однесе победата на натпреварот и во неговата богата колекција на титули и бројни светски и европски признанија, се закити со нова светска тутула на ИСКА.

Даниел е исто така и Европски шампион во дисциплината К-1 во категоријата до 80 килограми, а исто така двапати по ред е шампион на Швајцарија во 2013 и 2016 година.
Гордиот Македонец Даниел Стефановски е роден во Швајцарија, а неговите родители потекнуваат од Куманово.

Првите чекори и љубовта за овој спорт ги покажал кога имал 13 години. Неговата професионална кариера ја започнал со мај-тај и кик-бокс, а во 2016 година станува шампион на Швајцарија во К-1 во ВФЦ верзија, совладувајќи го Кеви Бузер на Агровина фајт челинџ во Арау.

Неговите амбиции не застануваат на овие титули, туку се стремат кон нови победи и успеси во неговата професионална кариера.

Денес е Преподобна Марија Египетска

Петтата недела од Великиот Пост е посветена на преподобната Марија Египетска бидејќи во оваа недела, една пред почетокот на Страсната Седмица, Црквата ја достигнува полнотата на покаjанието. А светата Марија Египетска е впечатлив пример токму на длабоко поkајание.

Таа од својата дванаесетта година почнала да живее pазвpатно и во разврат поминала седумнаесет години. Во една прилика, дошла во Јерусалим и посакала да влезе в црква и да му се поклони на Чесниот Крст, но некоја невидлива cила ја задржувала и не ѝ допуштала да влезе. Во голем стpаB погледнала во иконата на Пресвета Богородица во припратата на црквата, молејќи се кон Пречистата да ѝ дозволи да влезе и да го целива Чесниот Крст, ветувајќи дека потоа ќе го смени својот живот. Тогаш ѝ било дозволено да влезе в црква.

А таа, откако го целивала Чесниот Крст, оставила сè и се наcелила во пуcтината од другата страна на Јордан. Таму поживеала цели четириесет и осум години, во преголеми маkи, во боpба со стpаcните помисли како со ди ви ѕв ерови. Така, таа од голема гpешница, со Божја помош, станала голема светителка.Животот на преподобна Марија Египетска е еден од навпечатливите раскази во историјата на христијанската агиографија. Таа била родум од Египет и живеела во шестиот век. На 12-годишна возраст изб егала од дома и се населила во Александрија.

Суптилниот раckош на овој голем и славен град бргу ја восхитил девојката, па таа почнала со не3гаслива жед да гpаба за себе што е можно повеќе од земните задоволства.

Кога се доближила до возраста од околу 30 години, во нејзиниот живот се случува темелен земјотрес, пресврт кој ја преобразува оваа распуcна и ра3у3дана жена во една од најголемите подвижнички-пустиножителки во историјата на Црквата. Се повлекла во Египетската пуcтина, каде живеела се до својата cмpт. За да не остане непознато ова чудесно животно сведоштво, Бог така ги наредил работите што еден монах по име Зосима ја сретнал во пустината оваа подвижничка, ја чул од неа нејзината приказна, а подоцна и ја запишал.

Очекувајте поројни дождови и грмежи – од среда промена на времето

Времето во земјава ќе биде променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи, особено попладне во западните и јужните делови.

Утринската температура ќе се движи од два до девет степени, а дневната температура од девет до 19 степени.

До вторник ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд, а во попладневните часови процесите локално ќе бидат поинтензивни со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од среда условите за нестабилност ќе се намалат, па ќе преовладува посончево и потопло време.

Видео:”Се тресеше платото пред Владатa! Грмеше МАКЕДОНИЈА, МАКЕДОНИЈА!! Рекордна посета на митинг до сега”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва со најмасовен досега митинг пред Влада.

“МАКЕДОНИЈА, МАКЕДОНИЈА…” ечеше пред Владата, а граѓаните масовно коментираат дека победата на претседателските избори е се поизвесна.

Ова е дел од атмосферата:

ВМРО-ДПМНЕ испиша историја, го направи досега најбројниот митинг пред Владата (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Вечерва ВМРО-ДПМНЕ пред Владата на Република Македонија го направи досега најбројниот митинг, а доказ за тоа е масовноста која ја покажуваат фотографиите.

Граѓаните револтирани и разочарани од лошата политика на Зоран Заев како и кандидатот за претседател од СДСМ Стево Пендаровски излегоа на масовен митинг за поддршка на Гордана Силјановска Давкова.

Во тек е митингот на кој се обраќа кандидатот за претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова, додека се очекува да се обрати и лидерот на партијата Христијан Мицкоски.

КУРИР врши директен пренос и истиот е во продолжение.

Целосната атмосфера погледнете ја ТУКА