дома блог страница 3378

Локвенец: “СДСМ пред катастрофа во Прилеп, непотизмот, хаосот во градот и 60% поскапите сметки за вода ги уништија поддржувачите на Северна?” (Видео)

Најпрво сакам од името на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп да им се заблагодарам на нашите сограѓани за масовниот одзив на големиот народен митинг во центарот на градот – истакна на денешната прес конференција Ирена Стерјовска Локвенец од Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Прес конференцијата во продолжение ја пренесуваме во целост:

“Прилепчани како никогаш досега излегоа во огромен број и покажаа дека застануваат зад политиката на искреност и чесност. Исполнетиот плоштад во петокот е доказ дека граѓаните и покажаа црвен картон на оваа однародена и аздисана власт.

Она што постојано го зборуваме, граѓаните го препознаа и покажаа што ја чека власта на престојните претседателски избори, а потоа и на предвремените парламентарни.

Предизборните митинзи на партиите во Прилеп, но и централните митинзи во Скопје, се вистински пример за тоа дека граѓаните му го завртеа грбот на СДСМ и Зоран Заев.

Аболицираниот премиер и неговиот кандидат за претседател Стево Пендаровски доживеаа вистински дебакл, а тоа се должи на невидениот досега непотизам, политичка одмазда, политика на присила и уценување, како и нереализираните очекувања на граѓаните за 500 евра плата, за 100 000 денари плата за докторите, намалените пензии, зголемените даноци, немањето инвестиции и предавствата на сопствениот народ и држава преку промената на државното име.

Вака изгледа одговорот на прилепчани за лицемерито, сеењето на страв, за заканите, но и за зголемените сметки за вода за 60% и мизерното ниво на капитални инвестиции од локалната власт предводена од СДСМ.

Ваков е одговор на граѓаните кога со присила и уцена за своите работни места се приморуваат да одат на митинзи и да слушаат порачани стихотворби и стенд ап шоуа за Зоран Заев.

Почитувани,

И во минатото, па и денеска, се’ започнува од Прилеп. Така ќе биде и сега. Во недела гласаме за жена Пртседател на Република Македонија. Гласаме за правда и праведност, гласаме против криминалот и корупцијата, гласаме против сите надвиснати црнила во државата. Гласот за Професорката Гордана Силјановска Давкова и бројот 2 ќе значи токму тоа, ќе значи расчистување со оваа ненародна структура на власт и нејзино сместување на црната страна од политичката историја”.

Изгор: Горивата драматично поскапуваат – Ова се новите цени

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 3,21%, информираат од Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 3,00 денари/литар, односно за 2,50 денари/литар, во однос на цените утврдени со Одлуката од 01.04.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 71,50 денари/литар, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 73,00 денари/литар.

Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,50 денари/литар, во однос на цените утврдени со Одлуката од 01.04.2019 година и со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 62,50 денари/литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 51,00 денар/литар.

Репертоар на народниот театар “Војдан Чернодрински” – Прилеп

Во ПЕТОК, 20.04.2019, со почеток од 20.00 часот, ќе се одигра претставата „Пиреј“ во режија на Љупчо Ѓоргиевски.

Влезници на билетарницата од театарот. Резервации на 076 442 378.

ППК “Младост 96” со целосна доминација на Државното првенство за играчи до 21 година: Костоски и Рикалоски ги собраа сите медали (Фото)

Во Прилеп кој оваа сезона е центар на повеќето пинг понгарски случувања, со учество на оклу четириесет натпреварувачи, се одржа третото Државно првенство за играчи до 21 година.

Во конкуренција на сениори у21 Државното првенство не донесе некои неочекувани резултати, во финалето повторно се сретнаа клубските играчи на ППК Младост96 Петар Костовски и Александар Рикалоски.

Полуфиналината беа интересни и неизвесни до самиот крај. Филип Костадиновски-ППК УГД-Штип, и покрај водството од 3:0 во сетови, не успеа да го совлада вицешампионот Рикалоски, кој на крајот славеше со 4:3.

И другото полуфиналие заврши со ист резултат, каде Дамјан Стојчев немаше сили за изненадување да го совлада шампионот Костовски.

Костовски во финалето го победи својот соиграч Рикаловски со 4:0.

Костовски на Државното првенство освои три златни медали, победувајќи во сите категории во кои се натпреваруваше.

Од друга страна Рикалоски исто така имаше три финалина од кои освои едно злато и два сребрени медали.

Костовски заедно со Рикалоски во игра на двојки станаа шампиони, победуваќи ги во финалето браќата Стојчеви од ППК Шампиони ФА со 3-0 во сетови.

Во мешани двојки пак, Костовски и И.Димитриевска, беа подобри од Рикалоски и А.Стојановска со резултат 3-1.

Ова беше Државно првенство во кое ППК Младот96 беше најуспешна екипа со освоени 6 медали.

Турнирските случувања на пинг понгарската сцена ќе бидат во мирување до 4 Мај, кога во Прилеп ќе се одржи Државното првенство во пионерска конкуренција. Со тоа завршува турнирската сезона со ТОП турнирите во сите конкуренции.

(Фото галерија) “Комити со најдобра кореографија вчера: Боже чувај ја МАКЕДОНИЈА”

Дербито во македонската Прва фудбалска лига вчера помеѓу Вардар и Шкендија заврши без голови, но она што остави впечаток од овој натпревар беше кореографијата на навивачката група “Комити”.

Погледнете ја фотогалеријата во продолжение:

Со автомобил yдpил во 6-годишно дете од Прилеп

На улица „Војводинска“ во Прилеп, вчера во 15.45 часот патничко возило „пежо“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.Ѓ.(50) од Прилеп, удрило во шестгодишно дете од Прилеп.

Детето се здобило со тешки телесни повреди и му била укажана помош во Градската болница Прилеп.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

HИKOГАШ НЕ СУМ ГО ВИДЕЛ СТЕВО ТОЛКУ HEPBOЗEH И HAПHAТ: Антонио Милошоски за настапот на Стево Пендаровски на „Сител“

Никогаш не сум го видел Стево толку напнат, коментираше на својот ФБ профил Антонио Милошоски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и екс-министер за надворешни работи, по најавата за реприза на дебатата помеѓу тројцата претседателски кандидати на „Сител“ телевизија

“Го знам Стево Пендаровски од 2000 година и како портпароли заедно сме биле пред камерите на десетици новинари во kpизнaтa 2001, но и на ТВ pacпpaви за политика во изминативе 15 години. Но, никогаш досега не сум го видел Стево така HEPBOЗEH и нaпнaт, како на денешната ТВ дeбaтa на Сител (Детектор).

Има нешто, а што е тоа, тој најдобро си знае.

Сега во 23:30 повторно ќе ја гледам РЕПРИЗАТА на Сител!” – напиша Милошоски на неговиот ФБ профил.

Бугарите направија талент шоу со 3500 кандидати: Кога на сцена се појави оваа Македонка им одржа лекција на сите (ВИДЕО)

Конкуренцијата од 3500 кандидати не беше пречка за 17-годишната Славица Ангелова да влезе во потесниот круг на бугарскиот „The voice“. Таа е единствената натпреварувачка од Македонија, а на сцената покажа и докажа како се пее во Македонија.

Хитот „What’s up“ од 4 Non Blondes беше изборот на Славица, а нејзината изведба го крена целото студио на нозе. Познатата поп пејачка, Михаела Филева и даде зелено светло на нашата натпреварувачка и со тоа ја зема во својот тим.

Останатиот дел од жирото исто така не ги штедеше пофалните зборови за Славица, а во продолжение погледнете како изгледаше Славица на сцената на „The voice“.

Прилепчанецот продолжува да решети низ Италија: Нов погодок и нова мајсторија на Илија Несторовски (Видео)

Несторовски ја продолжува својата серија на голови во Серија Б. Прилепчанецот и синоќа ја погоди мрежата на ривалот и пак реализираше за 0-1 како и пред осум дена.

Овој пат на теренот на ланскиот прволигаш Беневенто, македонскиот напаѓач мајсторски реализираше со левата нога за 0-1 во 42. минута.

Овој гол е 12-ти на 22 натпревари за македонскиот напаѓач.

Погледнете ја најновата мајсторија на нашиот Иле:

Силјановска за ракометарите: “Горда сум на вас како што е горда цела Македонија”

Maкедонската ракометна репрезентација синоќа во спортската сала “Борис Трајковски” ја дочека селекцијата на Исланд.

После победата во последна секунда во Рејкјавик, нашите момци одиграа нерешено дома и го задржаа првото место во квалификациската група.

После натпреварот на Фејсбук со пофалби за рекометарите се јави и кандидатката за Претседател на државата, Прфесорката Гордана Силјановска Давкова.

“Браво момци!Го оставивте срцето на терен. Бод вреден како победа. Горда сум на вас како што е горда цела Македонија. Вака се сака нашата татковина. Одиме кон ново Европско првенство!”, напиша Силјановска Давкова.