
Како во песната кога Јордан Пиперката со својата чета оди за Прибилци да ја плати вересијата.
Лично оро македонско, со бајраци и народни носии.
Погледнете:

Како во песната кога Јордан Пиперката со својата чета оди за Прибилци да ја плати вересијата.
Лично оро македонско, со бајраци и народни носии.
Погледнете:
![]()
Надворешната канцеларија за kpиминaлиcтички работи Прилеп поднесе kpивична пpиjaва против Б.С.(40) од Штип поради постоење основи на coмнeниe за cтоpeно kpивично дело „неовластено пpoизводcтво и пуштање во пpoмет на нapkoтични дpoги и пcихотpoпни cупcтaнци и пpekуpзopи“. На 18. 12.2018 година во Прилеп, во Kaзнeнo-попpaвнaтa уcтaнова „3aтвop – Прилеп“, при преглед на пакет наменет за пpиjaвeниoт била пpoнаjдeнa и oдзeмeнa мapиxуaнa.


Денеска е Лазарова сабота, еден од поголемите христијански празници од пролетниот циклус. Лазарова сабота е променлив празник и секогаш се паѓа еден ден пред Цветници, кои се точно една недела пред најголемиот празник Велигден.
На овој ден се споменува чудесното воскресение на четиридневно упокоениот Лазар извршено од Исус Христос. Овој настан бил на шест дена пред предавството и убиството на Христос на Голгота. На Лазарева сабота обичај е да се носат гранчиња од врба што симболично претставува свечено Христово влегување во Ерусалим, каде што го пречекале следбениците.
На овој ден обично се оди на река и се вели: Колку далеку го фрлив овој камен, толку подалеку да биде змијата од мене! Дента се бере цвеќе, но не се внесува дома, туку важно е да се остави во дворот. Потоа со цвеќето се кити домот, а со водата каде стоело се замиваат домашните.
Во Македонија групи девојчиња – Лазарки, облечени како невести одат и пеат лазаревски песни, како обичај за големиот празник.

Во услови на изборен молк, на неколку локации во градот, посебно на улица “Беровска” и кај воените касарни, на терен работат сите јавни претпријатија во Прилеп?
Според информациите кои ги добиваме, на терен е и советникот од СДСМ во општина Прилеп, Адем Мамудоски, кој ја координира работата?



На полноќ заврши изборната кампања за претседателските избори и за предвремените локални што ќе се одржат во општините Охрид, Дебар и Ново Село и започна изборниот молк.
Денеска, ден пред изборите, своето право на глас можат да го остварат 1.640 лица во казнено-поправните домови и лица кои се во притвор, седум внатрешно раселени лица, како и 3.583 немоќните и болни кои го побарале тоа од општинските изборни комисии.
Внатрешно раселените лица гласаат во прифатлиштата каде што се сместени, болните и немоќните лица во нивните домови, а избирачите кои на денот на гласањето се наоѓаат на издржување куќен притвор гласаат во местото каде што ја издржуваат мерката.
Гласањето и денеска и утре на денот на изборите почнува во седум и ќе трае до 19 часот.
Претседателските избори ќе се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини и Град Скопје и на 32 во странство. Право на глас имаат 1.808.131 граѓанин.
Во изводите од избирачкиот список се запишани 1.726.795 гласачи, 77.579 избирачи се на привремена работа или престој во странство, 1.640 се на издржување казна затвор или се во притвор, а седум гласачи се запишани како внатрешно раселени лица. Во посебниот извод од избирачкиот список за лица кои поднеле пријава во ДКП во странство се запишани 1.782 гласачи.
Вториот круг од изборите е закажан две недели подоцна, на 5 мај.

1.Непотизам во тесен круг на луѓе, во екстремен обем, што предизвика револт кај членовите и симпатизерите
2.Двојазичен Прилеп, тоа што функционерите на СДСМ ги убедуваа дека е невозможно стана реалност

3.Промена на библиското име Македонија, предизвика душевна болка кај сите и грижа на совест за претходно дадениот глас за СДСМ
4.Пензионерите тотално изиграни и со празни џебови

5.60% повисока сметка за вода, а веруваа 20% пониска
6.Поскапување на лекови, повисоки даноци, поголема акциза, изгор цени на дериватите
7.Криминалитет и разбојништва сред бел ден, бетер од Филипини

8.Спортот и градот заедно влегоа во ВТОРА ЛИГА, а ветуваа Лига на шампиони
9.Нечистотија и зараза се шири на секој чекор, Комуналната хигиена на НУЛА
10.Ни еден реализиран проект, ни една закоена шајка во Прилеп за 30 месеци

11.Секој од вас може да наброи барем уште 100 причини за катастрофалниот резултат што го очекува СДСМ во Прилеп

Утре е Лазарова сабота, еден од поголемите христијански празници од пролетниот циклус. Лазарова сабота е променлив празник и секогаш се паѓа еден ден пред Цветници, кои се точно една недела пред најголемиот празник Велигден.
На овој ден се споменува чудесното воскресение на четиридневно упокоениот Лазар извршено од Исус Христос. Овој настан бил на шест дена пред предавството и убиството на Христос на Голгота. На Лазарева сабота обичај е да се носат гранчиња од врба што симболично претставува свечено Христово влегување во Ерусалим, каде што го пречекале следбениците.
На овој ден обично се оди на река и се вели: Колку далеку го фрлив овој камен, толку подалеку да биде змијата од мене! Дента се бере цвеќе, но не се внесува дома, туку важно е да се остави во дворот. Потоа со цвеќето се кити домот, а со водата каде стоело се замиваат домашните.
Во Македонија групи девојчиња – Лазарки, облечени како невести одат и пеат лазаревски песни, како обичај за големиот празник.
Штип е на нозе, Македонија е нозе, ова се коментарите на граѓаните, а од фотографиите и видео стримот кој се емитува на Инфомакс може да се забележи огромна масовност и посетеност на завршинот митинг од претседателската кампања на ВМРО-ДПМНЕ во Штип – oбјави “Инфомакс”.



Извор: “Инфомакс”

Силјановска Давкова за текстилните работници од Штип.
“Го добија мојот збор дека со нив ќе застанам на штрајкот. Заради нив ќе се обратам пред Парламентот, во едно од многубројните обраќања, за да кажам дека не сум заборавила дека сум жена, дека е бесмислено, цинично и иронично за да велите дека треба да раѓаат деца тие млади жени. Ама во какви услови ќе раѓаат деца? Зар е можно денеска, иако јас знам дека светот е потонат во сиромаштија, ама Македонија по дефиниција уставна е социјална држава. Јас не видов социјална грижа, видов многу социјални случаи. Тажно е земјата која јас ја замислувам како земја на прекрасен мирис од овошјата и зеленчуците и развиен туризам да нема доволно храна, или да се фрла родот”.

На 19 април во Полициckaтa cтaницa Прилеп, Д.Д.(34) од Прилеп пријавил дека на 18 април околу 22.30 часот бил физичkи нападнат од две лица. Се преземaaт мepkи за pacчиcтувaњe на нacтaнoт – oбјави порталот “Три.мк”.
На 18 април во Полициckaтa cтaницa Прилеп, Д.Ј.(31) од с.Мало Коњари, прилепско, пpиjaвил дека околу 16.30 часот во нива во атар на с.Мало Коњари физичkи бил нaпaднaT од Д.Д.. Се преземаат мерки за pacчиcтувaњe на нacтанoт.
![]()