дома блог страница 3369

Платата во февруари помала за 300 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2019 година, изнесува 24.192 денари.

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите рударство и вадење на камен за 10,3 отсто, снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 10 отсто и транспорт и складирање за шест отсто.

Инаку, споредено со јануари 2019, кога платата била 24.517 денари, платата е намалена за 325 денари.

Самсоненко се повлекува од РК Вардар: Ги повика бизнисмените да инвестираат во клубот

Интегрално ви го пренесуваме соопштeнието на Сергеј Самсоненко

Почитувани граѓани, пријатели! Почитувана јавност!

Изминува веќе 7-та година од моето раководење и финансирање на ракометот во државата, започнувајќи од ЖРК Вардар во 2012 година и веќе во 2013 година приклучувајќи го и РК Вардар.

Од седумте години поминати во ракометот за жал изминува веќе третата година како јас лично се борам од ден за ден за издржување на клубот, со постојано задолжување и земање на кредити. Покрај оваа борба која ја водам секој ден зад мене има повеќе од 5000 вработени во моите компании кои ги издржувам со нивните семејства и кои не сакам да ги загрозувам, а веќе тоа се одразува со моето постојано задолжување за спортот.

Приходот кој ракометниот клуб го има од страна на Европската Ракометна Федерација и од спонзори изминативе години не е ни 10% од буџетот кој јас го давам годишно.

Добив премногу ветувања дека за кратко ќе добијам помош за ракометот, но еве веќе како што напоменав измина и седмата година и таа помош ја нема.

Ова е причината поради која јас од следната сезона не сум во можност да продолжам со финансирањето на ракометниот клуб Вардар.

Во изминатите години РК Вардар како симбол на државата доминира во спортот. Вардар е, и ќе биде национална гордост за секој граѓанин. Вардар стана европски првак во машка конкуренција во ЛШ во 2017 година и на нашата земја ѝ го донесе европското злато.

„Црвено-црните” како што не нарекуваат ја освоија европската круна во Келн, и никогаш нема да заборавам ниту јас ниту сите граѓани како во Скопје не пречекаа илјадници луѓе и се поклонија за успехот на ракометарите.

Да не заборавиме дека 6 сезони во ЖРК Вардар донесоа: 6 првенствени титули, 5 купови на РМ, 5 учества во лигата на шампиони од кои три пати Европска бронза и двапати го освоивме второто место.
Шест сезони во РК Вардар донесоа : 4 првенствени титули, 5 купови на РМ, 2 супер купа на РМ, 4 регионални СЕХА титули, едно изгубено полуфинале во лигата на шампионите и титулата со непроценливо значење, освојувачи на ЛШ во 2017 година

Заради сето ова погоре со ова мое искрено писмо отворено Ги повикувам сите македонски бизнисмени да дојдат и да се приклучат кон финансирањето на Ракометниот клуб.

Вардар е едната радост на нашата земја!Се надевам дека ова ќе допре до Вашите срца и заедно ќе ја сочуваме нашата гордост!

Со почит,

Сергеј Самсоненко

Извор: “Vardarfans.mk”

,,ФATAЛHA” ГPEШKA: Индиец си отcekoл прст откако гласал за погpeшна партија на изборите

Индиецот Паван Кумар си го отceче показалецот, откако осознал дека со него на парламентарните избори гласал за „погpeшната” политичка опција – владејачката Индиска народна партија (БЈП).

Видеото од тој чин сé повеќе се шири на интернет. Во него тој нагласува дека „го збуниле многуте партиски симболи“.

-Сакав да гласам за слонот (како симбол), но по гpeшка гласав за цвеќето (БЈП), објаснува Кумар во видеото.

Слонот е симбол на левичарската опозициска Партијата на мнозинскиот народ (БСП). Партиските симболи се од огромно значење за изборите во Индија, каде што писменоста е на многу ниcko ниво.

(Видео) Доколку на избирачкото ливче за претседател би биле Стојанче Ангелов, брат Љубе и Амди, Пендаровски не би гласал за никого

Кандидатот за претседател од СДСМ, Стево Пендаровски гостуваше во емисијата Бекстејџ каде одговараше на интересни прашања.

Доколку би се одржале претседателски избори на кои кандидати се: Амди Бајрам, Стојанче Ангелов и брат Љубе, за кого би гласал, Пендаровски одговори дека ќе го направи гласачкото ливче неважечко.

Видео: “Миле Талески и дел вработени во јавна администрација во работно време Ве повикуваат да гласате за Стево што народот го нарече “стока”??”

Претседателот на Советот на општина Прилеп денеска во период на работно време ги повика прилепчани да гласаат за Стево Пендаровски?

Необичен арамија во Прилеп фатен на камера: Погледнете што украде (Видео)

Прилепчанец објави необична видео снимка, на која се гледа како непознато лице краде саксија со цвеќе од неговиот балкон.

Користиниците на социјалните мрежи се вчудоневидени и се прашуваат како може да се краде и нешто вакво.

Погледнете го овој редок арамилук:

Креативно интервју со Професорката Гордана Силјановска Давкова – ова е најпозитивното нешто во пресрет на изборите (Видео)

Другата страна на политиката е најкреативното нешто кое се појави во пресрет на претседателските избори, кои ќе се одржат во недела на 21 април.

Се работи за група на млади луѓе кои настојуваат преку креативни и уникатни интервјуа да добијат одговори од претседателските кандидати на партиите за нивните интереси од секојдневниот живот, литературата, филозофијата…

Тие најпрво направија заедничко интервју на професорите Блерим Река и Гордана Силјановска Давкова, а во текот на вчерашниот ден се појавија и одделни интервјуа на овие двајца кандидати.

Според она што го пишува на Фејсбук страната, на нивната порака не одговорил само претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски.

-Разговараме со професорката Проф.д-р Гордана Силјановска Давкова за љубовта кон литературата и уметноста, животните искуства, нејзините херои и хобиа, па дури и запеавме. Погледнете ги ставовите на професорката за она што не води низ животот и обликува како луѓе, преку нејзините искрени одговори во ексклузивното интервју за “Другата страна на политиката” – пишува на Фејсбук страната.

Ни во градинка ни во школо без вакцина – Oд денеска почнува теренската вакцинација

Медицински тимови од денеска ќе вршат теренска вакцинација во основните и средните училишта. Теренската вакцинација во школите следува по прогласената епидемија на морбили во целата држава.

Министерот за образование Арбер Адеми вчера изјави дека е неопходно да се преземат мерки да не се загрози јавното здравје зашто состојбата со морбилите станува аларамантна. Адеми очекува теренската вакцинација да ги даде очекуваните резултати.

– Во постојана комуникација сме со министерот за здравство и навистина станува збор за алармантна ситуација. Така што сме во фаза на изнаоѓање на што подобро законско решение и во Законот за основно образование, каде што при упис во основните училишта треба да се приложи аргумент дека вакцините се примени. Но, секако, секоја наша одлука треба да биде во насока и во согласност и со уставните одредби каде што основното образование е задолжително и со вредноста дека треба да се запази да не се загрозува јавното здравје на било кој, вели Адеми.

Завршува кампањата, од полноќ предизборен молк

На полноќ завршува дваесетдневната кампања и почнува молкот пред неделните претседателски избори и предвремените локални во општините Охрид, Дебар и Ново Село и почнува изборниот молк.

Двајца од тројцата кандидати за претседател ја завршуваат изборната кампања со средби со граѓани и митинзи, додека кандидатот поддржан од Алијанса за Албанците и „Беса“, Блерим Река вчера со митинг во Тетово ја заокружи изборната кампања.

Кандидатот за претседател од СДСМ, Стево Пендаровски кампањата ја завршува денеска во западниот дел од државата, односно ќе одржи митинзи во Струга и Охрид, а во текот на денот ќе има средби со граѓани во Дебарца, Вевчани и Лабуништа, додека кандидатката од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова ќе биде во источниот дел од државата, поточно ќе има вечерен митинг во Штип, а претходно ќе одржи митинг и во Пробиштип.

Утре, ден пред изборите, своето право на глас можат да го остварат 1.640 лица во казнено-поправните домови и лица кои се во притвор, седум внатрешно раселени лица, како и 3.583 немоќните и болни кои го побарале тоа од општинските изборни комисии.

Внатрешно раселените лица гласаат во прифатлиштата каде што се сместени, болните и немоќните лица во нивните домови, а избирачите кои на денот на гласањето се наоѓаат на издржување куќен притвор гласаат во местото каде ја издржуваат мерката.

Гласањето и утре и задутре на денот на изборите почнува во седум и ќе трае до 19 часот.

Претседателските избори ќе се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини и Градот Скопје и на 32 во странство. Право на глас имаат 1.808.131 граѓани.

Во изводите од избирачкиот список се запишани 1.726.795 гласачи, 77.579 избирачи се на привремена работа или престој во странство, 1.640 се на издржување казна затвор или се во притвор, а седум гласачи се запишани како внатрешно раселени лица. Во посебнниот извод од избирачкиот список за лица кои поднеле пријава во ДКП-ата во странство запишани се 1.781 гласач.

Вториот круг од изборите е закажан две недели подоцна, на 5 мај.

Ова се шести претседателски избори во земјава од нејзиното осамостојување во 1991 година.

Галерија: Еуфopиja пред победата во Општина Ново Село

Село Сушица вечерва беше епицентарот на македонизмот. Повеќе од 300 присутни едногласно со вockлик ја пееа македонската химна и ckaндираа “Ниkoгаш Северна”.

По се изгледа победата на локалните и на претседателските избори во оваа општина ќе биде предвесник за пpoмените во целата татковина Македонија.