дома блог страница 3367

ДА ПОМОГНЕМЕ: 26-годишно момче има редок вид тyMop, единствен во Македонија

Дејан Наумоски има 26 години и има дијагностициран редок вид на тумор на ТИМУС жлездата.

Тимусната жлезда е одговорна за производство на Т-лимфоцити и е од суштинско значење за имунолошкиот систем. Тие се јавуваат со стапка од само 3 случаи за секои 2 милиони луѓе и можат да се прошират на срцето и на белите дробови.< Дејан е првиот пациент од Македонија дијагностициран со овој вид на pak. Во моментов, тој се наоѓа во болницата Memorial Memorial Bahçeelievler во Истанбул, Турција, на чекање за леkyвање. Вкупните трошоци на paдиотepaпијата и xeмотepaпијата се 40.000 швајцарски франци, што е околу 36.000 евра. Неговото семејство можеше да собере 22.000 швајцарски франци,а тоа е 19.700 евра. -Потребни се уште дополнителни 18.000 швајцарски франци. Бидејќи опepaцијата треба да се спроведе што е можно поскоро, бараме од луѓето во светот да ја покажат својата хуманост и да му помогнат на Дејан да ги собере потребните пари за успешен третман“, велат од неговото семејство. На Дејан му треба помош од секој хуман граѓанин кој е во можност да донира. Може да донирате и ОВДЕ. Да ги отвориме срцата и да помогнеме затоа што секој заслужува шанса. Може да се донира и на ВИП 143-486 и ТЕЛЕКОМ 143-102

Во Крушево се одржа петтата изложба на македонската гордост број еден шарпланинецот: Кој од кој поубав (ФОТО)

Во Крушево се одржа петтата изложба на автохтони „Шарпланинци“ – Зачувување на автохтоноста на македонската раса на овчарските кучиња- шарпланинци, е пораката која беше испратена од годинашната, петта традиционална изложба на овој вид кучиња, кои во нашата земја, како изворни, се уште се застапени, претежно во планинските предели.

„Караманите“ и „карабашите“, како најспецифични за овие наши краишта, беа само дел од над триесетте изложени кучиња од кои, најстарото имаше дури 17 години, и кое според неговиот сопственик, и покрај возраста, се уште е во топ форма како пес-чувар.

Горди на своите миленици, сопствениците раскажуваат дека и покрај по малку застрашувачкиот нивни изглед, сепак тие се паметни и верни кучиња, кои одговорно ја чуваат својата територија. Единственото што им треба се: љубовта, грижата и широкиот простор.

За поголема атрактивност на настанот, на Гумење, продефилираа и десетина коњи, чии сосптвеници, од годинава, имаат намера да направат и своевидна туристичка атракција.

Според кинолозите, оваа автохтона раса на кучиња, во никој случај не треба да се меша со видоизменетите и токму затоа нивната намера е во скоро време да ја заштитат како македонско кинолошко наследство.
Инаку, изложбата ја организира Фондацијата „Тоше Проески“.

Каролина Дурло за “Алфа ТВ”

ФОТО: printscreen/infokompas.com.mk

Прилепските православни храмови ќе собираат помош за сиромашните семејства утре на Цветници: Блажени се милостивите зошто тие ќе бидат помилувани! (Фото)

За големиот христијански празник Цветници, во прилепските храмови Свето Благовештение (Стара Црква), Свето Преображение (Грчка црка), Свети Кирил и Методиј (Параклис) и црквата Света Петка, поставени се кутии за собирање на донации за сиромашни семејства.

Да помогнеме кој колку може и да донесеме среќа и полна празнична трпеза за Велигден на оние на кои им е најпотребно.

Горди на својот татко: Ова се децата на Александар Вучиќ (ФОТО)

Претседателот на Србија Александар Вучиќ, има три деца. Од претходниот брак ги има синот и ќерката Данило и Милица. Тие се горди на својот татко и вчера беа во првите редови на митингот во Белград на кој имаше 150.000 луѓе.

Вучиќ постојано истакнува дека сака децата да израснат во чесни и работливи луѓе и дека е на добар пат во својата замисла

Од вториот брак Вучиќ го има синот Вукан кој има една година.

Неверојатна трансформација: Не можел ни да се движи а за пет месеци изгубил 42 килограми и изгледа совршено (ФОТО)

Џереми Питерсон, татко на три деца, за само пет месеци успеал да ослаби дури 42 килограми.

Имено неможејќи да се дужжи и игра со своите синови поради вишокот килограми решил да ослаби.

Тој со напорно вежбање и диета изгубил 42 килограми. Секој ден вежбал барем по часи и половина, а со тоа комбинирал и пешачење по два часа.

Питерсон вели дека зад секој успех мора да стои цврста наера и силна воља за да се трансформира, а секако потребно е и силен мотив.

ДИК СО ПРВИЧНИ ИНФОРМАЦИИ: Еве колкава е излезноста до сега!

Најголема излезност за претседателските избори во дипломатско конзуларните пртставништа (ДКП) во Европа засега има во Прага, 23,4 отсто, а најниска во Истанбул, 3,57 проценти, соопшти портпаролката на Државната изборна комисија (ДИК) Љупка Гугуческа.

Како што рече Гугуческа на првата прес-конференција за изборите, гласањето се одвива тековно и без пpoблеми. Излезноста во ДКП-ата во Будимпешта е 18,75 проценти, во Брисел 18,37, во Загреб 16,67… Излезноста во ДКП-ата до 18:30 часот во Канбера е 38 отсто додека во Мелбурн 57,58 проценти. Гласачките места во САД и Канада ќе бидат отворени во 19 часот.

-Вкупно 3.150 домашни и 419 странски набљудувачи, како и 20 странски новинари го следат гласање за претседателските избори во земјава, нагласи Гугуческа и потсети дека право на глас имаат 1.808,131 граѓани, а во 32-те дипломатско конзуларни претставништа се пријавиле 1.781 гласач.

Одговорајќи на новинарско прашање, портпаролката на ДИК информира дека денешното гласање во затвopите се одвива непречено и до 10 часот правото на глас го искористиле 22 проценти.

-Во 13 КПУ право на глас имаат 1.640 лица. Сите места се отворени на време и гласањето тече без никакви пpоблеми, истакна Гугуческа.

Прв пат за претседателските избори се гласа и во два старечки дома, и притоа 71 лица имаат право да искажат својата поддршка.

Новина е и тоа што за граѓаните со оштeтен слух ДИК го отвора телефонскиот број 076/488-360 на кој преку видео повик ќе биде одговорено секое прашање.

-Ги потсетувам граѓаните дека на 0800 555 444 ќе може да се јават да постават прашање во врска со гласањето, рече Гугуческа.

Следната прес-конференција ДИК ќе ја оддржи вечер во 20 часот и на неа се очекува да бидат соопштени до тогаш сумираните гласови од дијаспората во Европа и Австралија како и од затвopите.

Уживајте во викендот: Од понеделник неочекуван пресврт во временската прогноза

Времето во Македонија ќе биде умерено облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од нула до седум, а дневната од 10 до 21 степен.

Во Скопје, слично време, умерено облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до 18 степени.

До понеделник ќе преовладува стабилно и потопло време со умерена облачност. Нови локални врнежи од дожд ќе има од понеделник кон крајот на денот.

Пожар во ресторанот “Македонска куќа” во Прилеп

Околу 10 ,оо часот, црна џад и црни облаци се појавија над познатиот етно ресторан во Прилеп „Македонска куќа“ . Пожарот, што по се изгледа се појави од кујнските простории, го предизвика вниманието на Прилепчани , кои во сабота, пазарен ден се излезени, но често го посетуваат ова место, за муабет и мезе – oбјави “Радио Пела”.

Опасноста посетоеше, со оглед на тоа што ресторанот „Македонска куќа“ е во централното градско подрачје каде ,куќите и продавнците се меѓусебно прилепени, па загрижено реагираа и од слаткарницата „Дизниленд трејд“, која е прв сосед со етно рестаранот „Македонкса куќа“, надалеку позната, особено кај иселеницте – додаваат од “Радио Пела”.

Целата информација и фото галерија погледнете ја ТУКА

Светско чудо: се роди бебе два месеци по својот брат- близнак

Две машки бебиња, близнаци родени се со два месеци разлика. Алесандро е роден на 24 декември, а братот Андреа на 22 февруари, што е исклучително ретка појава.

Четириесетгодишната мајка морала итно да биде хоспитализирана во декември 2018 и тогаш се родил Алесандро, роден во 24. недела од бременоста со само 800 грама. Благодарејќи на медицинскиот тим, постелката останала цела, па братот близнак продолжил да се развива во утробата на мајка си.

Од медицинска гледна точка тоа било исклучително сложена бременост со среќен крај, кога со 33 недели е роден Андреа со килажа од три килограми, пренесува Хина.

– Целото семејство се чувствува добро и ќе ја напуштат болницата за неколку дена, соопшти управата на болницата во место близу Милано.

Близнаците нема да имаат ист датум на раѓање во документите, што им задало главоболка на административните служби кога ги пишувале изводите од матичните книги на родените, раскажа таткото.

Лазарките ги развеселија домовите и сокаците во славно Вевчани и го навестија Велигден: Прекрасна традиција која мора да живее (Видео)

Иако оваа традиција е подзаборавена во поголем дел од Македонија, во Вевчани Лазарките и оваа година го навестија Велигден.

Во прекрасни вевчански носии девојките од Културно уметничкото друштво “ДРИМКОЛ”, ги резвеселија дворовите и сокаците во Вевчани пеејќи лазарски песни.

Една прекрасна глетка и традиција која не смее да се дозволи да изумре.