Силјановска: “Ќе бидам лидер на текстилните работници и најголем борец за правата на инвалидизираните лица!! Така се сака Македонија”

Силјановска Давкова за текстилните работници од Штип.

“Го добија мојот збор дека со нив ќе застанам на штрајкот. Заради нив ќе се обратам пред Парламентот, во едно од многубројните обраќања, за да кажам дека не сум заборавила дека сум жена, дека е бесмислено, цинично и иронично за да велите дека треба да раѓаат деца тие млади жени. Ама во какви услови ќе раѓаат деца? Зар е можно денеска, иако јас знам дека светот е потонат во сиромаштија, ама Македонија по дефиниција уставна е социјална држава. Јас не видов социјална грижа, видов многу социјални случаи. Тажно е земјата која јас ја замислувам како земја на прекрасен мирис од овошјата и зеленчуците и развиен туризам да нема доволно храна, или да се фрла родот”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.