дома блог страница 3364

Зекири побара одговорност на дел од фунционерите на СДСМ и пензија за Ахмети

Пратеникот Мухамед Зекири по вчерашниот прв круг од претседателските избори разочаран побара пензија од Ахмети, но и одговорност од функционерите на СДСМ.

–Горчлива победа. Резултатот поука за сите нас!!! Граѓаните знаат да наградат, а и да казнат. Посебна честитка до гласачите Албанци кои дадоа поддршка за Стево Пендаровски, како и за извонредниот резултат и поддршката што ја доби кандидатот Блерим Река!!! Граѓаните Албанци јасно демонстрираа дека е дојдено време од политичката сцена да се пензионира голем дел од политичката елита на Албанците во Република Северна Македонија!!! Време е и за одговорност и на дел од функционери од нашата СДСМ!, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Се огласи и Груевски: Ах таа македонска деструкција

Вчерашниот прв круг од претседателските избори помина со досега најнизок одѕив на гласачите споредено со претходните изборни циклуси за шеф на државата. Според последните податоци што ги објави ДИК одѕивот во првиот круг на Претседателските избори изнесуваше 41,82 отсто или на гласање излегле 755,816 граѓани.

Според првичните неофицијални податоци од Државната изборна комисија (ДИК) од обработени 99,96 отсто од гласовите, води претседателскиот кандидат на СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски со 42,85 отсто, втора е кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска Давкова со 42,24 отсто, а трет е кандидатот поддржан од Алијансата за Албанците и Беса, Блерим Река со освоени 10,57 отсто од гласовите. За Пендаровски гласале 323.846 граѓани, за Силјановска Давкова 319.240, а за Река 79.915 граѓани. Неважечки се 32.828 ливчиња. Одѕивот во првиот круг на Претседателските избори изнесува 41,82 отсто или на гласање излегле 755.816 граѓани.

За изборите се огласи и поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство.

– Кога ВМРО ја водеше владата во време на економски и политички кризи, се трудевме и носевме нови фабрики од странство за невработените и нископлатените да добијат работа и можности.

Денес, кога економски кризи во Европа и светот нема, би требало да доаѓаат три пати повеќе нови инвестиции. Но денес нема речиси воопшто напор за убедување на нови фабрики и компании кои ќе отворат нови работни места, освен малку глума. А нема ни кој. Незнаат ни како. Ниту пак имаат воља и интерес да научат или да најдат некој кој знае.

Затоа сега, се повеќе, многу повеќе од порано, невработени и невреднувани спасот го бараат надвор. Таму кај што се фабриките, компаниите, можностите… кои никој не се труди да ги привлече и донесе, а Македонија секој ден е со помалку народ.

Всушност, не се само фабриките, невработените и нископлатените оние кои не ги интересираат…

Подолу ќе видите многу повеќе работи кои не ги интересираат да ги довршат а во најголема мерка им се одработени…ах таа македонска деструкција…напиша Груевски вчера.

“Црвен картон за Градоначалникот, за Заев, за Миле Талески и лошите двојазични северномакедонски политики во градот херој Прилеп? ВМРО победи!!”

Заврши првиот круг од претседателските избори кои според денешното пишување на медиумите и анализата на политичките аналитичари се голем удар за владеачката СДСМ и така наречената коалиција од 32 партии кои го поддржаа Стево Пендаровски.

Според резултатите, ВМРО-ДПМНЕ и кандидатката за претседател Гордана Сиљановска Давкова победија во поголемиот број општини каде мнозинство е македонското население. Тоа го отсликува и мапата на Државната изборна комисија која е обоена во црвено.

Сиљановска победи во скопските општини Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром, Ѓорче Петров, Бутел, потоа во Прилеп, Битола, Велес, Охрид, Штип, Неготино, Кавадарци…

Она што изненадува е и малата разлика во бастионите на СДСМ, како што се Куманово и Струмица, каде Пендаровски води со незначителна разлика ако се има во предвид дека таму СДСМ победувал и со 4,5, па и повеќе илјади гласови.

Во Прилеп резултатите навидум отсликуваат изедначеност. Сиљановска доби 138 гласови повеќе од Пендаровски, но она што е интересно е тоа дека владеачката партија која пред само година ипол на локалните избори освои 23.607 гласови, сега падна за околу 6.500 гласови.

Ова според прилепчани е голем удар за политиките на актуелната локална власт, но и за политиките на централната власт кои се однесуваат на Прилеп.

Граѓаните коментираат на социјалните мрежи дека ова е прво поголемо предупредување за градоначалникот Јованоски, претседателот на Совет на општина Прилеп, Миле Талески, како и премиерот Зоран Заев.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ синоќа ја прославија победата во првиот круг на претседателските избори, а во СДСМ беше мртва тишина.

Опозицијата верува дека оваа разлика ќе биде многу поголема за вториот круг на 5-ти мај, за кога очекуваат поддршка и од голем број гласачи кои поради различни причини во текот на вчерашниот ден не го остварија своето право на глас.

Силјановска: Победата на 5 мај ѝ ја должиме на Македонија и гордо ќе ја запееме химната

Силјановска уште еднаш се заблагодари за гласовите на Фејсбук.

Од сѐ срце ви благодарам за сета поддршка во првиот круг на изборите. Ве имаше во голем број во сите делови на земјата, од сите етнички и верски групи. Се обединивме поради потребата од право и правда, во знак на отпор кон неправдата и беззаконието.
И тука нема да запреме.Македонија се наоѓа на пресвртница: или ќе се избориме за демократија и владеење на правото или ќе попуштиме пред оние кои не избираат средства за присвојување на сета власт во авторитарна, Северна Македонија.
Македонија за која ние се бориме е демократска и со граѓани кои не се плашат да преземат одговорност за заедничката иднина.
Во наредниот период ни преостанува да зачекориме сложно. Обратете им се на вашите најблиски, роднини, пријатели или колеги кои можеби не сме успеале да ги убедиле да излезат и да гласаат вчера, тоа да го направат на 5-ти мај.
Да дадеме се од себе. И ние и вие. Јас верувам во вас и во Македонија. Победата на 5 мај ѝ ја должиме на Македонија. Тогаш победнички ќе запееме: „Денес над Македонија се раѓа ново сонце на слободата!“
И правда за Македонија! Татковината не повикува!

Ивор Мицковски: Ова е дебакл за СДСМ, историски најлош резултат за една владејачка партија

По повод објавените резултати од претседателските избори, граѓанскиот активист и поранешен функционер на СДСМ Ивор Мицкоски, со кpитика до владејачката коалиција.

-Историски дебaкл на едни избори. Нема ни 2 години. ДУИ уште се фали колку гласови добиле, ако тоа се одземе, ова е историски нajлoш резултат за СДСМ и воедно за една владејачка партија. Итроштината и caмoбендисаноста не се иcплаќaaт, напиша Мицковски на Твитер.

Прв пат после 300 години се откриени светите скали по кои поминал Исус

Туристите и верниците кои ја посетуваат базиликата Сан Џовани и Латерно во Рим ја имаат оваа единствена можност за Велигден да ги видат, но исто така и да ги пополнат Светите скалила, кои за прв пат биле oткpиени во последните 300 години и за кои се верува дека одел paспнат Исус Христос до Пилат, човекот кој што му пpeсудил.

Скалите познати по латинското име како Scala Sancta – покриени со ореви од дрвени плочи ќе бидат oткpиени во следните два месеци, по обемниот проект за peставрација. Во оригиналот, скалите се прекриени со мермер и на нив има три капки kpв од Исус на три места, за кои тврдат дека пaднaле за време на иcкачyвањето. Овие капки се означени со средновековни кpcтови и туристите нe пpeстануваат да ги бакнуваат и да ги допираат додека се качуваат на врвот на колена, објави Си-Ен-Ен.

Од подножјето кон врвот, има вкупно 28 чекори, кои, како што укажува Евангелието според Јован, Исус поминал неколку пати.

Иако нема пишани тpaги, таткото Франческо Гуера, ректорот на Светите скали, вели дека според традицијата, мајката на царот Константин, Хелен, стpaствен колекционер на мoштитe на Исус во 4 век, ја замолил да ја однесе по скалите до Ерусалим.

– Светите скали се наоѓаат во базиликата Сан Џовани и Латерано во Рим. На врвот на скалите,има соба која се нарекува Света на Светите.

Некогаш била приватна kaпела на папата и содржи мoшти од cвeтци и е една од најстарите икони на Исус откриени во Рим од 5 век.

Скалите наскоро повторно ќе бидат покриени со дрво за да го зaштитaт оригиналниот мермер, но во следните неколку недели, посетителите на Рим буквално можат да одат или клекнат на нешто што се смета за оригиналните стапки на Исус.

Денеска започнува последната недела од велигденскиот пост- еве до што треба да се придржувате овие денови

Последната недела пред крајот на големиот Велигденски пост се нарекува сиропусна недела. Таа е од подготвителен карактер и подразбира дека треба телесно и духовно да се подготви за Воскресението Господово.

Големиот пост е најважен посен период во текот на годината и затоа оваа недела, ако постите од наредната недела, морате да се придржувате до одредени правила во исхраната.

Оваа недела, од Велики понеделник до Велика сабота верниците ја поминуваат во строг пост, молитви и покајание.

На богослужбите во црквите се потсетува на последните земни денови на Исус Христос, неговото приведување и страдањето на крстот.

Оваа недела се нарекува „страсна“ според старословенскиот збор „страст“ што значи страдање, трпение и болка. На Велики понеделник црквата потсетува на старозаветниот Јосиф кого браќата го продале за 20 сребреници, но тој се спасил и подоцна станал владетел на Египет.

Големиот пост воедно е и најстрог пост на црквата и задолжителен е за сите Христијани. Во време на овој пост треба да се воздржуваме од конзумирање месо, јајца, сирење, млеко, значи секоја храна што содржи животински масти.

Првите три дена од првата недела на големиот пост, се пости строго. Тоа важи и за последната недела од постот, која се пости на вода.

На Велики вторник православната црква го покажува Богочовекот Исус Христос како сезнаечки, кој во саботата кога го воскреснал Лазар, знаел дека еврејските старешини го осудиле на смрт.

На Велика среда се споменува предавството на Јуда. На тој ден во спомен на жената која истурила миро на христовите нозе, во црквите се врши една од седумте свети тајни-осветувањето елеј. Верниците тогаш се помазуваат со осветеното масло како лек за телесно и за душевно здравје.

На Велики четврток се служи литургија на Василиј Велики. На тој ден Исус Христос ја востановил светата тајна на причестување во облик на леб и вино што го претставуваат телото и крвта Господово. Вечерта има бдеење и се читаат 12 евангелија за Христовите страдања.

На Велики петок нема литургија. Тоа е најжалосниот ден за христијаните бидејќи Исус Христос бил осуден и распнат на крст. Во времето на смртта на Синот Божји земјата се затресла, Сонцето се помрачило, а завесата во ерусалимскиот храм се искинала на два дела. Наместо камбани, во црквите се до недела се слуша звукот на клепалото. Вечерта се изнесува плаштеницата која го означува посмртното облекување и полагање во гробот на Исус Христос и се служи опело. По обиколката околу храмот верниците минуваат под плаштеницата.

На Велика сабота последниот ден од Велигденскиот пост се служи опело за Исус Христос. Во раните попладневни часови се служи литургија на Свети Василиј Велики. Доцна попладне во ерусалимскиот храм на Светиот гроб на Господ Исус Христос во кој претходно се изгасени сите свеќи и кандила се пали светиот оган што го прима ерусалимскиот патријах и потоа го пренесува на народот.

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ: Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во водство, Силјановска пред Пендаровски и Река

Според досега е обработеното: Гордана Силјановска има 280.582, Стево Пендаровски 273.421, а Блерим Река 55.161 глас. Неважечки се 25.756 гласачки ливчиња.

Кандидатот за претседател на државата поддржан од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова е во водство пред кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски и кандидатот на БЕСА и Алијанса на Албанците Блерим Река, од досега пребројаните гласови, дознава КУРИР од свои извори.

Од обработените изборни места Силјановска води во поголемиот дел општини- Битола, Велес, Кавадарци, Кичево, Кочани, Неготино, Охрид, Прилеп, Пробиштип, Свети Николе, Штип, Аеродром, Бутел, Гази Баба, Кисела Вода…

Според преброените гласови, Силјановска Давкова веќе победила во Пехчево, Јегуновце, Градско, Вевчани, Могила, Илинден, Лозово, Радовиш, Ѓорче Петров…

ВО ЖИВО: Прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ за во 20:30 часот најави прва прес-конференција по затворање гласачките кутии во Македонија, следете ја прес-конференцијата во продолжение:

Затворени гласачките места

Во 19 часот затворени се избирачките места на кои граѓаните на Република Северна Македонија можеа да гласаат на првиот круг од шестите претседателски избори. По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа.

На 3.480 избирачки места во Републикава и на 32 во странство на шестите претседателски избори можеа да гласаат 1.808.131 граѓанин запишани во избирачкиот список. Гласачките места беа отворени во 7:00 часот.

Портпаролката на ДИК, Љупка Гугучевска информира дека гласањето не се одржа на едно гласачко место во општина Студеничани, бидејќи отворањето доцнеше повеќе од три часа.

Одѕивот во првиот круг на претседателските избори до 17 часот изнесуваше 35,13 проценти. Според првичните оценки на ДИК, МВР и набљудувачите, изборниот ден помина мирно и без проблеми.

На претседателските избори граѓаните можеа да избираат меѓу кандидатот на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски, на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска-Давкова и Блерим Река, кој е поддржан од Алијансата на Албанците и Движењето Беса.

Во првиот круг победник може да биде кандидат кој освоил мнозинство гласови од вкупниот број избирачи, односно 904.066 гласови.

Според член 81 од Уставот, доколку во првиот круг никој не го добие потребното мнозинство, во вториот круг одат двајцата кандидати што освоиле најмногу гласови во првиот круг.

Вториот круг на гласање се одржува во рок од 14 дена од завршувањето на првиот круг на гласањето, во случајов на 5 мај. За претседател е избран кандидатот кој добил мнозинство од гласовите, доколку на гласачките места излегле повеќе од 40 отсто од запишаните избирачи, односно 723.253 гласачи, што е предвидено со член 121, став 3 од Изборниот законик.

Доколку и во вториот круг ниту еден од двајцата кандидати не добил потребен број гласови,се повторува целата изборна постапка

Вчера, ден пред изборите, гласаа иселениците, лицата во казнено-поправните домови, внатрешно раселените, лица што се наоѓаат на издржување мерка куќен притвор и немоќните и болните лица кои го побарале тоа од општинските изборни комисии.

Записниците и другиот изборен материјал избирачките одбори ги доставуваат до ОИК во рок од пет часа по завршувањето на гласањето. Надлежната ОИК потоа ги сумира резултатите од гласањето, составува записници и ги предава на ДИК.

ДИК првичните резултати од гласањето добиени по електронски пат ги објавува сукцесивно, а резултатите од записниците од ОИК во рок од 12 часа по завршувањето на изборите.

ДИК конечните резултати од изборите ги објавува во рок од 24 часа од денот на нивната конечност.

Од независноста на државава на претседателската фотелја седнаа четворица претседатели. Првиот претседател Киро Глигоров и актуелниот Ѓорге Иванов претседателската функција ја вршеа во два мандата, а по еден мандат имаа Борис Трајковски и Бранко Црвенковски.

Претседателските избори ги следеа 3.150 домашни и 419 странски набљудувачи, акредитирани од ДИК.