дома блог страница 3363

ПОРАКА ДО БОЈКОТИРАЧИТЕ, ДИЈАСПОРAТА И ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА: Името се решава во институциите, јас сум Гордана Силјановска и немам политички багаж

По појавувањето на едуциран кандидат како Река, албанските гласачи се спротивставија на тргување со гласови.

Името се решава во институциите, јас сум Гордана Силјановска и немам политички багаж.
Претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова, презадоволна од резултатите, рече дека предноста во гласови што ја има Пендаровски во првиот круг е занемарлива.

За 15 месеци да изгубите 40 проценти од гласачите е длабока криза на легитимитетот. За мене ова беше како „исправи се Делфина“, тоа е одличен влез во вториот круг.

Силјановска не стравува за цензусот во вториот изборен круг, но е зачудена зошто се уште не е тргнат со оглед на тоа дека Венецијанската комисија три пати ѝ препорачува на Македонија да го тргне цензусот, етно-политички пазар од вториот изборен циклус.

Со оглед на ниската излезност, таа се осврна на апстиненцијата.

Може да се гледа од повеќе агли. Факт е дека таа е далеку поголема во албанските средини, јасно ни е зошто. Бидејќи по појавувањето на граѓански ориентиран, едуциран кандидат како Река, албанските гласачи се спротивставија на тргување со гласови. Исплашија многу граѓани кои не излегоа на изборите. Јасно е како се однесува оваа власт кон администрацијата. Непознат феномен е во кампања за претседателски избори да учествуваат министрите и премиер, тие ја прегазија линија меѓу партијата и државата и партијата ја направија држава, рече Силјановска во вечерашното гостување во вестите на Сител.

Таа верува дека цензусот ќе биде постигнат во вториот круг и државата нема да влезе во уште една политичка криза.

Јас мислам дека ќе имаме цензус, иако дел од граѓаните не сакаат да излезат заради името, како што се приврзаниците на Бојкотирам, а кон нив се приклучи и дијаспортата, но имам намера да разговарам со нив, да им објаснам дека проблемот се решава внатре во институциите. Ќе ги повикам да гласаат на изборите. Ќе ги повикам и разочараните од СДСМ, оние од Шарената револуција, кои можеби не се за ВМРО-ДПМНЕ, ама ова се претседателски избори, јас сум Гордана Силјановска без политички багаж и мислам дека можам да бидам новина во политичкиот живот. Разликата е занемарлива, можеби загрижуваат неважечките гласови, рече Силјановска.

Силјановска ги повика гласачите да го заокружат бројот пред нејзиното име на 5 мај.

Половина стружанка, половина прилепчанка: Ангела Гелинческа по четврт пат стана Државен фитнес шампион (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Ангела Гелинческа е половина стружанка, а половина прилепчанка, барем така си ја знаеме во Прилеп. Во саботата на 20 април, во салата “Расадник” во Скопје, Ангела стигна до четвртата титула во Македонија и по четврт пат стана фитнес шампион на нашата држава.

Гелинческа во свои успеси го има и петтото место на Балканското првенство во 2016 година и четвртото место во 2017 година.

“Конкуренцијата на Балканско е секогаш многу поголема за разлика од Македонија. Освоив и бранев титула со напорни тренинзи во изминатите три месеци. Тренинзите беа во теретана, но и во моето студио за аеробик и пилатес BodyLab”, вели Ангела.

За успех и за одлично градено тело вели дека главна улога има 100% правилната исхрана, дисциплината и огромната желба за натпреварување.

Ангела сега се подготвува за Балканскиот натпревар, кој од 17-19 мај ќе се одржи на островот Крф.

Покрај во нејзиното студио за аеробик и пилатес “BodyLab”, Гелинческа работи и како персонален тренер во теретаната Еlite Gym во Прилеп.

Русин со солзавец бркал крадец по Широк сокак и го натера да ги врати парите (Видео)

Откако забележал дека крадецот зел од касата пари, а продавачката не гледала во него, руски турист на Широк сокак во Битола тргнал да го натера да ги врати парите.

Крадецот притоа се обидува да побегне, но Русинот тргнува по него, а откако му дава отпор, рускиот државјанин употребува солзавец.

Погледнете ја целата драма:

ВИДЕО: “МОТИКА.МК”

До крајот на неделата банкнотата од 500 евра заминува во историјата: Во Македонија сеуште се мечтае по нејзе

Централната банка на Германија и Австрија до крајот на оваа недела, поточно до 26 април, ќе издаваат банкноти од 500 евра.

Останатите 17 централни банки во еврозоната престанаа со печатење на банкнотите уште во јануари.

Европската централна банка во 2016 година донесе одлука дека во новата серија на банкноти со зајакнати безбедносни карактеристики повеќе нема да биде и најголемата од 500 евра.

Надлежните се надеваат дека со укинувањето на оваа банкнота ќе придонесат кон сузбивање на тероризмот и работата на црно.

Моментално се уште во оптег се 509 милиони парчиња банкноти о 500 евра со номинална вредност од 256 милијарди евра.

Пендаровски не победи многу на малку: Дали од денеска не треба да му излегувате на очи? (Видео)

“И ако драги пријатели не победиме на 21-ви и 5-ти многу на малку, немој да ми излегувате на очи”, рече Стево Пендаровски на една од трибините во пресрет на вчерашниот прв круг од претседателските избори.

Со оглед дека резултатот на првиот круг е речиси израмнет, дали тоа значи дека Пендаровски не сака да ги види на очи своите поддржувачи?

ПОДГОТВЕТЕ СЕ: Сахарската прашина пристигна на Балканот- еве кога доаѓа во Македонија

Сахарска прашина овој викенд ја зафати западна Европа и западниот Медитеран од каде ќе продолжи кон север. Во моментот е над Франција и Шпанија.

Прашината во Европа доаѓа од Алжир.

Голем облак прашина пристигна и во Хрватска, пренесува регионалната телевизија Н1.

Како што пренесуваат српските медиуми, се очекува прашината да дојде и во Србија, во вторник и среда, а истите денови се очекува да пристигне и во Македонија.

Прашината не предизвикува здравствени проблеми и нема никакви сериозни последици.

ДОMИHИРАШЕ САМА ПPОТИВ СИТЕ КАНДИДАТИ: Честитки за Силјановска од поранешниот премиер на Словенија!

И покрај благото водство на Стево Пендаровски во претседателските избори во однос на Гордана Силјановска-Давкова, поранешниот премиер на Словенија, Јанез Јанша упати честитки кон постигнатиот резултат на Силјановска-Давкова од ВМРО-ДПМНЕ.

Изгледа навистина добро за македонската опозиција. Честитки за Силјановска, која сама против останатите кандидати речиси доминиpаше во првиот круг. @Честитки“, напиша Јанша на својот Твитер налог.

Вториот круг на изборите ќе се одржи на 5-мај, а според последните резултати од првиот круг, очигледно е дека не очекува неизвесна бopба до самиот крај за нов претседател на Македонија.

“Миле Талески наместо оставка за катастрофата, ќе ја намалувал невработеноста и ќе носел инвестиции?? За непотизмот не кажа ништо??” (Видео)

Прес конференција на Миле Талески, претседател на ОО СДСМ Прилеп и Советот на Општина Прилеп.

Јанушев: ВМРО ДПМНЕ победи во 47 општини, ВМРО ДПМНЕ би освоила 53 пратеници, СДСМ 41

Игор Јанушев, генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ на денешната прес-конференција во партијата соопшти дека во првиот круг на претседателските избори ВМРО ДПМНЕ победила во вкупно 47 општини.
Ако ова беа парламентарни избори, според Донтовиот модел, резултатите од изборите пренесени во мандати е следен: ВМРО ДПМНЕ би освои 53 пратеници, СДСМ 41, ДУИ 13, а БЕСА и Алијансата на Албанците 13.

Муцунски: Жозеф Дол даде јасна изјава дека Силјановска треба да биде претседател на Македонија

Во вчерашната Отворено студио на 1ТВ гостуваше г. Тимчо Муцунски, висок претставник на ВМРО-ДПМНЕ кој што рече дека Силјановска доби поддршка од врвни претставници на ЕУ при што Жозеф Дол даде јасна изјава дека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ треба да победи.

Пред два дена лидерот на најголемата политичка партија во ЕУ, во Европската народна партија, г. Жозеф Дол даде една јасна изјава дека Гордана Силјановска Давкова е кандидатот кој што може да донесе реформи во економијата, правосудството и борбата против корупцијата што ќе го поплочи патот евроатланскиот пат на нашата земја, истакна Муцунски.

Муцунски додаде дека ако тврдиме дека лидерот на најголемата политичка партија во ЕУ, чиј што претставник е претседател на ЕК и претседател на Европскиот Совет мисли дека ВМРО-ДПМНЕ и нивниот кандидат можат да ја водат Република Македонија на соодветен начин кон ЕУ, тоа е еден од порелевантните избори за утврдување на таа информација.