дома блог страница 3365

ДИК ги соопшти последните бројки- Еве колкава е излезноста до 17 часот

Од 7 часот утрово до 17 часот, на денешните претседателски избори гласале вкупно 496.774 граѓани со право на глас.

Тоа е вкупна излезност од 35,13%.

Ова се резултатите од информации пристигнати од 79,73% од избирачките места.

(Видео) Мислеа дека нема да пронајдат ништо: Аматери ловци на богатство исkoпаа 550 монети, а кога дознаа колку вредат…

Четворица археолози аматери пронајдоа повеќе од 550 монети во Бакингемшир. Меѓу кованите монети има и 12 многу ретки златници кои датираат од 14 век.

Се верува дека оваа ризница е закопана пред 600 години, а археолозите ја открија со помош на детектор за метал.

Монетите сега се чуваат во музеј како би се проценила нивната вредност, но ќе бидат продадени и добивката ќе се подели меѓу наоѓачите и сопственикот на имотот.

Чесни сестри заработуваат илјадници евра од мapиxyaна (ВИДЕО)

Чесни сестри од еден манастир во Калифорнија заработуваат илјадници евра годишно од производство на мариxyaна.

Со овој бизнис почнале во 2011 година, со само 12 растенија, а денеска работата им цвета. Тие тврдат дека со своите производи од kaнабис се во состојба да излечат многу болecти, од епилепсиja до pak, и наводно досега од зависности спасиле осум лица, пишува Индепендент.

– Работевме со осум луѓе кои беа зависници од алкoxoл, цигари и дpoга и на сите им беше подобро. Имаме сто отстотен успех во лечење од зависности – вели чесната сестра Кејт Мијусен.

(Видео) Роналдо го слави Велигден на Балканот: Еве каде се наоѓа познатиот фудбалер

Неколку часа по завршувањето на утакмицата со Фиорентина во 33-тото коло од Сериа А и победата со 2-1 која неговиот Јувентус ја постигна, португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо синоќа со приватен авион слета во Дубровник.

Како што пренесува “Дубровачки вјесник”, Роналдо би требало Велигден да го помине во Хрватска.

Да потсетиме дека со освојувањето на Италијанската прва лига Роналдо стана првиот играч во историјата кој ги има трофеите од Италија, Англија и Шпанија.

До 15 часот гласале 28,89% од граѓаните со право на глас

Од 7 часот утрово до 15 часот, на денешните претседателски избори гласале вкупно 396.252 граѓани со право на глас.

Тоа е вкупна излезност од 28,89%.

Ова се резултатите од информации пристигнати од 77,51% од избирачките места.

Прилепчанец гласал заедно со сопругата бидејќи видел дека го нема во списокот

Според потврдените информации, добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ, гласањето се одвива во најдобар ред, без посериозни неправилности.

Само на две гласачки места забележани се изолирани неправилности:

-На ГМ 2805/1 во општина Центар, Скопје, на почетокот од гласањето биле откинати 3 ливчиња заедно со серискиот број од кочанот.

-На ГМ 1385/1 во Прилеп, откако еден гласач гласал било увидено дека не бил запишан во Избирачкиот список, но тој гласал заедно со неговата сопруга која била запишана во Избирачкиот список и која се потпишала во истиот.

Според податоците добиени од ПВТ програмата (паралелно сумирање на гласовите), која претставува математичко-статистички научен метод, одѕивот на гласачите до 11 часот е 11,2%, до 12 часот е 15,9%, додека до 13 часот е 20,8%.

Излезноста до 13 часот е 20,45%: Во Прилеп излезноста е најголема

На гласање до 13 часот излегле 284.942 гласачи, што е 20,45% од вкупниот број на запишани избирачи.

Најголема е излезноста во Прилеп 35,2%, Новаци 33,12%, Свети Николе 31,10%, Неготино 29,02%, Прибиштип 30,62%.

Граѓаните најмалку гласале во Липково 5,43%, Желино 6,62%, Врапчиште 7,5%.

Излезноста во сите општини, погледнете ја во продолжение:

ДИК со информации за излезеноста до 13 часот

Втора прес-конференција на Државната изборна комисија на која ќе се соопштат информации за излезеноста на претседателските избори до 13 часот:

Прекин на гласањето во Кривогаштани: Полициjaта интepвенирала поради сликање на ливче!

Алсат пренесува дека на гласачкото место 1515, во с. Обрсани, општина Кривогаштани, имало пpeкин на гласањето од 11:25 до 11:35 часот поради сликање на гласачкото ливче од страна на лицето К.П од с. Обршани. На самото место интервениpала полицијата и инспектор од Прилеп.

Утре започнува последната недела од Велигденските пости: Што треба да правите и кое е значењето на овие денови?

Последната недела пред крајот на големиот Велигденски пост се нарекува сиропусна недела. Таа е од подготвителен карактер и подразбира дека треба телесно и духовно да се подготви за Воскресението Господово.

Големиот пост е најважен посен период во текот на годината и затоа оваа недела, ако постите од наредната недела, морате да се придржувате до одредени правила во исхраната.

Оваа недела, од Велики понеделник до Велика сабота верниците ја поминуваат во строг пост, молитви и покајание.

На богослужбите во црквите се потсетува на последните земни денови на Исус Христос, неговото приведување и страдањето на крстот.

Оваа недела се нарекува „страстна“ според старословенскиот збор „страст“ што значи страдање, трпение и болка. На Велики понеделник црквата потсетува на старозаветниот Јосиф кого браќата го продале за 20 сребреници, но тој се спасил и подоца станал владетел на Египет.

Големиот пост воедно е и најстрог пост на црквата и задолжителен е за сите Христијани. Во време на овој пост треба да се воздржуваме од конзумирање месо, јајца, сирење, млеко, значи секоја храна што содржи животински масти.

Првите три дена од првата недела на големиот пост, се пости строго. Тоа важи и за последната недела од постот, која се пости на вода.

На Велики вторник православната црква го покажува Богочовекот Исус Христос како сезнаечки, кој во саботата кога го воскреснал Лазар, знаел дека еврејските старешини го осудиле на смрт.

На Велика среда се споменува предавството на Јуда. На тој ден во спомен на жената која истурила миро на христовите нозе, во црквите се врши една од седумте свети тајни-осветувањето елеј. Верниците тогаш се помазуваат со осветеното масло како лек за телесно и за душевно здравје.

На Велики четврток се служи литургија на Василиј Велики. На тој ден Исус Христос ја востановил светата тајна на причестување во облик на леб и вино што го претставуваат телото и крвта Господово. Вечерта има бдеење и се читаат 12 евангелија за Христовите страдања.

На Велики петок нема литургија. Тоа е најжалосниот ден за христијаните бидејќи Исус Христос бил осуден и распнат на крст. Во времето на смрттта на Синот Божји земјата се затресла, Сонцето се помрачило, а завесата во ерусалимскиот храм се искинала на два дела. Наместо камбани, во црквите се до недела се слуша звукот на клепалото. Вечерта се изнесува плаштеницата која го означува посмртното облекување и полагање во гробот на Исус Христос и се служи опело. По обиколката околу храмот верниците минуваат под плаштеницата.

На Велика сабота последниот ден од Велигденскиот пост се служи опело за Исус Христос. Во раните попладневни часови се служи литургија на Свети Василиј Велики. Доцна попладне во ерусалимскиот храм на Светиот гроб на Господ Исус Христос во кој претходно се изгасени сите свеќи и кандила се пали светиот оган што го прима ерусалимскиот патријах и потоа го пренесува на народот.