
Без коментар…
Извор: infomax.mk

Шефот на сојузната влада на Соединетите Арапски Емирати денес изјави дека е формирано ново министерство посветено на можностите, три години по основањето на државниот орган задолжен за “среќа”.
Шеикот Мухамед бин Рашид ал Мактум, кој е и владетел на Дубаи, рече дека новото министерство ќе биде неконвенционално и без министер, и додаде дека сите ќе бидат задолжени за неговата работа.
“Министертвото ќе се занимава со важни национални прашања со цел да се изгради нов систем на Владата во иднина”, рече шеикот Мухамед и додаде дека една од задачите на тоа министерство ќе биде намалување на времето на чекање за административни услуги.

Професорката од Правниот факултет и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска, на својот профил на „Фејсбук“ објави дека се свршила со режисерот и продуцент на „Еднооки“, Борис Дамовски.
Објавата стана видлива за нејзините следбеници денеска, на нејзиниот роденден, иако веридбата се случила уште на 26 јануари.
Василевска претходно беше во брак со Марјан Додовски, поранешен висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ и ВМРО-Народна партија.
За Борис Дамовски, пак, ова ќе биде трет брак, по првиот брак со актерката Јасмина Поповска и бракот со актерката Арна Шијак.

Бараме јасен одговор и крајно решавање на проблемите со исплатата на отпремнините и заостанатите плати и придонеси, реагираа работниците прогласени за технолошки вишок од прилепската наменска фабрика „Еурокомпозит“ на денешниот протест во центарот на Прилеп.
Според Пеце Велјаноски од Иницијативниот одбор на работниците прогласени технолошки вишок, не е исполнето ветувањето од минатонеделниот протест во Скопје за исплатата на отпремнините.
„На средбата со претставникот на државниот капитал ни беше речено дека отпремните ќе се исплатат до петокот или, најдоцна, до вчера, понеделник. Од тоа нема ништо“, вели Велјаноски.
Револтирани се од нејаснотиите и кратката средба со вицепремиерот Кочо Анѓушев, кој најавил инвеститор што ќе вложи 1,5 милиона евра.
„ Вториот ден ние што останавме на протестот во Скопје, се сретнавме само на пет минути со вицепремиерот Анѓушев кој, дури не ни дозволи да поставиме прашања. Рече дека инвеститорот ќе вложи 1,5 милиона евра, прво ќе се подмири долг кон Стопанска банка Битола и ќе останат 1,1 милион евра, па што сакаме да правиме со нив.
Сега проблемот го префрла кај нас за ние да решиме за подмирувањето на побарувањата. Бараме крајно и конкретно да се каже како со фирмата. Не е проблем да се рестартира преку стечај и да работи „Еурокомпозит“, но не се знае ништо. И по две години договарања и преговарања како да сме на почетокот“, смета Велјаноски, нагласувајќи дека само исплатата на заостанатите придонеси е околу еден милион евра.
Работниците бараат средба со релевантните политички фактори во Прилеп, а не ја исклучуваат можноста од повторен протест во Скопје.


Папата во Македонија не доаѓа само за католиците, велат од Католичката црква во пресрет на посетата на поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, кој на 7 мај ќе ја посети земјава и ќе одржи свечена литургија на плоштадот Македонија во Скопје.
Граѓаните кои сакаат да присуствуваат на светата литургија ќе мора да се регистрираат и да добијат билет. Билетите се делат бесплатно и ќе им бидат дадени на сите граѓаните кои ќе се регистрираат.
Од Католичката црква во Македонија, која стои зад организација на настанот, велат дека очекуваат присуство од сите граѓани, без разлика на нивната вероисповед.
-Папата доаѓа не само за католиците, туку и за сите со добра волја кои сакаат заедно да чекориме напред. Очекуваме Папата да биде пречекан во атмосфера на радост и да испрати пораки на охрабрување и на соживот. Ова е за целата земја еден голем благослов – вели отец Гоце Костов.
Од вчера билетите можат да се подигнат во католичките парохии низ државата.
Според агендата, се очекува Папата да пристигне во 08.15 часот утрината на 7 мај. Во Претседателската палата ќе се одржи церемонија за добредојде, по што ќе следи средба со претседателот и со премиер на државата, а потоа со државниот врв, граѓанското општество и дипломатскиот кор.
Најавена е посета на Спомен куќата на Мајка Тереза заедно со лидерите на верските заедници, а потоа и средба со сиромашните. По ова ќе следи светата миса на плоштадот Македонија.
Планирано е Папата да биде официјално испратен во 18.30 часот на скопскиот аеродром од каде ќе замине за Рим.

Федералното истражно биро на САД ги обелодени документите за наводното бегство на Адолф Xитлep во Аргентина 1945 година.
Според објавените материјали, лидерот на Тpeтиот pajх со подморница стигнал до Јужна Америка, а шест високи аргентински функционери му понудиле престојувалиште на ранч во јужните Анди.


„Двеодоливата Чоко Стоби Флипс“ наградна игра го заокружи првиот месец на извлекувања со 288 извлечени добитници. Веќе е доделена првата месечна награда – веспа Aprilia SR 50, која отиде во рацете на Филип од Кичево. Извлечени се и трите iPhone 8 телефони, како и првите 2 електрични велосипеди и првиот лаптоп. Дополнително се извлечени и добитниците на неколку фотоапарати Instax Mini 9, Samsung таблети, дронови, Sony слушалки и многу други награди како маици, крпи за плажа, пакет производи, карти за Cineplexx. Среќните добитници се од повеќе градови низ државата, меѓу кои Скопје, Прилеп, Битола, Охрид, Куманово, Тетово.

Наградната игра продолжува уште 4 недели до 19.05.2019 година, 23:59 часот, а веќе започнаа извлекувањата на преостанатите 288 двеодоливи награди. Учеството е едноставно, се што треба да се направи е да се купи некој од промотивните производи, да се испрати бројот и времето кое е означено на фискалната сметка на која се наоѓа најмалку еден од производите што учествуваат во наградната игра, заедно со име, презиме и телефонски број преку бесплатна порака на јавниот Вибер профил на организаторот, компанијата Витаминка.
Во наградната игра учествуваат Чоко Стоби Флипс (кафен) од 30, 60 и 80 грама, Чоко Стоби Флипс (бел) од 30 и од 80 грама, Чоко Стоби Флипс (кокос) од 30 грама и Чоко Стоби Флипс (без шеќер) од 30 грама.
Со испраќањето на фискалната сметка, учесниците учествуваат за некоја од двеодоливите награди за тековната недела, но и за главната месечна награда. За втората месечна награда учествуваат сите фискални сметки испратени од шестата до деветтата недела.

„Двеодоливата Чоко Стоби Флипс“ наградна игра се спроведува на целата територија на државата, а право на учество имаат сите полнолетни физички лица, кои ги исполнуваат условите и кои ќе купат најмалку еден од производите опфатени со наградната игра и ќе го внесат и испратат бројот и времето кое е означено на фискалната сметка преку официјалниот Вибер профил на компанијата. На јавниот профил на компанијата Витаминка на Вибер може да се пристапи преку отворање на линкот https://chats.viber.com/vitaminkachatbot/

Добитниците на награди во наградната игра ќе бидат извлечени по компјутерски пат, преку софтвер, користејќи алгоритам за случаен избор, без влијание на човечки фактор.

За времетраењето на наградната игра се достапни и нови Чоко Стоби Флипс вибер стикери кои може да се преземат на линкот https://bit.ly/2Jkl0l1
Дополнителни и подетални информации за учеството во наградната игра, може да се добијат преку електронска порака на e-mail адресата: [email protected] или на интернет страната на Витаминка: www.vitaminka.com.mk/dveodolivanagradnaigra.


(Фејсбук статус на пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски)
“Консензуалниот” кандидат Пендаровски во првиот круг на претседателските избори доби помалку гласови отколку што добиваше за време на режимот, и тоа сега појачан со поддршката од ДУИ, ДПА, Амди Бајрам, Курто Дудуш, Љубчо Георгиевски, Павле Трајанов, Африм Гаши и Драгиша Милетиќ.
Слабиот резултат предизвика разочарување и нервоза кај премиерот Заев, кој добро знае дека ваквиот лош резултат е најава дека времето на владеачката коалиција почнало да истекува. Затоа Заев се обидува да направи потег со кој би убедил што повеќе разочарани поддржувачи на владината коалиција да излезат и да го гласаат Стево. И некој го советувал “шефе, закани се со операција метла, чистка после изборите, тоа секогаш пали кај народот и членството”.
И Заев прифатил да го изведе и овој трик. Но…
Најавата за “ЧИСТКА” на неуспешни министри, директори и други функционери, после претседателските избори, е уште едно лажно предизборно ветување на Зоран Заев. Зошто? Затоа што доколку Заев навистина ја разбрал пораката од незадоволните гласачи тој може, согласно Уставот и Законот за влада, уште денес до Собранието да достави предлог за разрешување, на пример на министрите:
Венко Филипче, заради сомнителните тендери и кризата во здравството
Дамјан Манчевски, заради немањето ни “р” од најавените реформи во администрацијата
Асаф Адеми, заради неуспешната политика во секторот култура и Садула Дураку, заради нула ангажман во животната средина.
Само со поднесување на предлози за разрешување на владини министри, директори или началници денес, Заев ќе покаже дека ја примил пораката на незадоволните гласачи вчера. И доколку се обидува да се вади дека тоа не може да го направи бидејќи е кампања, пак ќе излаже, бидејќи Уставот и Законот му дозволуваат и во кампања да даде вакви предлози за разрешување, а истите во Собранието ќе се гласаат после завршувањето на изборите. Но, тоа што Заев нема да поднесе предлог за ничие разрешување, само докажува дека тој повторно се обидува да ги манипулира граѓаните гледајќи ги во очи.
Заев не смее ни да помисли да им удри метла на министрите Филипче и Манчевски, бидејќи ќе добие внатрепартиска “метла по нос” од крилото на Шеќеринска. Заев не смее ни да помисли да му одри метла на министерот Садула Дураку, ниту било кој директор од ДУИ бидејќи ќе добие внатре-коалициска “метла по глава” од Али Ахмети. Заев не смее да помисли да го тргне од владата министерот Асаф Адеми, затоа што “метла по грбот” ќе му удрат тројцата пратеници на Африм Гаши во Собранието.
Затоа, ОПЕРАЦИЈАТА МЕТЛА, после претседателските избори ќе заврши само со смена на шоферот на градоначалникот од Прилеп, директорот на водостопанство во Битола, директорот на комуналното во општина Дебрца и смена на Алмир Дудуш, роднината на Курто, главен раководител за спорт и образование во Шутка!”
Мила има 2 и пол години, и има сервиозно оштетување на мозокот и доцнење во развојот. Поради докторска негрижа во последниот месец од бременоста таа остана без плодова вода во матката на мајката. Плодовата вода е многу значајна за правилен развој и раст на фетусот. Оваа докторска грешка и предизвика сериозни оштетувања на мозокот. Tаа не може да седи, оди, да ги користи рацете, да зборува. Дополнително, како последица на оштетувањето Мила страда и од епилепсија.
Нејзината состојба може да се подобри најмногу со интервенции со матрични клетки, засадување клетки директно во оштетените делови на мозокот (стеротактичка операција).
Благодарение на Сите Вас, Вие и Вашите донации помогнаа Мила да се оперира два пати во Пекинг, Кина. Мила има многу позитивни промени кои се случија после успешните операции. Когнитивните способности се подобрени, има подобра комуникација со околината, визуелните способности се подбрени, мускулниот тонус и е подобрен, постабилна е во однос на балансот, веќе има и некои движења со рацете. Сите овие мали напредоци се многу значајни за нејзиниот понатамошен напредок, но сепак недостига уште малку да може самостојно да седи и оди.
Сето ова може да се постигне ако се направи следна операција на мозочето што е можно поскоро. Нажалост, оваа интервенција е премногу скапа, а треба да се направи неколку пати, која ние без Вашата хуманост не сме во можност да ја обезбедиме.
Поради горенаведното ВЕ МОЛИМЕ да ни помогнете сега кога и е најпотребно и со Вашата донација да и овозможите на Мила подобар живот и безгрижно детство.
Семејството на Мила Ви се заблагодарува за Вашата помош и поддршка.
Наши читатели ни испратија фотографии и видео од улицата “Боца Иваноска” во Прилеп, која се наоѓа во населбата Марино маало.
Во 21 век жителите на оваа улица се соочуваат со вистински хаос за време на врнежливите денови.
Тие бараат надлежните што поскоро да го решат овој проблем.










