дома блог страница 3362

“Стопиле” 6297 гласа за 18 месеци, со непотизам, небезбедност, лажни ветувања, двојазичност, пониски пензии и 100 други причини??”

6.297 гласови на прилепчани, толкава бројка СДСМ загуби во Прилеп за само година ипол откако ја презедоа локалната власт во градот.

На локалните избори во 2017 година, за актуелниот градоначалник Илија Јованоски гласале 23.398 гласачи, а само годин ипол подоцна на првиот круг од претседателските избори, СДСМ и Стево Пендаровски добија силен удар од прилепчани и резултат од 17.101 гласови во првиот круг.

Олку голем драстичен пад на една партија во градот под Марковите кули досега не е забележана. Сепак, тоа не е случајно и не доаѓа од нигде никаде.

Ова е предупредувањето на прилепчани за новите давачки, за 60% повисоките сметки за вода, мизерните 20-тина проценти на реализација на капитални инвестиции, уништувањето на спортот во градот, огромниот непотизам во сите јавни претпријатија и државни институции, пониските пензии за околу 12.000 прилепски пензионери, а секако тука се надоврзува и притисокот кон администрацијата, врз ромското и турското население, но и создаденото незадоволство во своите редови.

Сето ова е можеби повеќе од доволно за да се запали црвеното светло во редовите на СДСМ и за чистката која ја најави премиерот Зоран Заев.

Останува да видиме дали ова ќе значи оставка на Претседалот на Советот и на ОО СДСМ Прилеп и дали Талески ќе биде дел од најавената чистка?

Нова претстава во прилепскиот народен театар “Војдан Чернодрински”: Се подготвува “Семејни приказни”

Во театарот „Војдан Чернодрински“ се подготвува претставата „Семејни приказни“, во режија на Милош Б. Андоновски.
Подготовките ќе се интензивираат по Велигденските празници, а премиерата се планира во месец јуни.

СЕМЕЈНИ ПРИКАЗНИ

Автор: Биљана Србљановиќ, Режија: Милош Б. Андоновски, Сценографија: Наташа Вчкова, Костимографија: Марта Дуфне Јосифовска

Играат: Јасмина Мицовска Станкоска, Илија Волчески, Катерина Чакмакоска Клинческа и Димитар Црцороски

Биљана Србљановиќ (1970) е најпознатата и најизведуваната српска драмска авторка, но и една од најпознатите и најизведуваните европски авторки денес: нејзините драми се поставени во околу 50 земји. Нејзиниот текст „Семејни приказни“ е напишан во 1998 година, а неговата актуелност, особено за балканските простори, е несомнена.

Во текстот станува збор за четири деца на возраст меѓу 10 и 12 години кои на едно старо, детско игралиште си играат возрасни. Преку нивните игри на преправање во татко, мајка и дете, избиваат нивните лични семејни приказни, односот со родителите, домашното (не)воспитание, семејното насилство, политичките метастази, како и целиот општествен контекст, воопшто.

Овој текст, само навидум, изгледа наивен. Но, неговата повеќеслојност е она што го претвора во вистински предизвик за работа: возрасни актери играат деца кои, пак, играат возрасни. Границата помеѓу овие три слоја (приватниот од актерите, детскиот и возрасниот) е многу тенка, но е простор за неограничен број на можности, кои во претставата што се подготвува во прилепскиот театар, режисерот Андоновски веќе ги испробува со актерската екипа: Јасмина Мицовска Станкоска, Илија Волчески, Катерина Чакмакоска Клинческа и Димитар Црцороски.

Милош Б. Андоновски (1989) е театарски режисер и професор. Претставата „Семејни приказни“ е неговиот прв професионален ангажман во прилепскиот театар. На прилепската публика, за прв пат, ѝ се има претставено со неговата дипломска претстава „Поблиску“ според текстот на Патрик Марбер, во 2015 година, во офф програмата на фестивалот „Војдан Чернодрински“.

Ги работел претставите „Јас, Селма“ во Младинскиот Културен Центар во Скопје; „Физика на тагата“ според истоимениот роман на Георги Господинов во театарот во Куманово; како и шекспировиот „Хамлет“ во Театарот на Навигатор Цветко во Кино Култура, Скопје.

Сценографијата е на Наташа Вчкова, а костимите на Марта Дуфне Јосифовска.

Видео: “Шеќеринска пред 6 години во Прилеп ја предвидела кaтacтpoфaтa на СДСМ ??”

На Фејсбук страната “Дневна доза Политички Циркус”, потсетуваат на кратка изјава од 10 јануари 2013 година, на актуелната министерка за одбрана во Прилеп.

Еве што порачала Шекеринска на тогашните протести од така наречениот “Отпор”:

ТАРАВАPИ: Кирацовски гpeши кога мисли дека по дифолт гласовите на Блерим Река ќе одат за СДСМ

Кирацовски гpeши кога мисли дека по дифолт гласовите на Блерим Река ќе одат повеќе за СДСМ. Ова е изјавата на Арбен Tаравари во дебатата на ТВ24 синоќа.

-И за време на референдумот ми беше тeшко во Гостивар да кажам дека Пендаровски ги заслужува гласовите. Два пати ми ги одземаа ингеренциите, буџетот два пати не ми го гласаат, на програми за вработување не можам ни да помислам, секој ден ми праќаат финансиска полиција како дpoга да произведуваме во Општината.“, рече Таравари синоќа.

Извор: infomax.mk

Силјановска до Заев: “Знаете од каде смрди рибата и кого прв ќе исчисти народот”

Се чудам од каде смрдеше рибата?! Народот ќе ви ја испорача „Метлата” на 5 мај!, напиша на Твитер Гордана Сиљановска-Давкова откако вчера на трибина Заев најави чистка во Владата, а актерот Драган Спасов Дац му подари метла.

Кандидатката за претседател на Македонија на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Сиљановска вели дека политиката мора да се врати во рамките на правото. „Само ако законите се во согласност со Уставот и ако тие се применуваат подеднакво за сите нас, може да ја вратиме довербата во институциите“

Таравари: Пендаровски е пропаднат проект

Актуелниот градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари, во емисијата „Анализа“ изјави дека актуелната влада на ДУИ и СДСМ добила порака од граѓаните дека нивниот консензуален кандидат е пропадната инвестиција.

Испративме порака, но и порака од народот добивме дека не помина консензуалниот кандидат кој што го промовираше ДУИ е пропаднат проект кој што не помина кај Албанците, вели Таравари

Се сеќавате ли на овој легендарен погодок? Ова е најубавиот погодок на сите времиња во Бундес лигата (Видео)

Пред 10 години, легендарниот напаѓач на Волфзбург, Бразилецот Графите, го постигна можеби најубавиот погодок во историјата на Бундес лигата.

На мечот против Баерн Минхен, Графите преку соло пробив и одличен дриблинг, направи нешто што денеска тешко им успева дури и на Роналдо и Меси.

Потсетете се на ова ремек дело:

Еве го најубавото “ФИЌО” на цел Балкан (Фото галерија)

Фиќовците се култ на едно време, а и денеска кога по улиците се возат џипови од илјадници евра и разни други мерцедеси и луксузни автомобили, секогаш е пријатна глетката да се види некое екстра зачувано фиќо.

Еве едно такво “кутивче” кое е вистински убавец:

(Видео) Откриено е кој го изградил популарниот Стоунхенџ: Со ДНК анализа се расветли она што ги интересираше научниците

Британските научници ја споредија ДНК-та од неолитксите човечки остатоци во Британија со луѓето кои во тоа време живееле во остатокот од Европа.

Неолитските “жители” патувале од Анатолија на Пиринејскиот полуостров, пред да го пронајдат патот на север. До Британија пристигнале околу 4.000 години пред нашата ера, а деталите се објавени во списанието “Nature Ecology & Evolution”. Миграцијата во Британија била само еден дел од големата, масовна експанзија на луѓе од Анатолија.

Пред тоа, Европа ја населувале мали, патувачки групи кои ловеле животни и собирале растенија и школки.

ДНК анализата открива како “Британците” од неолитското доба биле потомци на групите кои патувале по медитеранската рута. Кога се анализирани раните фармери од британскиот остров, утврдено е дека тие најмногу личат на неолитските луѓе од денешна Шпанија и Португалија.

Париските бездомници протестираа пред Нотр Дам: Ова е нивната порака !

Француски бездомници денес протестираа пред изгорената катедрала Нотр Дам во Париз, барајќи нajcиромашните Французи да не бидат заборавени. Ова се случи откако беа собрани повеќе од милијарда евра за обновување на катедралата.

Тие носеа парола на која пишуваше “Милијарда за 24 часа”.

Тие извикуваа: “На Нотр Дам и треба кров, но и нам ни треба!”.