Да бидеме хумани! На ова малечко ангелче му е потребна целата наша помош!

Мила има 2 и пол години, и има сервиозно оштетување на мозокот и доцнење во развојот. Поради докторска негрижа во последниот месец од бременоста таа остана без плодова вода во матката на мајката. Плодовата вода е многу значајна за правилен развој и раст на фетусот. Оваа докторска грешка и предизвика сериозни оштетувања на мозокот. Tаа не може да седи, оди, да ги користи рацете, да зборува. Дополнително, како последица на оштетувањето Мила страда и од епилепсија.

Нејзината состојба може да се подобри најмногу со интервенции со матрични клетки, засадување клетки директно во оштетените делови на мозокот (стеротактичка операција).

Благодарение на Сите Вас, Вие и Вашите донации помогнаа Мила да се оперира два пати во Пекинг, Кина. Мила има многу позитивни промени кои се случија после успешните операции. Когнитивните способности се подобрени, има подобра комуникација со околината, визуелните способности се подбрени, мускулниот тонус и е подобрен, постабилна е во однос на балансот, веќе има и некои движења со рацете. Сите овие мали напредоци се многу значајни за нејзиниот понатамошен напредок, но сепак недостига уште малку да може самостојно да седи и оди.

Сето ова може да се постигне ако се направи следна операција на мозочето што е можно поскоро. Нажалост, оваа интервенција е премногу скапа, а треба да се направи неколку пати, која ние без Вашата хуманост не сме во можност да ја обезбедиме.

Поради горенаведното ВЕ МОЛИМЕ да ни помогнете сега кога и е најпотребно и со Вашата донација да и овозможите на Мила подобар живот и безгрижно детство.

Семејството на Мила Ви се заблагодарува за Вашата помош и поддршка.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.