дома блог страница 3360

ВИДЕО: Неред во емисија, гостите за малку ќе се степале – водителот едвај ги раздвоил, влетал и камерманот

Кога професорот Дарко Трифуновиќ од Факултетот за безбедност во Србија и угледен новинар Миодраг Жарковиќ седнале во емисија за да разговараат за интересите на Србија, никој не помислил дека емисијата ќе заврши скоро па со тепачка на двајцата соговорници.

Се започнало во колклу толку нормална атмосфера се додека во еден момент Жарковиќ не му рекол на Трифуновиќ дека младите од Србија „заминале поради неговиот пријател Цимерман“.

Цело време водителот Теша Тешановиќ се обидувал да ја смири ситуацијата и да ги држи раздвоени за да не дојде до физичка пресметка. Кога тоа не помогнало, се вклучил и камерманот. Како се изгледало погледнете на видеото од 47. минута:

Денеска е велика среда, еве што треба да направите пред доаѓањето на големиот празник

По влегувањето на Исус заедно со учениците во Ерусалим во пресрет на празникот Пасха, неговата популарност меѓу народот им пречела на властите и фарисеите и тие барале погодна можност да го фатат Исус и да го казнат.

Прилика им се укажала во средата кога еден ученик Исусов по име Јуда Искариотски дошол кај фарисеите и им понудил да го предаде Исус за 30 сребреници. Ова предавство ќе биде вовед во страданијата Христови.

Со Велика Среда се поврзани повеќе верувања и обичаи. На Велика Среда се подготвува бојата за вапцување. Првите велигденски јајца, три на број, се бојадисуваат пред изгрејсонце на Велики Четврток.

На Велика Среда, навечер, се зачадувала стоката. Начадената стока се верувало е заштитена од болести и разни други несреќи.

Видео кое буди носталгија, емоција и ќе ве врати 20 години назад: Денешните деца немаат поим за што станува збор

Циркуз, Супер Марио, Бомбермен, Контра …. сето тоа се игри кои отсликуваат една цела генерација и стотици часови поминати пред телевизорот со џојстикот во рака.

Денешните деца можеби немаат поим за што станува збор, но ова се игрите од 90-тите години кои беа жива зараза во секој дом тогаш.

Потсетете се на најубавите години:

Кога црниот дроб е полн со токсини се дебелеете: Со овој напиток исчистете го за 72 часа

Кога црниот дроб е полн со токсини, тогаш не е во сосојба да ја врши својата функција нормално.

Многумина не земаат во предвид дека празен црн дроб е оној кој одредува дали ќе изгубите вишок од тежината или не.

Доколку сакате да ослабите ве советуваме да го испробате овој рецепт и направите детоксикација на црниот дроб.

Конзумирајте го овој напиток 3 дена, а токсините ќе исчезнат.

Потребни состојки:

3 лимони

5 стебленца целер

1 шоља исецкан магдонос

6 шољи вода

Сокот од лимон и целерот сомелете го во блендер, а потоа додајте вода и добро промешајте.Конзумирајте 2 чаши по три пати на ден на празен стомак.Направете пауза 7 до 10 дена па повторете ја постапката.

Вибер воведе нова услуга: Многу е корисна, но не е бесплатна

Апликацијата Вибер воведе нова услуга – „Вибер локален број“, што ќе биде посебно корисна за оние кои често патуваат.

Опцијата овозможува корисникот да избере локален телефонски број во земјата на престој и преку него да прима неограничен број телефонски повици и пораки по локални цени.

Услугата засега е достапна само во САД, Канада и Велика Британија, односно на луѓето што ќе престојуваат во овие земји.

Компаниите кои работат на меѓународниот пазар, со таа услуга ќе можат да комуницираат со клиентите без трошоци за роаминг.

За првите 10.000 нови претплатници Вибер нуди промотивна цена од 1,99 евра месечно, додека стандардната претплата ќе изнесува 4,99 евра месечно.

Денеска е Велика Среда: Строго е забрането да го правите ова

На Велика Среда се одбележуваат три значајни настани: Последното претсмртно помазание на Господа, Заговорот на јудејците за да го убijaт и Јудиното пpeдавство на Христа за триесет сребреници.

И на Велика Среда се читаат библиските текстови кои се во контекст со претходните денови и во врска со настаните од денот (на Утрената:Јован 12,17-50; на Литургијата: Матеј 26,6-16). Последното претсмртно помазание на Господа Христос е помазан со миро во Витанија (Матеј 26,6-13; Марко 14,3-9; Лука 7,37-50; Јован 12,1-8).

Според евангелските сведоштва, Господ Исус Христос и апостолите ноќта ја поминале „во Витанија, во куќата на Симона Прокажениот“ (Матеј 26,6). Во Евангелието, коешто се чита на Предосветената Литургија (Матеј 26,6-16), се вели дека токму на тој ден некоја жена излила миро врз главата на Господа Исуса Христа (Матеј 26,7). Со тоа, таа Него Го подготвила за погpeбение, како што рекол и Самиот Он (Јован 12,7).

На Исток, помазувањето со миро било позната работа. Тоа се правело на значајни личности (на цареви и првосвештеници) или, пак, кога во домовите на побогатите ќе дојдел значаен гостин, кој бил особено почитуван и уважуван – и тој бил помазуван. Обично, при помазувањето, ја помазувале косата на главата, челото, лицето и брадата, а кога сакале кон некого да покажат исклучителна почит, му ги помазувале и нозете.

Освен ова помазание, Евреите имале востановен обичај да ги помазуваат со мириси и телата на упokoeните при погребувањето.

На Велика среда во некои краеви почнуваат да ги фарбаат велигденските јајца.

На овој ден се забранува перење, пиење, веселба.

Не треба да се работат тешки работи по дома.

Ова се трите најдобри жени за брак, според хороскопот

Не постои дилема околу тоа дека хороскопот може многу да открие за карактерот на една личност. Тоа особено е важно при планирањето на бракот. Овие три жени се најдобрите сопруги, според хороскопот.

Рак

Жената родена во овој знак има интензивни чувства за своите партнери. Нејзината љубов е безусловна и таа ќе направи сè што е потребно за оние кои ги сака. Доколку еден маж одлучи да стапи во брак со оваа жена, тој ќе донесе правилна одлука, бидејќи таа жена секојдневно ќе се труди да го прави среќен. Тоа што таа го бара од својот партнер е искреност и љубов.

Иако таа понекогаш е склона кон драми дури и за многу мали нешта, но тоа не е ништо во споредба со нејзините добри страни.

Жените Ракови ќе вложат голем напор во создавањето на топол дом за нивното семејство. Освен тоа, тие се добри во кујната. Тие се и посветени мајки и нивните деца се секогаш на првото место.

Овен

Според астролозите, жените родени во знакот Овен се оние кои ги прават мажите да паднат на колена пред нив. Тие се многу силни и независни и секогаш посветени на исполнувањето на целите. Доколку еден маж смета дека е доволно силен за да го помине животот со силна и храбра жена како неа, тогаш оганот секогаш ќе гори во таа врска.

Жената родена во овој знак очекува поддршка во сите нешта кои ги прави. Таа секогаш ќе му помогне на својот маж да стекне силен социјален статус и да биде обожаван од другите. Овие жени се способни да ги направат мажите кои ги сакаат силни, поодговорни и вредни за внимание.

Оваа жена е приземјена, со реални очекувања од луѓето околу неа. Од друга страна, овие жени тешко можете да ги привлечете, а тогаш кога ќе го направите тоа, тие ќе имаат високо мислење за вас. Тоа што таа го очекува од нејзниот партнер е силен карактер и посветеност, нешто што и самата го поседува.

Жените родени во овој знак се силни, строги и објективни мајки кои одгледуваат лидери и победници.

Лав

Жените родени во овој знак се силни, но и строги. Со други зборови, тие се воини. Поседуваат неверојатна сила и способност и потребна им е личност како што се тие. Никогаш не паѓаат на обични мажи. Тие се посветени и лојални партнери и кај нив љубовта е многу интензивна. Всушност, никогаш нема да сретнете жена која сака повеќе од неа.

Лавиците не прават ништо посебно за да ги заведат мажите. Тие самите паѓаат пред нив, поради нивната сила и харизма. Тие се борат за своите сопрузи, но и за своите деца со сета своја сила. Секогаш се подготвени на тоа.

Извор: “Нетпресс”

Црквата Свето Благовештение од Прилеп по 10-ти пат ќе подели 100 пакети со храна на социјално загрозени семејства за Велигден

Црквата Свето Благовештение во Прилеп по 10-ти јубилеен пат ја организираше хуманитарната акција за Велигден со која на околу 100 социјално загрозени семејства ќе им бидат поделени пакети со прехрамбени производи во износ од по околу 3.000 денари – објави “Инфо Компас”.

Во акцијата со средства учествуваат добронамерни хумани граѓани, компании од Прилеп, самата црква, свештениците и верниот народ кој можеше да остави пари во специјалните кутии кои беа поставени во сите цркви во градот.

Освен овие 100 пакети во градот, други 20 пакети ќе бидат поделени и во дел од населените места.

Вакви акции се организираат за Божик и Велигден, а координатор и организатор на целиот настан е неофицијална хуманитарна организација која го носи името на Свети Никодим Прилепски и Тисмански, чија икона во 2015 година започна да мироточи токму во црквата Свето Благовештение.

Откако беа собрани пакети, кои ќе бидат поделени утре, во знак на благодарност акцијата заврши со пеење на тропарот на Свети Никодим Прилепски и Тисмански пред мироточивата икона.

Видео прилогот на “Инфо Компас” погледнете го ТУКА

Eве какво време не очекува за празничните денови викендов

Времето во земјава ќе биде променливо облачно, претпладне со локални врнежи од дожд. Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец. Поради југозападно струење на висина и присуство на прашина од Сахара можно е врнежите да имаат жолта боја.

Утринската температура ќе се движи од пет до 10 степени, а дневната температура од 10 до 17 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, претпладне со локални врнежи од дожд. Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе достигне до 10 степени, а дневната температура до 17 степени.

Денеска ќе настапи преодно стабилизирање на времето. Од утре до недела ќе биде значително потопло, но во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално со поинтензивни процеси.

Заев треба да прифати предвремени парламентарни избори: Народот да си каже кој заслужува метла, а кој мандат

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски смета дека резултатите од првиот круг на претседателските избори се најава за тоа дека власта е мeнливa и затоа овој прв круг најавува дека во државата постои атмосфера за политички промени.

Според него, резултатите од првата pyндa се цpвeн картон за власта. И затоа требаше да се прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни заедно со претседателските избори, па народот да каже кој е за мeтла, а кој за мaндат, а не Заев да прави “субјективна мeтлa”, според тоа кој му се допаѓа а кој не, истакна Милошоски во “Топ тема” на ТВ Телма.

-Резултатите од гласовите за Гордана Силјановска Давкова се одраз на волјата на народот. Ако ги споредиме резултатите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата од локалните избори кои изнесуваат 335 илјади гласови, но тогаш заедно со турската партија и партијата на Амди Бајрам и други, кои денес се со владеачката коалиција, значи ако ги одземеме нивните гласови, реално сме имале некаде околу 325 илјади гласови, а професорката Силјановска има 320 илјади што цениме дека е добар резулатат. Особено што нacпpoти неа имате една коалиција од 31 партија. Драго ми е да изјавам дека на ниво на Скопје, професорката Сиљановска имаше подобар резултат од Стево Пендаровски, како и во некои бacтиони на СДСМ како што е Куманово, вели Милошоски.