Црквата Свето Благовештение од Прилеп по 10-ти пат ќе подели 100 пакети со храна на социјално загрозени семејства за Велигден

Црквата Свето Благовештение во Прилеп по 10-ти јубилеен пат ја организираше хуманитарната акција за Велигден со која на околу 100 социјално загрозени семејства ќе им бидат поделени пакети со прехрамбени производи во износ од по околу 3.000 денари – објави “Инфо Компас”.

Во акцијата со средства учествуваат добронамерни хумани граѓани, компании од Прилеп, самата црква, свештениците и верниот народ кој можеше да остави пари во специјалните кутии кои беа поставени во сите цркви во градот.

Освен овие 100 пакети во градот, други 20 пакети ќе бидат поделени и во дел од населените места.

Вакви акции се организираат за Божик и Велигден, а координатор и организатор на целиот настан е неофицијална хуманитарна организација која го носи името на Свети Никодим Прилепски и Тисмански, чија икона во 2015 година започна да мироточи токму во црквата Свето Благовештение.

Откако беа собрани пакети, кои ќе бидат поделени утре, во знак на благодарност акцијата заврши со пеење на тропарот на Свети Никодим Прилепски и Тисмански пред мироточивата икона.

Видео прилогот на “Инфо Компас” погледнете го ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.