дома блог страница 3359

Утре пред изгрејсонце се фарбаат црвени јајца: Пред да почнете мора да ги направите овие работи, дознајте го значењето

Утре е Велики Четврток со што почнуваат Велигденските празници. Рано наутро пред изгрејсонце, домаќинките ги бојадисуваат првите велигденски јајца. Најпрво каснуваат малку леб, се вртат кон исток, се прекрстуваат и ги бојат првите три црвени јајца. Првото јајце, божјаче, откако ке се бојадиса се остава да го „фатат“ првите зраци од сонцето, а потоа се будат децата и со него на лицето им се прави „Црвено-бело“. Божјарчето се чува цела година, до наредниот Велики Четврток, и само ова јајце не скапува! Останатите јаца се бојадисуваат во различни бои и на различни начини.

Обичајот вели дека првите јајца кои ќе бојадисаме за Велигден треба да се црвени. Но, зошто токму во црвена боја? Имено, се смета дека црвената боја на јајцата ја симболизира крвата на Исус пролеана на крстот каде што бил распнат. Има и неколку легенди за тоа зошто велигденските јајца се црвени.

Една од нив е дека кога Исус Христос бил распнат на крстот, една кокошка дошла и под него снесла јајце. Крвта од лицето на Исус капела врз него и го обоила во црвено. Затоа и денес првото јајце се бојадисува во црвено, а потоа најстарата жена во семејството со него ги трие децата по образите или им исцртува крст по челата за здравје.

Друга легенда раскажува за Дева Марија, која им давала јајца на војниците кај крстот при распнувањето на Исус Христос. Таа ги молела да бидат помалку насилни кон Исус и притоа плачела. Нејзините солзи паднале врз јајцата и ги обележале со точки во црвени бои.

Постои легенда дека кога Исус Христос бил распнат на крстот, неговите непријатели го гаѓале со јајца. Но, според Божјата волја, штом тие ќе го допреле неговото тело се претворале во црвени јајца. Во чест на таквото чудо луѓето почнале да ги вапцуваат велигденските јајца црвени.

Една католичка легенда пак, раскажува за Марија Магдалена, која отишла до гробот на Исус носела со себе кошница со јајца, за да руча. Кога пристигнала во гробницата и ги извадила јајцата, нивните бели лушпи, за чудо, биле обоени со боите на виножитото.

Пред избори виделе багер, а асфалт можеби за идните локални? Жителите од улица “Маргара” во Прилеп бараат решавање на нивниот проблем (Фото)

–Куќите ни се легализирани и имаме подмирено секакви комунални давачки кон општината, а сеуште не тураат асфалт, вака реагираат жителите од улицата “Маргара”на делот каде од општината ја израмниле улицата, но не си ја завршиле до крај работата.

Тие велат дека се соочуваат со горлив проблем особено кога времето е врнежливо и бараат од општина Прилеп најбрзо да го асфалтира овој дел од улицата.

“Градоначалничката на Битола со историски апел по катастрофалната метла што ја доби во неделата”

Откако во неделата, на првиот круг од претседателските избори, Наташа Петровски и СДСМ загубија во Битола, и тоа само по година ипол откако стана градоначалник со над 13.000 гласови разлика, градоначалничката со “историски” апел на Фејсбук за правда.

“Ајде сите да побараме правда, ЕДНОГЛАСНО, барајќи екстрадиција на Груевски”, напиша Петровска на својот Фејсбук профил.

Во ек на кампања нов случај на непoTизам: “Еурокомпозитци молат за своите пари додека зетот на претседателот на СДСМ во Охрид се вработи во М-НАВ за плата од 120.000 денари?”

Иако Зоран Заев откако зaгyби неверојатни 200 илјади гласови за помалку од една година и поради тоа најави метла, нов kopyпциски ckaндал ја тресе власта. Имено, се работи за Антонио Кочовски, кој е зет на висок функционер на владеачката партија, односно на претседателот на Општинската организација на СДСМ Охрид Лазар Таневски.

Кочовски неодамна е примен на работа во МНАВ-Контрола на летање со неверојатна плата од 120.000 денари. Според порталот „Инфомакс“ за вработувањети на зетот на Таневски ypгиpaл Николче Тасевски зет на министерката за правда Рената Дескоска. Претседателот на Општинската организација на СДСМ во Охрид е и сопственик на Хотелот Лаки.

Извор: infomax.mk

(Видео) Поминала 27 години во koма: Кога се пробудила изговорила едно име

Мунира Абдула била пoвpeдена во сообраќајна нecpeќа во 1991 година и од тој момент таа е во koма. Жената од Соединетите Арапски Емирати по 27 години конечно се пробуди од koма.

Во моментот на нecpeќата имала 32 години. Се здобила со тешки пoвpeди на мозокот кога автомобилот во кој била заедно со нејзиниот син се судрил во друг автомобил. Омар Вебар, кој тогаш имал четири години, не бил пoвpeден, бидејќи неговата мајка го прегрнала за време на судаpoт.

“Никогаш не се откажав од неа, бидејќи знаев дека еден ден ќе се пробуди”, рече Омар. “Сакам да ја раскажам нејзината приказна за луѓето да не губат надеж за нивните блиски и да не ги отпишуваат, ако се во таква состојба”, додаде тој.

“Таа се пробуди и ме повика. Тоа беше таа! Ме повика и јас веднаш појдов. Со години сонував за тој момент, а првиот нејзин збор беше моето име. Сега може да прави кратки разговори. Се врати во Абу Даби, повторно е оперирана и продолжи со рехабилитација која би требало да и го олесни седењето и да спречи контракции на мускулите”.

Младите прилепски велосипедисти доминиpaa во Бap: Тpи виcoки плacмaни зa Андреј, Алек и Леонид (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

На 21 и 22 април, на стазата “Суторман” во Бар, Црна Гора, се одржа шестата по ред Downhill трка со велосипеди, на која учество зедоја и велосипедистите од клубот “Sky Riders” од Прилеп.

Андреј Кузманоски во категоријата на јуниори го освои второто место, Алек Спиркоски беше петто пласиран, а Леонид Маркоски го зазеде шестото место.

За трите млади момчиња од Прилеп ова беше прва трка во сезоната и забележаа одличен успех.

Тие одлично го претставија својот град и клуб, а веќе се подготвуваат за нови предизвици.

(Видео) Зеде обичен сунѓер и го стави во боја: Направи вистински уметнички дела

На Велики четврток жените ги бојадисуваат јајцата и се трудат да направат вистински уметничи дела како би ги израдувале најмладите.

Постојат различни техники на фарбање јајца, а ако сакате да добиете природен изглед, ставете сунѓер во боја, а потоа започнете да ги мачкате јајцата со него. Ќе добиете едноставни шарки и оригинално украсено јајце.

Во Маврово пристигна пролетта: Кога снежните ѕидови на патот кон Галичник ќе се пробијат, се смета дека доаѓа пролет (ВИДЕО)

Во Мавровскиот регион се смета дека пролетта дошла кога превојот на Царевец, на патот кон Галичник ќе биде отворен – пишува на фејсбук страницата на „Ски хут Горица -Маврово“.

Снежните ѕидови некогаш се издигаат и во висина од 4м. Делот кој со возило се минува низ снежниот тунел е навистина живописно искуство – е објавено на нивната фејсбук страница.

Изминатиот викенд во Прилеп се одржа осмиот меѓународен натпревар во ориентација “Пеце Атанасоски” (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Во периодот од 19 до 21 април во Прилеп се одржа осмиот по ред традиционален „Меморијален меѓународен натпревар во ориентација Пеце Атанасоски“ , во меѓународни рамки познат како MOCPA (Memorial Orienteering Competition Pece Atanasoski). На натпреварот учествуваа натпреварувачи од 8 земји: Белгија, Бугарија, Велика Британија, Естонија, Италија, Македонија, Норвешка и Финска.

Програмата вклучуваше: средна должина на областа Маркови Кули, долга далечина на Шаторов Камен и средна далечина на Камена Баба т.е. Прилепско езеро. Трките се бодуваа според возрасни категории. Учесниците на натпреварот се на возраст од 7 до 77 год.

Победници во елитната категорија се: Утскарпен Аудрин од Норвешка (жени) и Персон Фредрик од Норвешка (мажи). Во категоријата млади, победници се: Марија Серафимовска од Македонија (жени) и Јорис Смет од Белгија (мажи). Во категорија ветерани победници се: Илиева Павлина од Бугарија (жени) и Халикма Хеити од Естонија (мажи). Злато за Тифани Трајкоска и Марко Василески во категоријата деца до 10 години. Во категорија „OPEN“ злато за Христијан Насевски.

Натпреварот е во организација на ОК „Златоврв“ – Прилеп, а е поддржан од: МОФ- Македонска Ориентациона Федерација, Агенција за млади и спорт, општина Прилеп, А.Д. Витаминка и ООУ „Блаже Конески“ – Прилеп.

Со реализација на овој настан, Прилеп се става на мапата на „outdoor“ фестивали. Истовремено Прилеп станува главен туристички центар на спортисти од целиот свет. Целта е овој настан, во иднина да прерасне во светски препознатлив спортски натпревар, што е од особена важност за развојот на спортот и на општината Прилеп како туристичка дестинација.

Локвенец: “Сугарески и Туманоски ќе донесат 5.000 гласови плус за ВМРО-ДПМНЕ на 5-ти мај – Метлата за овoј хаос во Старата чаршија допрва следува” (Видео)

Стравот веќе помина, хунатата е на колена, народот се буди. Истакна на денешната прес конференција Ирена Стерјовска Локвенец, престедателка на Унија на жени при ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Прес конференцијата ја пренсуваме во целост.

“Почитувани сограѓани,почитувани дуќанџии од старата прилепска чаршија,почитувани пензионери.
Стравот веќе помина,хунтата е на колена,народот се буди.

Поминаа 18 месеци од ветувањата на најнеспособниот градоначалник во Македонија Илија Јованоски, дека ќе се реконструира старата прилепска чаршија, нашата гордост. И сами видовте дека само за Прилеп, Министерството за култура не оддели средства бидејќи за нив поважна беше двојазичноста и преименувањето на нашата државата.
Но, затоа во овие две години старата прилапска чаршија се претвори во место каде прилепските функционери на СДСМ се натпреваруваат кој поголем објект ќе изгради и кој повеќе место ќе узурпира.

Хаос на секој чекор. Се копа бекатонот, се спроведува струја и вода, се градат прво платформи, па над нив тврди објекти.., а градоначалникот молчи.

Дали и тој е дел од овој бизнис?

Дали негови вработени и другари ќарат од овој срам за градот.

Да прашаме, дали меѓу објектот на Сугарески и објектот на Туманоски може да помине противпожарно возило? Дали помеѓу овие струпови може да помине амбулантно возило?

Господине Јованоски,заради оваа алчност на вашите функционери метлата и те како ќе ве помине и во Прилеп на 5ти мај. Поразот и вашиот крај започна на 21ви април,а ќе заврши на 5ти мај”.