Младите прилепски велосипедисти доминиpaa во Бap: Тpи виcoки плacмaни зa Андреј, Алек и Леонид (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

На 21 и 22 април, на стазата “Суторман” во Бар, Црна Гора, се одржа шестата по ред Downhill трка со велосипеди, на која учество зедоја и велосипедистите од клубот “Sky Riders” од Прилеп.

Андреј Кузманоски во категоријата на јуниори го освои второто место, Алек Спиркоски беше петто пласиран, а Леонид Маркоски го зазеде шестото место.

За трите млади момчиња од Прилеп ова беше прва трка во сезоната и забележаа одличен успех.

Тие одлично го претставија својот град и клуб, а веќе се подготвуваат за нови предизвици.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.