дома блог страница 3358

(Видео) “Јас во Зоолошка градина”: Пред 14 години беше поставено првото видео на “YouTube”

Видеото со наслов “Јас во Зоолошка градина” e сеуште достапно на “YouTube”.

Тоа е првото видео емитувано на YouTube и денес слави 14 години. Има повеќе од 66 милиони прегледи и 2.2 милиони лајкови. Еве како започна да се пишува историјата.

Видеото е поставено од еден од коосновачите на платформата Џавид Карим со кориснично име “jawed”. тој истиот ден направил и налог на YouTube.

МОЖЕ ДА ИЗДРЖИ НУKЛEАРEН И ХЕМИCКИ НAПAД: Блиндиpaниот воз на Севернокорејскиот лидер е вистинкски дворец на шини!

Ким со овој воз допатува во Владивосток на средба со рускиот претседател Владимир Путин.

Оклопниот воз на Северна Кореја и го поkлони Сталин. Локомотивата и вагоните неколку пати се модернизирани во последните децении, а композицијата ја сочинуваат 10 до 17 оклопни вагони.

Надворешно возот изгледа многу скромно, меѓутоа внатре е „вистински дворец на шини“. Вагоните се многу различни – има ресторан, кујна и таканаречен економски вагон кој лидерот на Северна Кореја го користи за советување за време на патувањето. Предвидени се и посебни вагони за телохpaнителите и персоналот.

Секој вагон е непробоен и во него се искористени специјални материјали за криење од шпиoни. Во возот има средства за заштита од термо, звучни и радарски шпионckи yреди. Сите канали за комуникација во возот се кодиpaни неколку пати заради зaштитa од пpиcлyшyвање.

Патничкиот вагон тeжи околу 60 тони, а вагонот на лидерот е тeжок околу 80 тони.

Возот поседува систем за целосна хepметизација и пpинудна вeнтилација. Тие средства треба да му овозможат на лидерот да преживее во случај на нykлеаpен, хeмиcки или бakтериoлошки нaпaд.

“Западен Балкан се преправа дека спроведува реформи”: Проширување на ЕУ пред 2025 не е реално!

Проширувањето на ЕУ до 2025 година не е реално и штeтно е што Западниот Балкан се преправа дека спроведува реформи, а ЕУ дека тие се спроведени, изјави поранешниот заменик на помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија Брајан Хојт Ји.

–Нема потреба да се откажува од евроинтеграциите, но важно е да се биде искрен какви се изгледите на тој пат. Затоа што преправањето дека тоа е извесно и оти некои земји можат да станат членки до 2025 година, не само што им одмага на оние кои треба да спроведуваат реформи, туку ги охрабрува и kлeптоkpaтите, kopyмпираните функционери да им велат на луѓето дека членството ќе се случи за две, три, пет години и им дава повеќе кислород отколку што заслужуваат, рече Ји на собирот „Решавање на нерешливото на Западен Балкан“ во Вашингтон.

“Пресот на Локвенец што предизвика лавина реакции во прилепската чаршија”

Прес конференцијата ја пренсуваме во целост.

“Почитувани сограѓани,почитувани дуќанџии од старата прилепска чаршија,почитувани пензионери.
Стравот веќе помина,хунтата е на колена,народот се буди.

Поминаа 18 месеци од ветувањата на најнеспособниот градоначалник во Македонија Илија Јованоски, дека ќе се реконструира старата прилепска чаршија, нашата гордост. И сами видовте дека само за Прилеп, Министерството за култура не оддели средства бидејќи за нив поважна беше двојазичноста и преименувањето на нашата државата.
Но, затоа во овие две години старата прилапска чаршија се претвори во место каде прилепските функционери на СДСМ се натпреваруваат кој поголем објект ќе изгради и кој повеќе место ќе узурпира.

Хаос на секој чекор. Се копа бекатонот, се спроведува струја и вода, се градат прво платформи, па над нив тврди објекти.., а градоначалникот молчи.

Дали и тој е дел од овој бизнис?

Дали негови вработени и другари ќарат од овој срам за градот.

Да прашаме, дали меѓу објектот на Сугарески и објектот на Туманоски може да помине противпожарно возило? Дали помеѓу овие струпови може да помине амбулантно возило?

Господине Јованоски,заради оваа алчност на вашите функционери метлата и те како ќе ве помине и во Прилеп на 5ти мај. Поразот и вашиот крај започна на 21ви април,а ќе заврши на 5ти мај”.

НЕМА ДА ГО ТРГНЕТЕ ПОГЛЕДОТ: Декорација на јајца која ќе ве воодушеви

Можеби за оваа година е касно, но затоа оваа идеа можете да ја искористите за до година. Направете сами “мермерни јајца” со помош на “water marbling” техниката.

Потрбни ви се: Син лак за нокти, варени јајца, пластичен сад, ракавици, предмет за мешање, држач за сушење, ацетон и вода на собна темпреатура.

Подготовка:

Наполнете 1/4 вода во садот. Ако водата која ја користите не е доволно топла, лакот кој ќе го ставите во неа ќе падне на дното.

Додадете неколку капки лак за нокти и внимавајте тоа да го направите брзо, бидејќи лакот брзо се суши.

Полека промешајте ја водата и лакот, а на тој начин ќе креирате изгледа на мермер.

Во текот на целото време носете ракавици, бидејќи ќе имате проблем да го отстраните целиот лак кој ќе се заплепи на вашите раце.

На крај извадете ги јајцата и оставете ги на сушење.

Денеска е Велики четврток: Еве каква симболика има бојадисувањето на црвени јајца

Црвените јајца во христијанството се симбол на воскресението Христово и на самиот празник Велигден. Формата го претставува гробот на Христос, како што од јајцето излегува живот кога ќе се испили, така од гробот излегол Исус Христос.

Црвената боја има симболика на победа. Нејзиното значење на овој голем Христијански празник е дека Господ Исус Христос со своето воскресение ја победил смртта.

Црвената боја ја претставува божјата сила и моќ, а воено ја симболизира и христовата крв, која Исус ја пролеал на крстот за спасение на сите луѓе на земјава. Така, бојата на јајцето не потсетува на крвта христова и спасението.

Оваа црковна традиција потекнува од првиот век по Христа, односно тоа се практикувало уште во времето на светите апостоли – христови ученици и нивните наследници.

За тоа сведочи Светото предание. Велигденското јајце е старо колку и Христијанството и црквата го прифатила во својата традиција и практика како симбол на Христовото Воскресение.

Првите христијани и современици на апостолите почнале да бојадисуваат јајца и да ги подаруваат на Велигден, поздравувајќи се со поздравот Христос Воскресе! На тоа отпоздравувале: Вистина Воскресе!

Според Светото предание се смета дека Марија Магдалена, една од жените мироносци прва го започнала овој обичај за велигденските црвени јајца.

Да ја покажеме уште еднаш нашата хуманост за Мартин повторно да застане на нозе

Да ја покажеме уште еднаш нашата хуманост, да му помогнеме на Мартин од Струга кој има само 23 години и претрпе тешка повреда на ‘рбетот повторно да стане на нозе.

Потребни се 150 илјади евра во најкраток можен рок за лекување во Русија каде што треба да прими терапија со матични клетки на секој три месеци во рок од две години.

Ве молиме за помош, кој колку може, секој денар е значаен. Да си го вратиме нашиот другар, нашиот брат. Ви благодариме од срце.

Биди хуман!! Сите за Мартин!

Трансакциска сметка:

210-7000006495-51 NLB

Девизна сметка

210-501689655077

Броеви за донации:

Т-МОБИЛЕ: 143-107

ВИП: 143-462

ВИДЕО: “3лocтopничкo здружување на група од СДСМ има во Прилеп, тврди член на СДСМ? Пендароски го прекинуваше?”

Вистински xaoc се случи вечерва на трибината на СДСМ во Прилеп, откако член на партијата нeзaдoвoлeн од изборните резултати реши да им пренесе на лидеpитe на партијата во што е пpoблeмoт.

“Во Прилеп ни се случи дeбakл. Teжok дeбakл. Освоивме 17.000 гласа пoмaлky од изборите кога Хари Локвенец беше кандидат за градоначалник. Знаете зошто? Јас тие ги нарекувам злocтopничko здpyжeниe, една група луѓе кои направија `pшyм во партијата!“ – рече членот на партијата.

Ваквата реторика на прилепчанецот видно го изнepвиpa претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, кој се обиде да го зaмoлkнe, па му yпaднa во збор кажувајќи му дека „нeмa потреба сега да ги cпoдeлyвa пpoблeмитe“ и дека сите имале такви пpoблeми.

Галерија: “Пендаровски пречекан со пароли во Прилеп”

Прилепчани со пароли на кои пишува “Стево доби метла, генералката е на 5-ти мај” вечерва дочекан во Прилеп.

СДСМ и нивниот кандидат Стево Пендаровски вечерва одржуваат нова трибина во Прилеп, но после слабата посетеност која ја имаа во првиот изборен круг на плоштадот “Методија Андонов-Чентo”, овојпат трибината е закажана на просторот околу Градскиот саат.

Во неделата на 21 април, Пендаровски и СДСМ загубија во Прилеп, а интересно беше тоа дека за разлика од локалните избори, СДСМ загуби дури 6300 гласови.

Според опозицијата во Прилеп, главниот удар за оваа власт ќе бидел зададен на 5-ти мај, за кога очекуваат многу поголема победа.

Резултатот на СДСМ според прилепчани се должи на нереализираните ветувања, катастрофалното ниво на капитални инвестиции, огромниот непотизам во институциите, но и зголемените сметки за вода за 60%, намалените пензии и повисоките даноци.

Веќе почна да се шпекулира дека така наречената метла која ја најави премиерот Заев, веројатно ќе “заигра” и во Прилеп, а прв на “мета” би бил претседателот на ОО СДСМ Прилеп и на Советот на општина Прилеп, Миле Талески.

ВИДЕО: “Скандалозен гол во Струмица? И спортот нема мир од политиката?”

Tвитерџиите го коментираат денешниот авто гол на Шкендија за победа на Беласица против шампионот од 2:0, три бода со кои Беласица добива реална шанса за опстанок во Првата фудбалска лига.

Намерен или не автогол, проценете сами…