дома блог страница 3357

(Видео) Комити вечерва со порака: “Македонија не треба да бара помош надвор од себе, туку во себе”

РК Вардар вечерва го пречека Пик Сегед во првата утакмица од четвртфиналето од Лигата на шампионите. Резултатот на полувремето е 14-12 за Вардар, а атмосферата во “Јане Сандански” е пеколна.

Пред почетокот од натпреварот навивачката група “Kомити” истакна парола на која пишуваше:”Македонија не треба да бара помош надвор од себе, туку во себе”:

Важни обичаи за Велики Петок – Никако не го правете ова

Според старите обичаи за Велики Петок, се станува од кревет пред изгревањето на сонцето. Луѓето на тој ден носеле вода од езерата и со неа се замивале наутро. Се верувало дека со таа вода ќе се истераат сите болести од телото. Исто така, на овој најтежок празник кога Исус бил pacпнат, не се работи физичка работа.

Она на кое треба да се посветат семејствата е припремање за славење на Велигден.

На Велики Петок не се јаде ништо тешко и пржено на масло, се јаде само овошје и зеленчук.

Наместо да ги опомене Сугарески и Туманоски, Општината бистри политики за партиски пресови? А, за ЗЛOCTOPHИЧКОТО ЗДРУЖУВАЊЕ, не пишале ни збор??

Наместо со одговори на прашањата кои ја интересираа целата јавност, Општина Прилеп излезе со реакција на прес конференцијата од ОК ВМРО ДПМНЕ Прилеп.

Во продолжение во целост ви ја пренесуваме реакцијата:

“Општина Прилеп реагира на хипokpизијата и недоличните обиди на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во време на изборна кампања, меѓу два изборни круга со невистини и дезинформации да манипулира со јавноста. Ниту старата прилепска чаршија, ниту функционирањето на занаетчиите е доведено во прашање, со оваа локална власт и работата на градоначалникот Илија Јованоски.

Зakaните дека со „хилти“ ќе се влегува по угостителските објекти, високите kaзни за занаетчиите, кои што беа принудени да ги затвораат своите дуќани и бизниси, а некои и тутун да садат со години за да ги отплатат долговите за извршните решенија, поради енормно високите казни се одлика на претходната власт, која што на локално ниво беше на чело со ексградоначалникот Марјан Ристески.

Општина Прилеп работи согласно со закон и го осудува секој политички обид со невистини, лаги и манипулации,а особено со политика на двојни аршини и хипokpизија, да се собираат дневно-политички поени од граѓаните.

Последица од владеењето на претходната власт е изумиpaњето на бројните занаети, затворањето на десетици дуќани во чаршијата, иселувањето на младите во странство. Но, оваа локална и централна власт вложуваат напори да се олесни функционирањето на занаетџиите, на дуќанџиите, да се стимулира стопанството. Наместо изрекување на високи глоби и ставање катанец на вратите на дуќаните, оваа власт за секој пропуст првин ги опоменува бизнисмените, прави измени и на даночната политика, презема низа мерки кои што се во насока на развој на стопанството, отворање на нови работни места и мотивирање на младите, своите перспективи да ги наоѓаат во својот град и својата држава”.

Димовски: Сите очекуваа да научат нешто, тие уште послабо работат, не ги бива!

Сите очекуваа да научат нешто, тие уште послабо работат. Полоши се од самите себе, ова не се поправа, пишува Илија Димовски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, на својот Фејсбук профил.

Во продолжение следува неговиот статус:

2018 година, СДСМ на власт, економски лоша година: капитални расходи во првите три месеци само 29 милиони € или само 7,46% од предвидените средства…

2019 година, СДСМ уште малку на власт, економски изгубена година: капиталните расходи во првите три месеци се уште пониски и помали и изнесуваат само 26 милиони € или 6,21% од предвидените средства…

Сите очекуваа да научат нешто, тие уште послабо работат! Полоши се од самите себе! Ова не се поправа! НЕ ГИ БИВА! Ова треба да заврши поскоро!

П.С. Капиталните расходи во буџетот се оние средства што државата ги користи за поправање и правење на болници и училишта, за градење и реконструкција на патишта, за нови градинки, за водоводи, за канализациони системи, за хидросистеми, за нови театри, за нови спортски сали, за изградба на колектори, за се што значи градба и реконструкција…

П.С.С. Годинава имаме историски најголем буџет и зголемени даноци и историски најмалку пари за граѓаните…

Дибиров: “Благодарам за сè Македонијо и Македонци”

Ракометарот на Вардар, Тимур Дибиров, пред вечерашниот прв четвртфинален дуел во Лига на шампиони со ПИК Сегед во СЦ „Јане Сандански“ се обрати преку Инстаграм.

„Пocледен натпревар МК. Благодарам за сè Македонијо и Македонци“, напиша левото крило на вардарци пред последниот настап на домашен терен во ЛШ сезонава покрај фотографијата од славењето на плоштадот „Македонија“ на европската титула во 2017 година.

Првото странско зacилување за Вардар по преземањето на клубот од Сергеј Самсоненко, кој најави зaминyвање по зaвpшyвањето на сезонава, за следната се поврзува со Мешпков Брест.

ВМРО-ДПМНЕ: “Заев бил фpaпиpaн синоќа од овие факти, што значат пораз од 5.000 гласа во Прилеп на 5-ти мај?” (Видео)

Почитувани прилепчани, почитувани херои, граѓани со истенчен политички сенс. Дебакал на СДСМ во Прилеп синоќа, дебакл каков што немало до сега. И тоа, по метлата на 21 април е најава за тотално генерално чистење на 5 мај. Истакна на денешната прес конференција Влатко Петкоски, портпарол на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост:

„ЗАЕВ СЛУШНА ОД СВОИ СОПАРТИЈЦИ ДЕКА ПАРТИЈАТА ВО ПРИЛЕП МУ Е ГРУПА ОД КРИМИНАЛНО ЗДРУЖЕНИЕ ШТО ГО УНИШТУВА ПРИЛЕП.

Еве што забележаа Заев И Пендароски синоќа од местото каде што ја прогласија двојазичноста на Прилеп, и новото име на МАКЕДОНИЈА, именка што синоќа не ја споменаа туку ја заменија со нашата земја.

Срамно, болно, понижувачки. Прво го видоа хаосот во старата чаршија и мега објектите на функционерите на СДСМ . За нив ќе изгубат 5000 гласа на 5-ти мај

Ги видоа тажните лица на пензионерите, кои ги лажеа за повисоки, а добијаа пониски пензии.

Ги видоа работниците од Еурокомпозит кои ги молат за плата 28 месеци, дури нивните функционери се расфрлаат со народни пари. Видоа повисоки сметки за 60% за вода. Го видоа најнеспособниот Градоначалник кој шајка нема заковано 18 месеци. Слушнаа дека спортот во Прилеп изумре, дека фудбалот и ракометот не постојат откако победи СДСМ.

Видоа преплашени директори од заканите дека ако изгубат ќе бидат разрешени, а нивните пресновработени ќе бидат избркани. Видоа дека на 5ти мај ќе доживеат катастрофа во Прилеп.

Но, едно е добро за Прилеп, дувлото на непотизмот, на рекетот, на хаосот, добро што вчера Заев и Пендароски ги слушаа само непотистички нововработените административци и нивните уценети баби и дедовци , а и оние на кои им е лажно ветено вработување по 5 ти мај.

Почитувани, синоќа СДСМ од Прилеп доживеа тежок удар од народот, исто како на 21 април, и свесни се и тие дека ГЕНЕРАЛКАТА и нивното чистење започнува на 5ти мај.

Го повикуваме ОЈО Прилеп по допрен глас да покрене истрага за тоа за какво злосторничко здружување станува збор во Прилеп, со оглед дека на синоќешната трибина на СДСМ и Пендаровски, граѓанин посочи дека во градот постои група на луѓе кои функционираат на таков начин“, истакна Петкоски.

Витаминка доби специјална награда за добар пример во областа на безбедност и здравје при работа

Витаминка доби Специјална награда за добри примери во областа на безбедност и здравје при работа од Министерството за труд и социјална политика и Националниот совет за безбедност и здравје при работа. Со ова високо признание се истакнуваат и потврдуваат континуираните активности во компанијата насочени кон значењето, улогата и неопходното унапредување на безбедноста и здравјето при работа на своите вработени.

Според организаторот на доделувањето на наградите, практиките на компанијата се прилагодени на крупните промени кои се случуваат во однос на работата, земајќи ги предвид технолошките, демографските промени, одржливиот развој, климатските промени и промените во делот на организацијата на работата.

Доделувањето на годишната награда е по повод одбележувањето на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа и се спроведува со поддршка од Канцеларијата на „Friedrich Ebert Stiftung“ – Скопје. Се доделува на компании коишто се истакнале со своите активности во насока на безбедност и заштитата при работа.

Пародија: “Многу метли пред Општина Прилеп – Најголемата за Миле Талески, заради дебаклот како што рече бивш функционер синоќа?” (ФОТО)

Meтли со ликовите на функционерите од СДСМ осамнаа пред Општина Прилеп денеска.

Идејата за ваква пародија веројатно потекнува од најавената чистка на премиерот Зоран Заев во своите редови.

Прилепчани на социјалните мрежи се пошегуваа дека најголемата метла е за Миле Талески, претседателот на ОО СДСМ Прилеп и Советот на Општина Прилеп, кој можеби е најодговорен за лошиот резултат во првиот круг на претседателските избори на СДСМ во Прилеп.

Апасиев повикува на гласање: Бојкотот е контапродуктивен

Димитар Апасиев од Левица повикува на гласање во вториот круг на претседателските избори кои се закажани за 5 мај. Според него, бојктотот на изборите е контраподуктивен.

– После рекордно малата излезност од 41% во првиот круг на претседателските избори, со која граѓаните отворено му удрија шамар на двопартизмот СДСМ-ДПМНЕ, во левичарските и либералните, па дури и во конзервативните кругови, насетувам сè посилна наклонетост кон филозофскиот идеализам, како наклон кон контрареволуционерни настроенија. Затоа, како еден од првите што го започнаа движењето #Бојкотирам за време на референдумот за илегалната промена на името, а по отворените прозивки на луѓе кои навистина ги почитувам, за тоа: „Кој е ставот на Апасиев за овие избори?“ – чувстувам морална должност кон јавноста да ја изразам мојата сегашна јасна и недвосмислена антибојкот-позиција!, вели Апасиев.

Целата статија можете да ја прочитете на РЕПУБЛИКА.МК

Не ја истурајте водата во која ги варите јајцата – Еве за што можете да ја употребите

Водата во која ги варите јајцата може да биде искористена за повеќе намени.

Оваа вода е одлична за вашите растенија. Растенијата сакаат калциум, а калцуиумот го има во водата во која се вареле јајца. Калциумот помага за одржување на добра pH вредност на земјата.

Неутрална земја, која има pH вредност меѓу 6.0 и 6.5 му нуди на растенијата идеална околина за преземање на хранливи материи кои се потребни за раст и развој.

Важно е водата во која се вареле јајца да ја оставите да добие собна температура пред да ја турите кај растенијата.