НЕМА ДА ГО ТРГНЕТЕ ПОГЛЕДОТ: Декорација на јајца која ќе ве воодушеви

Можеби за оваа година е касно, но затоа оваа идеа можете да ја искористите за до година. Направете сами “мермерни јајца” со помош на “water marbling” техниката.

Потрбни ви се: Син лак за нокти, варени јајца, пластичен сад, ракавици, предмет за мешање, држач за сушење, ацетон и вода на собна темпреатура.

Подготовка:

Наполнете 1/4 вода во садот. Ако водата која ја користите не е доволно топла, лакот кој ќе го ставите во неа ќе падне на дното.

Додадете неколку капки лак за нокти и внимавајте тоа да го направите брзо, бидејќи лакот брзо се суши.

Полека промешајте ја водата и лакот, а на тој начин ќе креирате изгледа на мермер.

Во текот на целото време носете ракавици, бидејќи ќе имате проблем да го отстраните целиот лак кој ќе се заплепи на вашите раце.

На крај извадете ги јајцата и оставете ги на сушење.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.