дома блог страница 3338

Бронзен медал за Иван Танески од ППК Младост 96 на Државното првенство во пинг понг за пионери (ФОТО)

Во организација на ППК Младост 96, под покровителство на ППФМ, во салата на ООУ “Добре Јовановски”, се одржа Државното првенство во пинг понг во пионерска конкуренција, за играчи до 15 години.

Радува фактот што има големата масовност на натпреварувачи во оваа категорија. Учествуваа над 70 натпреварувачи од 15 клубови во државата. ППК Младост96 настапи со 14 свои натпреварувачи и беше клуб со најголем број на натпреварувачи.

Иван Танески од ППК Младост96 беше играчот кој освои бронзен медал во игра на двојки заедно со Иле Јованоски од ППК Крушево. Со овој медал на Танески, ППК Младост96 почнува да се вбројува во клубовите кои во иднина ќе бидат меѓу најдобрите и во пионерските категории.

Ова е успех за почит, успех за досегашната работа со школата на ППК Младост96. Во поединечна конкуренција одличен резултат постигна и Лука Огненоски пласираќи се меѓу 16 најдобри пионери.

За влез меѓу 8 најдобри во неизвесен натпревар изгуби од Б.Цветкоски од ППК Студент-Скопје. Во машки двојки Иван Танески и Иле Јованоски покрај тоа што освоија бронзен медал, треба да жалат за пропуштената шанса да се пласираат во финалето, бидеќи во полуфиналето беа на поен до пласман во финале водеќи 2-1 во сетови и 10-7 во четвртиот сет.

Но, на крај го загубија натпреварот и борбата за финале. Покрај Иван Танески и Лука Огненоски, одличен настап имаа и Наум Наумоски, Давид Богданоски, Димитар Мијајлески, Димитар Андоноски, Камечија Стојческа, Марко Стојаноски и Масимо Гически.

Нови државни прваци во пионерска категорија се Даниел Главевски од ППК Пелистер Битола во машка и скопјанката Сара Стојановска од ППК Крива Паланка. Во машки двојки Лука Дворник и Борјан Цветкоски од Скопје, женски двојки Софија Хасану и Фани Јованоска од ППК Крушево, а поединечните шампиони беа прваци и во мешани двојки, Главевски и С.Стојаниовска.

Одлична организација на ППК Младост96.

УХМР СО ВОНPEДНА ВРЕМЕНСКА НAJАВА: Поради cтyдената вoздyшна мacа, ќе oпaднат темпеpaтурите!

Поради спуштање на студена воздушна маса утре ќе дyвa зacилен севepозападен ветep што ќе пpeдизвика позначително oпaѓање на температурите, соопшти УХМР.

Претпладне во западните делови ќе има ycлови за cлaб дoжд, а на повисоките планини ќе пpoвејува снег.

Во среда утрото ќе биде cтyдено, на места со нeгaтивни утрински температури, но преку денот ќе преовладува посончево и потопло време.

Лоkaлни вpнeжи ќе има и во четврток и петок.

Ѓурѓовден е голем празник: Еве што според народните верувања значи ако загрми денеска

Го славиме големиот празник Ѓурѓовден, а има посебно значење ако денеска загрми.

Овој празник се смета за граница меѓу зимата и летото и врзан е за здравјето на домашните, женидба на младите, плодност на стоката, добри посеви…

Се верувало дека ако на Ѓурѓовден е ведро, ќе биде плодна годината, а ако на овој празник врне дожд, летото ќе биде сушно.

Порано се верувало дека колку недели пред Ѓурѓовден ќе загрми, толку товари жито ќе има таа година.

Ја нарекоа чудото од Македонија кое ќе растура на Балканот: Антониа Гиговска одново го остави жирито без зборови (ВИДЕО)

Антониа Гиговска продолжува со своите неверојатни настапи на музичкото талент шоу “Пинкови ѕвездички”. Taa на најновото издание настапи со хитот на Ријана “Where have you been”.

Членовите на жирито од самиот почеток ги подигнаа сите пет столици.

“Големо благодарам на чудото од Македонија, кое наскоро ќе започни да растура по Балканот. Овој квалитет го заслужува тоа”, рече Милан Станковиќ за настапот на Антониа.

“Драго ми е што ја избра оваа брза песна. Ти ја гризеш Ријана и секоја ти чест”, рече Кристина Кија Коцкар.

Погледнете го овој прекрасен настап на нашето чудо од девојче:

Стоилов: “Ракометот не е само пари!” (ВИДЕО)

“Покажавме карактер, покажавме дека ракометот не е само пари”, порачa после синоќешниот дуел со Пик Сегед иконата и капитенот на Вардар, кој синоќа третпат по ред се пласираше на Фајнал фор турнирот во Келн.

(Видео)АЛБАНСКИ ЗНАМИЊА ПРЕД ШТАБОТ НА СДСМ: Зурли, тапани и албански знамиња слават победа!

Пред седиштето на СДСМ вечерва веќе се слави извесната победа на Стево Пендаровски за нов претседател на државата.

Албанците го избираат новиот претседател на Македонија

Со зурли и тапани се слави и пред штабовите на партијата. На снимката присутните вијат македонско оро, мавтаат албанско знаме.

Извор: infomax.mk

Груби: ДУИ избра спикер, ДУИ избра премиер, ДУИ избра претседател

Артан Груби, организацискиот секретар на ДУИ, по завршувањето на гласањето во вториот круг од претседателските избори објави статус на Фејсбук и во истиот напиша дека Али Ахмети и ДУИ одлучиле кој ќе биде спикер на Собранието, премиер на Владата и претседател на државата.

-Али Ахмети и ДУИ прават Претседатели на Собрание, Али Ахмети и ДУИ прават Премиери, Али Ахмети и ДУИ прават Претседатели на државата. Без Али Ахмети и ДУИ не ја бива работата, напиша Груби.

ВО ЖИВО: Прес- конференција на ВМРО-ДПМНЕ

Во просториите на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ во 19:30 часот ќе се одржи прес конференција за медиуми.

На прес-конференцијата ќе се обрати Игор Јанушев – Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски: Излезете и гласајте, да им кажеме дека народот управува со Македонија!

Во последните минути од гласањето сакам да истакнам неколку работи. Колку тие удираат и притискаат ниско, ние ќе ги победиме повисоко. Сега е моментот кога треба да се биде гласен, да се има став и да се казнат оние кои потценуваат, се препелкаат, притискаат и манипулираат. Тие мислат дека управуваат со животите, да им кажеме дека народот управува со државата. Излезете и гласајте за Македонија, за татковината, за вас, вашите најмили, за заедничката иднина.

Ова го напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на Фејсбук.

-Вие сте сами позади параванот, господар на вашиот глас. Не ја пропуштајте оваа можност да кажете што мислите. Гласајте со чест, која сакаат да ни ја земаат, со достоинство кое пробаа да ни го нарушат, со пркост кој сакаат да ни го стишат. Сега и требате на нашата земја, и требате на Македонија. Не делат милиметри од победа, заеднички да ги изодиме. И по години од сега со гордост заеднички да се потсетуваме, 5 мај беше денот кога народот и го зададе најголемиот удар на власта, и се избори за правда. За Македонија!, додава Мицкоски.

ДИК СО НОВИ БРОЈКИ: Еве колкава е излезеноста до 17 часот во Македонија

Излезноста во вториот круг на претседателските избори до 17 часот е за 4% повисока отколку во истото време во првиот круг.

Според официјалните податоци на ДИК соопштени на прес-конференцијат во 17 часот, во вториот круг излегле 38,26% од запишаните гласачи.