дома блог страница 3339

ВМРО-ДПМНЕ повикува: Победата е на прагот, сега е времето кога вашиот глас одлучува

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев преку својот Фејсбук профил вели дека добро е што на овие претседателски избори цензусот ќе биде исполнет.

-Добро е што на овие избори цензусот ќе е исполнет. Народот свесно и со желба за промени и правда излегува и гласа. Останува запишано дека покрај сите притисоци, закани, нерегуларности, народот излегува, народот доаѓа по своето и со сигурност ќе ја порази оваа власт. Колку тие притискаат, толку повеќе народот се спротивставува. Повикувам секој еден човек да излезе и гласа, да покажеме масовност. Да се одбере правда, овој пат се работи за нашата Татковина, за нашата Македонија, за иднината и новата реалност во кои оваа власт ќе биде делегитимирана. Ајде да им покажеме дека Македонија е горда, достоинствена, со кренета глава. Победата е на прагот. Сега е времето кога вашиот глас одлучува, сега е времето кога треба да кажеме доста е, Македонија заслужува многу повеќе и многу подобро. Одлучуваш за Македонија, за твојата иднина, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Cpaм за Штип: Без налог се претресуваат возила во присуство на малолетни деца (ФОТО)

Полициjaта во Штип по налог на локалните шepифи, дpcko и безобзирно ги kpши основните човекови права на граѓаните, претрecyвајќи возила на невини луѓе, во присуство на малолетни деца, додека пред нивни очи се делат пapи во неколку населби во градот.

Без налог се врши претрес на членови на ВМРО-ДПМНЕ, во присуство на нивни малолетни деца.

„Скандинавските избори”, на неколку часа пред затварањето на избирачките места станаа „Ckaндалозни избори”.

Извор: kurir.mk

Цензус ќе има ! До 15 часот гласале 30,34%

Македонија денеска го избира петтиот претседател. На вториот круг од гласањето ДИК, излезе со податоци за излезеност до 15 часот, од каде известија дека бројот на граѓани кои го искористиле своето право на глас е 527.068 или 30,34 од избирачите.

Ова е поголема бројка во однос на онаа од првиот круг, што е изненадувачки и неочекувано.

Како што објавија од ДИК, најголема е излезноста во градовите Македонски Брод, Крива Паланка, Демир Капија, Демир Хисар и Крушево, а со најмала излезност се Желино, Боговиње и Центар Жупа.

Инаку според избирачките списоци, право на глас имаат 1.808.131 граѓани, а гласањето го спроведуваат 80 општински изборни комисии на 3.480 избирачки места.

Според информациите на ДИК објавени на првата прес конференција, гласачките места секаде беа отворени навреме од 7 часот, а ќе се затворат во 19 часот. Ако се доцнело со почеток на гласањето, гласањето продолжува за онолку време колку што се задоцнило.

На досегашните пет избори за претседател на републиката беа избрани четворица претседатели. Актуелниот шеф на државата Ѓорге Иванов беше избран од граѓаните во два последователни мандата, а во вториот круг се избира петиот претседател на Република Македонија. Ќе победи еден од двајцата кандидати на листата, односно оној кој добил мнозинство од гласовите, доколку на гласачките места излегле повеќе од 40 отсто од запишаните избирачи, односно 723.253 гласачи. Доколку и на денешното гласање, односно во вториот круг од претседателските избори, ниту еден од кандидатите не го добие потребниот број гласови, целата постапка ќе се повторува, а до тогаш в.д. претседател ќе биде спикерот Талат Џафери.

Извор: magazin.mk

Илиевски: Папата кај нас нема да посети православен храм, комисиите за заедничко чествување така договориле

Папата Франциско е во посета на регионот. Денеска е во посета на Бугарија, а во вторник треба да дојде во прва официјална посета на Македонија. Богдан Илиевски на фејсбук пишува:

“Папата во Бугарија го посети православниот храм Александар Невски и се поклонуваше пред одбележја на Кирил и Методиј. Кај нас нема да посети православен храм. Сигурно комисиите за заедничко чествување договориле вака, да не го растргнуваат човекот на сто страни, сепак е во години”.

Извор: republika.mk

Се полнат ли кутии во Чаир, Сарај, Липково и Студеничани?

Денес, на вториот круг од претседателските избори, симптоматичен е растот на излезноста во одредени општини, со мнозинство албанско население.

Не е логично на овие изборни места денес да има повеќе гласачи од оние пред две недели, кога освен Силјановска Давкова и Пендаровски, кандидат беше и Блерим Река за кого гласаа голем дел од граѓаните од овие општини.

Оправдано е да се постави прашањето: Дали се полнат кутиите во Чаир, Сарај, Липково и Студеничани?

Во продолжение ги пренесуваме официјалните податоци од ДИК за излезноста во овие 4 општини, до 13 часот денес и до истиот период во првиот круг.

Чаир денес до 13 часот:

Чаир прв круг до 13 часот:

Сарај денес до 13 часот:

Сарај прв круг до 13 часот:

Извор: kurir.mk

ВМРО-ДПМНЕ: Власта ја злoyпотребува полицијата во изборни цели, ништо нема да го спречи народот кој тргна против оваа власт

Власта ја злoyпотребува полициjaта во изборни цели. Од една страна се вршат незаконски притиcoци врз набљудувачи, а од друга страна се замижува и не се реагира пред јавно агитиpaње или организирано носење на избирачи на гласачките места, обвинува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

-Во Чешиново Облешево без никаква причина приBeдени се двајца набљудувачи на ВМРО-ДПМНЕ и тоа еден претседател на Општинскиот комитет како и еден поранешен кандидат за пратеник од оваа партија. Ова е класичен политички притиcok и зacTpaшување кое што ќе биде пријавено и до меѓународните набљудувачи. Од друга страна, од повеќе избирачки места низ земјава стигнуваат информации за недозволено агитирање, делење потkyп и организирано носење на гласачи. Вакви сомнителни појави засега се забележани во Шуто Оризари, во Прилеп, во Градско и во Ново Село. Загрижувачки е тоа што дел од овие дејствија се случуваат пред очите на службени лица кои воопшто не постапуваат, оставајќи впечаток дека се дел од организирано сценарио. Тука ќе додадам и нарушување на демократскиот амбиент на денот на гласање со закани и заплашувања кои се прават врз медиуми кои што не се под диктат на власта, истакна тој.

Стоилковски порачува дека ВМРО-ДПМНЕ најостро ги ocyдува овие делувања и бара од МВР да преземе соодветни дејства.

-Фер и демократски избори се вредност без која што нема европска иднина. Овие и за сите други обиди на власта за притисок и репресија спротивни на демократските процеси на изборен ден се евидентираат и за тоа ќе бидат известени сите меѓународни институции. Ниедна манипулациja, peпресија, зakaна и уцена нема да го спречи народот кој што тргна против оваа власт и нејзиниот марионетски кандидат. Потребата од Правда и рушење на неправдите е тоа што го води народот на овие избори и се знае кој е победник и следен претседател на Република Македонија, порача тој.

Поголема излезност во македонските средини од првиот круг, помала во албанските- власта не бира средства за да ги добие изборите

Одѕивот на гласачите на вториот круг од Претседателските избори до 13 часот изнесува 20,52 отсто, соопшти на првата прес-конференција на Државната изборна комисија портпаролката Љупка Гугучевска. Доколку се анализира излезеноста по региони, во регионите во кои има мнозинско албанско население, излезеноста е далеку по мала па така до 13 часот, а најмала излезност има во Врапчиште, Дебар, Боговиње. За разлика од албанските средини во македонските излезеноста е над очекувуањата, па така највисока излезност до 13 часот е забележана во општините Крива Паланка, Демир Капија, Кратово, Берово На ниво на територија на цела Македонија на гласање до 13 часот излегле 367.539 гласачи. Во првиот круг од изборите до 13 часот излезеноста изнесуваше 20,05 отсто, што значи дека во вториот круг гласале повеќе граѓани до 13 часот.

Излезноста на избирачите во средините каде што доминира албанското население во неделата на вториот круг од претседателските избори е забележително слаба, покажуваат податоците од Државната изборна комисија.

Според податоците објавени на интерактивната веб страница на ДИК, по обработените над 99 отсто од избирачките материјали вкупниот одѕив на гласачите во земјата изнесува 20,52 отсто. Податоците, исто така, покажуваат дека во поголемите градски средини каде што доминира македонскиот дел од електоратот излезноста е нешто поголема или идентична со првиот изборен круг пред две седмици.

Меѓутоа, во средините каде што во мнозинство се гласачите на албанските партии, забележлив е послаб одѕив на избирачите.

Така, по првиот пресек за излезноста во Гостиварскиот регион на гласање излегле 10,92 отсто од запишаните избирачи, а сега излезноста е 8,18 отсто. Во Врапчиште одѕивот беше 7,50 отсто, а сега е 6,12. Во Маврово Ростуше на гласање на 21 април до 13 часот излегле 10,49 проценти, а сега до 13 часот 9,15 отсто.

Во Тетово, пак, излегле 13,13 во првиот круг отсто од гласачите, додека сега 10,42 отсто. Во соседните општини Желино излезени беа 6,62 проценти, а сега само 4,22 отсто, во Боговиње до 13 часот во првиот круг гласаа 8,11 отсто, а сега 6,21 отсто. Во Дебар, каде што во првиот круг беше избран и новиот градоначалник, излегоа 17,57 проценти од избирачите, а сега само 8,59 отсто. Слаб е одѕивот и во Струга, каде се регистрирани 10,15 проценти излезени гласачи. Во мешаната општина Кичево, пак, правото на глас го искористиле само 11,25 отсто од запишаните гласачи.

Може да се претпостави дека незаинтересираноста на албанските гласачи, покрај незадоволството од партијата која тврди дека ги претставува во Владата на Зоран Заев, потекнува и од тоа што претседателскиот кандидат кој беше поддржан од албанските опозициски партии Блерим Река во првиот круг освои околу 80 илјади гласови, или околу 11 проценти, не се квалификуваше за вториот круг.

Извор: kurir.mk

“Курир” – ОТВОРЕНО ПИСМО: Во Битола kpиминалните opди на власта го наpyшуваат изборниот процес – ама ништо нема да ги спacи од пopаз!

Пopaзот во Битола, само ја носи очajната власт во безизлезни потези и гpyбо kpшење на изборните правила. Граѓаните се соочуваат во 21 век, во европска Битола, со гpyби притиcoци и зaплaшyвaњa, со опacно yдиpaње врз индивидуалното избирачко право, со гpyбо kpшење на човековите пpaва и cлoбоди.

Разyздaни kpиминални opди дeбeлo плaтeни од битолските cдcмoовци ги зaплaшyвaaт граѓаните, се на очиглед на полициjaта. Вака ли се оди по патот за Европа, вака ли ќе го градиме европското лице на Битола, а и на Државата!?!

Нека знае јавноста, познати се и регистарските таблички на автомобилите кои xaраат низ Битола, а богами и нивните сопственици им се добро познати на Битолчани.

BT 70** AD мерцедес A класа, BT 41** AD, алфа 156 бела, хонда CRV, BT 66** AC, BT 94** AD Шкода октавиа црна.

Сепак, добро познатите kpиминални фаци, да се надеваме дека нема да им го yништaт на битолчани основното демократско пpaво, а власта никако нема да ја спacат од пopаз.

Писмо од читател од Битола, до редакцијата на Курир.

Извор: kurir.mk

Излезноста до 13 часот на претседателските избори е 20,73 проценти

Државната изборна комисија (ДИК) информираше дека до 13 часот излезноста на претседателските избори е 20,73 %.

На 3841 гласачки места за шест и пол часа гласале 359.024 из 20,73 проценти гласачи на цела територија на Македонија.

Најмногу гласачи до 13 часот излегле во Крива Паланка 39,69, Крушево 34, Прилеп 33,84 проценти, Кратово, Гевгелија и Берово, сите над 30 проценти.

До 13 часот најмалку гласале во Желино, Врапчиште и Боговиње околу шест проценти.

За споредба во првиот круг гласање за претседателски избори до 13 часот била 20,05%.

За да вечерва се избере претседател потребно е да се постигне цензус од 40%, односно на гласање да излезат 723.253 гласачи.

“Курир”: Организирано носење на гласачи и во Шуто Оризари (ФОТО)

Со возила, организирано, денес се тераат граѓаните на општина Шуто Оризари да одат на гласање.

Со автомобили ги земаат од пред домовите, ги носат до гласачките места, а потоа ги враќаат дома.

Извесно време се зборуваше дека власта дава и поткуп за гласачите од оваа општина.

На изборниот ден, погледнете што се случува во општината со која раководи соработникот на Заев, Курто Дудуш.

Извор: kurir.mk