дома блог страница 3337

Ракометарите на ВАРДАР пречекани како национални херои (ФОТО)

Ракометарите на Вардар, кои синоќа испишаа историја со третиот пласман едноподруго на завршниот турнир од Лигата на шампионите, попладнево добија величествен пречек од неколку илјади навивачи и симпатизери пред СЦ „Јане Сандански“ – oбјави “Експрес.мк”

Поразот од 29:25 против ПИК Сегед во Унгарија, доволен за нов настап на фајналфорот на 1 и 2 јуни во Келн, беше прославен како победа од насобраните на платото пред влезот на ракометниот храм во скопски Аеродром.

Како и во Сегедин по мечот, тренерот Роберто Парондо заврши на рацете на навивачите, а играчите буквално не можеа да излезат од автобусот од навивачите што сакаа да ја споделат радоста со нив.

Европскиот шампион од 2017 година утре ќе го добие противникот во полуфиналето меѓу ривалите од групната фаза сезонава – Барселона, Веспрем и Кјељце.

Целата ФОТО ГАЛЕРИЈА погледнете ја ТУКА

ФОТО: Неверојатна глетка на Ѓурѓовден – зимата се врати во регионот, се е завеано во снег

Во некои балкански земји времето личи на вистинска зима, иако е пролет. Снег има во Босна и Херцеговина.

Во повеќето градови температурите се под просекот за мај, а за време на викендот и денеска, на некои места наврна и снег. Снегот ги покри зелените гранки на овошките и ги загрижи земјоделците. Температурата е до пет степени.

Снег има во Босанска Краина – Приједор, Босански Петров и Цазин, и во Чемерно.

“Самка Ибраимоски министер за труд и социјала??”

Од Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) на пратеникот Самка Ибраимоски му ја честитаат победата на Стево Пендаровски и нагласуваат дека тие го направиле цензусот од Шуто Оризари. Ако заигра метлата, лидерот на оваа партија вели дека тие треба да го добијат Министерството за труд и социјална политика.

– Преку активната работа на сите наши ограноци низ цела држава, а посебно нашиот огранок во Шуто Оризари ние успеавме во општината Шуто Оризари и низ целата држава да донесеме значајна победа за нашиот претседател. Донесовме огромен број гласови како во Шуто Оризари така и во сите општини. Нека не се китат другите партии во коалицијата со нашите резултати. Ние имаме неуспорени докази од терен кои го докажуваат фактот дека нашата партија го донесе и цензусот и победата на претседателот на оваа држава – вели претседателот на партијата, Ибраимоски.
Од неговата партија очекуваат, како што велат, Заев да ја пушти метлата да заигра и во сопствените редови, но и во коалицијата со цел да има поуспешна и поефикасна Влада и институции кои ќе работат за сите граѓани.

– Доколку заигра метлата, ПЦЕР го бара местото – Министер за труд и социјална политика поради тоа што ние знаеме како да го раководиме тоа Министерство, а и имаме адекватен кадар кој би работел со цел да им помогнеме прво на сиромашните граѓани затоа што сиромаштијата не познава етникум, религиска ниту било каква припадност – вели Ибраимоски.

(Видео) Најсмешното нешто што ќе го видите денес: Мачка се обидува да фати риба под замрзнато езеро

Езерата во Сибир, поголем дел од годината се замрзнати. И поради тоа што мразот е “дебел”, голем број риби изymиpaaт и остануваат под површината на мразот.

А потоа на сцена настапува мачка која упорно се обидува да фати риба која е замрзната на површината од езерото, но никако не и оди од рака.

Кога алигаторот, наместо поштарот ти ѕвони на врата (Видео)

Неверојатно видео е снимено во Јужна Каролина, САД, од сопственикот на куќа во Миртл Бич – алигатор доаѓа пред вратата на куќата, се крева и ѕвони на ѕвончето.

На виралното видео се гледа како алигаторот се крева и се обидува со едната нога да го допре ѕвончето.

Иако за газдарицата станува збор за многу возбудливо видео, нејзините соседи не мислеле така – тие биле шокирани од тоа што го гледале, па им се јавиле на надлежните служби да го отстранат непоканетиот гостин.

Тие тоа го сториле, но на соседството им укажеле да не креваат паника зашто толку мал алигатор не е опасен за човекот.

(Видео) Шоу на Србинот за време на прес-конференција за медиуми! Цела Америка зборува за неговата реакција

Фантастичниот центар на Денвер, Никола Јокиќ, до солзи ги насмеа новинарите на прес-конференција за медиумите по победата во Портланд.

Никола седна на столицата и се обиде да го земи микрофонот, но употреби преголема сила. Неговата реакција беше урнебесна! Направи комична гримаса, а потоа рече:”Некој го скршил”. Новинарите се смееја на глас. Видеото стана хит на социјалните мрежи.

ВМРО-ДПМНЕ: “Поткуп, закани, уцени не го спасија Миле Талески и злocтopничkoто здружување од катастрофален пораз во градот херој? Секоја чест прилепчани!!” (Видео)

Прилеп вчера покажа дека е на страната на правото и правдата, прилепчани вчера покажаа дека љубовта кон Македонија им е преголема и не подлегнаа под сите закани, уцени, притисоци како и поткупот кој се вршеше во нашиот град – истакна на денешната прес конференција Петар Ристески, претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Прес конференцијата во продолжение ја пренесуваме во целост:

“Прилепчани ја донесоа победата за ВМРО-ДПМНЕ во градот херој со 1600 гласа разлика, и со тоа испратија јасна порака дека не се согласуваат со погубните политики на Зоран Заев и најнеспособната власт во Македонија, која освен пустош, продажба на името, идентитетот, мизерна економија, катастрофално здравство, образование, непотизам, повисоки сметки за 60% за вода, криминал на секој чекор, не понуди ништо друго.

Во текот на вчерашниот ден, имавме изборен процес на кој беа забележани низа нерегуларности.
Не помогнаа ниту заканите од партиски функционери од редот на СДС кон нивните вработени, не помогнаа ниту уцените, ниту лажните ветувања за вработувања, не помогна ниту поткупот на гласачи во населбата Тризла, за кој неколкупати алармираа набљудувачите во ова место за што беше известена полицијата во Прилеп, во Скопје, како и претставници на ОБСЕ.

Потестуваме дека поткупот при избори и гласање е кривично дело регулирано во член 162 од Кривичниот законик и за истото дело е предвидена казна затвор од најмалку 5 години. Го повикуваме Основното јавно обвинителство во Прилеп, по допрен глас, да поведе постапка со цел да утврди кривична одговорност кај можните сторители на ова дело. За ваквото противзаконско однесување од страна на одредени поединци мора да има и ќе има одговорност!

Почитувани,
Сакам да изразам благодарност до сите граѓани кои не потклекнаа вчера пред валканите игри и останаа свои на своето, достојни, горди и храбри, давајќи го својот глас за право и правда, за честита Македонија! Ви благодарам од се срце! Она што сакам да го порачам е дека продолжуваме заедно, сплотени, до конечен пад на оваа ненародна власт! Само така Македонија ќе продолжи да чекори напред”.

ВЛАДАТА ОДЛУЧИ: Утре сепак е неработен ден- еве за кого

Владата го прогласи 7 мај за неработен ден за сите вработени во јавната и државната администрација на територијата на Град Скопје поради посетата на папата Франциск.

-Согласно последните организациски проценки поврзани со протоколот за посетата на Неговата светост папата Франциск, и согласно потребите и барањата на институциите и граѓаните, Владата на Република Северна Македонија донесе одлука утрешниот ден, 7 мај (вторник), да биде неработен ден за сите вработени во јавната и државната администрација на територијата на Град Скопје, соопшти попладнево владината прес-служба.

Со оваа одлука се опфатени основните и средните училишта, а градинките ќе бидат организирани непречено да ја извршуваат својата функција.

-Владата им препорачува и на приватните компании, особено од централното градско подрачје да ја прифатат одлуката овој ден да биде неработен и за вработените во овој сектор, и на тој начин да го дадат својот придонес во организацијата на програмските содржини од посетата на папата Франциск. Дополнително ќе биде соопштено кој ден ќе биде определен за да се одработи утрешниот неработен ден, се наведува во соопштението од Владата.

Героски: ВМРО-ДПМНЕ се етаблираше како водечка сила во земјата!

Уредникот на Слободен Печат, Бранко Героски, во својата денешна колумна прецизно ги анализираше изборните резултати од претседателските избори од вчера.

Героски вели дека победата на Пендаровски е јасна и недвосмислена, но, во исто време се покажува дека ВМРО-ДПМНЕ се намеѓетнува како водечка сила во земјата.

Со близу 380.000 освоени гласови и со победа во поголемиот дел од македонските општини, ВМРО-ДМНЕ во овој момент се етаблира како водечка политичка сила во земјата. Тоа е факт што не може да се одрече, без оглед што ова не беа парламентарни, туку претседателски избори. Не само што се потврди, туку и се засили одличниот резултат на партијата по првиот изборен круг – пишува главниот уредник на Слободен Печат

Целата колумна прочитајте ја на следниот ЛИНК.

Министер во Владата си поднесе оставка: Од ова политичко искуство, научив дека најважно во животот е образот

Министерот за култура Асаф Адеми поднесе оставка, објавувајќи ја одлуката во партиското седиште на неговата партија Алтернатива (поранешното крило на БЕСА на Африм Гаши).

Обраќајќи се прво на албански јазик, Адеми рече дека одлуката ја донеле заедно со Гаши, појаснувајќи дека на 22 април побарал од лидерот на партијата да се повлече поради здравствени причини.

„Претседателот на партијата и пријателите од централниот комитет ја прифатија мојата одлука, но одлучивме да не го нарушуваме изборниот процес. Од ова политичко искуство, научив дека најважно во животот е образот. Јас денес не се срамам да стојам пред вас. Моето владеење беше чесно и транспарентно, останувам достапен на Антиkорупциската комисија“, изјави Адеми.

На новинарско прашање дали местото министер за култура останува во Алтернатива, Адеми рече дека останува, но премиерот Зоран Заев и Гаши дополнително ќе се договорат. Адеми ќе остане на функцијата додека не дојде новиот министер и рече дека ќе му стои на располагање..

Адеми кажа дека неговата оставка не е врзана со чистката на Заев, туку за неа се разговарало изминативе 2- 3 месеци.