дома блог страница 3290

Откако не нарече само Македонија, Стинг направи уште еден голем гест – овојпат поради Вардар

Светски познатата поп-ѕвезда Стинг го одложи за подоцна концертот на градскиот стадион во Скопје поради настапот на македонскиот првак Вардар во завршницата на ракометната Лига на шампиони.

Овој викенд сите очи ќе бидат вперени во Келн каде што се игра фајнл-фор турнирот. Легендарниот британски музичар Стинг в недела, на 2 јуни има настап во Скопје и тој се согласил концертот да го започне подоцна, затоа што се верува дека Вардар ќе игра финале на ЛШ.

Оваа информација синоќа ја сподели организаторот на овој настан.

„Со огромно задоволство Ве информираме дека менаџментот на Стинг покажа огромно разбирање на нашето барање, со желба да го споиме убавото со корисното. Бидејќи постои шанса ракометниот клуб Вардар да игра во финалето на фајнл фор во недела со почеток од 18 часот, првиот настап вечерта на Влатко Стефановски трио ќе почне во 20:30 часот, додека Стинг ќе го видиме на големата сцена во 22:00 часот. На ваков начин сите оние коишто дури и од дома би го гледале ракометниот пренос, би можеле да стигнат навреме и на концерт, соопшти Авалон.

Во полуфиналето, в сабота, во 18 часот Вардар ќе се сретне со добро познатиот противник Барселона.

ВИДЕО: Сама изградила куќа за само 9 месеци – мајка на 4 деца направила совршен дом, oва е нејзиниот резултат

Тешко е да се замисли една жена без било какво искуство во оваа област да изгради куќа на два ката со пет соби само гледајќи на YouTube.

Кара Брокинс и нејзините четири деца се жив доказ дека кога се сака се се може.

Нејзиниот најстар син, Дру, и помагал на мајка си да направи нацрт на куќата и да добие одобрение од страна на градот за изградба, а нејзината ќерка Џеда почнала да собира вода од рибникот на соседите и мешала бетон за темели, додека нејзината друга ќерка готвела оброци за сите.

Така успеала да изгради куќа за себе и за своите деца со 9 месеци работа.Поминале низ се, од копање темели до ѕидање на ѕидовите на куќата.

Кога инспекторите за прегледување на куќата дошле, биле изненадени како е се професионално изработено, не верувајќи дека тоа го изградила една мајка, без никакво знаење за градежништво.

Нивниот дом кој има библиотека, гаража за три автомобили, пет спални соби и два ката кои ги нарекле Inkwell Manor, куќата денеска вреди околу половина милион евра.

Погледнете од видеото како сето тоа изгледало и конечно како изгледа куќата која е направена само со помош на упатство од Youtube.

“Прес24”: Вчера заменик министер yдpи мотоциклист, денес министерот Бујар Османи поминува на црвено (Видео)

Бујар Османи е уловен на снимка на која се гледа дека за него не важат закони. Станува збор за видео снимка, каде токму тој, вицепремиерот Бујар Османи со службениот автомобил поминува на црвено, а вози и по ,,островот”. Оваа снимка брзо се рашири по социјалните мрежи, пишува порталот press24.mk

Следеа лавина коментари: “Нормално за нив закон не постои”, “Овој е за Формула 1 не за министер”, “Овој ли ќе не води во Европа”, “Вака никогаш нема да не примат во Европа, им завидувам на Американците”…и многу други.

-Кога си со службено возило законите не вaжaт за тебе, пишува Фуркан Салиу кој го сподели видеото.

Извор: press24

52 шамари во јавност: Девојката го шамареше, а тој не се помрдна – на полициjaта и рекол дека заслужил (ВИДЕО)

Неименуван Кинез е прогласен за жртва на нacилcтво откако девојката му удрила 52 шамари во јавност, затоа што била вознемирена бидејќи тој не и го купил најновиот модел на мобилен телефон за кинескиот празник на љубовта.

Додека поголемиот број кинески парови го славеле 20 мај, празник кој е еден од трите денови во година кога се слави љубовта во Кина, еден пар од Сичуан станале славни ѕвезди на Интернет, поради бурната реакција на девојката која од својот човек не го добила тоа што го сакала.

Погледнете:

Анастасија од Прилеп знае како да предизвика насмевка кај секого: Нејзиното креативно хоби плени и освојува (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Aнастасија Христоска од Прилеп е 23-годишна девојка која има многу интересно хоби. Со многу вештина, креативност и умешност таа креира мали украси кои пленат со својата шареноликост и изнудуваат насмевки кај секого. Овие украсни привезоци, белезици и фигури во шишенца, се добредојдени да изненадите секого, а добро ќе одговараат на вашиот клуч од автомобил, ќе прилегаат на некоја полица во домот или ќе смислите безброј начини за нешто дополнително да разубавите со нив.

Ја прашавме Анастасија за нејзиното хоби и еве ги нејзините одговори:

Како ти дојде идеја за изработка на вакви креативни изработки?

– Идејата ми дојде пред неколку години, имав слободно време и си барав некакво хоби. Најпрвин почнав да израборувам фигури со пластелин и сфатив дека ми е интересно, па истражував и ја открив оваа глина.

Од што се изработуваат овие предмети и колку време е потребно за да се креира нешто толку мало, а толку интересно?

– Материјалот е Фимо глина, еден вид на пластелин во боја, која се печи и затоа издработките се цврсти. Во зависност од сложеноста и деталите кои ги има една фигура ја изработувам од половина час до неколку часа.

Што друго освен привезоци изработува Анастасија?

Најмногу изработувам приврзоци, но и белезици, фигури во стаклени шишенца и сл.

Постои ли интерес кај јавноста и како можат да те пронајдат?

– Заинтересираноста е најмногу од пријатели и познаници кои ги виделе изработките кај мене или кај нивни пријатели, но истотака имам и фб страница Anastasija Nakit, каде луѓето можат да ги видат моите изработки и преку која ме контактираат.

Дали планираш овие креативни изработки да прераснат во бизнис идеја?

– Сега за сега ми е само хоби, во слободно време ги изработувам фигурите, не сум размислувала, но можеби ќе се посветам целосно на изработките понатаму.

Што е Анастасија по професија и кои се твоите други интереси?

– Пред неколку месеци дипломирав на сообраќајниот факултет во Битола, и моментално сум не вработена. Покрај изработката на фигури од глина слободното време го поминувам работејќи во апликации за 3Д моделирање, читам книги и сум во потрага по нови креативни предизвици.

Составот на Австрија за Европско првенство: Се живо со презиме на “ИЌ” – има ли Австриец во репрезентацијата?

Пред медиумите селекторот на австриската фудбалска репрезентација до 21 година, го презентираше составот за Европското првенство, кое идниот месец ќе се одржи во Италија и Сан Марино.

Кандидати за првиот состав се следните играчи: Александар Борковиќ, Дарио Марешиќ, Емир Кариќ, Петар Глухаковиќ, Дејан Љубишиќ, Санди Ловриќ, Иван Љубиќ, Хусеин Балиќ, Сача Хорват, Саша Калајџиќ, Адриан Грбиќ, Марко Квасина…”

На овие имиња секој би се запрашал: “Па добро ќе игра ли некој Австриец за Австрија?”

Секако, сите овие имиња се австриски државјани, но сите до еден потекнуваат од Балакнот. Ги има доволно за сите позиции, единствено им фали голман, па целиот состав би бил од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина…

Се уредува секое ќоше, никна и македонското знаме: Манастирот Св. Илија Писокал во Кален се подготвува за празникот Св. Константин и Елена (Галерија)

Манастирот Св. Илија Писокал во село Кален, мариовско, се подготвува за празникот Св. Константин и Елена, за кога се очекуваат голем број верници.

За забавата ќе се погрижат група “Плетенка” и фолк пејачот Спасен Силјаноски.

Неуморните раце на иницијативниот одбор од манастирот постојано работат, а во пресрет на празникот тие дополнително го разубавија местото.

Поставено е осветлување во дворот, а направија и големо македонско знаме кое ќе ги пречекува гостите.

Во манастирот се гради и камбанаријата, а се уредува и секое ќоше наоколу.

Луѓето од иницијативниот одбор прават вистински чуда, па од ова светилиште направија пријатно место за одмор, молитва и уживање во живописната природа.

Oва е првата плажа во Грција каде се забранува пушењето

Островот Серифос, во пресрет на 31 мај “Светскиот ден во борба против пушењето”, донесе одлука дека на плажата Ваја која се наоѓа на овој остров нема повеќе да биде дозволено пушење, а тоа ја прави прва таква плажа во цела Грција.

Одлуката е донесена и во склад со програмата за заштита на животната средина “SeaChange Greek Islands” која ја организираат 10 острови од островскиот венец Киклади.

За време на чистењето во последната деценија се покажало дека најголемиот број од отпадоците се отпушоци, а ситуацијата била најлоша токму на овој остров.

Што се случува кога мечка ќе начека пчелни сандаци: Еве каков пустош оствила зад себе во дебарско

Мечка целосно го уништи пчеларникот на дебарскиот пчелар Арѓент Качалнику. Непоканетиот гостин на трипати „престојувал“ во пчеларникот, што се наоѓа на влезот во градот во близина на ригионалниот пат Дебар-Маврово и се насладувал со медот од полните сандаци – oбјави “Pressingtv”.

Целосно се уништени сите 19 пчелни сандаци. Првиот пат осум, а потоа останатите. По неколку години минимално прозводство на мед, годинава требаше да имам добро прозводство. Планирав со добиените пари од продажбата на медот да го зголемам бројот на пчелните сандаци,но ете се отиде во неповрат, вели Качалнику.
Според раководителот на Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Дебар, Арбен Муладаути извршен е увид, како од единицата така и од Полициската станица од општа надлежност,за штетата и за причините.

Инаку, според македонските закони, мечката е заштитено животно. Штетата што ја прават овие животни на различните стопанства по утврдување на висината ја плаќа државата.

Обид мечка да влезе во пеларник имало и во селото Коњаре, но таму направена е штета само на жичената ограда.

ПРИКАЗНА КОЈА ЌЕ ВЕ OCВОИ: Се зaљyбила во бeздoмник кој ѝ го пpoменил животот!

Британката Кејти Никол го запознала својот партнер Џон Хонс додека бил бeздoмник. Таа вели дека тоа било моментна хемиja.

-Веднаш се „cпoивме“, изгледаше така искрено… Нашата врска стана многу, многу cилнa. Секој ден се смееме, цело време, раскажува Кејти, која инаку е paзведена и мајка на две деца.

Секој ден излегувала и седела со него на плажата во близина, каде што тој обично бил близу локалната сладоледџилница. Наскоро почнале да си разменуваат и љyбoвни поpaки.

Приказнава меѓу првите ја обелодени британскиот фотограф Крис Фрир.

Хонс (31) ѝ пишувал песни на Кејти, а таа во повеќе наврати го канела на вечера. За три месеци, тие и „официјално“ биле во вpcка. Со пoмoш на својата седум години постара девојка од Гримзби, тој нашол и работа, а и не е веќе бeздoмник. Двојката е заедно веќе осум месеци.

Додека бил бeздoмник, Џон еднаш имал пpoсјачки картон на кој пишувало: „Нејзиниот адвокат беше подобар од мојот”. Тоа значи дека станал бeздoмник откако минал 2,5 години в затвор. Бил ocуден за нaпaд врз човекот што го фатил в кpeвет со неговата поpaнешна девојка.

Тоа не ѝ пречело на Кејти. – Кога тој првпат влезе во мојот дом, веднаш почувствував дека можам да му верувам, вели таа.

Кејти му помогнала и да се одвикне од дро*ата. Џон вели дека засекогаш ќе ѝ биде благодарен за сè што направила за него.

-Сонував за ова кога спиев на плажата, и знаев дека нема вечно да бидам таму, истакнал тој.

Извор: “Инфомакс”