дома блог страница 3289

(Видео) Момче со одличен дриблинг го пocpaмоти Нејмар: Нepвозниот Бразилец со cpaмна реакција !

Само неколку дена откако селекторот на Бразил му ја одзеде капитенската лента, Нејмар повторно се најде во центарот на вниманието.

Cpaмниот потег на тренингот ја згpoзи фудбалската јавност во Бразил. Овој настан потврди дека селекторот Тите донел исправна одлука кога одлучил да го промени капитенот во екипата.

Лашкоска до Заев: Ништо не изградивте за студентите, па се фалите со проектите реализирани од владата на ВМРО-ДПМНЕ

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Ане Лашкоска на денешната собраниска седница за поставување на пратенички прашања, постави прашање до премиер Зоран Заев за дадените ветувања во 2016 година за изградба на студентски град во Скопје.

-До каде сте со реализација на ветувањето кое што во 2016 година го дадовте на студентите? Имено ветивте дека ќе изградите студентски град во Скопје, ветивте дека ќе изградите нова зграда во кампусот Стив Наумов со преку 700 легла и нов ресторант. Ветивте изградба на универзитетски кампус во Битола, Штип и Тетово. Јавноста не гледа ништо од овие ваши ветувања па сметам дека е најдобро лично од вас да слушнеме до каде е нивната реализација, рече Лашкоска.

Таа додаде дека условите во студентскиот дом секој ден се влошуваат и дека студентите живеат во многу лоши услови, без топла вода, струја, лоша исхрана.

-Условите за живот во студентскиот домови во Република Македонија секој ден се полоши. На социјалните мрежи од објава на студентите можевме да видиме паднат плафон во тоалет во студентскиот дом Стив Наумов, потоа беа објавен слики од лошите оброци кои ги добиваат студентите, потоа имаше една недела кога студентите од студентскиот дом Кузман Јосифовски Питу немаат топла вода па студентскиот дом Гоце Делчев немаа топла вода три дена. Минатата недела 5 дена го оставивте без струја студентскиот дом Томе Стефановиќ Сењиќ, вели Лашкоска.

На пратеничкото прашање, премиерот Заев и одговори на пратеничката Лашкоска дека СДСМ ги реконструирала 4 блокови во студентскиот дом Гоце Делчев, при што пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Лашкоска посочи дека тие се проекти реализирани од страна на владата на ВМРО-ДПМНЕ.

-Господине премиер јас прашав за вашите ветувања кои што ги дадовте за изградба на студентскиот дом. Но, од ова што го говорите е сигурно дека до крајот на мандатот на оваа влада студентски градови во Македонија нема да видиме и сметам дека нема смисла ова што ми го одговоривте за направеното. Па вие ми читавте од сработеното на ВМРО-ДПМНЕ. Исто како отчетот да го читате. Еве јас ќе ви набројам што е направено од Отчетот на ВМРО-ДПМНЕ: целосно ги реконстуриравме двете машки згради во студентскиот дома Стив Наумов, дополнително по цели 40 годи во 2014 година изградивме и пуштивме во употреба нови сместувачки капацитети 8 нови и целосно опремени павиљони на местото на старите бараки, темелна реконструкција на студентскиот дом Гоце Делчев кој се реализира етапно, целосно е реконструиран, среден и сместен блокот Б, следен за реконструкција е блокот А, за кој е избрана фирма и проект, следни се блоковите В и Г, рече Лашкоска.

Maкедонците во Грција по старо! Се вие македонско оро, грмат тапани и гајди (ВИДЕО)

Премиерот Зоран Заев, во Република Македонија, одбегнува да каже кои се „луѓето“ во Грција кои играат и пеат македонски песни и ора, а Македонците таму продолжуваат да го негуваат македонското.

Снимката од видеото е од пред неколку дена снимена во Воденско во Егејска Македонија, а на неа се гледа и слуша какви песни пеат и какви игри играат Македонците во Грција.

Здравески: “Братучед на Градоначалникот поставен за Директор на ново Јавно претпријатие?? Непотизмот цвета во Локалната самоуправа??”

Oна што го зборувавме во изминатиот период, а се однесуваше на масовниот непотизам во јавните и државните институции во Прилеп, се покажа дека е вистина.Во текот на вчерашниот ден во јавноста одекна информацијата дека Државната антикорупциска комисија поднела иницијатива за кривична одговорност на градоначалникот Илија Јованоски, за вработувањето на неговата внука во општина Прилеп – истакна на вчерашната прес конференција Виктор Здравески од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Прес конференцијата во продолжение ја пренесуваме во целост:

“Повеќе пати посочувавме дека токму Јованоски е класичен пример за непотизмот кој владее во СДСМ, а сега граѓаните се сведоци на тоа. Меѓутоа, ова е само капка во морето од непотизам на градоначалникот кој своите роднини ги вработува каде ќе стигне.

Ја повикуваме Антикорупциската комисија да ги испита и вработувањата на Игор Спиркоски, внук на Јованоски, кој беше поставен за директор на новоформираното претпријатие за гасификација и Горан Попоски, зет за сестра на градоначалникот, кој е поставен за директор на Регионалната Стопанска комора во Прилеп.

Сакаме да го прашаме Јованоски, дали после еден ваков скандал смета дека сеуште е достоен да стои на чело на општина Прилеп?

Ќе имате ли доблест градоначалник да поднесете оставка од морални причини и барем така да го покриете вашиот срам?

Како очекувате граѓаните да веруваат во вашите ветувања, кога животот кој го ветивте важи само за вашите роднини и партиски послушници?

Почитувани,

Ова е вистинското лице на овие луѓе! Овие луѓе од првиот ден власта ја користат само за нивните и потебите на нивните најблиски.

На Јованоски, СДСМ и Владата од Зоран Заев не им е важно како вие живеете, како го поминувате секојдневието и со какви проблеми се соочувате.

За нив е важно под државна капа да вдомат се што можат и да уживаат во кожените фотељи цели 4 години”

(ВИДЕО) Популарниот српски ТВ водител упати брутална навреда кон Македонците: Во Македонија живеат само Албанци

Водителот на популарното српско шоу „Вечер со Иван Ивановиќ“ во последната емисија очигледно револтиран што македонското жири не додели ниту еден поен за српската песна на Евровизија, упати тешка навpеда за Македонците!

Во неговата “солена” шега, за Ивановиќ очигледно во Македонија живеат само Албанци! Погледнете го моментот во видеото.

ВИДЕО: “Канал 5 ТВ”

Вонредна вест: “Прилепскиот Совет донесе историска одлука”

Врз основа на Одлуката од мнозинството во Советот на Општина Прилеп на 22.05.2019 година, се изврши промена на Статутот на општината, при што секаде каде пишува Република Македонија, се заменува со Република Северна Македонија.

Одлуката сега е објавена и во Службениот гласник на Општина Прилеп:

Конечно добри вести и од Победа: Пионерите го освоија Купот на Македонија (ФОТО/ВИДЕО)

По две одлагања конечно денес на терените на Спортскиот центар “Петар Милошевски” при ФФМ се одигра пионерското финале од Купот на Македонија во кое за пехарот го добија младите фудбалери на Победа. ФК Њустарс.

Црвени-белите финалниот натпревар го одиграа против ФК Њусарс, а натпреварот го добија после изведувањето на пенали, додека во регуларниот дел од натпреварот беше 0:0.

Црвено-белите момци имаа далеку потежок пат на патот до финалето, во кое се пласираа со 4 победи и 1 пораз.

Елиминирани беа Шкендија во 1/8-финалето во Тетово со 2-0, две победи во 1/4-финалето над врсниците на Брегалница со 5-2 во Прилеп и 3-0 во Штип.

Во првиот полуфинален меч во Прилеп пораз со 1-2 од Работнички, но во реваншот во Скопје победа од 2-1 и победа на пенали со вкупни 6-3.

Противникот-Њустарс имаше полесен пат. На стартот во 1/8-финалето победа 1-0 над Пелистер во Битола, во 1/4-финалето пораз на првиот меч од А.Пандев со 4-0 но поради неправилен настап на еден играч на „пандевци“ скопјани службено се пласираа за полфиналето. Таму победа на првиот меч над Шкупи со 3-0 и поднослив пораз во реваншот од 2-1.

Ексклузивно фото: “Транспарен со порака до Градоначалникот истакнат на затворениот угостителски објект во Прилеп?”

Угостителскиот објект “Тhe Gallery House Pub”, кој пред извесно време беше затворен, откако комуналната инспекција на општина Прилеп го собра од објектот целиот инвентар од летната бавча, предизвика лавина реакции во јавноста.

Според Бисерко Тркља кој беше сопственик на локалот, комуналните инспектори без никакво предупредување или налог го одзеле инвентарот, откако тој по претходен договор со инспекторите уплатил 40.000 денари од заостанатиот долг во висина од 89.000 денари.

Сопственикот пак на објектот, Киро Стојаноски, изјави дека партиско полициски структури сакале да му го земат под кирија објектот, па токму поради тоа следувале ваквите дејствија.

Денеска пак на објектот од затворениот локал осамна транспарент на кој пишува:

“Ја повикувам локалната власт на чеко со Градоначалникот на Советот Миле Талески, Комуналниот раководител Блаже Димоски и сите вработени во локалната самоуправа!! Градоначалниче вие бевте првиот што викавте нема рушење со “хилти”, летни бавчи, затворање објекти, а сега има трактори за ѓубре од Комуналец што безправно му наредивте да ги товараат масите, столиците и сепарината (инвертар вреден илјадници евра) и фрлени во некои хангари да ги јадат глувците. Заборавивте дека вие истите од ОО СДСМ седевте на тие столици и маси пиевте безплатно, собиравте политички поени!”

ОФИЦИЈАЛНО: Еден Азар е играч на Реал Мадрид

Белгискиот фудбалер Еден Азар го водеше Челзи до трофеј во Лигата на Европа и најави дека заминува, а негова наредна дестинација ќе биде Шпанија каде ќе го носи дресот на Реал Мадрид.

Се чека само официјализација, а од земјата велат дека се е договорено и дека Челзи и „кралевите“ си подале рака.

Се преговараше само за цифрата за која Азар ќе премине од Лондон во Мадрид, а се тврди дека таа изнесува 120 милиони евра. Промоцијата на Азар како нов фудбалер на Реал Мадрид ќе биде в понеделник.

28-годишниот Азар играше во Челзи од 2012 година, кога се пресели во тимот од француски Лил. За репрезентацијата на Белгија, крилото има 100 настапи и вкупно 30 постигнати погодока.

Извор: gol.mk