Анастасија од Прилеп знае како да предизвика насмевка кај секого: Нејзиното креативно хоби плени и освојува (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Aнастасија Христоска од Прилеп е 23-годишна девојка која има многу интересно хоби. Со многу вештина, креативност и умешност таа креира мали украси кои пленат со својата шареноликост и изнудуваат насмевки кај секого. Овие украсни привезоци, белезици и фигури во шишенца, се добредојдени да изненадите секого, а добро ќе одговараат на вашиот клуч од автомобил, ќе прилегаат на некоја полица во домот или ќе смислите безброј начини за нешто дополнително да разубавите со нив.

Ја прашавме Анастасија за нејзиното хоби и еве ги нејзините одговори:

Како ти дојде идеја за изработка на вакви креативни изработки?

– Идејата ми дојде пред неколку години, имав слободно време и си барав некакво хоби. Најпрвин почнав да израборувам фигури со пластелин и сфатив дека ми е интересно, па истражував и ја открив оваа глина.

Од што се изработуваат овие предмети и колку време е потребно за да се креира нешто толку мало, а толку интересно?

– Материјалот е Фимо глина, еден вид на пластелин во боја, која се печи и затоа издработките се цврсти. Во зависност од сложеноста и деталите кои ги има една фигура ја изработувам од половина час до неколку часа.

Што друго освен привезоци изработува Анастасија?

Најмногу изработувам приврзоци, но и белезици, фигури во стаклени шишенца и сл.

Постои ли интерес кај јавноста и како можат да те пронајдат?

– Заинтересираноста е најмногу од пријатели и познаници кои ги виделе изработките кај мене или кај нивни пријатели, но истотака имам и фб страница Anastasija Nakit, каде луѓето можат да ги видат моите изработки и преку која ме контактираат.

Дали планираш овие креативни изработки да прераснат во бизнис идеја?

– Сега за сега ми е само хоби, во слободно време ги изработувам фигурите, не сум размислувала, но можеби ќе се посветам целосно на изработките понатаму.

Што е Анастасија по професија и кои се твоите други интереси?

– Пред неколку месеци дипломирав на сообраќајниот факултет во Битола, и моментално сум не вработена. Покрај изработката на фигури од глина слободното време го поминувам работејќи во апликации за 3Д моделирање, читам книги и сум во потрага по нови креативни предизвици.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.