дома блог страница 3291

Има аутизам и е слеп, а на сцената ги освои срцата на целиот свет: Ваков моќен настап немаат ниту најголемите ѕвезди (ВИДЕО)

22-годишниот Коди Ли од Калифорнија, настапи на најновото издание од талент шоуто “Америка има талент” и успеа да ги освои симпатиите на публиката и жирито.

Коди е слеп и дете со аутизам, но и покрај тоа неговиот глас и талент се неверојатни. Него на сцената го придружуваше неговата мајка Тина, која објасни дека нејзиниот син љубовта кон музиката и талентот за пеење го развил уште на најрана возраст.

Неговиот настап едноставо ги освои срцата на сите, а од Габриел Јунион доби “Golden Buzzer”, што директно го води Коди на шоуто во живо во Холивуд.

Викендов во Прилеп ќе се одржи првиот театарски фестивал за деца “Силјан Штркот”

Викендов во Прилеп ќе се одржи првиот театарски фестивал за деца „Силјан Штркот“ кој ќе се одржи, како предвесник на театарскиот фестива за возрасни “Војдан Чернодрински“. Фестивалот кој ќе се одржи на 31 -ви мај и 1 –ви и 2-ри јуни е во организација на Здружението на граѓани „Мал Прилепски Театар“, поддржан од Општина Прилеп и дел од прилепските стопанственици.

Оранизаторите на викенд театарското дружење за најмладите веруваат дека ова ќе прерасне во традиција за што доволна потврда е големата побарувачка на влезници за сите четири претстави.

„Поттикнати од идејата на МТФ„Војдан Чернодрински“, сакавме да направиме сличен фестивал, но за деца. Со овој фестивал сакаме да ги пораснеме децата во сериозни театарски критичари кои ќе знаат да препознаат квалитет. Целта ни е од најмали нозе да ја учиме публиката колку е важна културата и односот кон неа„, истакна Марија СпиркоскаИлиеска.

„Една од главните причини за нашето делување на овој начин е да ги оттргнеме децата од модерниот начин на живот. Животот не се случува само пред екраните на мобилните телефони, таблетите и компјутерите. Претставите кои што ќе бидат дел од првото издание на овој фестивал се: ‘Црвенкапа’ од Театарот од Велес, ‘Малиот Принц’ од Театарот Сенки и облаци од Скопје, ‘Заборавените кукли’ од Театарот од Битола и ‘Грдото пајче’ од ТДМ од Скопје. Сите овие наслови се лектири во основно образование“, истакна Ангела Наумоска.

Оваа година на репертоарот на театарскиот детски фестивал „Силјан Штркот“ се претставите „Црвенкапа“ од театарот од Велес, која в петок, на 31 -ви мај, во 19,оо ч. во театарот “Војдан Черндрински“ќе го отвори фестивалот, в сабота,1-ви јуни , во 12,оо ч. во кино салата „Мис Стон“ е преставата „Малиот Принц“ на театарот на Сенки и облаци од Скопје, а во центарот на градот кај саат кулата во 20,оо ч ќе биде прикажана пртставата „Заборавените кукли“ од театар Битола, додека, в недела, фестивалот ќе го затвори претставата „Грдото пајче“ од театар за деца и младинци Скопје , која ќе се прикаже во театарот “Војдна Чернодрински“, во 19,оо ч.

Театарскиот фестивалот за деца “Силјан Штркот“ ќе биде збогатена и со други содржини пред свеченото отворање во театар Војдан Чернодрински ќе се одржи забава за деца со Lotus Lounge Chair, а специјална точка на отворањето на фетивалот, ќе одржат учениците од трето 3 и трето 4 од ООУ”Кире Гаврилоски-Јане” од Прилеп.

„Децата биле секогаш моја главна инспирација, на почетокот се вклучив само како спонзор, но покасно бев вклучена и во организацискиот дел во поглед на визуелизација и дизајн на самиот настан. Од неколку предлози го избравме овој, блиску до штркот и блиску до пролетта„, истакна Анита Гајтаноска од Lotus lounge chair.

Забава ќе има и во саботата по завршувањето на преставата “Заборавените кукли“ со група Тhe Four, а ќе се одржи и работилница театар на сенки.Во татарскиот фестивал со изработка на цртежи вклучени се и децата од градинките„Наша иднина“.

Како надополнување на содржинскиот дел на фестивалот изработена е маскота, ликовно решение кое го симболизира процесот на преобразбата на Силјан Штркот од штрк во човек и обратно, од страна на Александар Џинго и Бојана Мартиноска Трпческа.

Ја посрамоти за сите пари: Новинарката тргна да го бакне, а тој ја откачи (ВИДЕО)

Шпанска новинарка се најде во непријатна ситуација за време на натпреварот од шпанскиот куп меѓу Барселона и Валенсија. Новинарката стана мета на потсмев на социјалните мрежи, откако директорот на шпанскиот фудбалски клуб Валенсија, Матејо Алемани ја откачи по дадената изјава.

Новинарката сакаше да го бакне во образ, а Алемани замина на теренот да ја прослави победата со фудбалерите. И покрај непријатната ситуација во која се најде новинарката, таа на крајот професионално продолжи да го врши преносот во живо. Валенсија го доби натпреварот со 2:1.

Твит на денот: “Со датумов до каде сме?”

Позитивните извештаи кои до лани ги добиваше Република Македонија, сега ги доби и “Северна”, но од датумот за преговори ни трага, ни глас?

За оние кои заборавија, да ги потсетиме:

Наскоро ќе одмораме: Неработен ден за сите граѓани

Идната работа недела ќе имаме неработен ден.

Рамазан Бајрам празникот кој се паѓа на 4 јуни 2019 година (вторник) е неработен ден за сите граѓани на Македонија. За ова информираше Министерството за труд и социјална политика.

Од Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од муслиманска вероисповед им го честита ат Рамазан Бајрам.

(Видео) Снимаше како врне, па оддеднаш настана xaoc

Властите во Канзас ја проценуваат штеTaTa од тopнадaTa кои ја погодија државата .

На социјаллните мрежи се појавија многу видеа, но ова видео предизвика особено внимание и коментари.

Американец снима како врне, а оддеднаш се’ се претвара во xaoc.

Засега не е познато каде точно е снимено видеото, но погледнете како разорно тopнадо носи се пред себе.

Здравески: “Оставка од Јованоски заради морални причини и нови избори за спас на Прилеп” (Видео)

Oна што го зборувавме во изминатиот период, а се однесуваше на масовниот непотизам во јавните и државните институции во Прилеп, се покажа дека е вистина.Во текот на вчерашниот ден во јавноста одекна информацијата дека Државната антикорупциска комисија поднела иницијатива за кривична одговорност на градоначалникот Илија Јованоски, за вработувањето на неговата внука во општина Прилеп – истакна на денешната прес конференција Виктор Здравески од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Прес конференцијата во продолжение ја пренесуваме во целост:

“Повеќе пати посочувавме дека токму Јованоски е класичен пример за непотизмот кој владее во СДСМ, а сега граѓаните се сведоци на тоа. Меѓутоа, ова е само капка во морето од непотизам на градоначалникот кој своите роднини ги вработува каде ќе стигне.

Ја повикуваме Антикорупциската комисија да ги испита и вработувањата на Игор Спиркоски, внук на Јованоски, кој беше поставен за директор на новоформираното претпријатие за гасификација и Горан Попоски, зет за сестра на градоначалникот, кој е поставен за директор на Регионалната Стопанска комора во Прилеп.

Сакаме да го прашаме Јованоски, дали после еден ваков скандал смета дека сеуште е достоен да стои на чело на општина Прилеп?

Ќе имате ли доблест градоначалник да поднесете оставка од морални причини и барем така да го покриете вашиот срам?

Како очекувате граѓаните да веруваат во вашите ветувања, кога животот кој го ветивте важи само за вашите роднини и партиски послушници?

Почитувани,

Ова е вистинското лице на овие луѓе! Овие луѓе од првиот ден власта ја користат само за нивните и потебите на нивните најблиски.

На Јованоски, СДСМ и Владата од Зоран Заев не им е важно како вие живеете, како го поминувате секојдневието и со какви проблеми се соочувате.

За нив е важно под државна капа да вдомат се што можат и да уживаат во кожените фотељи цели 4 години”

Партијата на Меркел против дадум за преговори на Македонија?

Многу дами се соочуваат со исти проблеми.Купените бели алишта се претвараат во сиво.

Сепак постои еден трик со кој може да ја вратите белината.

Потребно ви е :

Топла вода, 2 лажички сол, 1 лажичка пецево, 1 лажица омекнувач

Сите состојки измешајте ги и ставете ги белите алишта во водата и оставете да одстојат 15 мин.Ако пак се работи за повеќе затемнети алишта оставете ги подолго да отстојат.

Беше нajубавата жена во Југославија: Денес има 56 години и сеуште изгледа невepojaтно (ФОТО)

Некогашната мисица на Југославија, Ана Сасо, беше една од најубавите жени на овие простори. Посакуваната титула ја доби во далечната 1982-ра година. Ана денес има 56 години, а уште со својот изглед заведува каде и да се појави. Убавицата е активна на Инстаграм каде со своите фанови споделува фотографии. Онаму каде позира во бикини се гледа дена сеуште е вистинска ceкс бомба.

Чудотворна икона со иcцелителна моќ во Света Петка – Црниче

Света Петка е христијанска црква, која се наоѓа во населба Црниче во Општина, Кисела Вода. Овој храм е подигнат и осветен во 1923 година, но чинот на осветување и поставување на камен-темелник за изградба на црквата бил извршен во 1904 година. За 20 години била изградена целосно и осветувањето го извршил тогашниот скопски митрополит Варнава (1920-1930).

Постои камен-плоча на која може да се прочита дека храмот бил завршен и осветен на 3-09-1923-та година. Црквата е градена според традиционалниот византиски тип – триконхос од развиен тип, со централна купола и купола над нартексот. Октогоналната централна купола е потпрена на масивни и нагласени пиластри во ентериерот на црквата. Масивните ѕидови на куполата се расчленети со полукружни вертикални ниши во кои се сместени прозорски отвори. На северната и на јужната страна фасадата ерасчленета со октогонални конхи. По земјотресот во 1963та црквата била оштетена. При поправките од јужната и од северната страна таа е проширена со параклис, посветен на светите цареви и рамноапостоли Константин и Елена , а по извесно време од северната страна е дограден параклис, посветен на Света Недела.

Независно од црквата е подигната четирикатна октогонална камбанерија. Внатрешното декорирање на храмот, односно живописот и иконописот му биле доверени на последниот и најдобар зограф на тоа време, Димитар Папрадишки. Иконостасот е дрвен, со сликана рудиментирана флорална декорација, во централниот дел поставен праволиниски, а од северната и од јужната страна скршнува и ја следи ар хитектурата на градбата.

Воeдно пред неколку години во црквата “Света Петка” пронајдена е чудотворна икона која се чува во ол­та­рот на храмот.

Според записите во црковните гласила, пишува Вест, приказната е поврзана со скопјанката Фаница Нанчева која била родена во 1915 година. На 26 годишна возраст таа почнала да живее во станот на еден свештеник, кој заминал за Србија. Таа во подрумот од станот пронашла необична икона од пресвета Богородица, за која никој не знаел дека постои.

– Иконата, која ја претставувала прес­ве­та Богородица, била насликана во дрво и завиткана во епитрахил. Новата сопс­тве­нич­ка ја ставила иконата. заедно со двете други, во еден агол од нејзината со­ба. Покрај нив постојано горело кандило. И тогаш започнале да се случуваат чуд­ни нешта. Ноќе, необичен звук и тропање се слушале од местото каде што се на­о­ѓа­ла иконата на света Богородица. Една ноќ, сопственичката забележила како среб­ре­на монета паѓа од иконата. Тоа бил чуден звук на паричка од нематеријална природа. Ед­но утро, кога се разболела, од очите на иконата потекле солзи.

Таа не можела да по­ве­ру­ва во глетката, сe додека солзите не ги собрала во еден сад. Подоцна иконата мно­гу пати ја покажала својата чудотворност. За заздравување на болните деца или за добивање пород на бездетните брачни двојки, откако ќе се помолеле пред неа. Сопс­тве­нич­ка­та го послушала советот на тогашниот старешина на црквата “Света Пет­ка” Ацо Стојковски, и иконата ја предала во божјиот храм. Иконата и денес се на­о­ѓа таму и се вади секој петок пред верниците.