дома блог страница 3286

Набавете ја оваа билка ако сакате куќа полна со пари

Најпознатите исцелители на негативна енергија во домот се бујните, зелени билки кои не само што ќе донесат позитивни вибрации во домот, туку, како што се верува, и богатство.

Според некои верувања, постојат билки кои ја привлекуваат енергијата на богатството.

Такво е и јапонското дрво на парите, со латинско име “Crassula ovata”. Оваа билка која носи различни називи, секаде е позната како билка која носи пари. На англиски на пример, често се нарекува „money tree“.

Се верува дека присуството на билката во просторијата позитивно влијае на работата. Затоа е одличен избор за во канцеларии, а во некои азиски земји се пренесува од колено на колено.

Фенг шуи препорачува оваа билка да се држи од десната страна на влезната врата како би привлекла пари. Потекнува од јужна Африка, доста е отпорна и не ја напаѓаат штетници.

Инаку, може да се купи и во Македонија.

ГРУЕВСКИ СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ПРАТЕНИЧКАТА ФУКЦИЈА: Еkc-премиерот ќе го повлече мандатот и ќе си поднесе оставка од функцијата пратеник

(Фејсбук статус на поранешниот премиер Никола Груевски)

“Видлива е стратегијата на СДСМ своите секојдневни неуспеси, криминал, масовна корупција, бројни неостварени ветувања, непотизам, и огромен број други слабости да се обидува да ги прикрива преку наметнување на лажни информации и тези со очигледна понатамошна опседнатост со мене.

Во минатото СДСМ не штедеа пари и други ресурси во правец и цели за мое оцрнување, омаловажување и создавање лажна слика за невистинити работи, како на пример дека сум бил премиер кој бил против ЕУ, против НАТО, против Албанците во Македонија, или дека сум проневерил народни пари, одејќи и до таа мерка со лаги дека сум бил осуден за корупција.

Во функција ставија десетици дежурни по медиумите т.н. независни аналитичари, новинари, уредници и други пропагандисти, најголем дел од нив на еден или друг начин скриено или отворено платени токму со народни пари со единствена задача да шират лажна пропаганда против мене и против ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е најмногу заради стравот кој им ,,влезе во коските,, после 10 изборни порази од нас, но и нивниот нечесн однос кон народот изразен на пример преку ,,колнењата во најблиските,, дека нема да го сменат името и уставот иако знаеја дека токму затоа се инсталирани на власт, секојдневниот рекет на компаниите и приватниот сектор, дебаклот во економијата, видливата корупција, очигледниот непотизам и нечесно работење.

Последната тема за која не штедат пари да прават лажна пропаганда и против мене и против ВМРО-ДПМНЕ, е лагата дека како корисник на политички азил а заради политички прогон, издаден од земја членка на ЕУ и НАТО, заради прогон токму од нив како владечка партија која испорачува пресуди преку контролираното судство и обвинителство, сум бил неоправдано отсутен во последните шест месеци.

Јасно е дека тоа не е така и благодарен сум што пратениците на ВМРО-ДПМНЕ мошне прецизно и стручно, одбивајќи да подлегнат на притисоците на пропагандата на СДСМ објаснија дека согласно најпознатиот документ на ООН – универзалната декларација за човекови права, азилот е вброен како еден од основните човекови права и не е можно некој да е неправедно отсутен од седници во парламентот ако е принуден да користи политички азил кој од 1948 година ООН го степенувала како човеково право, и кој документ го усвоил и македонскиот парламент.

Исто така пратениците мошне јасно објаснија дека дури и кога некој би бил неоправдано отсутен, уставот во членот 65 остава право на избор на пратениците како ќе гласаат во однос на одземањето на мандатот, па притоа, како и да гласаат нема да е во спротивност со уставот бидејќи не случајно уставот го користи зборот ,,може,, наместо ,,мора,, или ,,треба,, да се одземе мандатот.

Ним а и на целата слободоумна јавност им е совршено јасно дека како и да гласаат тие нема да го прекршат уставот, но ако гласаат за одземање на мандатот ќе го прекршат ,,меѓународниот закон,, кој во членот 14 од документот азилот го третира како основно човеково право.

Опсесијата со мене ја натера власта набрзина и хистерично да менува закони, деловник за работа на парламентот и вообичаената пракса на работа во парламентот само за да ги задоволат своите лични фрустрации,комплекси и опседнатост со мене до степен на ,,кошмар,,, како и потребата со лажна пропаганда да ги задскриваат своите катастрофални и ненародни политики. Дојдоа до степен на секретарката во парламентот да и забрануваат да ме пријави како оправдано отсутен.
Но, ни тоа не им помогна, бидејќи што и да сменат тие неможат да ја променат ниту отфрлат универвезалната декларација за човекови права на ООН, ниту да го променат уставот, а дури и да го променат би требало ретроактивно да го применат.

Целта легално да ми го одземат мандатот е јасно дека е неостварлива. И според уставот на Македонија и според меѓународните прописи, но и според неподлегнувањето на притисокот на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои на комисијата за мандатно имунитетни прашања не подлегнаа на притисоците и пропагандата и им одржаа лекција по меѓународно право и уставно право на нивните колеги од власта кои во отсуство на аргументи расправата ја сведоа на ,,маалска дискусија за политика на клупа пред зграда,, во текот на расправата на комисијата.

Сепак, иако правото, уставот и меѓународните документи се на моја страна, јас нема да дозволам нашата партија и пратеници заради мене и мојот мандат да бидат изложени на било какви притисоци, на лажна пропаганда, на непријатности и на медиумски линч од страна на власта и нејзините апологети. Несакам понатаму ниту да дадам можност на СДСМ користејќи ја оваа тема да ги избегнува дебатите за суштинските теми и проблеми кои го засегаат народот и да ги задскрива своите криминални политики.

Оттука, одлучив да се повлечам од пратеничката функција а за истото формално правно парламентот ќе го известам во наредните денови.

Им благодарам на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ што издржаа на принципиелните позиции кои се во склад со уставот и меѓународното право и не потклекнаа на притисоците. Посебно благодарност до илјадниците граѓани кои на различни начини, преку лични контакти или преку социјалните мрежи во изминатите денови ми даваа огромна подршка и покрај сиот притисок и неправди, покрај сите лажни пропаганди и лични ризици, покажаа дека чувството за правда и правичност, отпор, неприфаќање и бунтовност пред неправдата, останува водилка на македонскиот народ и граѓани, колку и инсталиранста власт да промовира поинакви и спротивни на овие вредности.

Да живее Македонија!”

Детали за синоќешната cooбpaќajka во Прилеп

Во 22 часот и 20минути во Прилеп на крстосницата од улиците „А.Македонски“, „Сотка Ѓорѓиоски“, „И.Л.Рибар“ и „Битолска“, се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко моторно возило „Застава 750“ со прилепски регистарски ознаки,управувано од 60-годишниот Љ.П. од Прилеп и патничко моторно возило „Ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од К.Т.

Љ.П. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градска болница Прилеп, каде му се констатирани тешки телесни повреди.

Увид на лице место извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

МЕГА ТРАНСФЕР ВО ТУРЦИЈА: Македонскиот бисер, Елиф Елмас е нов фудбалер на Интер

Турскиот магазин „Боксер“ синоќа објави дека македонскиот репрезентативец Елиф Елмас може да се смета за нов фудбалер на Интер. Иако договорот не е потпишан, договорени се сите детали меѓу трите страни, Фенербахче, Интер и фудбалерот и недостигаат само медицинските тестови младиот креативец да се пресели во италијанскиот гигант.

Според магазинот, Интер ќе плати 11 милиони евра и ќе го добие фудбалерот уште од летните подготовки под водство на новиот тренер Антонио Конте. Елмас ја игра својата втора сезона во турската Суперлига и веќе се наметна како еден од клучните фудбалери во гигантот од Истанбул.

Пред неколку недели Горан Пандев откри дека му го препорачал Елмас на Бепе Марота, спортскиот директор на Интер, а овој брзо реагирал и го договорил трансферот. Интер е клуб во кој европска титула освои Горан Пандев, а една сезона во својата кариера мина и Дарко Панчев.

Со победата над Емполи во последното 38. коло на Серија А, Интер се избори за учество во следната Лига на шампиони на УЕФА.

УХМР со ново предупредување: Доаѓа нов циклон – еве што не очекува денеска

Под влијание на циклонска активност од Медитеранот во следните денови продолжува периодот на променливо и нестабилно време со пороен дожд и грмежи.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со пообилни врнежи (над 20 л/м2), грмежи, засилен ветер и појава на град, особено денес попладне и во недела, се вели во метео-предупредувањето издадено денеска од страна на УХМР.

Денеска ќе биде сончево со умерена облачност, попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.

Синот на Аркан и Цеца нокаутира за 90 секунди: Вељко Ражнатовиќ го патосира Хрватот Петар Врваљ (ВИДЕО)

Вељко Ражнатовиќ го разби Хрватот Петар Врваљ во крузер категоријата. Борбата траеше само 90 секунди по што Петар беше патосиран. Вељко удираше десни кроше удари за кои Хрватот немаше одбрана.

По борбата Вељко се заблабодари на девојката, сестрата и мајката кои го бодреа во салата, но не го заборави и покојниот татко Аркан.

Чувајте ги југовците: Американци ги продаваат за 9.000 долари (ФОТО)

„Ако сте ја пропуштиле 1988 година, немојте повторно“! Со ваква порака еден Американец го става на продажба своето „југо“, коешто го чувал в гаража 31 година. Во продолжение на огласот сопственикот наведува дека автомобилот има поминато само 753 километри и оти истиот е „чуван како бебе“.

На крај наведува дека цената на „Југото“ е 9.000 долари.

Сообраќајка синоќа кај раскрсницата “Чумовчанец”: Се судриле Ауди и Фиќо (ФОТО)

Сообраќајка во која се судриле автомобил марка “Ауди А3” и “Фиќо”, синоќа се случила кај раскрсницата “Чумовчанец” во Прилеп.

Засега не е познато дали при сударот има повредени или причинета е само материјална штета.

Манастирот Св. Илија Писокал во мариовско Кален низ објективот на професионалците од “Фото Дано”: Се’ е подготвено за големиот празник (ВИДЕО)

Манастирот Св. Илија Писокал во село Кален, мариовско, се подготвува за празникот Св. Константин и Елена, за кога се очекуваат голем број верници.

За забавата во недела ќе се погрижат група “Плетенка” и фолк пејачот Спасен Силјаноски.

Вечерната литургија во недела започнува во 18:00 часот, а утринската во понеделник во 08:00 часот.

Неуморните раце на иницијативниот одбор од манастирот постојано работат, а во пресрет на празникот тие дополнително го разубавија местото.

Поставено е осветлување во дворот, а направија и големо македонско знаме кое ќе ги пречекува гостите.

Во манастирот се гради и камбанаријата, а се уредува и секое ќоше наоколу.

Луѓето од иницијативниот одбор прават вистински чуда, па од ова светилиште направија пријатно место за одмор, молитва и уживање во живописната природа.

Во пресрет на празникот Св. Константин и Елена, тимот на најдоброто фото студио во Прилеп, “ФОТО ДАНО”, изработија и прекрасно видео од манастирот.

Се сеќавате ли на злобната Руби од шпанската сапуница? Денеска е влезена во петтата деценија и изгледа како времето да застанало (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Безобразната и дрска Руби пред 15 години беше голем хит на Балканот. Кога ќе ја видите како изгледа денес, ќе помислите дека времето застанало за неа.

Барбара Мори кариерата ја започнала како манекенка, а најголема популарност добила како актерка во серијата Руби, која пред 15 години беше многу популарна и во Македонија.

Злобната убавица неодамна наполни 41 година, а пред три години стана баба. Но, тоа според нејзиниот изглед не би се рекло.

Таа стана баба откако нејзиниот син Серхио доби ќерка на 18 години.На неполни 30 години Барбара се соочила и со рак на дојка.

-Многу е тешко да се каже: „Да, имав рак“. Поради некои причини Бог ме стави на тест и јас успешно го положив…Се изборив со болеста, го победив ракот и одам понатаму – рекла своевремено Барбара.

Таа на социјалните мрежи често објавува фотографии во природно издание, кое предизвикува уште поголемо воодушевување.