Концерт на Kултурно уметничкото друштво “Фолклористи” од охридско Лескоец во центарот на Охрид, а орото го предводи едно мало девојче кое плени со нејзината убавина и талент.
Нема нешто поубаво што ќе видите денеска.
Уживајте:
Вие немате проблем со мене туку со неуспесите, кои во овој случај се викаат очајни 21.6 милиони евра странски инвестиции за цели 3 месеци. И Ве молам кога ќе го прочитате ова, не ги слушајте тие кои ќе Ви советуваат одговор со реминисценција на Никола Груевски. Од утре започнува третата година како сте потпретседател на владата, заедно со Вашиот претпоставен претседател, и за жал професоре не успеавте – пишува Мицкоски во својот Фејсбук статус до вицепремиерот Анѓушев.
Вицепремиерот Кочо Анѓушев се обиде да го објасни рекордно ниското ниво на странски инвестиции во првиот квартал со напади и навреди упатени кон лидерот на опозициксата ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека не ги разбирал економските текови, доскорашниот колега-професор од Машинскиот факултетму одговори со директна порака.
Обраќајќи му се со почит, како на постар колега, Мицкоски го предупреди Анѓушев дека ќе дознае многу работи кои ги прави неговиот шеф и ќе се срами од нив ако не знае за нив.
Почитуван професоре Анѓушев, во принцип немаше да реагирам на навредите од денешната Ваша прес-конференција, бидејќи сепак како постар професор имам почитување кое не се стекнува во политиката туку во онаа друга средина каде јас и Вие заедно едуцираме млади луѓе, оние млади луѓе, наши студенти кои веднаш после дипломирањето одлучуваат за карта во еден правец.
Не сакам неуспехот од минатото на ова поле да го амнестирам, но денешната реалност за жал е многу, многу повеќе алармантна, неповратна штета и загуба за сите.
Никако професоре тие да ги препознаат Вашите владини “успеси” од епски досега невидени размери за кои Вие и (се надевам не сте сличен 102,5% на вашиот претпоставен, оној истиот се сеќавате 1€ за 1€ политичар, живи луѓе што јадеше, јас Ве паметам како многу поразличен човек) премиерот зборувате, туку сосема спротивно…., не сакав вака јавно, но и да Ви напишам лична порака секако тие што треба да ја прочитаат ќе ја прочитаат, па затоа вака јавно да не се мачат ? Нема да должам многу, како помлад колега (но можеби за некои работи поискусен) прифатете критика, па дури и да е негативна како оваа, не трудете се да го задоволите претпоставениот секогаш, затоа што на крајот достоинството нема цена.
Ве познавам подолго од вашата политичка кариера, и кога би се сретнале би Ве советувал да не ги прифаќате улогите кои ви ги дава претпоставениот, затоа што не ви се природни со вашиот карактер и личност, барем не со онаа која што јас ја познавав до пред вашето влегување во политика.
Вие сте именуван функционер, а нас не бираат граѓаните, ајде за нив да сториме нешто, за нашите студенти, ајде да покажеме дека Македонија може поинаку и заслужува поинаку. Заборавете на обожавателите кои Ве убедуваат … браво шефе…, најдобри сте, можеби на краток рок ќе Ви се допадне, но размислете за иднината на Република Македонија (се сеќавате се надевам, не сте ја заборавиле, бидејќи јас никогаш нема да ја заборавам и ќе се борам/работам само за неа).
А на кратко околу самата суштина, Вие немате проблем со мене туку со неуспесите, кои во овој случај се викаат очајни 21.6 милиони евра странски инвестиции за цели 3 месеци. Бројки и факти од официјална институција.
И Ве молам кога ќе го прочитате ова не ги слушајте тие кои ќе Ви советуваат одговор со реминисценција на Никола Груевски. Од утре започнува третата година како сте Потпретседател на владата, заедно со Вашиот претпоставен Претседател, и за жал професоре не успеавте, тажно но вистинито…, одбројува часовникот, ќе слушнете и погледате многу лоши работи што се случија, а Вие можеби не сте знаеле, познавајќи Ве можеби и ќе се засрамите што имавте таков претпоставен неколку години од Вашиот живот, (затоа што веќе народот се срами одамна од овој човек) но не очајувајте не е толку лошо кога ученикот ќе биде подобар од професорот, бидејќи на крајот од денот, Македонија е пред и над се”, му напиша Мицкоски на Анѓушев.
Во предизборната кампања за локалните избори во 2017 година, актуелниот градоначалник на Прилеп, Илија Јованоски, ветуваше изградба на спортско рекреативен центар со затворен базен во спортската сала “Македонија”.
Пред извесно време пак, Јованоски изјави дека комплексот базени ќе се гради во населбата Точила, но дека сеуште нема изградено буџет за таа намена и дека тоа ќе се случи в година.
Овие денови пак, граѓаните забележаа дека во големата дупка до средното училиште “Ѓорче Петров”, работат багери.
Наши читатели ни испратија фотографии од таму со ироничен коментар “Дали веќе започна да се гради затворениот базен во Прилеп?”.
Секоја година, повеќе од 700 храбри алпинисти тргнуваат кон освојување на Монт Еверест.
Оваа година дури 381 алпинисти добија дозвола за качување, со што е соборен рекордот. Сепак следејќи ги авантурите на алпинистите, никој не мисли на нивните водичи.
Голем број експедиции изнајмуваат комерцијални водичи и за тоа плаќаат меѓу 60.000 и 65.000 долари.
Под тоа се подразбира водич и луѓе кои носат дел од товарот на алпинистите, како би се качиле полесно на врвот. Таквите авантури достигнуваат цена и до 100.000 долари или повеќе.
Непознати сторители украле две видео камери со кои се следи движењето на животните и рисот во националниот парк „Маврово”. Според СВР Тетово кражбата вчера ја пријавил член на ренџерската служба.
Според пријавата во периодот од 29 март до 28 мај годинава засега непознати сторители одзеле две видео камери, кои биле поставени во атарот на село Требиште, во месноста „Солиште“. Одземените камери, сопственост на НП „Маврово“, се користеле во рамките на проектот „Заштита на балканскиот рис“.
Укpадени камерите со кои се следеле животните во националниот парк Маврово. Европо, не не' чекај ?? pic.twitter.com/76vKu7e5wH
— Кики (@akotiudramedna) May 31, 2019
Амстердам, градот познат по голема толеранција и слобода, повеќе не е благонаклонет кон туристите.
Од холандската метропола им порачуваат на туристите да одат во другите градови во државата.
Иако на холандската економија туризмот придонесува со 82 милијарди евра, граѓаните се плашат дека нивниот град би можел да се претвори во Венеција.
Нервозните граѓани на Амстердам веќе некое време се жалат од преголемиот број туристи и се плашат дека бројот постојано ќе се зголемува, што би ја yништило душата на градот.
“Под голем притисок сме. Не сакаме да се претвориме во Венеција”, вели архитектот Елен ван Лун.
Во срцето на италијанската престолнина, недалеку од древниот Римски форум, археолозите пронајдоа неверојатно откритие.
Имено, исклучително зачувана мермерна глава, најверојатно на богот Дионис, е пронајдена во Форумот.
Уште не е со прецизност утврдено на кого му припаѓа оваа глава, но се верува дека прикажува бог, и дека е од царскиот период.
Американскиот вojник Франциско Техада, познат како Сиско Рок, неодамна имал многу лошо искуство во еден ресторан на островот Миконос.
“Ова е cpамота! За шест порции лигњи ни наплатија 600 евра, а за шест локални лагер пива 150 евра”, напишал тој. За три Цезар салати им наплатиле 60 евра, две шишиња вода 17.80 евра, а чаша сок од портокал, како прилог на лигњите, 18 евра.
Неговата приказна се рашири ширум светот, а сега се огласи и сопственикот на ресторанот Димитрис Каламарас. Тој вели дека му е жал поради начинот на кој гостинот се изразувал, но исто така потврди дека цените се точни.
Francisco Tajeda, 38, from Brooklyn @USArmy a member of New York's 69th Infantry Regiment: https://t.co/3d0M96nTCL 'They charged us 830 euros for calamari, 6 beers and 3 salads, a 'tourist scam'. Dimitris Kalamaras (owner) said with luxury surroundings comes luxury price points! pic.twitter.com/EHhQevylYS
— BlakeNordstrom1 (@BlakeNordstrom1) May 25, 2019
“Иако сметаме дека цените се во согласност на нивото на нашиот напор, грижа и квалитетот на храната која ја сервираме на една од најпосакуваните плажи во светот, можеме да го разбереме и незадоволството на гостинот. Сепак, да се рече дека сме “светска замка” не е во ред. Не само што цените се истакнати на табла пред влезот, како сите би можеле да ги видат, туку и во ресторанот им нудиме мени на гостите, па тие можат да прочитаат колкава е цената на храната и пијалоците”.
Фудбалерите на нисколигашот Еспортиу Ланша од Шпанија, успеаа да се изборат за опстанок во регионалната лига на Каталонија, а поради тоа раководството на клубот ги почести со изненадување.
Веднаш по натпреварот во соблекувалните влегла стриптизерка која дополнително ја вжештила атмосферата после обезбедениот опстанок.