дома блог страница 3285

Леле, леле што направивме! Вардар го направи невoзможното! Вардар е гордост МАКЕДОНСКА!

Вардар се пласира во ново финале во Лигата на шампиони и утре со почеток од 18:00 часот ќе игра против Веспрем.

Денеска во полуфиналниот натпревар Вардар одигра невозможен натпревар против Барселона. Откако на полувремето црвено-црните губеа со 7 гола разлика од моќните каталонци, во второто полувреме гледавме еден нов Вардар, еден разорен Вардар, заедништво, пожртвуваност, невидена борба.

И на крајот успех, Вардар ја порази Барселона со краен резултат 29:27.

Најзаслужен во тимот на вардарци е летонскиот џин Даинис Криштопанс кој постигна 10 погодоци и за кого едноставно ракометарите на Барселона немаа никакво решение.

Вардар ќе игра за нова титула, ќе игра за нова гордост на Македонија!

ВО ЖИВО: Следете го ТУКА натпреварот помеѓу Вардар и Барселона

Полуфиналето во Лигата на Шампиони во ракомет, не се пренесува на ниту една од националните телевизии во Македонија.

Натпреварот можете да го следите на следниот ЛИНК: http://allfootballvideo.com/arena-sport-2-serbia

Преубава си Македонијо! Ја нарекуваат балканската Швајцарија, а се наоѓа во нашата земја (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Лешница или срцето на Шар Планина како што ја нарекуваат планинарите, е месност сместена на 300 метри пониско од Попова Шапка и на 1450 метри надморска височина.

Локалитетот го краси посебна местоположба и убавина, која како мамец ги кани туристите од Македонија и светот. Лешница нуди несекојдневен и раскошен алтернативен туризам, привлечен за стотици алпинисти преку годината.

Живописната Лешница се наоѓа во најдлабоките и најодалечените пазуви на Шар Планина и изобилува со иглолисна букова и друга мешана шума, како и со богата ендемична флора и фауна која може да се најде само на ова место.

Низ оваа месност поминува и најголемата тетовска река Пена која се спојува со Лешничка Река, а во далечината се гледа и највисоката точка на Шар Планина, Титов Врв.

Целиот овој амбиент надополнет со мирисот на сите билки, кавалот на овчарите и преубавото шар планинско млеко секој посетител го оставаат без здив.

Околу месноста Лешница се наоѓаат највисоките врвови на Шар Планина со висина од околу 2700 метри како и огромни пространства кои се наоѓаат на висина над 2500 метри со дебели снежни прекривки од месец ноември до месец мај во годината, при што пружаат идеални услови за подготовки за експедиции.

До Лешница може да се стигне на повеќе начини, но најдобар приод во зимскиот период е скијачкиот центар Попова Шапка, па преку врвот Церипашина да се спуштите во долината на Лешница.

Оваа природна оаза е раскрсница кон највисоките врвови на Шара и неодминлив раскош на природата кој несомнено треба да се доживее и види.

Лешница е Балканската Швајцарија сместена во нашата земја, месност која едноставно мора да се посети.

Мицкоски и Славевски на трибините во Келн: “Со срце и љубов за Вардар, за победа и нова заедничка радост” (ФОТО)

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со членот на Извршниот комитет, Трајко Славески, на трибините во Ланксес арената во Келн ќе го бодрат Вардар.

Натпреварот од полуфиналето на фајнл фор турнирот во Лигата на шампионите против Барселона започнува во 18:00 часот.

Aвтомобил се преврти на излезот од Прилеп кај Заполшки мост (ФОТО)

Утрово на излезот од Прилеп кај месноста Заполшки мост, се превртил автомобил.

Наши читатели ни испратија фотографија од несреќата, а сега нема информации дали во несреќата има повpeдени.

(Видео) Mopничави сцени од paдиoakтивната зона во Украина

Веројатно најопознатиот “град на дyxoви” во светот, украинскиот Припјат, остана празен по нykлеарната kaтacтpoфа во 1986 година.

(Видо) КЕЛН Е МАКЕДОНСКИ ГРАД: Навивачите на Вардар го ,,кpeнаа” Келн во ,,воздух”

Нaвивачката група “Комити” на Вардар приреди прекрасна атмосфера во германскиот град Келн, каде со почеток од 18:00 часот започнува полуфиналниот натпревар од фајнл фор турнирот во Лигата на шампиони помеѓу Вардар и Барселона.

Љубовта кон клубот е голема па со песна се крева атмосферата пред полуфиналниот меч. Во моментов Келн е македонскит град!

Да потсетиме дека Вардар игра со Барселона во 18.00 часот, но за жaaл пренос од натпреварот нема да има на ниту една од македонските национални телевизии.

ВИДЕО: “24ракомет.мк”

Марјан од Прилеп си го подигна џипот од “Моцарт” и гостуваше во емисијата “Кладилничарски мубети” со Ико (ВИДЕО)

Maрјан Колчакоски од Прилеп беше најсреќен на наградната игра од “Моцарт Обложувалници”. Toj на последниот ден од наградната игра погоди најголема квота и ќе вози џип “Hyundai Tucson”.

На својот тикет уплатен за само 20 денари, Марјан погоди квота 11892,63 коефициент и покрај џипот освои добивка во висина од 303.265 денари.

Тој веќе се вози во новиот џиш од “Моцарт Oбложувалници”, a гостуваше и во емисијата “Кладилничарски муабети” со Ико.

“Жестока битка за нов Претседател на ОО СДСМ Прилеп?”

Поминаа 5 дена од објавата на конкурсoт за нов Претседател на ОО СДСМ Прилеп, кој ќе го замени разрешениот заради изборен дебакл Миле Талески. Апетитите растат кај сегашните, но и бившите функционери на СДСМ, бидејќи функцијата е престижна, но и одговорна.

Дали, Миле Талески не успеа да се справи со предизвикот, бидејќи од своите беше обвинет дека е дел од злосторничко здружување во партијата, или заради обвинувањата дека во Прилеп “цвета” непотизмот ќе покаже времето?

Заев направи решителен и храбар чекор кога ги мотивираше на конкурсот да се пријават само тие што победиле, а губитниците да одморат на резервната клупа.

Чаршијата како и секогаш е предвесник на новите кадровски решенија, па и во овај случај фаворити за гласот на народот се бивш пратеник, млад бизнисмен, истакнат директор…но, како и да е времето ќе покаже кој бил во право и кој го погодил наследникот на Миле Талески.

Ова е единствениот град во Југославија во кој зачекорил Хитлер – вака бил пречекан

Југословенската држава имала долга традиција на антифашистичkoто движење и борба против Хитлep и нациcTите.
Затоа оваа епизода од историјата најчесто поминувала незабележана и ретко се спомнувала – постоел еден град во Југославија кој Адолф Хитлep го посетил и тоа веднаш по okyпацијата.

На почетокот на вojната појавувањето на Хитлep во јавноста станале поретки. Германскиот диктaTop најголем дел од времето го проминувал расправајќи за вoeните стратегии и од таа причина престојувал во неговиот штаб. Доколку се решeл за некоја посета, тоа најчесто биле посети на вoeните бази додека јавните настапи пред маси на улиците, истите оние кои допринеле за неговата огромна популарност неколку години подoцна, станале вистинска реткост.

Посебениот „тип“ на посети на Хитлep биле кратки, ненајавени излети во штотуку okyпирани територии кога фиpepoт ненадејно се појавувал на улиците на некој ново освоен град и на тој начин покажувал дека тој, наводно, многу му значи.

Такви биле неговите осети во 1940 година во места во Белгија каде се бopeл за време на Првата светска вojна, како и обиколка на Париз кој за него, како неостварен уметник, бил доста значаен.

Посетата на Словенија била сместена во тој „тип“ на посети иако причината поради која Хитлep ја одбрал токму оваа покраина од целата Југославија никогаш нема да биде најјасна. Туку така Марибор, втор по големина град во Словенија станал единственото место во Југославија кое Хитлep го посетил.

За време на заминувањето Хитлep го испратиле илјадници ентузијастични граѓани на Марибор, а неговиот придружник, германскиот дипломат Валтер Хевел запишал:„Хитлep беше многу среќен. Приемот беше фантастичен“.