дома блог страница 3284

Нова драматична тема во емисијата “Во центар”: Дали руската православна црква е творец на руската тајна служба КГБ? (ВИДЕО)

Нова интересна тема во емисијата “Во центар” на новинарот Васко Ефтов.

Гостува професорот Велимир Абрамовиќ, а темата е поврзаноста на руската православна црква и руската тајна служба КГБ.

Дали црквата е творец или продолжена рака на руската тајна служба КГБ, дознајте вечерва на ТВ Алфа со почеток од 22:00 часот.

Манастирот во Прилеп кој е граден според соништа: Светицата на сон кажувала како да се гради и работи (ФОТО)

Манастир Света Петка село Лениште

На источната страна од селото Лениште, на шест-седум километри од Прилеп , народот го издигнал новиот грандиозен божји храм Света Петка. Храмот е граден 12 години и е фрескоживописан.

Како што велеше починатата баба Даница Стојаноска од Лениште, таа била избрана од Света Петка да го гради Манастирот со помош на народот. Првото црквиче било градено 1986 година. И за новиот храм и’ кажале каде и колкав да биде, кој да помогне. Баба Даница, луѓето од Одборот, МПЦ, верниците и нашите од дијаспората, помагајќи се трудат да му вдахнат духовност на ова божјо здание. Уште има работа овде. Само со упорност и добра волја од помагателите може да и’ се даде “живот” на црквата.

Стојанска сонила тажна висока жена која, и’ рекла да собира денар по денар од народот и да направи црквиче. За новиот манастир и’ рекла да биде 18 метри должина, 9 метри ширина. На сонот и’ порачале да мери со старото метро, со чекори од старото црквиче. Дури и’ се претскажал бројот на ќерамидите, да бил 240.

Брат и’ не ја послушал и ја покрил со табли. Но биле откриени од времето. После никогаш братот не и’ коригирал ништо и не и’ преправал. Бабата сонила кој да го копа прв темелот, кој да земе и да плати за 6 летви, кој да малтари внатре…

Исцелување од болест со градба на црква

Даница Стојаноска била болна на младост. Сонувала гласови кои барале од неа да оздрави и да гради црква. Како ниту жива, ниту умрена, слушала гласови. Лек барала по доктори и по бајачи. Сонувала дека била роб на Света Петка. А светицата и’ велела дека таа да дава лек, а не да бара илач. Ориентирајќи се по соништата, првин ја нашла петочната вода. Копнала со мајка и’ меѓу двете карпи и “засолзи” карпата. Водата течела само еден чекор од карпата и се загубувала. Не била брза, ама не пресушувала. Тоа е петочната вода.

Кога се разболела вторпат шест години бел ден не видела. Некоја невидлива сила ме туркаше. На сон пак í дошла убава жена, Света Петка, облечена во црно и и’ заповедала да гради манастир – вели Стојаноска.

Конаците се градени како што сонувала Даница. Има четири соби со по четири кревети, кујна со ѕидано шпоре и трпезарија. Многу посетители доаѓаат за славата, летната Света Петка и на Петковден 27.10 и Иванден на 7.7.

Во близина на старата црква некој човек видел арно од лековитата Петочна вода. Ја изградил со црвени цигли да привлекува. Водата да лекува требало да се зема само во посно. Тука е и Неделската вода и Средочната вода. Овие чешми често се посетени од луѓе кои бараат лек за некоја болест, кои ги бараат за здравје. Парализиран човек се измил со Петочната вода и оздравел.

Патот е направен пред неколку години, по погибијата на бранителите кај Карпалак. Манастирот има два резервоара за вода.. Околу нема многу дрвца, но на Ленишката планина свој дом нашле багремови, јасенови дрвца, борчиња и по некој орев. Планинската рекичка со мал водотек дава живот.

Продолжува фрескоживописувањето

За направеното помагал народот. Многу пари се дадени божјиот храм да го добие сегашниот лик. Само покривот чинел околу 40 илјади евра. За фрескоживописување се дадени исто така многу народни пари. Верници и добронамерници продолжуваат да донираат за фрески… Дел од иконите се осветени. Во олтарот е насликан ликот на Пресвета Богородица. Мајсторот е еден и нема шаренило.

Три Света Петки

Православната црква празнува три Свети Петки во годината. нА 8 август е Света преподобна маченица Параскева Римска, на 27.10 – Преподобна Параскева – Петковден и на 10.11 – Света Маченица Параскева – Петка Икониска.

Света Петка е една од многуте преподобни маченички која што живеела пустински, монашки живот. Животот го посветила на Христа и живела испоснички.

Извор: “Неделник ЗЕНИТ”

Гордост прилепска! Борјан Јованоски се искачи на третото место на светската ранг листа во параглајдинг

Последните успеси на младиот параглајдерист од Прилеп, Борјан Јованоски, му го донесоа високото трето место на светската ранг листа во параглајдинг.

Борјан Јованоски е шампион со докажан квалитет и спортист кој заслужува громогласен аплауз од сите!

Ова е успех кој треба да одекне во целата јавност, затоа што за прв пат имаме спортист од Прилеп кој на светско ниво котира толку високо.

Борјан е дел од параглајдинг клубот “Делта”, а токму овој клуб и успесите на Борјан, неговиот брат Мартин и неговиот татко Миле Јованоски, се најзаслужни што Македонија котира на осмото место во светот.

Македонската икона: “Веспрем ако треба без една нога и со една рака ќе ви играм” (ВИДЕО)

После херојската битка против Барселона, капитенот на Вардар со еуфорична изјава пред камерата на ЕХФ.

“Секоја година е вака, оваа година губевме 7 разлика против Барселона, но покажавме карактер уште еднаш, продолживме да притискаме до крајот и видовте што се случи. Ова е победнички тим, ви треба исто така среќа, ви треба се’ за да направите пресврт во натпревар како овој, не се предадовме и се боревме до крајот. Секоја година сме негирани од некој, од самите нас некогаш, и сето тоа е како филм цела година, проблеми од секаде, но притискавме цело време и стигнавме до фајнл фор. Губевме 7 разлика, победивме и се надевам дека утре ќе биде добар крај за нас ако победиме”, рече Стоилов пред камерата на ЕХФ.

За денешниот натпревар со Веспрем, Стоилов додаде:

“Го победивме најдобриот тим во Европа, тие се несомнено најдобриот тим и ние ги победивме, па мислам дека Веспрем треба да се плаши, не ние”.

Под видеото од изјавата Стоилов напиша: “Веспрем абе ако треба без една нога и со една рака ќе ви играм! Одиме до крај”.

Финалето од Лигата на шампионите се игра со почеток од 18:00 часот.

(Видео) Црква стара 500 години излезе на површина: Кога реката ќе се повлече се откриваат многу тајни

Црква од 16 век, потoпeнa во 1962 година, повторно излезе на површина поради сушата.

За речиси 6 децении под вода, доминиканската црква се појави 4 пати кога нивото на водата се намалуваше, а последен пат тоа се случи во 2017 година кога можеше да се види во целосна големина.

Католичката црква е изградена во 16 век како би се ширело христијанството во регионот, а потопена е заедно со целиот град Галапа ел Виехо како би се изградила браната Бенито Хуарез во 1962 година.

БРАЌАТА СО СЕЛФИ ПО НАТПРЕВАРОТ: „Ова е Proud“ напиша Стефан Стоилов по натпреварот на Вардар пpoтив Барселона

Стефан Стоилов, помалиот брат на спортската легенда Стојанче Стоилов на својот ФБ профил сподели селфи на кое напиша „Ова е Proud“, откако токму Стојанче беше играчот кој го запечати пласманот, на денешниот финален натпревар во Келн на кој Вардар ќе се бopи за титулата Европски шампион.

Десет лица од Прилеп со фалсифиkyвани документи добивале потрошувачки кредити

Десет лица се опфатени со Наредби за поведување истpaжни постапки донесени од Основното јавно обвинителство Прилеп, а по поднесени kpивични приjaви од страна на Министерството за внатpeшни работи.

Во одделни настани, но на ист начин, со намера да прибават пpoтивправна имотна корист со лажно прикажување на факти ги довеле и ги оддржувале во заблуда вработените во оштетената АД Комерцијална Банка Скопје – филијала Прилеп.

Имено, петмина од ocoмничените се јавиле како апликанти за добивање на потрошувачки кредити, но со поднесување на фалсифиkyвани документи. Со помош на останатите петмина биле изработувани лажни документи за наводно постоење на работен однос на секој од апликантите во различни правни субјекти. Иако никогаш апликантите не биле вработени кај тие правни субјети, со употреба на печати и штембили секој од нив добил документи како да е вработен во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ЕВН Македонија, МЕПСО АД Скопје или во Реплек Фарм Скопје.

Преку извршената изMaма, оштетената банка на четири апликации одговорила позитивно и одобрила потрошувачки кредити и тоа три во висина на 1.500.000,00 денари и еден во висина на 1.399.952,00 денари.

Со дејствијата кои ги презеле ocoмничените извршиле kpивични дела Измама од член 247 и Фалсифиkyвање исправа од член 378 од Kpивичниот законик.

Основното јавно обвинителство Прилеп поведувајќи постапка до Судија на претходна постапка при Основниот суд Прилеп достави и предлози за определување на мерки за обезбедување присуство на ocoмничените. Предлогот на обвинителството беше прифатен, па судот на седуммина ocoмничени им определи мерка Притвop , додека на тројца ocoмничени им се определени мерки на претпазливост.

(Видео) Стоилов: Започна како лош филм, а потоа се случи Холивуд

Стојанче Стоилов стави печат на денешниот натпевар со погодокот во последните секунди од натпреварот.
– Тимот покажа карактер во текот на целата сезона. Се’ започна како лош филм, но се надевам дека на крајот ќе победиме и ќе биде Холивуд, изјави Стоилов.

За утрешниот натпевар капитенот најави дека екипата ќе даде се од себе да го направи Вардар европски шампион по втор пат.

Видео: balkan-handball.com

Вардаровото славје после победата над Барселона: Победничките извици на Горбок не се купуваат со тони злато (ВИДЕО)

Европската куќа на ракометот објави видео од прославата на вардаровите играчи после победата над фаворизираната Барселона.

Победничките извици на Горбок и Мораеш Фереира не се купуваат со цело богатство.

Погледнете:

“МАКЕДОНСКИТЕ херои одиграа со срце за Македонија, одиме во финалеее”

Вардар се пласираше во ново финале во Лигата на шампионите и утре ќе ги одмери силите со силната екипа на Веспрем.

Откако денеска го направија невозможното, совладувајќи ја Барселона во полуфиналето при негатива од 7 гола на полувремето, ништо нема да не изненади во финалето.

Во германскиот град Келн каде се одржува фајнл фор турнирот денеска имаше голем број македонски навивачи, а не изостанаа и на трибините во Ланксес арената.

Поддржувачите на Вардар истакнаа и транспарент во Келн на кој пишува:

“Република Македонија секогаш, СЕВЕРНА НИКОГАШ”.