Македонската икона: “Веспрем ако треба без една нога и со една рака ќе ви играм” (ВИДЕО)

После херојската битка против Барселона, капитенот на Вардар со еуфорична изјава пред камерата на ЕХФ.

“Секоја година е вака, оваа година губевме 7 разлика против Барселона, но покажавме карактер уште еднаш, продолживме да притискаме до крајот и видовте што се случи. Ова е победнички тим, ви треба исто така среќа, ви треба се’ за да направите пресврт во натпревар како овој, не се предадовме и се боревме до крајот. Секоја година сме негирани од некој, од самите нас некогаш, и сето тоа е како филм цела година, проблеми од секаде, но притискавме цело време и стигнавме до фајнл фор. Губевме 7 разлика, победивме и се надевам дека утре ќе биде добар крај за нас ако победиме”, рече Стоилов пред камерата на ЕХФ.

За денешниот натпревар со Веспрем, Стоилов додаде:

“Го победивме најдобриот тим во Европа, тие се несомнено најдобриот тим и ние ги победивме, па мислам дека Веспрем треба да се плаши, не ние”.

Под видеото од изјавата Стоилов напиша: “Веспрем абе ако треба без една нога и со една рака ќе ви играм! Одиме до крај”.

Финалето од Лигата на шампионите се игра со почеток од 18:00 часот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.