Вардар синоќа славеше заедно со навивачите на трибините по победата над Барса.
Се надеваме и денеска на победа, да навиваме за Вардар во 18. часот.
Предизборен популизам или нешто што ќе започне да се спроведува во наредниот период?
Како може да се сфати пораката на премиерот Зоран Заев за време на изборната кампања каде тој пред прилепчани вели сите за кои се констатирани неправилности при вработувањата да се повлечат од истите?
“Секако повикувам на политичка и професионална одговорност од секој што направил непотизам и го ускратил правото на граѓаните. Само така ќе ја средуваме државата и никако поинаку”, истакна Заев пред околу еден месец на изборната трибина во Прилеп.
Деновиве од Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп истакнаа неколку примери во кои се работи за вработување на роднини од градоначалникот Илија Јованоски.
Прес конференцијата следуваше откако Државната Антикорупциска Комисија истакна дека разгледува иницијатива за кривична одговорност на Јованоски за вработување на негова роднина во општина Прилеп.
Пожарско се наоѓа во северозападниот дел од котлината Меглен, во јужното подножје на планината Ниџе, на 13 км од градот С’ботско, 33 км од Воден и 120 км од Битола. Селото се состои од две маала: Горно и Долно Пожарско.
Црквата Св. Јован, каде во времето се празнувало, се правеле крштевки, венчавки, денеска е целосно руинирана и е сам нем сведок на едно време.
Навистина една жална слика од која потекуваат солзи….
Погледнете:
Линк за натпреварот може да најдете ТУКА.
Дождот кој не престанува да врне во централна Босна, направи вистински колапс.
Се рушат мостови, се уништуваат патишта, состојбата е алармантна, пренесуваат медиумите од регионот.
Се создале и излизгувања, а дождот најмногу проблеми создал во куќите.
Екипите од вчера се на терен и се справуваат со поплавите.
Капитенот на Вардар одговара на прашања од фановите пред камерата на ЕХФ.
За тоа на што најдобро ќе се сеќава од оваа сезона, Стојанче вели дека тоа е натпреварот на гости против Пик Сегед.
“Одличен натпревар, тежок натпревар, гласен натпревар и на крајот сме тука”.
Што е најважно за да се биде пивот?
“Moра да имате малку повеќе вишок на килограми. Морам да го кажам ова, бидејќи јас сум таков. Мускулест, но не е се’ во мускулите, мора да имате нешто и во главата”.
Aко не беше ракометар, што би бил?
“Всушност започнав да играм ракомет кога имав 18 години, претходно играв кошарка, но не бев многу добар во тоа”.
Македонски железници Транспорт информираат дека од 15. месецов се воведува тарифска понуда City Star за повратно патување на релација Скопје-Солун-Скопје.
Во објавата на веб страницата на железничкото претпријатие е наведено дека цена на чинење на возниот билетот е во зависност од бројот на патници кои патуваат заедно, но најмногу пет возрасни лица и едно дете.
Билетите може да се извадат на патничка благајна во станица Скопје и на патничка благајна во станица Солун.
Ако групата ја сочинуваат пет возрасни патници, билетот за еден патник ќе изнесува 13,5 евра или 836 денари. Во случај кога групата ја сочинуваат пет возрасни патници и едно дете, билетот за еден патник ќе изнесува 12,20 евра или 756 денари, информираат од МЖ Транспорт.
Ивана Туфегџиќ од СДСМ, вчера во гостувањето на 360 степени кажа дека ќе оди на Парадата на гордоста.
– Јас лично да, ќе одам на парадата. Верувам дека и другите колеги од групата, рече таа, додавајќи дека нивна задача како парламентарци е да ги гарантираат, штитат и обезбедатчовековите права, без разлика дали имаат имате личен став на пратеник, верско мислење на пратеник, што и да е, изјави таа.