дома блог страница 3282

ЗАСЛУЖЕНО! Игор Карачиќ прогласен за МВП на фајнл фор турнирот во Келн

Игор Карачиќ е прогласен за МВП на фајнл фор турнирот во Лигата на шампионите.

Карачиќ беше моторот кој го предводеше Вардар до втората титула во клубската историја, постигнувајќи пет погодоци во дуелот против Барселона и три во финалето против Веспрем.

Иако со Барселона се здоби со повреда поради која мораше предвреме да го напушти натпреварот, Карачиќ собра сили и настапи во финалето. Погодуваше во клучни моменти, а неговите асистенции беа милиметарски точни.

Титулата најдобар стрелец ја понесе поранешниот вардарец Алекс Душебаев, кој сезонава постигна 99 голови.

ФОТО ГАЛЕРИЈА ОД ЕПСКАТА БОРБА НА ВАРДАРЦИ: Целата нација е горда на Вардар!!!

ЕХФ објави фото галерија од финалниот меч во Лигата на шампионите во кој Вардар по втор пат во историјата ја освои шампионската титула.

ФОТО: EHF / Heimken, Hocevar, Lämmerhirt, Stadler

Последниот погодок на Чупуќ кој го потона Веспрем и ја забетонира титулата (ВИДЕО)

Вардар одново е шампион, Македонија слави! Црвено-црните се на врвот на Европа втор пат во три години!

ЕХФ објави видео од последниот погодок на Иван Чупиќ кој беше прецизен од пенал во 60-тата минута и ги постави конечните 27:24.

(Видео) Се слави титула, лудило во фан зоната во главниот град

Неверојатна атмосфера во главниот град, откако РК Вардар стана шампион на Европа во Ракомет. Вардар го пopaзи Веспрем со 27-24 и се запиша во европската клубска историја. Титулата на Вардар создаде неверојатна атмосфера во фан зоната на Вардар во Скопје.

Македонијо радувај се.

Вртелешката на Дибиров која му го “сомели” умот на голманот на Веспрем (ВИДЕО)

Вардар одново е на врвот од Европа, откако го совлада Веспрем во финалето на Лигата на шампиони со резултат 27:24.

Црвено-црните во три години по втор пат ја освојуваат шампионската круна, до која стигнаа благодарение на борбената игра, мотивот и дисциплината.

Тимур Дибиров во финалето постигна 3 погодоци, кој од кој поубав. Сепак, од ЕХФ го издвоија погодокот во десеттата минута од натпреварот кога Дибиров упати една вртелешка кон голот на Веспрем и донесе водство од 6:4 за Вардар.

BAPДАP ЈА ПOKOPИ EBPOПА! CЛABИ МАКЕДОНИЈО, ОДНОВО ИМАШ ШАМПИОН!

Ракометарите на Вардар се победници во Лигата на шампиони и во три години по втор пат ја освојуваат шампионската титула.

Крајниот резутат на денешниот дуел со моќниот унгарски шампион Веспрем е 27:24 (16:11 на полувремето) за црвено-црните.

Од првата буквално минута вардарци го контролираа водството и тоа траеше до самиот крај.

Иако Веспрем во второто полувреме се доближи во неколку наврати на минус еден гол, сепак кога требаше најмногу ракометарите на Вардар одново покажаа карактер и успеаа да стигнат до титулата.

Слави МАКЕДОНИЈО имаш зошто! Вардар е македонски непокор! Вардар е гордост македонска!

Mицкоски грмогласно навива за Вардар на трибините во Келн (ВИДЕО)

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и денеска на трибините во Ланксес арената во Келн, го бодри Вардар во финалето од Лигата на шампиони.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ навиваше за црвено-црните и вчера на полуфиналниот дуел против Барселона.

Вардар го гази Веспрем на полувремето! Црвено-црните итаат кон втора титула во Лигата на шампиони!

Вардар води на полувремето од финалниот дуел против Веспрем со 16:11.

Црвено-црните манифестираат надмоќ и ја контролираат играта и во нападаот и во одбраната.

Одличен одново е голманот Милосављев кој веќе нанижа десетина одбрани.

Во нападот на Вардар функционира речиси беспрекорно, па досега Мораеш има 4 постигнати погодоци, Стоилов 2, Скубе 3, Криштопанс 2, Дибиров 2, а по еден имаат Карачиќ, Чупиќ и Шишкарев.

Прилепчанец во Мадрид го следеше финалето во Лига на шампиони: “Незаборавно искуство кое мора да се доживее” (ФОТО/ВИДЕО)

Андреј Стефаноски од Прилеп синоќа на трибините од новиот стадион на Атлетико Мадрид „Ванда Метрополитано“, го следеше финалето од Лигата на шампионите.

За Маркукуле Андреј вели дека да се проследи ваков натпревар е незаборавно искуство кое мора да се доживее.

“Не се опишува со зборови искуството да се слушне химната на Ливерпул “You will never walk alone” од грлата на илјадници навивачи”, вели Андреј.

ВИДЕО: Комитите во транс- Вака славеше Вардар вчера

Вардар синоќа славеше заедно со навивачите на трибините по победата над Барса.

Се надеваме и денеска на победа, да навиваме за Вардар во 18. часот.