дома блог страница 3281

Eмотивна изјава на Милосављев: “Ја гледам девојката што ќе ја оженам за 10 дена и не ми се верува дека сум европски првак” (ВИДЕО)

Дејан Милосављев избра најдобар можен начин да се збогува со дресот на Вардар и со две величенствени партии во дресот со црвено-црна боја ја освои европската титула. Младиот голман кој потекнува од школата на Југович од Кач, а во Вардар дојде од Партизан беше емотивен при изјавата за српските медиуми.

Голманот беше во неверица по победата и во микс зоната емоциите го надвладеаја.

„Не можам да поверувам дека сме шампиони. Ја гледам мојата идна сопруга, девојката која ќе ја оженам за десет дена на трибините и не верувам дека сме европски шампиони. Како е можно ова да се случува? До вчера ги гледав овие момци од трибините, а сега сум тука и сум европски првак со нив. Сакам да му се заблагодарам на нашиот тренер на голмани, Дејан Периќ, кој од првиот момент веруваше во мене. Тој, Едуард Кокшаров и Сергеј Самсоненко се најзаслужни што дојдов во Вардар и им благодарам што ме прифатија на најдобар можен начин. Мислам дека на најубав начин се простив од Скопје и Македонија. Потпишав многу порано во Германија, отколку што објавија медиумите, но секогаш играв докрај и до последната капка пот гинев за Вардар“, рече за „Balkan-handball“, младиот чувар на мрежата.

Европската куќа на ракометот за Вардар: Oва е приказна што ако ја напишеш луѓето нема да ти веруваат (ВИДЕО)

ЕХФ со неверојатна порака го честиташе успехот на Вардар во финалето на Лигата на Шампионите.

“Oва е приказна што ако ја напишеш луѓето нема да ти веруваат”, напишаa oд ЕХФ.

Ова се коментаторите од „Арена Спорт“кои со сето срце и душа навиваа за Вардар, иако не се Македонци (ФОТО)

Нови миленици на македонската публика се Сретен Рашковиќ и Стеван Стевановиќ, коментаторите на српската „Аренаспорт“ која ги има правата за Лигата на шампионите.

Овие момци од се срце навива за Вардар иако тоа не е нивни клуб и доаѓаат од Србија.„ Радувај се Македонијо“, „Вардар гордост македонска“, постојано повторуваа Сретен и Стеван.

На социјалните мрежи веќе има повици и тие да бидат поканети на славјето и пречекот на ракометарите. Заслужија.

(Видео) Сонцето од Кутлеш пред вардаровиот хотел во Келн: Герила акција на навивачите на Вардар

Навивачи на Вардар го симнаа официјалното знаме на ЕХФ пред хотелот во кој се сместени играчите на Вардар, и на негово место го поставија македонското знаме со сонцето од Кутлеш.

Оваа герила акција ги воодушеви сите Македонци.

Видео: sport1.mk

Видео: “Македонски Твит на векот”

Македонија во транс, се слави европската титула на Вардар.

Овој Твит е апсолутен хит и вирално се споделува на социјалните мрежи.

“Никогаш Северна, само Македонија” грмеше пред салата во Келн (ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО)

Грми пред Ланксес арената во Келн. Македонските навивачи кои денеска во голем број го бодреа Вардар до втората титула во Лигата на шампиони извикуваат:

“Никогаш Северна, Само Македонија”

Маркукуле ви пренесува ексклузивно видео од Келн.

Стоилов до модераторот од ЕХФ: “Мојата држава е Република Македонија” (ВИДЕО)

На прес конференцијата после финалето од Лигата на шампионите, Вардар беше претставен како шампион на Северна Македонија, по што капитенот Стојанче Стоилов реагираше и рече:

„Да потенцирам, мојата држава е РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“.

Целосната прес конференција погледнете ја во продолжение:

БЕСЦЕНЕТО! Заедничката прослава на Комити и Вардар (ВИДЕО)

Вардар ја освои втората титула во најелитното ракометно натпреварување и одново е на врвот во Европа.

Откако ја подигнаа шампионската круна, вардарци се упатија кон трибината каде беа сместени навивачите од навивачката група “Комити” кои до последен атом ги бодреа своите миленици во дуелите со Барселона и Веспрем.

Погледнете:

ГРМИ СКОПЈЕ! Плоштадот “Македонија” преполн со народ(ВИДЕО)

Плоштадот “Македонија” во центарот на главниот град исполнет до последно место. Се слави шампионската титула на Вардар.

Порталот “Инфомакс” врши директен пренос од прославата.

Првата честитка за Вардар дојде од мегапопуларниот Стинг, а на подарок доби дрес со неговото име (ФОТО)

Веднаш после победата на Вардар стигна и првата честитка и тоа лично од Стинг.

Стинг доби на подарок и дрес од Вардар со неговото име.