дома блог страница 3277

Ел Чека најави нови „изненадувања“: Заев, ако нешто им се случи на браќата заборави ја приказната на Заеви, Алиевци и сите соработници!

Нашите браќа Сами Укшини, Вал Зека и Шек Халаќи имаат повеќе од било кога потреба за нашите молитви, бидејќи само што добив информации директно од еден вработен од високото Обвинителство во Скопје, кој има албански чувствa, дека тројцата браќа треба да бидат внимателни повеќе од кога било во затвopoт каде што ја издржуваат kaзната, пишува на Фејсбук кичевецот А.Ш., кој стои зад псевдонимот Ел Чека и кој објавува „бомби“ за функционери на ДУИ.

-Тој ми рече дека не треба да ја користат храната што им е дадена во затвopoт и да не излезегуваат од нивните ќелии, туку да бидат обединети, бидејќи нешто се подготвува против нив! Зоран Заев мора да знае дека ако нешто се случи нека ја заборави приказната на Заеви, Алиевци и сите нивни соработници! Објавувањето на прислушувањата ќе се прави во утринските часови, бидејќи денес имавме многу пречки! #семолимезанив, додава Ел Чека.

Извор: kurir.mk

(Фото) Регионот пишуваше за величенствениот пречек на Вардар

Медиумите од целиот регион пишуваат за Македонија и величествениот вчерашен пречек на нашите херои, ракометарите на Вардар. Иако пречекот беше лошо организиран од страна на градот Скопје, граѓаните на цела Македонија кои се собраа и ги дочекаа ракометарите на аеродромот, а потоа и на плоштадот, го направија пречекот грандиозен!

Време: Променливо со локален пороен дожд

Времето во земјава ќе биде променливо облачно и нестабилно, особено попладне со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Утринската температура ќе се движи од шест до 13 степени, а дневната температура од 16 до 26 степени.

До среда ќе се задржи променливо и нестабилно време, попладне со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со пообилни врнежи, грмежи, засилен ветер и појава на град. Во петок и за време на викендот ќе има значителен пораст на температурата.

“Никогаш Северна, само Македонија” грмеше и од сцената и од плоштадот (ВИДЕО)

Република Македонија е името под кое се бореа ракометарите на Вардар.

Ова го потврдија шампионите кога излегоа на сцената.

– Здраво Македонија, Република Македонија. – поздрави Данијел Јуришиќ, еден од тренерите на Вардар, по што ечеше: Никогаш Северна, само Македонија, и на бината и на плоштадот.
Ракометарот Тимур Дибиров неколку пати нагласи дека цел вардарски победнички тим се Македонци.

Сите ракометари меѓусебно на бината се шегуваа за “број 5”, па меѓусебно се нарекуваа според бројот под кој играат.

– Ако Столе е играчот број 5, тогаш јас сум 31. – кажа Дибиров.

Триумфален Вардар под Триумфална капија: Моменти за вечноста (ВИДЕО)

Шампионите од Вардар пристигнаа на плоштадот “Македонија” и заедно со илјадници фанови ја прославуваат втората титула во Лигата на шампионите.

Пред стапнувањето на сцената, вардарци поминаа под Триумфалната порта.

“Велес во чест на Вардар, а Прилеп…буквално ништо..?” (ФОТО)

На градската Саат кула во Велес осамнаа клубските бои и амблемот на Вардар во чест на втората титула во Лигата на шампиони.

Секоја чест за велешани, a добро ќе беше ова да се види и на Саат кулата во Прилеп и Битола.

(ДРОН ВИДЕО) Македонија на едно место! Вардар предизвика чудо во Скопје! Оваа слика ќе се памети засекогаш

Сите навивачи на Вардар се собраа на плоштадот во Скопје да ги пречекаат европските шамиони на Вардар.

Плоштадот е преполн со граѓани од сите возрасти, деца, возрасни, жени и мажи.

СпортМ објави видео од дрон на кое се гледа каква е атмосферата на плоштадот „Македонија“

Вардар не се врати во полн состав – еден ракометар влезе во друг авион

Во авионот на европскиот првак недостастигаше еден од клучните играчи за победата на Вардар – кружниот напаѓач Рожерио Мораеш, кој со сопругата замина за родниот Бразил.

Ракометарите на Вардар слетаа на аеродромот во Скопје и сега се на пат кон плоштадот “Македонија” каде ги очекува пеколна атмосфера.

Вака прославуваат прилепчани за празник: Манастирскиот комплекс Св. Илија Писокал претесен, се виеше оро од стотици присутни (ВИДЕО)

Maнастирот Св. Илија Писокал во село Кален, прилепско Мариово, беше претесен да ги собере сите гости, кои синоќа и денеска го празнуваа големиот христијански празник Св. Константин и Елена.

Гости пристигнаа од сите краишта на прилепскиот регион, но и од подалеку, а за забавата се погрижи фолк пејачот Спасен Силјаноски и група “Плетенка”.

Во продолжение погледнете дел од атмосферата:

Весело беше и денеска кога свој настап пред гостите повторно имаше групата “Плетенка” од Битола:

ТВИТ НА ДЕНОТ: “Стојанче од Македонија и Стојанче од Северна”

Социјалните мрежи се преплавени со оваа урнебесна фото илустрација на која се наоѓаат двајцата најактуелни ликови кои го носат името Стојанче.