Дарко Чатлески ја претставуваше Македонија на Генералното Собрание на Европската Боксерска Унија (ФОТО)

На 01.06.2019 год. во Шибеник, Р. Хрватска, се одржа Генералното Собрание на најголемата и најреномирана организација во Европа за професионален бокс, Европската Боксерка Унија (Е.Б.У). Настанот беше во организација на “ПБСФ” под водство на Хари Гориан.

На овој настан учествуваа околу 40 земји од Европа. Нашата земја ја представуваше Про Бокс Македонија членка во ЕБУ од 2013 година, а делегат беше Дарко Чатлески од Прилеп.

На ова Генерално Собрание најважни точки во агендата беа проблемите со допингот на боксерите и суспензијата на боксерите кои доживеале технички нокаут или класичен нокаут.

Одлучено беше после ТКО или КО на секој професионален боксер да му се даде суспензија до 28 дена во завистост на тежината на нокаутот, поради заштита на боксерите.

Со едногласна одлука на сите членки на ЕБУ беше одлучено да се поддржи аматерскиот бокс од страна на EBU, WBC, IBF, WBA, WBO. Оваа поддршка ќе биде испратена до Олимпискиот Комитет за настап на аматерскиот бокс на Олимписките Игри во Токио Јапонија.

За најдобар ЕБУ шампионат беше прогласена борбата помеѓу Францеско Патера против Левин Ристон. Шампион на годината е Керман Лејарага а промотер на годината е Улф Стеинфорд СЕС Боксинг.

Фамилијата на ЕБУ им даде можност за членство на следнте држави: Албанија , Молдавија, Турција и Словенија.
Следното ЕБУ Генерално Собрание во 2020 година ќе се одржи во Ла Коруна Шпанија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.