дома блог страница 3268

Пољаците си излегле на “ферка” во Градски парк во Скопје: Видео од масовната тепачка

Во 2016 година навивачките групи на Видзев Лоѓ и Висла Краков го прекршиле договорот за примирје додека игра репрезентацијата на Полска, поради што сите останати групи се негативно настроени кон нив. Во Скопје, според неофицијални информации во Градски парк имало договорена тепачка меѓу 50-ина членови на Видзев и 100-ина членови на останати групи – пишува “Офф.нет”

Со брза интервенција на ЕБР, голем дел од хулиганите биле приведени

Се сопна и падна на сцената, но Антониа Гиговска одново ги собра сите симпатии и отпеа маестрално (ВИДЕО)

Фантастичното прво полу финале на талент шоуто “Пинкови ѕвездички – All stars”, синоќа го затвори Антониа Гиговска, која настапи седма по ред со песната “Je t’aime” која во оригинал ја изведува Лара Фабиан.

Со својот настап Антониа по којзнае кој пат ги собра симпатиите од петчленото жири, но и многубројната публика која воздивнуваше на нејзиното пеење. Антониа за време на настапот доживеа и мала незгода, кога се сопна и падна на сцената, но тоа не беше проблем и воопшто не го наруши нејзиното одлично пеење.

Откако ја отпеа песната, Антониа ги дочека и коментарите на стручното жири, кои за разлика од изминатите 8 месеци немаа прилика да оценат кој ќе продолжи понатаму. Тоа сега е работа на публиката.

“Koга можеше Бијонсе да падне, можеш и ти. Најважно е што продолжи да пееш и после падот, и тоа најтешка песна. Ти честитам за твојата песна, јас и мојата ќерка често ја слушаме. Ти честитам и за пласманот на Евровизија кој го имавте заедно со Тамара, бевте одлични, тоа е голем успех за Македонија, јас со сето срце навивав за вас”, рече Гоца Тржан.

“Ти си пејач од одличен калибар, се што сакаш можеш да ставиш како епитет за твојата перфектонст. Никој ништо не може да ти замери. Мојата другарка ми рече “Ако Антониа не победи јас го оставам телефонот”. Се надевам дека голем дел од нашата публика ќе гласа за тебе”, рече Леонтина Вукмановиќ.

“Немаше грешка. Не паѓаат сите, Бог им дава падови на избраните. Така да ти си вечерва избрана”, и порача на Антониа, Наташа Беквалац.

Во продолжение проследете го настапот на Антониа:

Ваква глума нема ниту во Холивуд: Пољаци признаваат дека Македонија е тешко оштетена (ВИДЕО)

Maкедонија синоќа загуби со 0:1 против Полска во третиот меч од квалификациите за Европското првенство во 2020 година.

Полска преку единствената шанса поведе со голот на Пјонтек и успеа да го задржи водството до крајот.

Сепак, во 89-та минута Елиф Елмаз шутираше за израмнување, а полскиот играч Кришчовијак ја фати топката со рака во шеснаесетникот, а потоа и добро одглуми.

Дури Пољаци на Твитер тврдат дека тоа е пенал, а дека нивниот играч одглумил многу вешто.

Погледнете:

Верувале или не: Министерот вели дека платите на специјалистите стигнаа околу 100.000 денари

Значајна сума на пари се оддели за зголемување на платите на лекарите во Македонија. Значајно се зголеми и сумата на пари кои ги земаат лекарите и сестрите за дежурства и ноќни смени. Еве веќе има лекари каде што заедно со дежурствата платата им е стигната до 100.000 денари, рече Филипче.

Не е секогаш платата единствената причина за да ги заддржиме лекарите, туку и условите за работа.

– Огромна сума на пари досега се одлеваше за странство, минатите години дури 50 милиони евра се одлеани во странските болници, замислете како би изгледале нашите болници со тие пари, доколку тие би се вложиле таму, рече Филипче, најавувајќи дека ќе се прошируваат услугите на македонските болници за интервенции кои досега се правеле во странство, во иднина ќе има услови и во нашата земја.

Филипче најави дека се враќаат доктори од странство во нашата земја.

До декември се најавува зголемување на платата на околу 100.000 денари просечно нето принос за сите специјалисти.

Извор: republika.mk

(Фото) Нова милионска добивка: Со 20 денари уплата стана милионер

Betting List

Погодени 7 натпревари 1+пп&2+вп, вкупна квота 51172 на уплата од 20 денари плус 18% MOZZART БОНУС за добивка од 1.026.522 денари. Честитки до добитникот.

“Излези момче право на тераса” ечи на националната арена (Видео)

Македонија се соочува со Полска во ракмите на Група Г за квалификациите на Европското првенство. Оваа утакмица е од исклучителна важност и за двете репрезентации.

Тимот на Полска се состои од фудбалери кои настапуваат во најсилните европски фудбалски лиги, но Македониците ќе се обидат да ја искористат и поддршката од трибините, каде атмосферата е пеколна.

Населбата “Бончејца” се крева пpoтив Градоначалникот?

Жителите на населбата „Бончејца“ во Прилеп бараат Општината под итно да превземе мерки и да го дислоцира дивиот пазар кој се наоѓа веднаш до железничкиот премин. 10-тина камиони со препукции на зеленчук и овошје го имаат запоседнато целиот дел од двете страни на железничката пруга. Жителите реагираат дека повеќе не се издржувало од гужвата и миризбата која секој ден се ширела низ населбата, јавува ИнфоКомпас.

„Ова повеќе не се издржува. Миризба од скапан зеленчук и фекалии се шират на сите страни. Пазарџиите уринираат пред зградите. Нејасно е зошто и покрај нашите негодувања и апели досега Општината не превзема ништо. Див пазар функционира без никаква контрола. А бидејќи камионите се паркирани на самата раскрсница каде има и железничка пруга само прашање на време е кога ќе се случи сообраќајна несреќа“, велат жителите на населбата.

Целата фото галерија можете да ја погледнете ТУКА.

(Видео) Ајкула плива во близина на плажата која е најпопуларна за балканските туристи

Тивкиот град на брегот на Јадранот беше потpecен од веста дека ајкула е забележана и снимена во близина на една од плажите.

Во Гребаштица, населба недалеку од Шибеник, снимена е ајкула во близина на плажата. Видеото го објави хрватскиот портал Индекс, кој истото го добил од очевидец.

Твит на денот: Скопје-Будимпешта со авион 899 денари, Гевгелија – Скопје – Гевгелија, 720 денари само за патарини

Гевгелија – Скопје – Гевгелија = 720 денари само за патарини. Кае гориво плус.

Скопје – Будимпешта авионски превоз = 899 денари.

ЕПА ЧАООООО

Вечерва стартува 54-то издание на Македонскиот театарски фестивал “Војдан Чернодрински” во Прилеп

Вечерва во Центарот за култура „Марко Цепенков“, ќе биде отворен 54.Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Годинешниот Фестивал ќе понуди неколку новитети, а најзначајните секако се воведувањето на таканаречните „тркалезни маси“ и гласањето на публиката.

Уметничкиот директор и селектор на МТФ „Војдан Чернодрински“, Катерина Коцевска истакнува дека разговорите на „тркалезната маса“ ќе се случуваат веднаш после завршувањето на претставите во официјална конкуренција, освен првата вечер, кога заради отворањето на Фестивалот и концертот на Влатко Стефаноски, тие ќе се одржат следниот ден во 11 часот.

„Другата новина е што воведуваме гласање на публиката, што секако претставува предизвик. Веднаш после секоја претстава, заедно со претставникот на театарот чија престава се играла, ќе бидат изброени гласовите и веднаш после секој разговор на ‘тркалезна маса’, на принцип на проценти, ќе биде соопштен бројот на освоени гласови. На денот на доделувањето на наградите, на 15 јуни ќе биде доделена и наградата на публиката, која ќе ја додели градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски“, изјави Коцевска.

Годинешното издание на МТФ „Војдан Чернодрински“ ќе трае од денеска, 7 јуни до 15 јуни, односно еден ден повеќе од минатогодишното издание. Во официјална конкуренција ќе се најдат 8 претстави, а Министерството за култура одвоило 4 милиони денари, што е повеќе од досега. Тоа, како што истакнува уметничката директорка Коцевска, ќе овозможи зголемување на наградите како за животно дело, така и на останатите поединечни награди.

Наградите за животно дело годинава им припаднаа на режисерот Владимир Милчин и актерот Бајруш Мјаку. Фестивалот ќе биде отворен со претставата на Македонскиот народен театар – Скопје, „Макбет“, во режија на Нела Витошевиќ, на што ќе му претходи концертот на Влатко Стефаноски.

Стручното фестивалско жири го сочинуваат Маја Вељковиќ Пановска, актер во Драмски театар од Скопје, Љиљана Богојевиќ, првенка на Хрватскиот национален театар од Вараждин и Бедиа Беговска, актер зад кој стојат стотина театарски, филмски и улоги во ТВ серии.

54 МТФ „Војдан Чернодрински“ се одржува под мотото „Ова е наше време! Време за театар“.