дома блог страница 3254

Иако Ви ветуваа друго: Од понеделник ќе се издаваат регистарски таблички со NMK

Новите регистарски таблички за возилата кои МВР ќе ги издава од наредната недела ќе бидат со национална ознака NMK наместо досегашната МК.

Според измените кои ги направи Министерството, предвидено е новите табличките да се издаваат од 15 јуни, но бидејќи е сабота, првите ќе се издадат веројатно во понеделник.

Оние пак, кои немаат потреба веднаш да ги менуваат табличките ќе ги користат старите со налепници.

Се пропишува дека одредбата која се однесува на налепницата „NMK“, ќе се применува до 12.02.2024 година – велат од МВР.

Промоторите на македонската песна снимија дует: Слушнете ја “Славчо и Иванчо” во изведба на Спасен Сиљаноски и Дамјан Стојаноски (ВИДЕО)

Излезе во етер долго очекуваниот дует на кичевчаните Спасен Сиљаноски и Дамјан Стојаноски.

Се работи за преработка на народната песна “Славчо и Иванчо”, а двајцата млади изведувачи уште еднаш покажаа дека се вистински промотори на убавата македонска песна.

Маестралниот спот е дело на “Арт продукција”.

Во продолжение уживајте во убавата изведба на Спасен и Дамјан:

Детскиот градски хор „Мали Ангели“ ги стопли срцата на прилепчани

Пред голем број на публика, вчера на камената бина, се оддржа детската музичка манифестација, летен концерт на градскиот детски хор „Мали Ангели“.

Малите Ангели ги исполнија срцата на посетителите и публиката на концертот. Целта на хорот Мали Ангели е да ја развива музичката култура кај децата во Припел и Македонија, да им отвори на најмладите од овој град нови хоризонти и да ги воведе во тајните на хорското пеење

Хорот, функционира од 2009-та година, каде членуваат 36 деца на возраст од 9 до 12 години.

Резултати од анкетата: “Дали Градоначалникот треба да си даде оставка одма??”

Изминатите 7 дена помеѓу нашите читатели спроведивме анкета за тоа “Дали градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски треба да си поднесе оставка?”

Aнкетата следуваше откако пред извесно време од Антикорупциската државна комисија, истакнаа дека разгледуваат можност за поднесување на иницијатива за кривична одговорност на градоначалникот на Општина Прилеп, која се однесува за вработување на негова роднина во општината.

После оваа објава, со прес конференција излегоа и од Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, од каде посочија уште неколку примери во кои се вработени роднини на градоначалникот.

Резултатите од анкетата се следни:

На анкетата гласале 819 лица, а цели 90% од нив се одлучиле дека Јованоски треба да поднесе оставка, додека само 10% рекле “НЕ”.

“Неофицијално Цеца била договорена, а не се знае кој ќе е организатор на “Пивофест 2019″??”

Според неофицијални информации дознаваме дека на овогодинешното 17-то по ред издание на фестивалот на скарата и пивото во Прилеп, по втор пат по пауза од 9 години, ќе настапи балканската ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ.

“Пивофест 2019” ќе се одржи од 18-21 јули, а програмата сеуште не е позната.

Иако во изминатите години фестивалот беше дебело критикуван oд сегашните актуелни власти и нивните први луѓе, и оваа година “Пивофест” ќе се одржи на старата локација во центарот на градот, а тоа е потврдено и во најновиот Службен гласник на Општина Прилеп.

Она што е интересно е тоа дека актуелните функционери и партиски луѓе на локалната власт во Прилеп беа најгласни во изминатите години кога на фестивалската сцена настапуваа изведувачи од екс ЈУ просторите, па фестивалот го нарекуваа вашар, панаѓур, “сељачка манифестација”….

Сепак, ништо не променија, па минатата година на сцената во Прилеп го донесоа сега починатиот Шабан Шаулиќ.

Оваа година интересно беше и тоа што огласот кој општина Прилеп го објави за избор на организатор на фестивалот траеше само 3 дена.

Огласот беше објавен на 29.05.2019, а траеше до 01.06.2019. Вредноста која треба да ја добие организаторот е 2.5 милиони денари, па сеуште е непознато кој ќе го организира седумнаесеттиот по ред фестивал во Прилеп.

Ова предизвика низа реакции во јавноста, особено околу времетраењето на огласот, па граѓаните прашуваа што и дали сака нешто да скрие актуелниот градоначалник Илија Јованоски?

Во Сибир пронајдена целосно сочувана глава на волк стара 40 000 години (ВИДЕО)

Сочувана глава на волк од леденото доба, кој најверојатно починал пред 40.000 години, пронајдена е во Сибир. Поради студот и мразот, остатоците се во совршена состојба, па може да се видат крзното, забите, мозокот и другите делови на главата.

Павел Јефремов, локален жител, ја пронашол главата во рускиот арктички регион Јакутск, на крајбрежјето на реката минатата година, а сега научниците излегле со нови информации за ова откритие. Остатоците на животното се предадени на Академијата за науки во Јакутск, каде истражувачите со помош на колегите од Јапонија и Шведска, ја утврдиле возраста на волкот.

Станува збор за животно од древен подвид на волци, што живееле во исто време со мамутите и изумреле во приближно ист период. Посебно значење на ова откритие е тоа што првпат е пронајдена глава на волк со ткиво и крзно и со зачувани уши, јазик и мозок.

Научниците проценуваат дека станува збор за возрасен волк, кој бил за околу 25 отсто поголем од денешните просечни волци, но не наведуваат дали станува збор за мажјак или жена. Останува научниците да откријат уште како главата се одвоила од телото, но ќе продолжат со истрагата на терен.

Извор: “Lider.com.mk”

Протоереј Љупче Петрески со искрено писмо до ЕУ

(Фејсбук статус на Протоереј Љупче Петрески)

“ДРАГА ЕУ

Ви пишувам од Македонија, земјата која чека и моли датум за преговори, за еден ден, во иднина, да стане дел од Вашето семејство.

Почитувана ЕУ, доколку навистина ја сакате мојата земја, барем малку, тогаш Ве молам, немој да и’ давате датум за почеток на преговори. Знам, добро знам дека датумот за преговори не значи и членство, но, мојата земја не заслужува ниту датум за преговори. Навистина го мислам ова. Нека не Ве чуди оваа молба а ќе видите и зошто!

Драга ЕУ, мојата земја не е „порасната“ за да седне на иста маса со Вас. Македонија е едно големо буниште и тушла држава (кога го велам ова мислам на државата како апарат). Во неа ништо не функционира како што тоа функционира кај Вас. Тоа што Вам Ви го прикажуваат е голема лага. Тоа е привид и е само за Вашите очи. Речиси ниту една институција не функционира на потребното ниво. Се’ е закочено. Здравствениот систем се распаѓа. Нема елементарни услови за лекарите да им пружат лекарска помош на пациентите. Судството, со чесни исклучоци, е корумпирано до „коска“ и претставува алатка на власта. Секојдневно слушаме за партиско-судски спреги.

Не сите се еднакви пред законите, всушност во нашата држава тие не функционираат.
Нашите политичари уште од мали нозе се задоени во духот на митото и корупцијата. Впрочем, мнозина од нив, кога требало да се родат, барале мито за да излезат од мајчината им утроба. Кај нас ништо не функционира без мито. Местењето тендери е најнормална и секојдневна работа. Локалната власт е раководена од бескрупулозни локални мафијаши. Централната власт исто така, само од уште поголеми мафијаши. Со еден збор, во мојата земја секогаш е пролет за организираниот криминал.

Речиси ниту едно вработување во државните институции не може да помине без партиска книшка и неколку илјади евра.
И што ли уште не! Впрочем, се’ е привид во мојата држава, ако воопшто може да се нарече држава.
Во мојата држава од страна на политичарите лагата се пропагира како највисока морална норма а вистината е ничкосана и оцрнета како најниска морална норма.

Зарем мислите дека сето ова ќе се промени ако и’ дадете датум за преговори?
Секако дека нема да се промени. Не можете преку ноќ или за 3-4 години да го промените грабачкиот менталитет на нашите политичари. За наше, а се разбира и за Ваше добро драга ЕУ, треба да почекате овие и вакви политичари да ги снема од нашата политичка сцена а на нивно место да дојдат нови генерации кои нема да бидат „заразени“ со вирусот на криминалот и митото кој го носат нивните претходници, односно сегашниве политичари.

Затоа, имајќи го предвид сето ова, велам дека доделувањето датум за преговори на мојата држава е исто како на слаб студент да му подарите висока оценка или да му подарите незаслужена диплома. Колку тој студент во иднина ќе биде способен да одговори на работните обврски што ќе се бараат од него. Ниту малку! Ќе биде неспособен и никогаш нема да го достигне нивото на своите колеги кои добиле заслужени оценки и дипломи. Зарем некој со купена диплома по право може во иднина да биде добар адвокат или судија? Дали може некој, со купена диплома од медицина, да лекува или оперира пациенти?

Така е и со мојата држава, драга ЕУ. Таа нема никаква заслужена диплома. За нејзино добро се’ додека не ги ислуша предавањата, не и закажувајте испитни сесии за полагање испити (поглавјата од преговорите). Или, ќе употребам и друг пример, не ја запишувајте во осмо одделение, кога има наполнето години колку што се потребни само за четврто одделение. Оставете ја нормално да порасне. Не ја брзајте, оти, нашиот народ мудро рекол дека „брза кучка, слепи кучиња раѓа“. Впрочем, драга ЕУ, видовте и Вие сама, искусивте на Ваша кожа, со нашите соседи, што значи да вработите некој со купена диплома.

Ви благодарам, драга ЕУ!

Искрени поздрави од отец Љупче Петрески!”

Оригинално видео од Ѓорче Петров: “Ве канам на колективно бањање во недела во оваа река пред нашата зграда”

Ве канам на колективно бањање во недела во оваа река пред нашата зграда. Не добивме базен, ама ја добивме оваа река. Зборот е збор! Ќе го поканиме и градоначалникот на Ѓорче Петров, а може да дојде и градоначалникот на град Скопје – вели во видеото објавено на неговиот Фејсбук профил, Александар Стојковски, жител на Ѓорче Петров, поранешен пратеник на ВМРО ДПМНЕ.

Владата се распушти, избори во септември

Демократската партија на премиерот Павел Филип во Молдавија соопшти дека се повлекува од власта и ја распушта Владата, за да се спречи политичка криза во земјата.

-Оставка на Владата на Павел Филип е единствено можно и легитимно решение за да се спречи политичката криза“ изјавил заменик лидерот на партијата, Владимир Чеботар, пренесе Ројтерс.

По изборите во февруари настана пат позиција, Владата на Павел Филип продолжи да работи во технички мандат. Молдавските партии неодамна се согласија да формираат Влада и да ја именуваат Маја Санд, поранешна министерка за образование и советничка во Светска банка, но нивниот сојуз предизвика судири со Демократската партија на Молдавија и со Уставниот суд, кој го смени претседателот Игор Додон и го постави поранешниот премиер Павел Филип за привремен претседател.

Потоа, Филип го распушти парламентот и потпиша декрет за одржување предвремени избори во септември. Додон, кого Уставниот суд го смени, ја поништи таквата одлука.

На грчки се вика „Кариес“: Ова е селото каде Гоце Делчев ја имаше последната битка, кое денеска речиси не постои (ФОТО)

Македонскиот револуционер Гоце Делчев кој деновиве е главна тема во медиумите во Македонија и во Бугарија според историските книги загинал во селото Баница на 4 мај 1903 година.

Тогаш Баница било дел од Отоманската империја, а денеска се наоѓа во северниот дел на Грција. Селото се наоѓа во Серскиот округ. Близу до селото се наоѓа планината Шарлија или Бродска планина како што ја нарекуваат.

По граѓанската војна во Грција и Баница добива ново име и по грчки се вика Кариес. Ова село денеска е речиси напуштено. До него се стигнува преку мост на малата баничка река.

За славното минато говори само црквата Св. Димитрија и камбанаријата во која ретките минувачи оставаат пари. Траги од минатото на селото речиси и да не постојат па тешко е да се утврди каде точно се одиграла битката во која загинал македонскиот великан.

Извор: “Pressingtv.mk”