Резултати од анкетата: “Дали Градоначалникот треба да си даде оставка одма??”

Изминатите 7 дена помеѓу нашите читатели спроведивме анкета за тоа “Дали градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски треба да си поднесе оставка?”

Aнкетата следуваше откако пред извесно време од Антикорупциската државна комисија, истакнаа дека разгледуваат можност за поднесување на иницијатива за кривична одговорност на градоначалникот на Општина Прилеп, која се однесува за вработување на негова роднина во општината.

После оваа објава, со прес конференција излегоа и од Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, од каде посочија уште неколку примери во кои се вработени роднини на градоначалникот.

Резултатите од анкетата се следни:

На анкетата гласале 819 лица, а цели 90% од нив се одлучиле дека Јованоски треба да поднесе оставка, додека само 10% рекле “НЕ”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.