дома блог страница 3253

Никогаш не би погодиле за што служи малата дупка на врвот од капачето на пенкалото

Дизајнерите го редизајнираа популарното пенкало Cristal Pen уште во 1991 година, но тоа помина незабележано во јавноста. Сепак, конкуренцијата со текот на времето го забележа овој детаљ, па редизајнот на BIC го ископираа и некои други големи производители.

Станува збор за дупка во капачето на пенкалото, кое доколку дете или возрасен го проголта, овозможува да се дише ако остане заглавено во душникот и на тој начин да се преживее додека не дојде брзата помош.

Ова мало, неугледно отворче годишно спасува стотина детски животи, бидејќи токму децата често проголтуваат капачиња од пенкала, како и други мали нешта кои сакаат да ги ставаат во устата. Возрасните се повеќе склони кон џвакање на капакот, па ненамерно може да им се лизне во грлото. Некои земји дури им препорачуваат на своите производители и тие, исто така, да ги дизајнираат хемиските пенкала.

Ексклузивно: Еве каде ќе е Сугарески директор?

Утрешната седница на ЦО на СДСМ се очекува да донесе “козметички” промени во министерските и директорските места. Сето тоа треба да го оттргне вниманието од катастрофалните политики и очајните резултати на Владата на Република Македонија.

Недобивањето датум за преговири, смената на името, двојазичноста ги уплашија функционерите од СДСМ да се охрабрат и да одат на предвремени избори.

Според неофицијални информации СДСМ во Пелагонија ќе остане без министер, а ресорниот за транспорт и врски ќе замине на нова директорска функција во Северномакедонски или МАКЕДОНСКИ железници?

Редици верници синоќа во Охрид: Македонска традиција е да се полнат црквите и манастирите (Видео)

Свети Еразмо, како голем столб на Православната црква, го сеел словото Божјо на овие простори.

Стотици граѓани вчера се собраа во охридскиот манастир, да се обратат со искрена молитва, Свети Еразмо да биде нивниот молитвеник и застапник пред Севишниот Бог.

-Мудриот Еразмо, големиот подвижник и свештеномаченик, како добропослушен посредник на сите кои искрено и со вера побарале од него помош и застапништво, секогаш е прославуван достојно и со голема почит од нашиот верен македонски народ. Тоа го потврдија и илјадниците поклоници, кои вчера и денес дојдоја да му се поклонат на денот на неговиот спомен и да Го прослават Бога преку Неговиот светија. Споменот на светиот Еразмо Охридскиот Чудотворец и оваа година свечено се одбележува на местото на неговото подвижништво, во манастирот „Св. Еразмо Охридски“ во Охрид, пишува на Фејсбук страната на манастирот.

По споениот викенд нова цена на горивата во Македонија

По серијата поскапувања, во понеделникот конечно за три денари се намалија ЕУРОСУПЕР 95 и ЕУРОСУПЕР 98, а дизелот и екстра лесното масло за домаќинство за два и пол денари, така одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Согласно оваа одлука, новата цена на ЕУРОСУПЕР 95 изнесува 66,50 ден/лит, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по цена од 69 ден/лит. Малопродажната цена на дизелот е 60 ден/лит, додека на Екстра лесното масло за домаќинство изнесува 49,50 ден/лит.

По продолжениот викенд нова цена на горивата. Останува да видиме дали РКЕ ќе ги намали или зголеми цените.

(Видео) Герила акција во Тетово, но медиумите молчат?

Додека цела Македонија спие, Тетово се подготвува за peволуција.

Она што вознемирува е фактот дека медиумите молчат за герила акциите кои се секојдневие во овој град?

(Видео) “Слави Пирин, слави Егеј, силна е Македонија”: Песната “Вардаре, Вардаре” доби и видео запис

Песната снимена по повод втората европска титула на РК Вардар, доби и видео запис.

“Вардаре, Вардаре” на Калина и Невена Нешкоска стана вистински хит и доби многу позитивни коментари на социјалните мрежи.

Музиката и аранжманот се на Невена, а текстот е напишан од Калина, Невена и Наум Нешкоски.

Бpaво девојки! Секоја чест!

(ФOTO) Наместо датум за преговори, Македонија доби утешна награда

Наместо датум за преговори со Европската унија, Македонија доби датум за гej парада, вакви графити се појавија низ главниот град на државата.

ФОТО: off.net.mk

Министерката за надворешни работи на Бугарија: Секако дека нема компромис за Гоце Делчев, тој бил Бугарин

Гоце Делчев крена тензии меѓу Македонија и Бугарија.

Бугарската страна е особено погодена од предлогот на експертите од земјава, Делчев заеднички да се чествува на 7 октомври, ден кога во 1946, Бугарија ги предала моштите на Македонија.

Захариева вели дека кога го видела предлогот прашала дали е шега.

– Тоа Гоце Делчев самиот си има кажано што е – Бугарин е. Го напишал десетици пати, вели таа и додава дека целата идеја за македонската нација е создадена на основата на разделување од Бугарија.

Тасевски: Ќе ја пееме ли химната со тралала, наместо стихот за Гоце, Даме, Питу, Груев…

Актерот и поранешен директор на „Драмски театар“, Сашо Тасевски, реагира на отсуството на одговор на македонските власти на бугарските ултимативни барања и Гоце Делчев да се прогласи за Бугарин.

„…А бе химната ќе мора да ја смените. Нема веќе оној стих Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев… Ќе мора да го пееме со тралала… Делчево нема да може да се вика така, ако му остане името ќе биде бугарски град. На населбата Даме Груев, ќе мора да и го вратите старото име Гологузица…“- пишува меѓу другото Тасевски на Фејсбук.

Името на туристичката кампања “Македонија вечна” променето во “Северна Македонија вечна”

За да не ги повредиме чувствата на соседите, се откажуваме од самите себе.

Промотивната туристичка кампања “Македонија вечна” сепак не беше “вечна”. Согласно со Преспанскиот договор земјава го промени името на кампањата во “Северна Македонија вечна”.

– Власисте на балканската држава инвестираа во скапа промотивна кампања, претставувајќи ја атичката македонска историја како своја, заборавајќи да ја напишат географската одредница во слоганот “Македонија вечна”, пишува грчкиот портал Прототема.

Спотовите за туристичка промоција беа снимени во 2008 и 2009 година и беа објавувани во познати светски медиуми.