дома блог страница 3252

Ганка Цветанова до Заев: “Плиз донт спик инглиш ени мор”

Поранешната министерка за култура од редовите на ВМРО-ДПМНЕ преку Твитер побара од Заев повеќе да не зборува англиски…

Oперскиот пејач Нацоски: “Очекувам бугарскиот Претседател да се поклони пред моштите на жpтвите во Ваташа и да му се извини на македонскиот народ” (ВИДЕО)

“Деновиве ги читам изјавите на бугарските националисти во врска со историјата на македонскиот народ и не можам да се изначудам на нивните небулози. Особено апсурдна е онаа во која ја негираат нивната фашистичка окупација на Македонија. Со ова мое видео сакам да ги потсетам што се случило токму на денешен ден пред 76 години во месноста Моклиште, Тиквешко!

Белки како знак на добрососедство и пријателство бугарскиот претседател ќе се поклони пред споменикот во Ваташа и ќе му се извини на целиот македонски народ за злосторите како овој и оној во Дабница во 1942”, напиша оперскиот пејач Благој Нацоски на својот Фејсбук профил.

УХМР со лоши вести за попладневните часови

Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне на места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на невреме.

Минималната температура ќе се движи меѓу 12 и 20, а максималната од 28 до 36 степени. УВ индексот ќе достигне девет.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, а попладне со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до 19, а дневната ќе достигне до 35 степени.

Во следните денови во попладневните часови ќе има честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и појава на град. Максималните температури до средината на наредната седмица ќе бидат во благо опаѓање.

Денеска е најтежок празник: Еве што треба да направите за да се заштитите од неcpeќа

Денеска е Духовден – Слегување на Духот Свети (Прв ден).

Овој празник се смета за роденден на Христовата црква. Имено, пред вознесението Христос им порача на апостолите да останат во Ерусалим и да го чекаат слегувањето на Духот-Утешител. На 10-тиот ден од Христовото вознесение, на еврејскиот празник Педесетница, Светиот Дух слезе врз апостолите во вид на пламени јазици, а овие се исполнија со сила и добија дар да зборуваат на разни јазици. Тоа е конкретниот настан. Но, за црквата овој настан има посебно значење затоа што Светиот Дух од тоа време, па се до денес не ја напушта црквата. Духот е критериум за се што се случува во црквата и на општ и на личен план. Во таа смисла, Духот од оној ден во Ерусалим непрестано слегува врз црквата на Литургијата, во молитвите, во сите дела. Тој е оној Дух по кој христијанскиот живот се нарекува духовен.
На празникот на Симнувањето на Светиот Духна апостолите, подот во храмовите се покрива со трева, покрај ѕидовите се ставаат гранки од липа или друго дрво, а иконите се китат со цвеќе.

На Духови во храмовите народот плете венчиња од трева кои после ги носи дома и ги остава крај иконите или кандилата. Многумина носат венчиња во торбите и ташните бидејќи се верува дека Бог ќе ги заштити од разни несреќи кои можат да ги снајдат.

Кавадарци под целосна вoeнa oпcaда (ФОТО)

Денеска граѓаните на Кавадарци имаа можност на градскиот плоштад да проследат презентација на возила, вооружување и опрема кои се дел од заедничката воена вежба „Одлучен удар„

Заедничката воена вежба „Одлучен удар”, која од 5 јуни до 8 јули во две ротации се одржува во Центарот за поддршка на обуката „Криволак”.

„Одлучен удар” е најголема вежба досега, која ја организира армијата на Република Македонија, во која учествуваат околу 2.700 војници од армии на уште пет сојузници – САД, Литванија, Албанија, Бугарија и Црна Гора. Нашата армија и војската на САД учествуваат со по 1.300 војници, додека Црна Гора со 75, Литванија 10, Бугарија 25 и Албанија со 25 војници.

Утре е Духовден: Ова се народните верувања поврзани со овој празник

Црковниот празник посветен на слегувањето на Светиот Дух на апостолите, кој се празнува 50 дена по Велигден е еден од најголемите празници кои Македонската православна црква ги одбележува.

На овој ден, на некои места се организираат поворки во кои учествуваат најубавите девојки од селото. Тие претставуваат русалки, вили настанати од душите на починатите девојки и потпоените жени, закопани без погребни обреди. Верувањата велат дека русалките настојуваат да нанесуваат зло, особено на жените и сакаат да намамат жртва до вода и да ја удават.

Оттаму постојат многу забрани и ограничувања, па приказната вели дека не е во ред да се спие преку ден, бидејќи русалките демнат на крошните од дрвата, па можат да наштетат во сон. Жените не треба да перат облека, да предат волна и да ткаат, ниту да завршуваат некакви домашни обврски.

Оној кој ќе дојде во контакт со русалките или ќе се разболи или ќе полуди. Затоа народот верува дека секогаш со себе треба да се има лук или пелин.

(Видео) Лапсус на векот од Заев: “Сакам Европа да остане најcekси девојка во светот”

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев денеска во областа Вахау, се сретна со новата федерална Канцеларка на Република Австрија, Бригите Бирлајн.

На денешната средба канцеларката Бирлајн искажа очекување дека многу скоро Австрија ќе ја поздравува Македонија како членка на Европската Унија. Таа го поздрави последниот позитивен извештај на Европската Комисија за нашата земја и рече дека нејзината земја и натаму ќе остане верен пријател и поддржувач на Македонија, пренесува Магазин.мк.

Премиерот Заев доби честитки за сите досегашни политички чекори коишто ги преземал.

Веруваме во европските вредности и можеме многу да дадеме на Европа, изјави премиерот Зоран Заев на форумот Европа – Вахау, во Австрија.

Премиерот рече дека Европа мора да ги отвори вратите и дека очекува до крајот на оваа година земјава да добие датум за почеток на преговорите.

На панелот денеска покрај Премиерот Заев зборуваа и Еврокомесарот за проширување и добрососедство, Јоханес Хан, како и Антонио Тајани, Претседател на Европскиот Парламент.

Сакаме да ги почнеме преговорите, односно да продолжиме со мотивацијата на ЕУ и да ја докажеме нашата земја. Во минатото Балканот беше темпирана бомба, но сега многу нешта се сменија. Сѐ повеќе сме Европјани. Преку овие промени, многу нешто се случија, само поради една причина, која ја спомна комесарот Хан, односно поради силата на ЕУ. Таа нѐ привлекува, нѐ води и нѐ мотивира. Европа треба да остане најсексапилна девојка во светот, која ќе нѐ мотивира да продолжиме во овој правец“, рече Заев.

Видеото преземено од 21ТВ

Груевски: “Нашиот премиер деновиве е ептен ХАЈ”

Фејсбук статус на екс премиерот Никола Груевски:

XAЈ ГУДБАЈ

Нашиот премиер деновиве е ептен ХАЈ
Најави човекот уште пред една година, откако започна фамилијарен бизнис со садење мариxyана за медицински цели, па ни објаснуваше дека треба да ја легализираме мариxyаната за да бидеме сите XAЈ како што според него биле во Амстердам…

Пред неколку дена, кога беше помалку XAЈ, на Тв 24 кажа: “карикирам, можеби Груевски влегол во багажник на кола во подрум”. Тоа беше во духот на она од ноември лани дека “можеби” сум бил киднапиpaн. Неколку дена потоа за интервјуто за ФАЦ во Берлин му се видело XAЈ ако ги исфрли првите два збора, “карикирам”и “можеби”.

Јас знам дека во животот напамет не ми паднало да влегувам во багажник за било какви цели. Вистината ја знае и Заев. Заминав бидејќи во Македонија се водеа политички мотивирани процеси против мене во кои што однапред се знаеја пресудите нарачани од него лично, иако не постоеја никакви правни аргументи, никакво сторено кривично дело а според тоа ни докази. Заминав бидејќи во затвopoт ми подготвуваа линч. Вистината е дека заминав многу лесно и едноставно, а тој пред некој ден потроши четвртина од емисијата за отчет говорејќи за мене и како сум заминал, со лажење и фантазирање. Па потоа почна да го лаже и светот преку меѓународните медиуми.

Гледате, тој замислил дека сум заминал, како што неодамна слушнав дека кога беше во опозиција него го носеле и враќале тајно во една соседна држава ,,на консултации,,. Секој си тргнува од себе. Па веројатно си рекол: “ако можев јас да влегувам во багажник за да го сменам името, историјата и идентитетот, зошто пак не тој затоа што не ги смени …”.

Ама “XAЈ”треба да знае дека се ближи време за ГУДБАЈ. Оти народот не е баш XAЈ и разбира дека нашиов “XAЈ” штом отвори уста-лаже. Лаже полесно од што дише. Всушност не лаже само кога молчи . А најточно веројатно се изразуваат оние кои најдобро го разбираат и најдолго го знаат, струмичаните, кои велат “многу му меле устата”.

П.С. Насловот е позајмен од наслов на роман од Божин Павловски каде насловот нема исто значење ниту поврзаност со нашиот “јунак”.

Познати наградените претставници на 54-то издание на МТФ “Војдан Чернодрински”

ОЦЕНУВАЧКАТА КОМИСИЈА НА 54-ОТ МАКЕДОНСКИ ТЕАТАРСКИ ФЕСТИВАЛ “ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ” ПРИЛЕП, ВО СОСТАВ БЕДИЈА БЕГОВСКА -ПРЕТСЕДАТЕЛ И ЧЛЕНОВИТЕ ЉИЉАНА БОГОЈЕВИќ И МАЈА ВЕЉКОВИќ ПАНОВСКА ГИ ДОДЕЛУВА СЛЕДНИТЕ НАГРАДИ:

Оценувачката комисија на 54-от македонски театарски фестивал “Војдан Чернодрински”, во состав Бедија Беговска -претседател и членовите Љиљана Богојевиќ и Маја Вељковиќ ги соопшти наградите:

За најдобра претстава е избрана битолската „Бакхи – краток преглед на распадот“.
Нашиот театар „Војдан Чернодрински“ повторно во најдобрите со освоените награди од жирито за претставата „Пиреј“ во режија на Љупчо Ѓоргиевски.

Награда за женска главна улога за Марија Спиркоска Илијески за улогата на Велика. Награда за машка главна улога за Александар Степанулески за улогата на Јон.

(Видео) Сите мислеа дека мистериозната “Област 51” е затворена: Овие снимки покажуваат дека во тајната база сеуште се вршат активности

Американецот Кристијан ја снимил тајната база “Област 51” додека престојувал на планината која се наоѓа во близина.

Иако веќе со години се смета дека “Област 51” повеќе не е во функција, видеото покажува дека сеуште се вршат одредени активноти, односно слетуваат летала. Може да се забележат и неколку камиони.

“Областа 51” е американска вoeна база во Невада која била формирана од ЦИА во 1955 година. Таа е високо чувана база за испитување на авиони и ново opyжје, а поради тајноста се сметало дека овде се спроведуваат експерименти.