дома блог страница 3251

Македонскиот терминатор Даниел Стефановски се закити со нова титула: Eчеше “Никогаш Северна само Македонија” во Цирих (ВИДЕО)

Трета светска титула за Даниел Стфеновски (7к кг) во К-1, овој пат во ВКУ по минатогодишната во Суперкомбат и годинава во ИСКА.

Стефановски го совлада Јану да Круз на настанот Гладијаторс најтс во Цирих, Швајцарија.

И, како што вети Даниел, борбата ја заврши со нокаут во првата рунда,откако добро го поткачи со коленото и го заврши со два-три удари.

Сопственик на вила во Дојран: ЗА децата на бранителите и на уставобранителите сместувањето е БЕСПЛАТНО!!!

Чин кој е за пофалба. Чин кој нема да ве остави рамнодушни. Сопственикот на вилата во Стар Дојран, Лука Александров направи нешто непознато досега за македонската јавност. Секоја чест и симнуваме капа!

Извор: signal.mk

(ВИДЕО) Еве како во Пиринска Македонија прекрасно звучи “Облаче ле бело”

Македонската песна звучи прекрасно во целиот свет и освојува со својата посебност и милозвучност.

Еве како звучи “Облаче ле бело” во изведба на Соња Тарчуловска, испеана некаде во Пиринска Македонија.

(Видео) Девојка изеде paдиoakтивно јаболко од Чернобил – Hajoпасното место во светот

Откако HBO ја објави серијата Чернобил која е буквално апokaлиптична и ја покажува големата чернобилска нecpeќа поради која многумина ги загубија животите со големи маки и од тешки болecти, се разбуди интересот за Чернобил.

Во Черновил на 26. април 1986. се случи најголемата нecpeќа во историјата на нуклеарните централи и до денес единствен случај на седми степен на нykлеарен настан според Меѓународната скала на нykлеарни настани.

Во 1 часот и 23 минути дошло до ekcплозија, а дошло до ланец од неколку ekcплозии и пожapи кои создале радиoakTивен облак во атмосферата кој потоа се раширил над широк географски регион. PaдиoakTивниот облак бил 30-40 пати поголем од оној што настанал над Хиpoшима.

Оваа девојка која се занимава со Чepнобил од 2012 година не се плаши да го посетува толку често ова место што не носи ниту заштитна маска, допира се со голи раце, па дури јаде и радиoakTивни јаболка.

Прилеп: Во дворот пронашла гpaнaта oд Пpва cветcka вojнa

На 15.06.2019 годинаво 15.30 часот во Полициската станица Прилеп, И.С.(79) од с.Алинци, прилепско, пријавила дека во дворното место пронашла неексплодирана граната.

Полициски службеници излегле на местото, а пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување констатирал дека се работи за минофрлачка граната од 75мм, која потекнува од Првата светска војна.

Гранатата била подигната за понатамошна постапка.

“Гледајте ракомет во 18 часот и запрашајте се зошто во Струмица и кој доби карти да “навива” за Македонија?”

Селекторот Брестовац направи три измени во составот на нашата репрезентација во однос на последниот натпревар во Турција.

Две принудени, на местото на повредените стоилов и Кукоски, влегоа Дарко Димитриовски, кој настапува во шпанската Асобал лига и Горан Крстевски, доскорешниот член на вицешампионот ЕУРОФАРМ, како и Мартин Серафимов, на местото на Томислав Јагуриновски.

Можеби беше за очекување, со оглед на фаворитската улога на Македонија, во составот да се најде и младиот голман и иден бундеслигаш Мартин Томовски, но тоа не се случи.

Да потсетиме, нашата селекција е пласирана на Европското првенство без оглед на епилогот од овој натпревар. А на Грција и треба победа или најмалку нерешено за да се надева како една од четирите трето пласирани репрезентации од квалификационите групи, да избори пласман на завршниот турнир.

Од друга страна, нашите репрезентативци мора силно да ја посакуваат победата и да останат на првото место во групата кое носи по поволна ждребка.

Останува на нас љубителите на ракометот, натпреварот да го гледаме пред тв екраните или на видео бимот на плоштадот во Струмица, бидејќи за прв пат откако официјално настапува репрезентацијата на Македонија во ракомет, карти во продажба немаше.

Кои ќе бидат “случајно” избраните среќници кои во живо во салата “Парк” во Струмица ќе можат да ја гледаат утакмицата, и се надеваме дека ќе можат гласно да ја пеат нашата химна при интонирањето пред почетокот на натпреварот, останува да видиме денес во 18ч.

Инаку, салата има околу 1500 седишта, кои во споредба со 6700 во Борис Трајковски се многу многу малку и револтот кај граѓаните е очекуван.

Спасен Сиљаноски си ја отвори душата за Гоце Делчев: “Наместо мезе, кафе, девојки и некое дипломатско место, тој одбрал да биде идеолог и МАКЕДОНЕЦ”

(Фејсбук статус на естрадниот уметник и промотор на убавата македонска песна, Спасен Сиљаноски)

“Гоце е роден во град кому Солун му е под нос. Додека си се качил на коњот, дури и во тоа време, веќе си стигнал пред портите на „никогаш македонски, секогаш грчки“. Не многу висок, со неговите маркантни мустаќи, со појава која пленела, со ѕвезда која ги привлекувала луѓето, ги терала да го слушаат неговиот глас, да уживаат во неговото друштво и синџир „тешкото кафе“ што го пиеле заедно, тој можел да бегува и агува во животот.

Трговија, алтани и грошеви на кило, кафиња, мезе, по некоја мастика или узо заради болките во желудникот, ручеци по хотели, меани и анови, девојка во секој град и село… (штета што бил роден во време кога не можел да ги проба и плажите на Халкидики), всушност Гоце можел да биде човек кому денешниве македонски олигарси со по неколку партиски дреса, би можеле да му завидуваат мрсулавејќи му се под прозор, зашто покрај парите кои можел да ги има, тој имал и чест и достоинство и углед кои овие денешниве ги немаат.

Но, тој одбрал нешто друго. Со што, мерејќи според сегашниве владеачки мерила во „Северна Македонија“, го заслужува епитетот „будала“. Наместо да се „шитне“ во некоја амбасада во Стамбол или конзулат во Солун или Монастир (не рускиот конзулат, се разбира, таму местото веќе го фатил Мисирков, па е само прашање на време кога поради тоа ќе се откажеме и од него), или наместо да му се полигави на султанот, еве не мора нему, можел тоа да го стори и во дворот на принцот Фердинанд или на кралот на Грција, Џорџ, и да си истетовира на челото дека тој, како Европјанин, тоа го прави за да ја европеизира Турција, кутриот одбрал нешто друго. Да биде „будала“.

А, по ѓаволите, не морал ни тоа да го прави. Можел да си ја гледа работата, да си плаќа рекет, и од столицата во некоја кукушка, софиска и солунска кафеана, додека музиката му свири на увце, танчерката му игра со градите пред очи, а жена му дома му ги чува децата, пере, пегла, готви… зашто тој е маж, нели, така му личи, да се смее на другите будали што се акаат по планините бркајќи се со турските потери.

Бидејќи, нели, „голема работа“ дали неговиот Кукуш бил во Турција, Бугарија, Грција, Македонија…, „голема работа“ како му се викала земјата, „голема работа“ дали бил Турчин, Грк, Бугарин или Македонец, уште повеќе што ова последново, ете по сто и кусур години дознавме, било еквивалент на Грк. Важно дека така Гоце ќе бил Европјанин, а не некој немиен националист. Наместо тоа, Гоце одбрал нешто друго. Одбрал да биде идеолог, одбрал да биде МАКЕДОНЕЦ

Е, ние таквите луѓе ги ставивме на маса. Ние преговараме за нив. Ние се ценкаме со нивните души, со нивната љубов, со нивните животи. Тие за нас станаа обична „спонзоруша“ за која се пазариме колку ќе не чини или колку ќе ни донесе. Зашто така ќе сме биле Европјани. Бањати. Инаку ќе сме биле „радикални националисти“……… Нека ни служи на честа на сите нас од оваа недостојна генерација…..Та и на оние кои продаваат Та и на нас кои молчиме, бидеќи молчењето значи соучество…???”

Слеп дедо собирал пари за манастир: Денеска храмот Св. Георгиј во Бучин ја краси цела Пелагонија

Во месноста Манастириште кај селото Бучин, разеленет предел цврсто го “прегрнале” Манастирот Свети великомаченик Георгиј. Се стигнува по релативно добар пат со автомобил.

Пекрасниот божји храм е гордост на бучинци. Никна за десетина години близу жуборливата река Суводолица. Кренат е врз изгорени темели, обраснати со трева и капинки. Посебен шарм вдахнува природната убавина крај божјото здание. Фантастична природа го храни восхитеното око. Плени природната волшебност. Духовниот импулс се наѕира оддалеку. Ѕунат гласови на намерните посетители. Се откинуваат воздишки низ шумливата осаменост која го “заробила” прекрасното место.

На сон го видел стариот манастир

Со изградбата на Свети великомаченик Георгиј, Ѓурѓовден, а посебно осветувањето на манастирот, се оствари сонот на многу верници, посебно на потомците на покојниот дедо Јонче Мишески од селото Бучин. Тој на сон го видел местото каде порано имало манастир, што требало да се обнови. Иницирал повторна градба во осумдесеттите години. Селаните со драго срце ја прифатиле идејата. Дедо Јонче собирал пари за изградбата по селата.

– Последните две – три години од својот живот Јонче беше слеп. Ништо не гледаше. Но, и со стапче, овој скромен човек, одеше и собираше пари за манастирот. Како, само Господ знае. Помагаше народот, бучинци, соседните села и иселеници – кажуваат од манастирскиот одбор.

Манстирот неколкупати бил запалуван

Скромните кажувања на најстарите жители укажуваат дека манастирот бил изграден на крајот на 18 век, но трипати бил пален од турскиот аскер и исто толкупати граден од храбриот македонски народ. Последниотпат изгорел до темел.

– По обновувањето, манастирската каса останала празна. Манастирот не бил осветен, зашто нацртаните фрески биле без благослов и не одговарале на православната христијанска вера. Така, “сиромавиот двапати плаќа” и отидоа уште 12 000 евра – кажуваат од Одборот.

Новиот манастирски одбор го послушал Владиката Петар и бил подготвен нов фрескоживопис.

– Тапкаше осветувањето, но се освети и се оствари сонот на многу верници – велатт од Одборот

Веќе е направена и влезната порта. Блеска духовност од живописниот предел.

ИЗВОР: “НЕДЕЛНИК ЗЕНИТ”

ВМРО-ДПМНЕ денеска прославува 29 години од основањето

ВМРО-ДПМНЕ е основана на 17 јуни 1990 година во Скопје, како наследник на историското ВМРО, кое се залагаше за независна и самостојна Македонија.

Ова е период кога уште формално правно, но и фактички постои СФРЈ, период во кој како што велат тогашните активисти на партијата било тешко да си ВМРО, тешко да бидеш демократ, да се бориш за владеење на правото и вредностите на цивилизираниот свет.

Новосоздадената партија ВМРО-ДПМНЕ во тоа време се залагала за одделување на Македонија од југословенската федерација, воскреснувајќи ја идејата за самостојна и суверена македонска држава, за заокружување на македонската државност и за меѓународно признавање.

Пред 28 години на 6 и 7 април 1991 година во Прилеп, беше одржан првиот Конгрес на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

На овој Конгрес е воспоставена партиската инфраструктура, ИО преминува во ИК, а секциите во општински комитети, за претседател е реизбран Љубчо Георгиевски.

Мотото на Конгресот било „Самостојна и независна Македонија – Воскреснување на идејата за самостојност“.

На 6 и 7 мај 1995 година во Кичево пак се одржал вториот Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, каде партијата ја доби својата идеолошка определба – демохристијанска партија што дејствува десно од центарот.

Партијата од тогаш до ден денеска беше 14 години на власт, а победи и на последите парламентарни избори одржани во декември 2016 година, но поради определбата и понатаму да ги брани државните интереси не успеа да формира Влада.

Денеска со почеток во 19:00 часот, во Македонска Филхармонија, ќе се одржи прославата по повод 29 годишнината од основањето на ВМРО-ДПМНЕ.

На настанот свое обраќање ќе има Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Прилепчанец поседува колекција од 3500 стрип-романи: “Не ги давам ниту за милион евра”

Живот: Ален Стојчески, страсен колекционер на 3500 романчиња

– Ако мора нешто да продадам, куќата ќе појди, романите ќе останат

Ако некој мисли дека стрип-романчињата се само за деца или краткотрајна, безвредна ,,шунд,, литература, мора да се провери тој став. Доволен предизвик да го направи тоа е Ален Стојчески, 44-годишен сограѓанин. Поминал неколку животни фази – детство, младост, навлегол во зрелоста, променил и работни места – во АРМ и Граничната полиција, сега во Екомес, но ја задржал нескротливата страст кон романчињата. Близу четири децении чита и собира стрип-романи. Почнал од дете, кога живеел само со баба му.

-На 4 години тетка ми, на мајка ми сестра, ме научи да читам. Првите букви беа латинични, од извиците ,,bam, bam, fiu, fiu,,. Во прво одделение ме прашуваат: Која буква е оваа? – А. Другава? – Б. Ме коригираат: Оваа е ,,в,,, не е ,,б,,. Ти на латиница знаеш, кирилица не. Ме запишаа дури на седум ипол години. Романите ги купував секои петок – сабота. Ако излезат два-три во петокот, до неделата ми беа прочитани. Го читав ,,Џил,,, каубоецот во ново време од кого се објавија само 13 броја, исто и ,,Марти Мистерија,,, научни работи, фантастика – се навраќа на почетоците од дружбата со романите.

Вујко му, професор, ги имал старите романи, со тројцата мускетари, со Робин Худ, Тарзан и други интернационални ликови. Библиотеката ,,Лале,,, пак, ги давала претежно домашните, југословенски јунаци; Хајдук Вељко, Мирко и Славко… Имало и интересни историски стрип-романчиња на 32 страници, како ,,Животот на свети Климент Охридски,,, за светите Кирил и Методија… Значајните периоди и настани од историјата внесени во стрип. Или во ,,Политикин забавник,, за Кристофер Колумбо. Целиот материјал бил прилагоден кај децата да внесат љубопитство и да ги запамтат датумите, настаните и личностите.

-Сето тоа го прочитав. На училиште кога ме прашуваа по историја за Колумбо и за Америка како е откриена, одговарав со она што повеќе од ,,Политикин забавник,, го учев отколку од учебник. Кажав кое му било вистинското име, дека му обелела косата на 32 години… Во средно немав учебник, а сé знаев по историја. Професорот ми намали на ,,четворка,, оти немав учебник. Кога ќе купиш учебник, тогаш ќе ти пишам ,,петка,,. Продолжив да купувам само романчиња – не попуштал Ален.

Го читал ,,Таинствениот Алан,,, Алан Форд,, ,,Алан Скот,, и други кои многу не му се допаѓале и не ги собирал во колекциии. Или ,,Магичен ветар,, го привлекол, но од 120 денари го кренале на 400 и поради цената го откажал. Плаќал и повеќе, но за оние што со години ги читал. Најскапиот што го платил е 2000 денари. Бил со ,,Текс Вилер, и имал 500 страници. Го купил од Велес, како и многу други од тој дистрибутер. Велешанецот ги набавува од Хрватска и потоа му ги праќа по брза пошта. Некогаш Ален оди таму и се враќа дома со полна торба романи.

-Старите романи достигнуваат висока цена. Пример ,,Загор,, од првите броеви од серијата ,,Лунов магнус,, имаат цена и до 100 евра за едно романче. Може да се купи преку интернет. Старите се ретки и затоа се скапи. Сега се намалува тиражот. Хрватите печатат по 500 примероци. Само во Загреб би требало сите да ги продадат. Добро е што останува и за Македонија. Малку се, ама за мене мора да има. Другите како знаат нека се снаоѓаат – вели Стојчески.

Цел отсекогаш му е сите романи што ги нема, да ги најде и да ја комплетира колекцијата. Чита и собира. За разлика од други страстни читатели, тој не само што чита, ами и собира. Не само од една, туку од девет колекции: ,,Загор,,, ,,Блек Стена,,, ,,Текс Вилер,,, ,,Мистер Но,,, ,,Кен Паркер,,, ,,Марти Мистерија,,, ,,Кит Телер,,, ,,Капетан Мики,,, ,,Командант Марк,,. ,,Текс,, и ,,Загор,, се по околу 500 броеви. Од нив ако нема нешто, е само доколку не е истото објавено ниту во Србија, ниту во Хрватска. Такви можеби има околу 200 романи. Прво треба да се отпечатат во Милано, Италија, па сите други. Вкупно има 3500 романи. Доволно, како што вели, за ,,сребрен медал,, во државава. ,,Златен медал,, има тој велешанецот, но со тоа што тој ги препродава, прави бизнис, а Ален не. Ги чува како в библиотека. Еднаш му провалиле дома крадци и кај што барале нешто, наоѓале само романи. Се разочарале и ништо не украле од романите. Не се свесни, го оставиле највредното за Ален – романите.

-Тоа ми е богатството. Велешанецот ми има нудено дури 25000 евра за сета колекција. Му реков: Милион евра да ми дадеш, не ги давам. Ако снемам пари некогаш и мора нешто да продадам, куќата ќе појди, романите ќе останат – непопустлив е Ален.

Како авторите што тешко можат да кажат кој роман или јунак им е омилен, така и страстен читател како Ален, не може да се одлучи за омилениот стрип-јунак. Во детството интересни му биле детските ликови, а подоцна го засакал Текс Вилер. За него се раскажува дека прво бил одметник, во времето пред да стане ренџер. Потоа и Загор го засакува затоа што е заштитник на сите индијански племиња. За разлика од него, Текс е поглавица, поглавар само на едно племе. Ликовите се измислени, а единствен чие име постоело навистина е Мистер Но. Вистинското име му е Џери Дрејк. Кога бил пилот и заробеник на Јапонците, на секое прашање одговарал само со ,,No (Не),,. Така ги издржал малтретирањата. При престој во Бразил се сретнал со текстописецот и тука почнува приказната. Интересен е и Загор. Како лице е идентичен со авторот на романот Фери Галиено. Тој си го нацртал својот лик и така настанува популарниот јунак.

-Најмногу што во приказниве ми се допаѓа е тоа што доброто на крајот мора да победи. Од 1948 година досега никој нашиве херои не може да ги победи. Не умираат, ниту стареат. Мора да преживеат. Негативни ликови ретко има. На Загор вечен непријател му е Хелинген, а на Текс му е Мефисто. Првите броеви се со иста тематика: Роди останува сираче, во другиот роман и Мики останува сираче итн. Имав некоја симпатија кон таквите ликови, како Роди или Мики, оти и јас од мал сум бил сираче, при разведени родители – ја открива својот интимен мотив, Стојчески.

Нема потреба да го прашаме дали и до кога ќе чита и собира романчиња. Затоа што го знаеме одговорот – дури е жив. Зарем може да е поинаков одговорот од човек кој нарачува и добива нови и нови тури. Во секоја по десетина, некогаш и до 20 примероци. Додека ги чека новите, ги препрочитува старите. Дел од материјалите ги знае напамет. Оти веќе по четвртпат ги препрочитува сите 3500 стрип-романчиња.

Побрз од професорот

Во 1996 година Ален оди во војска, но наоѓа начин ништо да не пропушти од романчињата. Му остава пари на братучедот Гоце да му купува. За цел воен рок собрал 28 романчиња. Кога се враќа на отсуство, првин купува романче.

-Видов едно со ,,Загор,, и го зедов. По мене дојде еден професор и кажа дека и тој е колекционер, оти му е мака што тој не го зеде. Беше последното – си спомнува за интересната случка.

Рокер во душата

Ален има и втора страст: рок-музиката. Омилена му е групата ,,Бон Џови,, љубов пренесена од братучед од Битола, загинат во 2001. Ги сака сите нејзини песни: од ,,хеви метал,,, ,,хард рок,, до обичен рок. Му се допаѓа стилот – ,,рет мол,, (стаорец), а стаорецот сегде се пика. Ги има сите песни, вкупно околу 350, дури и необјавените. Необјавените се само како филмска музика. Последниот албум предминатата година е ,,This house is not for sale,, (Оваа куќа не е за продажба). Има и оригинали, за кои веројатно е единствениот што во Македонија ги има како такви. Албум од групата тешко се наоѓа во оригинал, а и многу е скап.

-Не знам колкава му е цената на оригиналот оти добив на подарок од сестра ми. Таа е Австралијанка, а работи во австралиската амбасада во Њујорк. Го купила по 6 месеци откако се појавил и тогаш бил поефтин. Рокер сум во душата и фан на ,,Бон Џови,,. Во 2011 година бев на нивниот концерт во Загреб на ,,Максимир,,. Картата и превозот ме чинеа 7000 денари. Имаше 30 илјади гледачи. За фудбал никогаш не би ми текнало да појдам, а за ,,Бон Џови,, веднаш. Пет часа уживав во концертот.

Извор: “НЕДЕЛНИК ЗЕНИТ”