дома блог страница 3250

Сите ги фрламе семките од лубеница, а тие многу помагаат

Сите ги фрламе семките од лубеница, а тие многу помагаат.

Намалуваат надуеност со влакната кои ги имаат во себе.

Содржат доста калиум и намалуваат отоци.

Ја подмладуваат кожата и делуваат на штетното Ув зрачење.

Го јакнат имунитетот, имаат и магнезиум и цинк.

Мицкоски: Народот му спрема метла на Заев, а потоа треба да се обнови земјата

Реалноста не се фалбите на владата со измислени бројки. Не е ниту купувањето на социјалниот мир. Сето ова се распрснува пред налетот на реалноста. А реалноста можеме да ја најдеме и во секојдневни примери. Нејзе ни ја отслика Симон Андов од Неготино. Овој млад човек не го познавам, но неговата приказна пренесена во медиумите беше најголемата негација на розовите очила на Владата. Млад човек дипломиран правник со висок просек, специјалист и магистер по европско правово на универзитетот во Нанси, Франција, магистер по европска интеграција на универзитетот во Ремс, Франција, кој говори три европски јазици и што е најважно, кој има мотив и ентузијазам да работи за сопствената држава. Се вратил дома за да конкурира за почетничко вработување во МНР, со многу верба и труд, но бил одбиен и тоа без многу објаснувања, поради застарено лекарско уверение. Симон кажа, збогум Македонијо и отпатува. За жал Македонија има многу вакви примери како Симон кои се иселија од земјава, барајќи ја среќата таму некаде далеку,а нашата земја се ситни, губи, ова денеска на 29 годишнината од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ го истакна претседателот на партијата Христијан Мицкоски.

-Не има се помалку, и ова е проблем низ целата држава. Од Тетово до Гевгелија од Делчево до Дебар. И не се само луѓето кои отпатуваа поради лошиот стандард, се повеќе луѓе си заминуваат зошто ја губат вербата во системот, иако имаат солидни примања. Зошто има неправди, пустош, пепел. Несигурност. Но сето ова нема да го видите на спотовите кои СДСМ ги пушта на националните медиуми, а кои сега само затоа што се власт не им преставуваат проблем и сега за нив не се некаков вид на тивка корупција. Но тоа е друга тема. Но она што сакам да го зборам е што во овие спотови кои делуваат надреално ќе слушнете фалби дека изградиле стотици километри автопатишта, дека изградиле десетици градинки, дека наводно гасификацијата ја тераат со огромно брзо темпо и се така, всушност ако сте заборавиле некој проект од владите на ВМРО-ДПМНЕ ќе го видите во спотовите на СДСМ прикажан како нивни. Зошто совршено јасно е дека СДСМ и Зоран Заев немаат завршено ниту еден, повторувам ниту еден свој проект. Нема таква работа. И овие нивни спотови во кои ќе се изнаслушате фалби завршуваат со една парадоксална порака која се почесто ја употребуваат луѓето од раководството на нивната партија а тоа е Зборот Важи!…Но вистината е дека со СДСМ и Зоран Заев ги отсликува само зборот лажи! Со овие луѓе зборот не важи, туку само зборот лажи, потенцира Мицкоски.

Мицкоски вели дека, лажи зошто нема никаде 500 евра плата како што ветуваа, лажи зошто нема ниту 1.500 евра плата за докторите, ниту пак поврат на ДДВ. Странските инвестиции се најмали во последните 10 години, а воедно имаме најслаби досега капитални инвестиции, зошто не се гради ништо. Со Заев и СДСМ зборот лажи зошто дупката во буџетот се зголемува, а единствено што расте е задолжувањето.

-Ваквата економска катастрофа за да се покрие секогаш како од ракав власта вади вештачки теми. Па така ако што лажно се прикажуваа за европејци, продолжуваат лажно да се прикажуваат за душегрижници за соживотот. Нема нема, па ќе им текне да направат некаков договор под радар, како оној што се зборува дека бил направен во Тетово а кој премиерот не го негираше. Па ќе стане тема пописот кој сакаат да го наместат или промена на изборниот модел, а на крај под прашање ќе се постави и политичкиот карактер на државата. И во тоа ветување Заев само за да си ја осигура фотелјата нема мера. И ако може за сето ова да се обвини ВМРО ДПМНЕ дека премногу радикално сме реагирале со неколку етикети попатно. Но овој пат така не може. Ниту пак ВМРО-ДПМНЕ ќе наседне, затоа што ние сме сигурни и знаеме дека кај Заев нема ништо поврзано со соживот и се е околу парите. Зошто ако му беа важни другите заедници и му беше важен соживотот ќе изградеше водовод во Арачиново, Училиште во Желино, спортска сала во Куманово и редица други проекти. И јас власта никогаш нема да ја гледам низ призма на тоа колку романтичарско заводливи теми можам да отворам и ветам, туку колку можам да исполнам за граѓаните кои насекаде подеднакво лошо живеат. И Власта во оваа држава не зависи ниту од Али, ниту од Бујар, Села или Гаши, исто како што не зависи ниту од мене или Заев. Туку зависи и од Марко, Идриз, Агим, Стојан, Шпреса, Марија, Христина и илјадници други граѓани. Власта зависи од народот кон кој треба да се обврзи и да му ги решиш реалните проблеми. Мојата борба е за подобар стандард и подобар живот. Сите договори со партиите кои ќе ги правам ќе бидат токму на оваа основа, на принципи и вредности. Земјава е уморна од романтизмот и стапиците на власта кои не носат ништо добро. И не постои метла та која ја ветуваа. Тој процес завршува во ново фијаско, каде сосема извесно е дека си создаваат круг каде едни функционери слични на другите ќе си ги заменат фотељите, ако воопшто тоа се случи. Но таму Заев и неколкумина како него се проблемот. Народот му спрема метла на Заев, а потоа, потоа треба да се обнови земјата, истакна Мицкоски.

Аргентина и Уругвај останаа без струја: 48 милиони луѓе живеат во мрак, никој не знае што се случува

Аргентинските медиуми пренесуваат дека според првичните проценки, околу 48 милиони луѓе во Аргентина и Уругвај останале без електрична енергија.

Денес, околу 7 часот по локално време, поради пад на електричната мрежа во Аргентина и Уругвај, како и делови од Бразил и Парагвај останаа без електрична енергија. Големиот дефект резултираше со застој во железничкиот сообраќај, а во поголемите градови настанал вистински сообраќаен хаос со оглед на тоа што сите семафори и метро станици престанале да работат.

Засега нема официјални информации зошто се случи толку голем проблем кој остави во мрак дури 48 милиони луѓе во Аргентина и Уругвај.

Во Аргентина без струја останале повеќето од поголемите покраини, вклучувајќи го и главниот град Буенос Аирес. Инаку, интересно е тоа што во оваа земја денес се одржуваат локални избори.

Дуплиот цепелин на Лазаров и Георгиевски: Македонски специјалитет за печат на победата против Грција (ВИДЕО)

Maкедонија ја совлада Грција со резултат 27:23 и како првопласирана во групата ќе патува на Европското првенство во 2020 година.

Уживање за публиката беше моментот во 56-та минута од натпреварот кога Лазаров и Георгиевски креираа двоен цепелин за печат на победата над Грците.

Погледнете ја оваа мајсторија која за нашите момци е специјалитет:

“Стани Курто да седни Мурто е епилогот од денешниот ЦО на СДСМ?”

СДСМ на денешниот 9-ти Централен Одбор на партијата донесе одлука за новиот Извршен Одбор.

Рената Дескоска, Драган Тевдовски, Фросина Ременски, Петре Шилегов ќе бидат членови на новиот Извршнен одбор на СДСМ, одлучи партијата на седницата на Централниот одбор што се одржува во Охрид. Освен нив во Извршниот одбор ќе бидат и Стефан Богоев, Костадин Костадинов, Татјана Стојановска Иванова, Салија Љатиф Петрушовска и уште осум членови на партијата од другите градови.

На централниот одбор, најверојатно нема да се расправа за избор на потпретседатели на партијата и тоа ќе биде одложено за наредна седница на Централен одбор.

Нов организационен секретар на партијата е Душко Весковски, актуелен генерален директор на скопски Водовод. Досегашниот советник во владата за меѓународна политика, Дане Талески ќе биде на функцијата секретар за меѓународна политика.

Нови членови на ЦО се професорката од Филозофскиот факултет, Тања Стојановска Иванова и Салија Љатиф Петрушовска, директор на геријатриската болница во Скопје.

Maкедонија ја “намачка” Грција во Струмица и заврши на првото место

Maкедонија ја оправда фаворитската улога и ја совлада Грција со 27:23 (13:11 на полувремето). Со оваа победа нашите најдобри ракометари се пласираа на првото место во третата група од Квалификациите за Европското првенство во 2020 година.

На овие квалификации Македонија забележа 4 победи, еден нерешен резултат и еден пораз.

Победивме со Исланд на гости, а на домашен терен одигравме нерешено. Два пати ја поразивме Турција и еднаш Грција.

И на овој натпревар против Грција, кој се одигра пред 1.500 публика во Струмица, наместо пред 6.500 во “Борис Трајковски” во Скопје, повторно видовме осцилации во нашата игра.

Македонија лошо го започна натпреварот, па речиси до 20-та минута од првиот дел, Грција имаше водство на семафорот.

Но, потоа на голот стапи Никола Митревски, чии одбрани ни донесоа израмнување на резултатот, а потоа и водство на полувремето.

Во вториот дел Митревски одново беше брилијантен, а се подобри и нашиот напад, па Македонија без поголеми проблеми постојано го контролираше резултатот и водството.

Во нашиот состав одново одличен беше капитенот Лазаров кој постигна голови, супериорен беше и Пешевски кој постигна 5 голови, а Гоце Ѓорѓиевски беше вистински кошмар за Грците со неговите брзи контри и влезови од крило.

(ВИДЕО) “Влатко Ѓорчев “нокаутира” новинар на TВ 24?”

Новинарка на ТВ “24” го праша Влатко Ѓорчев до кога Никола Груевски ќе биде почесен претседател на партијата и му посочи дека СДСМ ги обвинува дека Груевски сеуште раководел со партијата од Будимпешта.

На ова новинарката доби брилијантен одговор од Ѓорчев, погледнете:

(Фото+Видео) Вака изгледало школувањето на Ким Јонг Ун во Швајцарија: Имал лажно име, обожавал кошарка, а еден ден мистериозно исчезнал

Жоао Микаело, син на португалски мигрант во Швајцарија, се присеќава кога во неговиот клас стигнал ученик од Азија. Наставниците го претставиле детето како Пак Ун, син на севернокорејски дипломат. Жоао седел сам, па новиот ученик седнал до него.

Брзо се спријателиле, најмногу поради тоа што и двајцата не сакале да учат. Ким се срамел кога наставниците ќе го повикале да одговара на табла пред целиот клас, не само затоа што не ги знаел одговорите, туку и поради лошото изразување на германски јазик. Тогаш Жоао му помогнал да го совлада германскиот, а Ким му се оддолжил помагајќи му по математика. Жоао вели дека неговиот другар од Северна Кореја бил тивок, но многу одлучен.

Секако, момчето од Северна Кореја не било Пак Ун, син на дипломат во Швајцарија, туку наследникот на севернокорејскиот лидер Кин Јонг Ил. Неговите школски другари дури по неколку години дознале дека ги делеле школските денови со новиот лидер.

Mинистерот за одбрана одново во свој стил ги поздрави Македонците пред дуелот со Грција (ФОТО)

Во овие моменти Македонија го игра последниот натпревар од квалификациите за Европското првенство во 2020 година.

Противник на нашите момци е Грција, а натпреварот се игра во салата “Младост” во Струмица.

Пред натпреварот, за време на интонирањето на химните, македонскиот министер за одбрана, одново во свој стил ги поздрави љубителите на ракометот.

(Видео) Македонец даде гол пpoтив албански клуб и ги пoлyде пpoтивничките фанови

Стpeлец на пoбeдничкиoт гол за тимот кој е формиран од македонски иселеници беше Роберт Стамболџиев.

Ова не им се допадна на навивачите на пpoтивничката екипа, која е формирана од Албанци од Косово. Обeзбeдyвањето мораше да ги смиpyва збecнатите навивачи на Данденонг тандер кои предизвикаа инцидeeнт на стадионот.

Алтона меџик има прекар „Вардар“ по македонската фудбалска гордост, а и поради тоа носи црвено-црни дресови.