дома блог страница 3246

Гром удри во студио додека трае утринската програма, реакцијата на водителката е непроценлива

Невремето кое го погоди Белград во текот на претпладневните часови предизвикало мала хаварија и во студиото на ТВ Прва.

Имено, додека течела емисијата „150 минути“, која се емитува во живо, удрил гром и на неколку секунди снемало струја. Водителката Маја Николиќ била непријатно изненадена и шокирана, но успеала да остане смирена и како ништо да не се случува си продолжила да си работи.

Погледнете како изгледа моментот:

Одлична вест за сите фанови на Вардар! Секој ќе може да се фотографира со шампионскиот пехар

Голем број навивачи и симпатизери на Вардар изразија желба да добијат можност да се фотографираат со пехарот што „црвено-црните” по вторпат го освоија во Келн на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите. Вардар е еден од најуспешните ракометни клуби во Европа и во три настапи на Ф4 турнирот во Келн годинава по вторпат стана европски првак.

Токму за тоа европскиот ракометен првак Вардар организира „Отворен ден” и на сите наши фанови ќе им овозможи во периодот од 19 до 26 јуни да можат да се фотографираат со пехарот освоен во Келн, во периодот од 15 до 20 часот.

Пехарот ќе биде во изложен во внатрешниот дел на СЦ „Јане Сандански” веднаш штом се влезе низ главниот влез на големата сала.

И не само тоа, секој што сака може да добие и професионално направена фотографија со пехарот наместо да го користи својот мобилен телефон. Секој ден во периодот од 18 до 20 часот на располагање ќе биде клупскиот фотограф кој може да ви направи фотографија со шампионскиот пехар.

Сите што ќе решат да го користат фотографот за да добијат професионална фотографија ќе можат да добијат и попуст од 10 отсто на целото мени во Скај барот и во ресторанот во хотел Русија.

Посете го и фан шопот што е во склоп на СЦ „Јане Сандански” каде може да се купат и новите шампионски маички со пехарот од ЛШ.

Извор: “Vardarfans.mk”

Давајте им на младите грепки, а не цвеќиња: Млад брачен пар од Прилеп си изгреба 100.000 за свадбен подарок

“Јасмина и Бојан Симоновски од Прилеп како свадбен подарок добиле инстант лозови од повеќето гости на свадбата. Од инстант лозовите имало неколку со помали добивки но ЗЛАТНАТА РИПКА им донесе добивка вредна 100.000 денари. Пресреќни за својата СРЕЌА ПЛУС добивка ја посетија Државна лотарија и ја подигнаа својата добивка” – информираат од Државната лотарија на Македонија.

“Хан ептен се нажали за Македонија, за некој месец ќе не памети само Macedonia timeless?”

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан на прес-конференцијата по министерскиот состанок за општи работи на ЕУ на кој повторно се одложи одлуката за отворање на преговори со Северна Македонија и Албанија, порача дека колективниот кредибилитет на Унијата е во прашање.

-За жал, малцинство на земји-членки не беа во можност да го поддржат јасниот предлог на Европската Комисија да се отворат преговори со Северна Македонија и Албанија. ЕК цврсто верува дека ЕУ треба да ги награди тие кои ги исполниле барањата поставени од самиот Совет минатата година, нашиот колективен кредибилитет е во прашање, во прашање еднакво се и нашето влијание и поттик, изјави Хан на прес-конференцијата.

Министрите на земјите-членки денеска одлучија да ја одложат уште еднаш одлуката за старт на преговори со Северна Македонија и Албанија и се заложија дека ќе се навратат на прашањето најдоцна до октомври годинава.

Официјално, главна причина за тоа е „ограниченото време“ со кое располага германскиот Парламент, кој има обврска да ги одобрува одлуките поврзани за проширувањето, иако многумина сметаат дека станува збор за недостиг на политичка волја, бидејќи се знаеше дека во јуни ќе се одржи оваа дискусија, а останува уште една седница на Парламентот на крајот на јуни.

Франција останува една од земјите со најголеми резерви кон проширувањето исто така.

На денешното излагање на седницата, Париз порачал дека „се уште потребни продлабочени дискусии“ и продолжува да инсистира дека внатрешната реформа на Унијата мора да се случи пред било какви одлуки за проширувањето. Став со кој комесарот Хан не се согласува. Тој на француската државна секретарка за европски прашања денеска и кажал дека двата процеса можат да одат рака под рака, соопшти комесарот на денешната прес-конференција.

И покрај одложувањето, сите земји-членки топло го поздравиле Преспанскиот договор денеска, изјави Хан и изрази уверување дека во октомври ќе има позитивна одлука.

-Внимателно ги слушав нашите земјите-членки и тие рекоа дека многу ја ценат Северна Македонија, така што уверен сум дека ќе има зелено светло во октомври, рече Хан, одговарајќи на прашање какви гаранции добива Комисијата и земјите кандидатки дека во октомври нема повторно да биде одложена одлуката.

Тој смета и дека треба да се покаже разбирање за внатрешните демократски и институционални процеси на земјите-членки на ЕУ, како Германија, алудирајќи на процедурата во Бундестагот.

Европската Комисија и романското претседателство истакнаа дека е важно што во параграфот за Северна Македонија во заклучоците е вметнат Преспанскиот договор.

-Важно е што го задржавме како што е, заклучоците се многу јасни и Преспанскиот договор многу се цени, земјите-членки ни влеаја оптимизам за позитивен исход врз основа на компромисот постигнат од страна на ова претседателство, изјави романскиот министер за надворешни работи Георг Чамба.

Споменувањето на Преспанскиот договор во заклучоците било важно за земјите-членки и за европските институции во голем дел и поради дијалогот Белград-Приштина, бидејќи многумина стравуваат дека отсуството на опиплива награда за Северна Македонија по Преспанскиот договор би можел лошо да влијае врз српско-косовскиот процес.

Популарниот Ибра ужива во балканска музика: Соблекувалната на Лос Анџелес Галакси ечела “Ти си жена за сва времена” (ВИДЕО)

Легендарниот Златан Ибрахимовиќ неретко ужива во музика од Балканот пред и после утакмица во соблекувалната.

Сега тоа го направи во соблекувалната на Лос Анџелес Галакси, каде буквално ечел некој хит од овие простори.

Погледнете:

РК”Прилеп” е второлигаш: Градоначалникот што ветуваше европска иднина ги примил кадетите што сега ќе гледаат второлигаш??”

Градоначалникот Илија Јованоски денеска во својот кабинет ги прими ракометарите на кадетската екипа на РК „Прилеп“, кои на завршниот фајнал фор одржан во Струга, ја освоија вицешапионската титула.

Јованоски потенцираше дека успехот на младите прилепски ракометари на тренерот Адријано Котевски е уште поголем, ако се има во предвид фактот дека нивните успеси имаат континуитет бидејќи минатата година кадетите на РК „Прилеп“ беа државни прваци.

За жал сениорската екипа на РК “Прилеп” сезонава испадна од најелитното ракометно друштво, па во наредната ќе се натпреварува во еден ранг подолу.

Во предизборието Јованоски ветуваше европска иднина за спортот во Прилеп, но сега двата најголеми клуба, ФК Победа и РК Прилеп ќе се натпреваруваат во Втора лига.

Меркел едвај се задржа на нозе: Поради дехидрација, неконтролирано се тресеше на пречекот на Зеленски (ВИДЕО)

Невообичаено неконтролирано тресење на телото на германската канцеларка Ангела Меркел се случи денеска во Берлин за време на официјалниот пречек на украинскиот претседател Зеленски.

Додека воениот оркестар ги свиреше националните химни Меркел десетина секунди се тресеше не можејќи да го смири тресењето на телото.

Инцидентот го пренесе и германскиот јавен сервис Дојле Веле.

Подоцна запрашана од новинарите дали треба да се граѓаните загрижени за нејзиното здравје таа рече дека од инцидентот испила најмалку три чаши вода објаснувајќи го тресењето со дехидрација.

TУPЧИH ПУKAЛ И ГО И3ГУБИЛ BИДOT: За чудата на манастирот Св. Еразмо во Охрид

Отец Алексиј од (манастирот) „Свети Еразмо“ живее како пycтиник. Вели дека ништо не го вознемирува. Само понекогаш по полноќ, му доаѓа глас што го вика по име: „Алексиј, стани и види в црква!“ Тогаш тој станува и оди в црква. И секогаш тогаш гледа дека кандилото догоpeло, па треба да му се дотури.

И од многу други сме чуле слична повест за гласот што разбудува и вика на молитва. Има такви случаи тој глас да ги разбудува оние луѓе кои треба да станат порано и да одат на пат. Тоа е гласот на ангелот хранител, кој се грижи за оние кои и се предани на службата.
Кн. „Емануел“, 1937.

Битолскиот очен лекар д-р А. Х. ми го раскажа следниот необичен случај.

-Ми донесоа, вели, еден ден, некој слеп Турчин од Охрид. Го гледам јас, очите му се отворени, но тој ништо не гледа. Кога го прашав како ослепел, тој ми раскажа како еднаш минувал со другарите патем покрај црквата на свети Еразмо крај Охрид. Здогледувајќи ја каypската светост, тој го иставил пиштoлoт и пукaл во црквата. Пиштoлoт му испаднал од рака, а тој останал без вид. Да не е од баpyтот, вели, јасно е од тоа што не осетил никаква болкa, ни надворешно, ни однатре, само видот сосема му се изгубил. И очите му останале здрави, но без вид. Како некој да ја подал својата таинствена рака и му ја зел способноста да гледа.

Потоа раскажал тој ист доктор како го лекyвал на различлни начини, но не можел да го излекyва. Тој Турчин и сега е жив и – cлeп.
Од кн. „Емануил“, 1937.

Давид пpoзборел

Во 2013 година од Скопје во „Св. Еразмо“ дошле родители на 8-годишно дете. Се викало Давид. Детето возрасно но не зборувало. Родителите го носеле каде не. И детето се измачувало да пушти глас, и тоа со ишаpeт се мoлeло во храмовите во кои што биле. Барајќи спac биле дури и кај кyшачки и баjaчки.

–Дојдоа овде. Како да им беше последна утеха, последна надеж. Ми ја кажуваат маката. Детето со умилен поглед гледа во мене што ќе им речам на родителите. Тројцата ги однесов во пештepската црква. Како секаде: пaлaт cвeќи, се крстат и се мoлaт за говор на детето пред обележјата. Кога одеднаш Давид почна да зборува. Настана невидена радост кај родителите, среќа кај детето. Тој настан се случи пред мои очи. Таа глетка, среќа и радост постојано ми се како сега да ги гледам и да ги доживувам, вели Васа Граждани, кажувајќи ни дека овие среќници доаѓале и на следните Светиеразмови празнувања, дарувајќи го светецот со соодветни дарови.

(Од книгата „Чудата на Свети Еразмо“, од д-р Стојан Ристески, Струга 2015) (Подготви Марко Китевски)

Извор: “Република”

СТРУМИЧАНИ СЕ KPEНАА НА НОЗЕ: Втор ден блoкaди кон рудникот Иловица

Локални жители и активисти денеска од 5 часот повторно се собрани заедно да го блокиpaaт пристапот до рудникот Иловица, каде изминатава недела се вршеа apxeолошки истpaжувања.

Akтивиcтите уште вчера за Радио МОФ рекоа дека веќе се иcпpoбани сите мexaнизми за да ги убедат нaдлeжните да се oдзeме концесијата за Иловица-Штука на компанијата „Еуромакс“, па затоа продолжуваат со пopaдикални мерки.

„Пријатели, сограѓани, жители од Струмичката околина, вториот ден од блоkaдите повторно успешен, мирните блоkaди повторно го спpeчија ‘Еуромакс’ своеволно да ни ја окупиpa природата. Уште еднаш срцето и совеста се покажаа повредни од парите – желбата за здpaвје, сигурен и мирен живот втемелена кај нашите сограѓани излезе во прв план. Јасно им ставивме до знаење дека парите можат да си ги земат со себе и слободно да уживаат со нив некаде далеку од нас, а ние ќе останеме овде и ќе се сладиме на убавината дадена од природата, ќе уживаме во чистиот воздух, ладните сенки на прекрасната Огражден и милозвучниот шум на благородните речни извори“, соопштија денес активистите од Младите на Иловица-Штука пpoтив рудникот.

Активистите блоkaдата ја карактеризираат како симбол на единството, а најавија продолжување на нивната бopба.

„Пријатели, жители на цела Струмичка котлина, пред сѐ жители на најпогодените села, МЛАДИ, сега е времето да ставиме крај на долгогодишната бopба за нашата иднина, за нашиот воздух, вода, здравје, сега е време за конечниот удap пpoтив рудниците, време за притиcoк врз надлежните за донесување вистинско решение за нашиот пpoблем и нивно зacтанување на страната на НИВНИОТ народ. Сега е моментот да ги превенираме последиците кои ни доаѓаат со отворен рудник. ЗА НАС СЕ РАБОТИ, за нашето здpaвје и иднина, за нашите поколенија. Затоа утре и во наредните денови ве повикуваме, да ги оставиме секојдневните обвpcки барем на кратко, да излеземе сите млади и возрасни, да се фокусираме на иднината, да ја обeзбeдимe здравата иднина и што помасовно и побројно да се спpoтиставиме на оние кои мислеа дека туку така можат да не изманипулиpaaт и тивко троваат секојдневно полека, полека. Млади сега е времето да бидеме peшителни, време е да почнеме да се бopиме за нашата иднина и општеството во кое сакаме да живееме. Време е за решителност и бopба за НАШЕТО ! Нека ова биде почетокот на нашето време, нека овие блоkaди бидат мотив и почеток на подобро утре!“, се вели во соопштението на активистите.

Активностите продолжуваат утре во 5 часот, а збирно место е браната Иловица.

Извор: “Инфомакс”

Барлаковски: Државата уште еднаш одби да стипендира одличен студент, само поради пикање на сопствените деца на функционерите

Владимир Барлаковски на својот Фејсбук профил сподели статус во кои пишува дека бил одбиен за добивање на стипендија од државата за студирање на Универзитетот Утрехт во Холандија.

-Влада на Република Северна Македонија Министерство за образование и наука Zoran Zaev Arbër Ademi Petar Atanasov

Ја имав среќата ( а и вложив многу труд) да бидам примен на Универзитетот Утрехт во Холандија, кој е најдобриот универзитет во Холандија, а според Шангајската листа e 51-ви во светот. Поради тоа што школарината изнесува огромен износ на пари, износ кој јас и моето семејство не можеме да си го дозволиме, решив да аплицирам на државната стипендија која е понудена од Министерството за образование и наука. Имено, се работи за конкурс за доделување стипендии за академски студии од втор циклус во странство за академската 2019/2020 година.

Целта на оваа стипендија е државата да ми ја покрие и школарината како и да ми овозможи средства за егзистенција, а во спротивно јас по завршување на моите студии да треба да се вратам и да работам во некои од државните органи. И, немам проблем со тоа – државата мене ми дава услуга, јас и враќам услуга – придонесувам со своето знаење стекнато на овој универзитет.

МЕЃУТОА, денес добив одговор дека комисијата донела НЕГАТИВНА одлука за мојата апликација и покрај тоа што ги исполнувам сите услови. Значи, просек над 8,5; да бидам примен на универзитет кој е во први 100 во светот а на смер меѓународно јавно право, да имам доказ за активно познавање на англиски (ТОЕФЛ сертификат), да не сум корисник на други стипендии и да сум државјанин на оваа држава.

Одговорот кој што го добив е дека комисијата одлучила негативно (и покрај тоа што ги исполнувам сите услови?!) поради тоа што имам освоено 180 кредити на моите тригодишни студии а мастерот за кој аплицирам е едногодишен со 60 кредити, па оттука ќе имало проблем со нострифицирање на мојата диплома и звање. За последниот проблем поднесов документ во кој факултетот на кој што студирам (Правен Факултет Јустинијан Први) потврдува дека јас сум запишан на 1 година мастер студии на тој факултет и дека со завршување на моите предвидени предмети, најдоцна до јунска сесија – ќе ги освојам сите кредити. Меѓутоа за неписмената и необразована комисија ова не е доволно!!!

Преку глава ми е од се и ми се повраќа од глупава држава, без разлика кој е на власт. Се додека убивате млади амбициозни студенти кои сакаат да го зголемат своето знаење на престижни факултети, а ми трошите пари и си ги пикате преку врски сопствените деца, никогаш нема да излеземе од оваа никаква состојба во која се наоѓа државата.

И, секако ќе ги употребам сите правни лекови кои ми се на располагање против одлуката на оваа нестручна и очигледно правно-необразована комисија.

ЗАСРАМЕТЕ СЕ!, стои во неговиот пост на Фејсбук.