дома блог страница 3245

На битолчани им “пукна” филмот од локалната самоуправа

Револтирани граѓани од населбата Генимале во Битола најавуваат блокада на градежни активности поради половична и несоодветна реконструкција на улиците во нивната населба.

Како што посочуваат, во делот на Булеварот „1-ви мај“ во населбата Генимале ветена била реконструкција на главната улица и сите четири споредни улици, но наместо тоа општината селективно реконструира само две од споредните улици.

Иако градоначалничката Наташа Петровска пред изборите ветуваше реконструкција на сите раскопани и заборавени улици, гледаме дека две години откако седна на функцијата заборави на своето ветување.

Жителите на Генимале велат дека со години се приморани да се гушат во прашините пред нивните домови, а кога има дождови постојано да газат низ калливите и раскопани улици. Тие укажуваат дека ваквата половична и несоодветна реконструкција ни малку не ги решава нивните проблеми.

Изреволтирани од игнорантскиот однос на Општина Битола и градоначалничката Петровска, жителите на Генимале најавуваат блокада на половичните градежни работи.

Потенцираат дека е потребно општината да се зафати сериозно да ги решава нивните потреби и проблеми и целосно да ги реконструира сите улици од овој дел на населбата.

Извор: kurir.mk

Веле Самак: “Џабе преспанскиот геноцид…”

(Твитер статус на поранешниот министер за странски инвестиции, Веле Самак)

“Ништо се нема смененето од лани и нема да се смени скоро цела деценија. Повеќе воздржани од против. Во ЕУ има тешки преговори за идната форма на унијата и Македонија ја гледаат само за поткусурување: кој ќе ја спомне треба да даде нешто за возврат. Џабе преспански геноцид”

Френк Лампард е нов тренер на Челси

Челси на крајот на сезоната остана без тренер, откако Маурицио Сари реши да се врати во Италија и да го преземе Јувентус.

„Сините“ не бараa долго време нов тренер, зашто новинарот на „Газета дело Спорт“, Николо Шира тврди дека Френк Лампард се договорил со својот поранешен клуб.

Легендата на Челси ќе потпише тригодишен договор, а во досегашната кариера го преводеше само Дерби со кој стигна до финалето во баражот за влез во Премиерлигата, кадешто беше поразен од Астон Вила.

Милошоски на Tвитер: “Крах на македонската дипломатија”

“На денешниот ЕУ Совет 7 членки биле против датум за преговори со МК и АЛ:
ФР, Холандија, Германија, Данска, Луксембург, Белгија и Шпанија.
12 членки биле за преговори: Полска, Унгарија, Словачка, Чешка, ИТ, СЛО, ХР, БГ, РО, ЕСТ, Латвија, Литванија.
Грција и другите воздржани!”, напиша пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на Твитер.

Грчки газда ги брка туристите Македонци со лозинка на Wi-Fi “Македонија е грчка”

Сопственик на бар на плажа на Халкидики докажа дека само небото му е лимит во креативноста како да ги одврати гостите од Македонија – стави лозинка „Македонија е грчка“ за безжичната мрежа – објави “Експрес.мк”

Теодорос Теодоридис се решил на ваков чекор откако минатото лето, по потпишувањето на Преспански договор, на прашањето „Од каде сте“, гостите од соседната земја, како што изјави тој за „Тесњуз“, „уредно“ му одговарале „Од Македонија“, без „Северна“.

Газдата на барот „Самер саншајн“ од Неа Ираклија ја пренесува и реакцијата на вџашените македонски туристи.

„Малку им изгледа чудно, но, едноставно, ја внесуваат лозинката и не велат ништо“, објаснува тој, додавајќи дека не се заморува со тоа дали оваа неформална мерка некому му се допаѓа или не.

„Не ми е гајле дали ќе ги донесе овие луѓе повторно во мојот бар, бидејќи, за разлика од сите други, тие само земаат лежалки за две евра и седат цел ден“, порача Теодоридис.

Извор: “Експрес.мк”

(ВИДЕО) Питон проголта цел крокодил: 3acтpaшувачка глетка

На интернет се појави видео со грозоморни фотографии на коишто се гледа како питон целосно проголтува слатководен крокодил откако го вади големиот рептил од мрачните води на австралиско мочуриште.

Како што пренесува весникот Daily Mail, кадрите успеал да ги направи Австералиецот Мартин Милер на почетокот од јуни. Тој ја забележал и ја овековечил борбата на живот и смрт на двата предатора додека одел на пловење со кајак на палнината Маунт-Ајза.

На фотографиите е видливо како по должината на мускулната маса на змијата се отцртуваат останките на крокодилот.

Маслинесиот питон е втората најголема змија во Австралија, и според локалните зоолози, често примероци од овој вид ги напаѓаат крокодилите и покрај големата опасност.

Директорот на невладината организација GG Wildlife Rescue Inc., Мишел Џонс, којашто во својот дом одгледува два питона, објаснува дека нема ништо изненадувачки во овие сцени.

„Тие можат да јадат речиси сѐ што ќе го собере низ нивните челусти“, истакнува таа. И таа потврдува дека питоните честопати се обидуваат да се хранат со големи предатори, и покрај очигледниот ризик.

ВИДЕО: Почнал да вози, а оддеднаш забаележал непоканет патник на ретровизорот

Една снимка која настана на Биоград на Море во Хрватска стана вистински хит на социјалните мрежи.

Имено возачот седнал во автомобилот,кој претходно бил паркиран под дрво, почнал да вози, а во еден момент забележал дека има нешто на ретровизорот.

На ретровизорот од левата страна имало змија.

Сепак, она што е интересно се коменатрите под видеото.

„Каде ја возиш твојата тешта„, Јас би удрил дирекно во ѕид, па кој преживее…“, Да ми се случеше мене ќе го продадев автомобилот“ – се само некои од коментарите кои се нижеа под ваквиот пост.

До крајот на неделата ни доаѓа уште едно невреме- за време на викендот подгответе се за вистински пекол и највисока температура досега

Времето денеска претпладне сончево со мала до умерена облачност, од пладневните часови облачноста ќе се зголеми и ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и појава на град.

Утре времето претпладне ќе биде со мала до умерена облачност, попладне и особено на западот облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, понекаде и во вид на невреме.

Во петок времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне особено во планинските региони со појава на краткотрајна нестабилност.

За време на викендот не очекува вистински пекол, особено во првиот ден од викендот.

Во сабота времето ќе биде сончево и доста топло, со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер.

Максималната температура се очекува да достигне 37 степени.

Првата дама на Украина е вистинска модна икона: Меланија може вода да и носи (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Првата дама на Украина Јелена Зеленски е миленичка на нацијата, а веќе три месеци ја извршува функцијата прва дама откако нејзиниот сопруг Влодимир Зеленски стана претседател на Украина.

Таа откако стана свесна за функцијата изјави дека се плаши само од една работа во текот на мандатот на нејзиниот сопруг.

„Ме плаши неизвесноста, која ја носи претседателската титула на сопругот, но и мојата, на прва дама на Украина“, изјавила сопругата на победникот на претседателските избори во Украина Володимир Зеленски, Јелена Зеленска, за британски медиум.

„Би сакала да можам да стојам настрана од светлата на камерите“, изјавила во интервјуто новата прва дама на Украина.

Таа на својот Инстаграм профил редовно споделува фотографии со фановите, а тие најмногу и се восхитуваат поради убавината и скромниот стил на облекување, погледнете.

Селечка планина над Прилеп лежи на ураниум: Гајгеровиот бројач за paдијациja збecнувa на ридот Висока

Гајгермилеровиот бројач за мерење на радијација збеснува на ридот Висока на планината Селечка кај селата Прилепец и Кокре во Мариово.

Вака тврдат стручнаци за географија и геологија, а експертите велат дека радиоактивните минерали, ураниум и ториум, ги има во гранитниот венец до Кожуф со доминација на Селечка планина.

Пред педесетина годинаа кај селото Кокре биле отворени неколку јами во потрага по радиоактивни елементи во конспиративна астмосфера.

Докторот по географија Илија Башески има лоцирано радиоактивни минерали на ридот Високо, на јужниот дел на Селечка и кај селото Прилепец, макар што овие планини се силикатни, а не со вулкански карпи, својствени на радиоактивните елементи.

Таму има знаци на распаѓање на радијација преку гасот радон кој го активира инструментот.

-Кај Прилепец ја проверивме радијацијата со прилепчанецот Тројачнец пред години. Стрелката на гајгермилеровиот бројач не застануваше.

Но, колкави се количествата се испитува со дупчење под 50 метри и истражување во лабораторија на извадени примероци.

Потребна е модерна опрема и големи вложувања пред да се експлоатира. Тие показатели се носечки за инвестиционите проекти во рудниците – вели доктор Башески.

И геолозите сметаат дека на богатата со гранит Селечка нужно е да биде следена со радиоактивни елементи како што се ураниумот и со него ториумот, после со помало учество плутониумот, радиумот и цезиумот.

Прилепчани од Мариово уште се живи сведоци на четири-пет годишното интензивното трагање по радиоактивни материи со висок степен на дискреција, дури со ниво државна тајна во педесетите години.

Мистеријата за рудниците за радиоактивни елементи ја откриваат старите мариовци од селата Кокре, Кален и Пештани. Се трагало по нешто многу значајно, што тогаш било превиено со превезот на строга тајна.

Дури дошле експерти од Москва. Се сеќаваат дека се барал ураниум и радиум што жителите го викале, ,,Савезна истрага,,.

-Цели мариовски села работе во јамите. Работниците првин ги проверуваа и им препорачуваа доверливост во пустелијата – велат живите сведоци.

За потрагата по радиоактивното богатство сведочат дваесетина сега запретани јами, длабоки повеќе стотина метри и инфраструктурата градена од 300 работници.

-Во камењарот се направи и пат долг шест-седум километри, дури и мовчиња. Се посла калдарма, камионите и машинеријата да можат лесно да се качуваат до сртот. Од реката качија вода на 200 метри височина.

Обезбедуваа струја со агрегати. Се крена населба со десетина бараки и придружни објекти за стручнаците од Белград и Загреб и работниците. Изградија и фурна и бањи, тоалети за одржување хигиена.

Сите млади жители на Кокре работеа по упатства и будните очи на инженери и удбашко обезбедување – вели поранешен жител на Кокре.

Расположливата машинерија багери, воздушни чекани, колички и обичен алат за копање не запирале во неколку смени и дење и ноќе. Се минирало контролирано.

-Јамите и тунелите долги по 200 метри беа осветлени и обезбедени од хаварии. Извадените камења ги пренесуваа со камиони, а стручнаците одбирале парчиња за испитување во Белград – се сеќаваат старите кокрани.

Не се знае дали е откриено значајно наоѓалиште на ураниум и радиум, ниту се знаат причините за затворањето на рудникот со повеќе окна.

Само документацијата во институтот Винча знае дали е најдено нешто, дали тоа биле мали и економски неисплатливи количества, дали недостасувала технологија или стручно знаење, оти стручнаците биле млади и неискусни.

Но, штом државата вложувала милиони, сигурно не играла коцка, туку имала нешто опипливо в раце за тоа време, без разлика на тоа што го напуштила проектот по пет-шест години

Времето уште не може да ги избриши трагите. Покрај јамите, останати се и бетонските постаменти на бараките, металните врати на запечатените јами во беспаќето.

Нема болни

Старите жители не паметат дека кај работниците се јавиле некои помасовни тешки заболувања или пораст на смртноста што би наведувале дека при истрагите биле озрачени од радиоактивни минерали.

Се работело под контрола на УДБА и доверливоста и молкот биле загарантирани.

Паника во градот

Прилепчани во седумдесетите години ги фатила паника, откако се појавиле помасовни канцерогени заболувања кои завршувале трагично.

-Се плашевеме од рак. Починаа десетици млади луѓе, такаречи наеднаш. Сите мислеа дека причина за растот на канцерот е радијацијата од окната од Селечка.

Никој тоа не го потврди официјално, иако коски ни се тресеа од страв – вели 85 годишниот пензионер Мирко Петрески.

Гранитот е дозволено радиоактивен

Стручнаците велат дека во сите гранитни плочи не само од експлоатационите рудници од Мариово има одредено ниво радиоактивност. Но, тие се во рамките на дозволената граница.