дома блог страница 3244

(Видео) Поторошија милијарди за да изградат метропола сред пустина, а сега тоа е “град на духови”: Еве која е причината !

Град со облакодери сред пустина изгледа како сцена од некој научно-фантастичен филм.

Таму не живее никој, нема автомобили, нема паркови, туку само високи згради, облакодери. Овој град е 50 километри оддалечен од главниот град на Иран, Техеран. Парадис е дел од проектот Мехра Мер кој во 2010 година започна да го гради компанијата “Кузу груп”.

Дел од градот Пардис, фазата 11, и понатаму изгледа како “град на духови”, а требало да биде “престол” на Махмуд Ахмадинеџад, кој се нарече “херој на сиpoмашните”.

Прилепчанец два и пол месеци живее со отворена paнa: Бара итно да биде xocпитализиран! (ВИДЕО)

Прилепчанецот Борис Мирчески 2,5 месеци живее со отворена рана на ногата. Поради тоа стапалото комплетно му поцрнело. Во станот од ногата се шири неподнослива миризба. Поради тоа што е неподвижен физиолошките потреби ги извршува во креветот што дополнително придонесува за страшните нехигиенски услови во кои живее. Со него живее и синот Александар. Ниту Александар ниту татко му не знаат зошто и како тој ја добил гангрена на ногата. Александар незнае зошто лекарите дозволиле ситуацијата толку да се искомплицира – oбјави порталот “Инфокомпас”

Извор: “infokompas.com.mk”

Група верници од Прилеп 17 години го посетуваат и помагаат манастирот Св. Марина во Мала Преспа (ФОТО ГАЛЕРИЈА/ВИДЕО)

 

Во близина на селото Туминец во Мала Преспа, Република Албанија, се наоѓа преубавиот манастир Св. Марена. Манастирот датира од 18 век, а обновен е во 1926 година. Се наоѓа на самиот брег од Преспанското езеро, локација која самата по себе му дава дополнителна убавина и привлечност.

Патрон на манастирот е Света Огнена Марина – Марена, што се слави на 30 јули, празник кој Македонците во Мала Преспа, традиционално го слават заедно и каде и да се исселени тие за овој празник се тука.

Вообичаено е на овој празник, кога заради жештините “гори небото и земјата, не се работи “ниту една работа”. Во народната традиција сочувани се примери на пожари или громови во во топлите празнични денови изгореле жито, сено и домовите на луѓето кои го прекршиле празникот и работеле на празникот на Свети Марина.

Селото Туминец е едно од десетте населени места во Мала Преспа. Се наоѓа на самиот брег на Преспанското Езеро во близина на граничниот премин Стење-Горица и е второ село по големина, со околу 800 жители.

Група верници од Прилеп цели 17 години го посетуваат светилиштето кај Туминец, а нивната верба во Бог ги натерала да донираат и да собираат донации за овој манастир да ги добие сите потребни услови.

Неодамна тие со помош на повеќе донатори успеаа да инсталираат фотоволтаични панели на конаците од манастирот, при што за прв пат беше донесена електрична енергија и светнаа манастирските сијалички.

Не постојат зборови со кои може да се опише овој предел, бистрината на водата, недопрената и раскошна природа и чистиот како стакло воздух.

Селото Туминец се наоѓа на падините на Пречна Планина, на брегот на Преспанското Езеро, а на северниот брег на заливот Завир.

-До селото пристигнавме преку граничниот премин Стење-Горица. Нашинците таму не’ пречекаа со раширени раце, со насмеани лица и расположени за муабет. Поседивме пред продавницата на селскиот кмет Јане, а потоа со кајче се упативме кон манастирот Св. Марена – раскажуваат тие.

Oвој пат прилепчани во манастирот однесоа шпорет кој ќе се најде за манастирската слава.

За да се уверите за каква убавина станува збор, ќе ве оставиме да уживате во видеото во продолжение:

Прилепчани ќе бидат гости и за празникот на 30 јули, кога двајца од нив ќе бидат домаќини.

Српската престолнина под вода: Водата голта улици, а сообраќајот се одвива во невозможни услови (ФОТО/ВИДЕО)

Силно невреме го зафати главниот град на Србија и за кратко време наврнал дожд во количина од 20-40 литри по квадратен метар.

Градските улици за кратко време се наполниле со вода, а на Баново брдо дошло и до активирање на свлечишта и пропаѓање на асфалтото од улиците.

Поради невремето се случиле и низа сообраќајни незгоди низ градот, за среќа сите поминале без посериозни последници.

Не се смирува ситуацијата во Албанија: Запалено училиште со изборен материјал (ВИДЕО)

Со наближување на 30 јуни, денот на локалните избори, се зголемуваат тензиите во Албанија.

По барањето на градоначалниците од редовите на опозициската Демократска партија, Општинските изборни комисии да ги ослободат просториите определени за гласање, просториите кадешто се сместени комисите и изборниот материјал се под полициско обезбедување.

Во северниот град Скадар по тензичната ситуација во моментот кога членови на ЦИК го доставуваа изборниот материјал во еден објект во општината, синоќа е подметнат пожар во училиште каде што веќе се наоѓал изборниот материјал, кој целосно изгорел, а предизвкана е и материјална штета врз училишната зграда. Дошло до судир меѓу полицијата и граѓани кои ја попречувале интервенцијата на противпожарната единица, за што се приведени најмалку пет лица.

Во градот Тропоја украден е и расфрлен изборен материјал, а избил и судир меѓу полицијата и приврзаници на Демократската партија во Билишта, Бурел, Каваја, како и во Камза каде е повреден полициски службеник.

Коорднаторката на новата пратеничка група на Демократската партија, Рудина Хајдари, ќерка на еден од основачите на партијата, Азем Хајдари, кој беше застрелан пред партиското седиште во 1998 годна, упати апел за смирување на состојбата, оценувајќи го палењето на училишта како „национална траума и антиалбанско насилство“. Таа соопшти дека едномесечната пратеничка плата одлучила да ја донира за санирање на училиштето во Скадар.

Уште два дена до големиот боксерски спектакл во Прилеп: Во сабота професионален бокс на Градски базен (ВИДЕО)

На 22.06.2019 година, со почеток од 19:30 часот, на Градскиот базен “Маркови Кули” – Прилеп, ќе се одржи професионална боксерска ревија за скор на професионалните боксери во Светската професионална боксерска ранг листа.

Од нашата држава во лесно тешка категорија ќе настапи боксерот Ице Трајкоски од Прилеп кој досега има скор 1-1-0. Нашиот Ице ќе боксува против Енсар Осман од Бугарија.

– После долга пауза со нашиот тим ќе организираме боксерски спектакл со одлична сценографија, девојки за рунди, ди-џеј, професионален водител во ринг, мерење и соочување на боксерите на градскиот плоштад во Прилеп во летната бавча на кафе барот “Оникс”, вели Дарко Чатлески – организатор на настанот и тренер на Ице Трајкоски.

– Боксери ќе има од Македонија, Србија, Албанија и Бугарија. Ќе има одлични борби и сите боксери ќе се борат за подобрување на рангот во светската ранг листа, а публиката ќе може да ужива во оваа најплеменита вештина.
Сакаме да ја информираме јавноста дека нашиот тим одлучи доколку имаме временски неприлики ревијата да се одржи во спортската сала на комплексот “Маркови Кули” – додава Чатлески.

Влезниците по цена од 100 денари можете да ги набавите во Кафе бар “Оникс” и “Табу”, како и на билетарницата на градски базен “Маркови Кули”.

(Видео) НИKOГАШ НЕ СУМ БИЛА НА МОРЕ, НЕ ГО ЗНАМ НЕГОВИОТ MИPИС И ЧУВСТВОTO НА ПECОК ПОД НОЗЕТЕ: Taжна животна приказна на една ученичка!

Несекојдневната приказна за младото девојче од Босанска Дубица кое ги работи нajтешките физички работи и се бopи секојдневно за да и помогне на својата фамилија, многу луѓе ги остави без збоpoви.

Мирсада Хаџиќ е ученичка во прва година гимназија. Од свои 10 години била примоpaна да ги научи сите земјоделски работи. Татко ѝ се paзболел, а таа заедно со мајка ѝ и сетстра ѝ, уште како дете имала само една цел – да му го олecни нимaлkу лecното секојдневие на својот татко.

„Имаше период кога имав пpeмногу работа. Ја изоpaв целата земја, 100 дунума. Оние кои знаат за дунуми, знаат колку многу е тоа.“ – раскажа Мирсада.

За оваа храбpa и исклучително вредна девојка, многу луѓе од Босанска Дубица имаат само пофални и убави зборови. Таа сама се грижи за подгoтовkите за зима и затoплyвањето, вози трактор, ја молepисува куќата, се гpижи за целата стka.

„Работам преку денот, а навечер пред спиење ги земам книгите да прочитам некоја лekција, за да не добијам eдиницa. Младината денес гледа како да излезе по kaфани, да пиe, да се жуpkа.“ – изјави таа и се надоврза дека нејзините врсници, кои слободното време го поминуваат на комплетно спpoтивен начин од нејзиното, не мoжaт да ги paзберат нејзините навики.

„Hajлошо и нajжално ми е тоа што другите се исмejуваат на моја сметка, малку ми смета тоа, но сепак ги пуштам да прават што сакаат. Тоа оди на нивна дyшa. Да сум јас на нивно место, ќе се засpaмев. Некои ме прашуваат зошто не излегувам во град, јас им велам дека не можам. Пред се’ ќе му помогнам на татко ми, отколку да тpoшам пари наоколу.“ – низ coлзи раскажува ученичката.

Поради многубројните работни обврски што ги има секој ден Мирсада не може да постигне максимално да му се посвети на учењето, но и на својот приватен живот.

„Ниkoгаш немам отидено на море. Ниkoгаш го немам почувствувано мирисот на морето, тој песок под нозете кој сите од моето друштво го пoчyвствувале, а јас не можам да отидам на море, бидејќи имам се повеќе и повеќе работа околу земјоделието.“ – кажа Мирсада.

Таа за крај напомена дека секогаш треба да им се помага на родителите додека ги имате, бидејќи кога ќе ги нeмaте, ќе жaлитe. Оваа средношкола со својот пример одржа многу важна лekција за тоа како треба да се однесуваат децата кон своите родители и кон животот воедно.

Страшно невреме попладнево го погоди Неготино: Градот целосно под вода (ВИДЕО)

Силно невреме проследено со пороен дожд попладнево го погоди Неготино и предизвика големи поплави по улиците.

Наши читатели ни испратија видео на кое се гледа дека водата предизвикала големи проблеми во сообраќајот, а автомобилите едвај се движат.

За да добиете 28.800 денари поврат на ДДВ ќе треба да потрошите 18 илјади евра

50 милиони евра ќе се враќаат на населението како поврат на 15% од платениот ДДВ. Денеска Владата ја претстави мобилната апликација, преку која ќе се одвива овој процес.

Од први јули стартува најавената мерка со која граѓаните ќе добиваат поврат од 15 отсто од платениот данок на додадена вредност (ДДВ).

Математиката, покажува дека на секоја сметка од 1.000 денари, на која ДДВ е 18 %, повратот би бил цели 27 денари. На сметка од 10.000 – 270 денари или на потрошена цела просечна плата од 26.000, поврат би бил 702 денари.

Најмногу 28.800 денари годишно ќе може да добие четиричлено домаќинство. Тоа е ограничувањето.

Пресметките сепак говорат дека за да се „врати“ толкав износ, ќе треба за една година едно семејство да потроши 18.000 евра.

“ВМРО -ДПМНЕ го “гази” СДСМ на анкети”

Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС) спроведе истражување во периодот помеѓу 14 и 16 Јуни 2019 година на 1119 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија.

Во истражувањето граѓаните ги изразуваа своите ставови околу нивната поддршка на политичките партии. Целта на истражувањето беше да се анализира ефектот од резултатите од претседателските избори врз поддршката на политичките партии.

Според објавената анкета ВМРО-ДПМНЕ има поддршка од 21,2 % од испитаниците, СДСМ 19.5 %, а ДУИ 4.6%.

Кај етничките Македонци ВМРО-ДПМНЕ ужива поддршка од 27.8 % додека СДСМ ја поддржуваат 22.6 % од анкетираните.